сојуз на извидници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 14:14:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сојуз на извидници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Пендаровски прими претставници на Сојузот на извидници на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-pretstavnitsi-na-sojuzot-na-izvidnitsi-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-pretstavnitsi-na-sojuzot-na-izvidnitsi-na-makedonija/#respond Fri, 24 Feb 2023 14:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=804640

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Сојузот на извидници на Македонија, кои го запознаа со предвидените активности по повод 70 години од постоењето на извидништвото во државата и со претстојната 13. Македонска извидничка смотра, која под покровителство на претседателот Пендаровски, ќе се одржи во периодот од 12 до 21 јули во Крушево. На средбата, извидниците го информираа претседателот за тековните подготовки и потреби со цел организација на извидничката смотра, како најмасовен младински едукативен настан на отворено, кој обединува и промовира културни вредности, другарство и вештини. На смотрата, која ја организираат секоја петта година, се очекува учество на повеќе од 1500 извидници од Северна Македонија и од повеќе од 15 држави од регионот и од Европа. Претседателот Пендаровски истакна дека му претставува задоволство што ќе биде покровител на оваа меѓународна смотра, која покрај едукативната компонента и стекнување вештини кај младите, придонесува и за афирмација на нашата држава. Во таа насока претседателот ја поздрави извидничката програма и ентузијазмот за негување на вредностите на заедништво, солидарност, емпатија, дисциплина и тимска работа. Во разговорот со претставниците од Сојузот, претседателот изрази поддршка на нивните програми за волонтирање и имплементирањето на едукативни програми за личен раст и развој, како и неформалната едукација која ја практикуваат преку активности во природа и стекнување на здрави животни навики.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-pretstavnitsi-na-sojuzot-na-izvidnitsi-na-makedonija/feed/ 0
Прв Скопски Извиднички Одред суспендиран од Сојузот на извидници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-skopski-izvidnichki-odred-suspendiran-od-sojuzot-na-izvidnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-skopski-izvidnichki-odred-suspendiran-od-sojuzot-na-izvidnici/#respond Sat, 02 Oct 2021 10:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=571779

Сојузот на извидници изразува загриженост за настаните за кои се пишува во изминатите денови, и истовремено го осудуваат секое непрофесионално медиумско известување со кое неосновано се нарушува угледот на извидничката организација како целина. -Сојузот на извидници на Македонија во изминатите денови вложи сериозни напори да се воздржи од коментирање на сензационалистичките објави на речиси сите медиуми во државата во врска со наводни скандалозни активности на извиднички камп. Целта на ваквиот пристап е овозможување на надлежните државни органи и институции самостојно, независно, непристрасно и непречено, со согласност со нивните законски надлежности, да ги расветлат сите факти поврзани со случајот. Истовремено, единственото соопштение на СИМ со кое се осудуваат било какви акти на вознемирување и се повикува на целосно расчистување на случајот помина речиси незабележано во јавноста. Сепак, поради огромниот број на медиумски наслови и “стории” кои содржат очигледни намери за генерализирање на настанот и дискредитирање на извидничката организација, принудени сме да реагираме со вакво соопштение, со цел барем во одредена мера да ги ублажиме непроценливите штетни последици кои се предизвикани по извидништвото, како резултат на безмилосниот натпревар помеѓу медиумите за максимизирање на бројот на гледачи, слушатели и посетители, се вели во нивното соопштение. Сојузот на извидници на Македонија е младинска чадор организација која во нашата држава е присутна речиси 70 години. На годишно ниво, извидниците организираат преку 1000 активности на територијата на целата држава, остварувајќи ги своите програмски цели. Низ редовите на нашата организација се поминати над сто илјади деца и млади кои денес се активни чинители на општествената заедница. Огромен број волонтери кои членувале во организацијата несебично вложиле и вложуваат дел од своето слободно време, како и огромен труд и напори со цел остварување на мисијата за создавање на подобар свет, креирање на физички и духовно здрави индивидуи и подготовка на децата и младите за предизвиците со кои би можеле да се соочат низ животот. -Денес сите тие луѓе, нивните семејства, пријатели и познаници, со шок и неверување ги следат медиумските написи пласирани во македонските медиуми. За нас е просто неверојатно со каква леснотија медиумите го поврзуваат настанот за кој пишуваат со генералниот поим за извидништво, извидници, извиднички кампови, извидничка организација и извидничко движење. Како невладина и целосно неполитичка организација, особено го осудуваме тоа што одредени медиуми ја злоупотребуваат веста во политичка конотација. Апсолутно сме уверени дека ваквиот начин на медиумско известување на ниту еден начин не помага во поддршка на учесниците на предметниот настан, напротив, сметаме дека со моменталниот медиумски пристап грубо се засега во правата на овие лица и нивните семејства. Поради овие причини, а пред сè заради заштита на учесниците на настанот за кој се известува, бараме од сите медиуми со голема внимателност да ги преиспитаат методите за известување во врска со оваа исклучително сензитивна тема. Во оваа насока, бараме сите објави на темата да бидат засновани на проверени и релевантни информации за настанот, во согласност со одредбите од Кодексот за медиумска етика. Ова особено доколку се има во предвид дека процесите за утврдување на фактите и евентуалната одговорност се во тек, додека известувањето базирано на непроверени, еднострани и шпекулативни информации можеби носи гледаност, слушаност и читаност, но истовремено предизвикува несогледливи последици, особено кај најранливата категорија чија заштита е во примарен наш интерес и во интерес на целото општество, се вели во соопштението. Сојузот на извидници на Македонија нема да се колеба во законски пропишана постапка да преземе соодветни мерки за заштита на своите права, интереси и углед, по кои одредни субјекти од медиумскиот простор очигледно се обидуваат да посегнат. Воедно, ја користиме оваа можност уште еднаш да осудиме и да се оградиме од било какви активности кои би можеле на било каков начин да се доведат во корелација со сексуално или било какво друго вознемирување на млади. Примарна цел на секој извиднички настан, независно од програмските активности, е учесниците на истиот да се чувствуваат безбедно и сигурно. СИМ има целосна доверба во сите надлежни државни органи и институции и им дава целосна поддршка во насока на расветлување на настаните. Истовремено, во тек е и интерна истрага во која се вклучени лица од Сојузот и независни професионалци, со цел утврдување на евентуални прекршувања на интерните акти, правила и вредности на СИМ. Заради претпазливост и независност на активностите за расветлување на настанот, Старешинството на СИМ, во согласност со одредбите од Статутот на Сојузот, донесе одлука за привремено оддалечување од активностите, односно суспензија на Прв Скопски Извиднички Одред, од Сојузот на извидници на Македонија. Конечна одлука во однос на евентуалните дисциплински мерки ќе донесе Собранието на СИМ врз основа на резултатите од преземените дејствија за истражување на случајот. Остануваме посветени на негување на извидничките вредности, заштита на децата и младите и создавање на подобар свет за сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-skopski-izvidnichki-odred-suspendiran-od-sojuzot-na-izvidnici/feed/ 0