согласност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Sep 2022 20:30:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png согласност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/#respond Tue, 27 Sep 2022 20:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=738227

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес. Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум. – Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој. Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија. Шпанската влада го отфрли предлогот. – Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/feed/ 0
ЕУ сака да го забрза создавањето лекови без согласност од сопственикот на патентот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-saka-da-go-zabrza-sozdavanjeto-lekovi-bez-soglasnost-od-sopstvenikot-na-patentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-saka-da-go-zabrza-sozdavanjeto-lekovi-bez-soglasnost-od-sopstvenikot-na-patentot/#respond Thu, 26 Nov 2020 08:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=434580

Европската унија сака да ги забрза постапките за создавање генерички лекови без согласност на сопствениците на патенти, покажа документот на ЕУ за потегот насочен кон заобиколувањето на заштитата на правата на интелектуална сопственост во итни ситуации, јави Хина. Таканареченото задолжително добивање дозвола е дозволено во вонредни ситуаици според правилата на Светската трговска организација (СТО) и исто така може да се примени во случајот со пандемијата на коронавирусот. „Европската Комисија гледа на потребата да се осигури дека постојат ефикасни системи за задолжително добивање дозволи, што ќе се користат како последно средство и заштитна мрежа кога нема да успеат сите други обиди околу интелектуалната сопственост“, се наведува во документот, пренесоа британските медиуми. Оваа мерка, доколку некогаш се примени, ќе им овозможи на земјите од ЕУ да произведуваат генерички лекови без согласност на фармацевтските компании што ги развиле, иако тие ќе ги задржат правата на интелектуална сопственост. Предлогот е дел од акцискиот план на ЕУ за интелектуална сопственост, во кој во поголема мера има за цел да ја зајакне заштитата на европските компании наспроти странските актери. Во првите месеци од пандемијата, пратениците и активистите ја повикаа ЕУ да ги користи правилата на СТО за да добие пристап до потенцијалните вакцини и лекови за коронавирусот, претежно произведени надвор од Европа. Европската комисија досега одбиваше да го стори тоа и постигна договор вреден повеќе милијарди евра со фармацевтски компании за обезбедување вакцини и лекови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-saka-da-go-zabrza-sozdavanjeto-lekovi-bez-soglasnost-od-sopstvenikot-na-patentot/feed/ 0
Постигната согласност за процесот на помирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignata-soglasnost-za-procesot-na-pomiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignata-soglasnost-za-procesot-na-pomiruvanje/#respond Fri, 30 Nov 2018 12:10:54 +0000 https://kurir.mk/?p=134142

Претседателот на Владата Зоран Заев по средбата со координативното тело за помирување и интеграција во Собранието изјави дека е постигната согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение. Покажавме политичка волја, рече Заев, дека сме подготвени за еден ваков чекор, посочувајќи дека мора да се направи дистинкција помеѓу оние кои учествувале  во настаните од 27 април. -Да оставиме сега на правните тимови кои под раководство на овие посебни групи ќе ги направат следните чекори. Ние денеска изразивме политичка волја. Со моето гостување на самата група јас ја потврдив мојата лична волја и волјата како премиер, рече Заев и изрази убедување дека во натамошната постапка ќе се дознаат сите стручни аспекти на механизмите како да се направи помирување во државата, а истовремено како да се постават и другите апсекти на целите на интерпарламентарната група. Премиерот кажа дека волја и желба постојат, но дека црвените линии не смеат да се поминуваат, што е многу важно за да не ни падне, како што рече, на памет да влијаеме врз правосудниот систем. Потсети дека реформите и независноста на судството се  многу важен императив во евроинтеграциските процеси за влез во НАТО и во ЕУ. Не навлегувајќи во деталите од разговорите на средбата, Заев кажа дека треба да се разграничи што е насилство, а што не е насилство, што е тоа насилство, а што е физичко насилство, што е тоа реализација и осмислување и што е тоа некој да учествува во толпата, да биде заведен или понесен. -Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто кое треба да ги опфати сите и не навлегувам подетално само кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасна динстикција и разграничување. Секако, пораката на помирување и подадена рака мора да постои, но и пораката на неповторување на вакви работи исто така мора да постои, рече Заев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignata-soglasnost-za-procesot-na-pomiruvanje/feed/ 0