Softelligence – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Aug 2022 07:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Softelligence – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дигиталната трансформација го менува и осигурителниот бизнис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/digitalnata-transformacija-go-menuva-i-osiguritelniot-biznis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/digitalnata-transformacija-go-menuva-i-osiguritelniot-biznis/#respond Fri, 19 Aug 2022 07:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=720820

Се почесто граѓаните го осигуруваат своето „постоење“. Покрај полисите кои гарантираат за бизнисот, имотот, автомобилот, патувањето во странство, се почесто се бараат и животни осигурувања. Ова, освен што подразбира многу сериозна работа за осигурителните компании, претпоставува и пред-условува сериозна работа со бројни податоци, со разни позадински процеси, со заштита на лични податоци, со брзо менаџирање и обработка на податоци, со ефективна реакција и на крајот, со задоволни клиенти. Функционалните обрасци незапирливо се менуваат и влијаат на современите бизнис процеси благодарение на современите дигитални технологии. Новата дигитална ера и технолошката револуција нудат симплификација на процедурите кои се најтежок дел од процесите во овој бизнис. Дигитализацијата ги поедноставува и ги унапредува актуелните решенија, методи и пристапи во осигурителниот бизнис. Потребата од дигитализација е наметната од корпоративниот притисок на големите клиенти во овој бизнис, како и од осигурувањето на семејствата, нивниот имот и живот. Многу од новите технологии наметнуваат нови методи и напредни решенија кои треба да се инкорпорираат во бизнисот. За среќа, дигиталната трансформација го зафаќа и македонското општество, поконкретно осигурителните компании кои оперираат на македонскиот пазар. Во иднина, тоа ќе значи дека компаниите многу побрзо ќе ги операционализираат постапките за осигурувањето – од вадење полиси, пријавување штети, закажување термин во болница, следење на барање за штета и други процеси. Исто така, намаленото потребно време за оператива на процесите, ќе овозможи зголемување на бројот на клиенти кај компаниите. Нив им е потребна брза дигитализација за да го зголемат бројот на клиенти, односно да ја зголемат премијата во осигурувањето. Дигитализацијата во осигурувањето, благодарение на одредени ИТ компании, во западните земји е нормален процес, каде лицето, без посредство на брокер, самостојно ги извршуваат своите осигурителни активности. Оваа констатација ја потврдува и Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Softelligence. Компанијата има свое претставништво и во Северна Македонија, каде ќе инвестира милион евра и веќе формира тим. Сопственикот најавува дека ќе се отворат 100 работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Според него, “дигитализацијата го менува работењето на осигурителниот бизнис со тоа што помага да се увидат ризиците кои би се појавиле во осигурувањето, на тој начин да се воспостават правилните процеси на превземање на ризик, како и соодветни дигитални решенија“. ИТ компаниите и осигурителните организации нудат дигитални продукти, сепак останува предизвикот што е можно поголем број потрошувачи да ги разберат овие производи или услуги за уште повеќе да се зголеми бизнис потенцијалот. Тие треба да работат на објаснување на безбедноста на податоците на граѓаните и немањето можност за нивна злоупотреба. Исто така, сериозна обврска во оваа насока имаат и регулаторните тела, кои треба да ги објаснат бенефитите од користење на дигиталните решенија. Дел од овие нови дигитални решенија се дел и од усогласувањето на македонското законодавство со ЕУ директивите, што значи директно влијае на процесот на интеграција на македонските граѓани во ЕУ семејството. Тоа претполага и делумна промена на културната матрица на потенцијалните осигуреници кон новиот и модерен начин на осигурување. Процесот на дигитализација ќе направи финансиски заштеди кај осигурителните компании, доколку воведат современи техничко-технолошки решенија. Тоа ќе придонесе до побрза реализација на процесите, до намалување на трошоците, до зголемување на ефикасноста на вработените, до поголема заштита на податоците. Едноставно, до дигитализација на сите процеси и до задоволни клиенти. Softelligence е една од компаниите кои го овозможуваат и олеснуваат овој процес до среќни клиенти и задоволни вработени во осигурителните компании.

* * *

Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/digitalnata-transformacija-go-menuva-i-osiguritelniot-biznis/feed/ 0
Главниот исход од дигиталната трансформација е насмевката на клиентот https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=685993

Технологијата отсекогаш имала големо влијание врз бизнисот и општеството, но во текот на изминатите неколку години, брзината на создавање нови технологии значително се зголеми. Дигитализацијата е повеќе од кога било во центарот на вниманието на многу компании. Голем број компании, се уште, не се соочиле со целосните ефекти на дигитализацијата, но полека и сигурно сфаќаат дека дигитализацијата навистина е потребна. Светот секојдневно се менува, со нови технологии кои ги „предизвикуваат“ сите традиционални начини на работа, додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат. Постои разлика помеѓу дигитализација и дигитална трансформација. Дигитализацијата е потребна за да се искористи максимумот во контекст на дигиталната трансформација, но дигитализацијата не може да се стави на исто ниво со дигиталната трансформација, што во превод би значело дека дигитализацијата не значи дека Вашиот бизнис ќе доживее дигитална трансформација.
„Дигиталната трансформација е фундаментална реалност за секој бизнис денес. Во дигиталните трансформации, правиме работи за кои не можеме со сигурност да знаеме дали ќе дадат резултати, особено на краток рок. Ова претставува голем залог за иднината на секој бизнис, затоа ние се движиме напред, учиме и се прилагодуваме на патот. Дигиталната трансформација значи удобност, со откажување од работи во кои сме инвестирале и во кои стануваме многу добри кога е потребно, со цел да развиеме нови способности во области кои се надвор од нашата комфор зона. Ова е инвестиција, не само напор“, вели Адриан Блидаруш, основач на ИТ компанијата Softelligence.
Компанијата треба да биде подготвена на големи промени, со оглед на тоа дека дигиталната трансформација вклучува многу повеќе од само користење на дигитални алатки. Потребно е да се работи на целокупната промена на деловното секојдневие и потполно нова организациска култура, отфрлање на традиционалниот пристап и прифаќање на нови начини на работење, раководење, како и зголемена употреба на технологиите за подобрување на искуството на вработените, а најважно од се, задоволување на потрошувачите.
„Поголемиот дел од времето, иновацијата не значи инвестирање во некоја нова „кул“ технологија, туку користење на технологијата за да придонесе некаква вредност. Дигиталната трансформација значи длабоко да го познавате вашиот клиент, да ги персонализирате интеракциите, да разберете што сака клиентот, да знаете што очекуваат и кога тоа го очекуваат“, додава Блидаруш.
Главна трка на секоја компанија е да биде во чекор со потребите на потрошувачите, а дигиталната трансформација е една од многуте промени која навистина помага компанијата да биде победник во таа трка. Моќта на трансформацијата не е во прифаќањето на новите технологии, туку моќта да се разберат однесувањата и искуствата на дигиталните потрошувачи, односно да се инвестира во  разбирање на новите, различните, искуства на потрошувачите и соодветна промена на целокупниот однос кон нив за задоволување на нивните потреби. Дигиталната трансформација не треба да го отуѓи бизнисот во сферата на вештачката  интелигенција. Провајдерите треба да ги имаат предвид истите вредности како и секој бизнис каде корисникот секогаш е во право и задоволувањето на неговите потреби, а понекогаш и очекувањата водат кон насмевка. Насмевка која покажува успешна услуга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/glavniot-ishod-od-digitalnata-transformacija-e-nasmevkata-na-klientot/feed/ 0
Меѓународната технолошка компанија Softelligence ќе инвестира милион евра во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/megjunarodnata-tehnoloshka-kompanija-softelligence-kje-investira-milion-evra-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/megjunarodnata-tehnoloshka-kompanija-softelligence-kje-investira-milion-evra-vo-makedonija/#respond Thu, 11 Nov 2021 10:43:18 +0000 https://kurir.mk/?p=594050

Softelligence, технолошка компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција, денес го најавува отворањето на својата канцеларија во Северна Македонија. Идната генерација пионери на технологијата со глобално седиште во Обединетото Кралство и 2 центри за испорака во Романија, одлучи да инвестира милион евра во Северна Македонија во следните две години преку изградба на Центар за испорака во Скопје. „Фокусот на нашето присуство во Северна Македонија ќе биде да изградиме тим од  професионалци кои дизајнираат и имплементираат комплексни софтверски решенија за големи глобални клиенти. Планираме да прераснеме во Хаб за Одличност во Источна Европа за консултантски услуги и дигитална трансформација, конкретно опслужувајќи големи меѓународни компании за финансиски услуги – банки, заемодавачи, лизинг, осигурителни компании и брокери“, вели основачот и извршен директор на Softelligence, Адријан Блидарус. Во неговата срж, Softelligence има цел да го револуционизира начинот на кој компаниите комуницираат со нивните клиенти и да ја подобри нивната оперативна ефикасност. „Создаваме култура водена од податоци преку имплементирање на модерни решенија за архитектура на податоци надополнети со вештачка интелигенција, да им помогне на клиентите да донесат подобри одлуки, да добијат подобро ниво на деловна контрола и успешно да планираат да бидат пред нивната конкуренција“, вели Блидарус. Со инвестицијата ќе се отвора вкупно 100 работни места за ИТ професионалци во наредните две години: развој на софтвер и инженери, аналитичари на податоци, водачи на тимови, архитекти за решение, научници за податоци и други позиции. Компанијата ветува конкурентни плати и одлични услови за работа, но и можност за професионален развој, учење од меѓународни експерти, обука и развој на нивните кариери и проширување на нивните хоризонти. Локалниот тим во Северна Македонија ќе има поддршка од 250 интернационални ИТ експерти и ќе биде вклучен во постоечки и нови глобални проекти, помагање на клиентите да распоредат најсовремени решенија како што се интегрирани платформи, напредна и предвидлива анализа на податоци и вештачка интелигенција. Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/megjunarodnata-tehnoloshka-kompanija-softelligence-kje-investira-milion-evra-vo-makedonija/feed/ 0