сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Jan 2023 14:30:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најзаразен сој на коронавирусот се шири низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/#respond Thu, 05 Jan 2023 14:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=784038

Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. По појавата на Кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на Омикрон минатата зима. Кракен иако е многу заразен, според експертит сојот всушност е „роднина“ на омикрон и е релативно понеопасен од неговиот претходник. На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл“. Според истражувањата открено е дека кракен е спој на подсоеви БА. 2.10.1. и БА.2.75 и сочинуваат 75 проценти од случаите во најпогодените делови на САД. Експертот од Мелбурн, Мајк Хани истакна дека во Велика Британија се регистрирани 28 случаи на кракен, од кои 24 во Англија, два во Велс и по еден во Северна Ирска и Шкотска. Водечките германски здравствени власти денеска изразија загриженост за новиот вид, а Германија досега пријавила еден случај.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najzarazen-soj-na-koronavirusot-se-shiri-niz-svetot/feed/ 0
Научници развија нов сој на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-razvija-nov-soj-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-razvija-nov-soj-na-koronavirus/#respond Wed, 19 Oct 2022 07:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=747441

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии. Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“. Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон. Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта. Кога тие биле изложени само на ом икрон, имале благи симптоми. Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје. Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-razvija-nov-soj-na-koronavirus/feed/ 0
Ова се СИМПТОМИТЕ на новиот сој омикрон: Докторката која прва алармираше, објасни какви се https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-se-simptomite-na-noviot-soj-omikron-doktorkata-koja-prva-alarmirashe-objasni-kakvi-se/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-se-simptomite-na-noviot-soj-omikron-doktorkata-koja-prva-alarmirashe-objasni-kakvi-se/#respond Sun, 28 Nov 2021 13:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=601020

Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка која ги предупреди властите за пациентите со новата варијанта на коронавирусот – омикрон, изјави за британски „Телеграф“ дека симптомите на новиот вид се необични, но благи. Д-р Коици истакнала дека првпат забележала дека е можно да се појави нова варијанта кога во ноември во нејзината приватна ординација во Преторија почнале да доаѓаат пациенти со симптоми на ковид-19 кои на почетокот немале смисла, пишува британски „Телеграф“. Меѓу нив имало млади луѓе од различно потекло и националност кои се пожалиле на чувство на интензивен замор, но и едно шестгодишно дете кое имало многу забрзан пулс. Сепак, ниту еден од нив немал губење на сетилот за вкус или мирис. „Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што порано сум ги лекувала“, рекла д-р Коици, општ лекар со 33-годишно искуство. Кога на 18 ноември четворица членови од едно семејство биле позитивни на тестот за ковид-19, а од симптомите имале само целосна исцрпеност од симптомите, таа го информирала советодавниот комитет за вакцини за исходот. Д-р Коици истакнала дека околу две десетини од нејзините пациенти се позитивни на коронавирусот со симптомите на новата варијанта. Главно, тоа биле здрави мажи кои кај неа доаѓале жалејќи се на „неопислив замор“. Таа додала и дека приближно половина од нив биле невакцинирани. – Имавме еден многу интересен случај, дете на околу шест години, со температура и многу висок пулс. Прашав дали треба да го хоспитализирам. Но, кога го испратив случајот два дена подоцна, беше многу подобро – раскажала докторката. Д-р Коици нагласила дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но е загрижена дека варијантата омикрон би можела лошо да влијае на постарите луѓе, со придружни болести, како што се дијабетесот или срцевите заболувања. „Она за што сега мора да се грижиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, ќе видиме многу луѓе со тешка форма на болеста“, рекла таа. Варијантата B.1.1.529, наречена омикрон, првпат беше идентификувана во Боцвана на 11 ноември, а досега е откриена во Јужна Африка, Велика Британија, Израел, Холандија, Белгија и Хонг Конг. Тоа е најмутираната форма на ковид-19 досега откриена, со 32 мутации во спајк протеинот (шилецот), а научниците се загрижени дека мутациите би можеле да овозможат да ги избегне постоечките вакцини (односно тие да бидат помалку делотворни) и брзо да се шири.. Судејќи според она што го рекла д-р Коици од Јужна Африка, првиот и основен симптом е огромен, неопислив замор, а потоа појава на температура и забрзан пулс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-se-simptomite-na-noviot-soj-omikron-doktorkata-koja-prva-alarmirashe-objasni-kakvi-se/feed/ 0
СО ПЦР-ТЕСТ МОЖЕ ДА СЕ ОТКРИЕ НОВИОТ СОЈ ОМИКРОН: СЗО побара од земјите итно да го направат следново https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-pcr-test-moze-da-se-otkrie-noviot-soj-omikron-szo-pobara-od-zemjite-itno-da-go-napravat-slednovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-pcr-test-moze-da-se-otkrie-noviot-soj-omikron-szo-pobara-od-zemjite-itno-da-go-napravat-slednovo/#respond Sat, 27 Nov 2021 11:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=600582

Техничката советодавна група за еволуција на вирусот SARS-CoV-2 е независна група на експерти која периодично ја следи и проценува еволуцијата на SARS-CoV-2 и проценува дали одредени мутации и комбинации на мутации го менуваат однесувањето на вирусот. Групата беше итно свикана вчера за да се процени новата Омикрон варијанта на короната, која дојде од Јужна Африка. Новиот сој првпат беше пријавен на 24 ноември. Епидемиолошката ситуација во Јужна Африка се карактеризира со три различни врвови на пријавени случаи, од кои последниот беше претежно варијантата Делта. Во последните недели, инфекциите нагло се зголемија, што се совпадна со откривањето на новата варијанта означена како B.1.1.529, наречена Омикрон. Оваа варијанта има голем број на мутации, од кои некои се загрижувачки. Прелиминарните докази укажуваат на зголемен ризик од повторна инфекција со оваа варијанта, во споредба со другите. Се чини дека бројот на случаи на оваа варијанта се зголемува во речиси сите провинции во Јужна Африка. Неколку лаборатории потврдија дека PCR тест може да се користи за откривање на новиот вид. Еден од трите целни гени не беше детектиран (наречен загуба на генот S или неуспех на генот S) и затоа овој тест може да се користи како маркер и за оваа варијанта. Користејќи го овој пристап, оваа варијанта беше откриена многу побрзо од претходните, односно беа откриени зголемувања на инфекцијата, што сугерира дека оваа варијанта може да има предност во растот, т.е. може брзо да се шири. СЗО побара од земјите да го направат следново: Да се ​​подобрат напорите за секвенционирање со цел следење на ширењето на новиот вид. Да се​​доставуваат целосни геномски секвенци и поврзани метаподатоци до јавно достапна база на податоци, како што е GISAID. Да се пријават првични случаи / кластери поврзани со инфекција со Омикорн СЗО порачува дека би било добро да се спроведат теренски истражувања и лабораториски проценки каде што постојат капацитети и во координација со меѓународната заедница да се подобри разбирањето на потенцијалните влијанија на сојот Омикорн врз епидемиологијата на Ковид. СЗО повикува на сериозност, ефективност на јавно-здравствените и социјалните мерки, како и соодветни дијагностички методи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-pcr-test-moze-da-se-otkrie-noviot-soj-omikron-szo-pobara-od-zemjite-itno-da-go-napravat-slednovo/feed/ 0
Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-noviot-soj-na-koronavirusot-pad-na-vrednosta-na-bitkoinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-noviot-soj-na-koronavirusot-pad-na-vrednosta-na-bitkoinot/#respond Fri, 26 Nov 2021 13:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=600189

Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8,0 отсто по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар. Биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини 54.377 долари, што е најниско ниво од 12 октомври. Според научниците новиот вид на коронавирусот, што беше откриен во Јужна Африка, во Боцвана и во Хонг Конг, претставува необична комбинација на мутации, што може да го направи отпорен на имунолошкиот одговор на телото или попренослив и заразен од Делта сојот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-noviot-soj-na-koronavirusot-pad-na-vrednosta-na-bitkoinot/feed/ 0
Нова мутација на Ковид-19 откриена во Виетнам, мешавина е од овие два соја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-kovid-19-otkriena-vo-vietnam-meshavina-e-od-ovie-dva-soja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-kovid-19-otkriena-vo-vietnam-meshavina-e-od-ovie-dva-soja/#respond Sat, 29 May 2021 07:20:53 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516345

Нов сој на коронавирусот – мешавина од индискиот и британскиот – е откриена во Виетнам, изјави виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг. – Новата мутација се шири побрзо преку воздухот. Особено, тоа е де факто како индиска верзија, но со мутации што првично беа својствени за британската верзија, рече министерот. Ова беше откриено со секвенционирање гени. Виетнам досега објави циркулација на седум варијанти на коронавирус во земјата. Сега истражувањата покажаа дека новата варијанта се реплицира многу брзо и ова објаснува зошто толку многу нови случаи на инфекција се појавија во различни делови на земјата за краток временски период. Од втората половина на април, скоро 3.600 лица се заразени во 31 од 63 градови и провинции на Виетнам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-kovid-19-otkriena-vo-vietnam-meshavina-e-od-ovie-dva-soja/feed/ 0
Стравување од новите мутации: Новиот сој изгледа поопасен од јужноафриканскиот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravuvanje-od-novite-mutacii-noviot-soj-izgleda-poopasen-od-juznoafrikanskiot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravuvanje-od-novite-mutacii-noviot-soj-izgleda-poopasen-od-juznoafrikanskiot/#respond Thu, 08 Apr 2021 11:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=494268

Нигерискиот сој на коронавирусот, што може да биде поубиствена од јужноафриканскиот вид, доведе до страв по зголемувањето на случаите во Велика Британија, предупредуваат експертите. Заканата од нови варијанти е еден од главните приоритети кога станува збор за излез од блокадата на премиерот Борис Џонсон. Зголемувањето на бројот на пациенти со различни варијанти на короната може да значи дека ограничувањата се враќаат во сила. Во Велика Британија има пад на случаи во последните неколку недели, а бројот на луѓе кои починале од корона опадна за скоро 50 проценти за еден месец. И покрај падот на бројот на пациенти и големиот број вакцинирани, експертите предупредуваат дека загрижувачките варијанти на ковид се зголемуваат, пренесува Сан. Во документите до кои имал пристап „Инус“, случаите на јужноафриканско потекло се зголемија минатата недела, но најголемо зголемување се случаите на нигериската варијанта. Податоците покажуваат дека минатата недела имало повеќе од 470 случаи на Б1351 (јужноафрикански сој) во споредба со 400 случаи една недела порано. На почетокот на февруари се сметаше дека постојат 150 случаи. Случаите со нигериската варијанта, Б1525, се зголемија повеќе од двојно минатиот месец. На крајот на февруари, имаше 100 случаи, на крајот на март, 250, а експертите велат дека сега има околу 300 од нив. Причината зошто експертите се толку загрижени за нигериската варијанта е нејзината стапка на смртност во споредба со другите видови. Стапката на смртност на нигерискиот сој е 4,3 проценти, јужноафриканскиот сојуз е 2,2 проценти, а британскиот сојуз е 2,3. Податоците покажуваат дека 12 лица починале од нигерискиот вид во Велика Британија, додека девет починале од Јужноафриканец. Иако бројките од нигериската и јужноафриканската варијанта се уште се пониски од британскиот вид, кој е одговорен за 150.000 случаи досега, експертите велат дека другите соеви можат да се шират повеќе и можат да бидат отпорни на вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravuvanje-od-novite-mutacii-noviot-soj-izgleda-poopasen-od-juznoafrikanskiot/feed/ 0
Итен состанок во СЗО: Организацијата загрижена за новите соеви на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-szo-organizacijata-zagrizena-za-novite-soevi-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-szo-organizacijata-zagrizena-za-novite-soevi-na-koronavirusot/#respond Thu, 14 Jan 2021 08:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=455100

Одборот за итни прашања на Светската здравствена организација се состанува денеска, две недели пред редовниот, за да би разгледа прашањата во врска со новите соеви на коронавирусот. Обично одборот се состанува на секое три месеци, но овој пат генералниот директор ги повикал членовите две недели порано. -Се работи за новите соеви на вирусот, употреба на потврда за вакцинација и тестови за меѓународни патници, се наведува со соопштението од СЗО објавено синоќа. Британските и јужноафриканските соеви на коронавирус, кои се особено заразни, се прошириле на повеќе десетици земји кои се зафатени од нов бран на вирусот. Во борбата за спречување на ширење на заразата не успеваат ниту полициските часови. Според СЗО новиот сој на коронавирус првпат забележан во Велика Британија засега е потврден во 50 земји, додека сојот до Јужна Африка во 20 земји, но СЗО смета дека оваа проценка е веројатно помала од реалноста. Новите соеви на Ковид-19 може да се идентификуваат само со секвенца на нивниот генетски код, што претставува анализа која не е насекаде можна. Третата мутација, со потекло од Амазон која во неделата е потврдена во Јапонија, во моментов се анализира и би можела да влијае на имуниот одговор, наведува СЗО во неделниот извештај нарекувајќи го „загрижувачки сој“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-szo-organizacijata-zagrizena-za-novite-soevi-na-koronavirusot/feed/ 0