Сојуз на синдикати на Македонија – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиFri, 04 Feb 2022 13:48:22 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngСојуз на синдикати на Македонија – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Синдикатите ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи, за 10 февруари најавија собир пред Собранието
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-ja-blokiraa-ulicata-pred-sedishteto-na-organizacijata-na-rabotodavachi-za-10-fevruari-najavija-sobir-pred-sobranieto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-ja-blokiraa-ulicata-pred-sedishteto-na-organizacijata-na-rabotodavachi-za-10-fevruari-najavija-sobir-pred-sobranieto/#respondFri, 04 Feb 2022 13:41:43 +0000https://kurir.mk/?p=627040Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата.
За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.
– Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.
Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.
На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.
– Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата.
За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.]]>Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата.
За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.
– Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.
Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.
На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.
– Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата.
За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-ja-blokiraa-ulicata-pred-sedishteto-na-organizacijata-na-rabotodavachi-za-10-fevruari-najavija-sobir-pred-sobranieto/feed/0Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 18.000 денари, утре излегуваат на протест
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-ne-se-otkazuvaat-od-baranjeto-za-minimalna-plata-od-18-000-denari-utre-izleguvaat-na-protest/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-ne-se-otkazuvaat-od-baranjeto-za-minimalna-plata-od-18-000-denari-utre-izleguvaat-na-protest/#respondThu, 03 Feb 2022 11:51:30 +0000https://kurir.mk/?p=626435Сојузот на синдикати на Македонија утре со почеток од 13 часот ќе излезат на протест. Својата сериозна намера дека не отсптауваат од барањето минималната плата да е 18.000 денари ќе ја искажат така што ќе го сопрат сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“ каде всушност се наоѓа и Организацијата на работодавачи и Стопанската комора.
Излегување на протест го потврди за Телма, претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи. Ако во 16 часот не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.]]>Сојузот на синдикати на Македонија утре со почеток од 13 часот ќе излезат на протест. Својата сериозна намера дека не отсптауваат од барањето минималната плата да е 18.000 денари ќе ја искажат така што ќе го сопрат сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“ каде всушност се наоѓа и Организацијата на работодавачи и Стопанската комора.
Излегување на протест го потврди за Телма, претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи. Ако во 16 часот не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-ne-se-otkazuvaat-od-baranjeto-za-minimalna-plata-od-18-000-denari-utre-izleguvaat-na-protest/feed/0ВО ЖИВО: Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-rabotnichki-protest-na-sojuzot-na-sindikati-na-makedonija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-rabotnichki-protest-na-sojuzot-na-sindikati-na-makedonija/#respondSun, 12 Dec 2021 11:20:46 +0000https://kurir.mk/?p=607288Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Република Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.
Протестот започнеапред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.
ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата, како и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Во наредниот период, во зависност од резултатите од ССМ велат дека ќе повикаат на Генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.
]]>Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Република Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.
Протестот започнеапред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.
ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата, како и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Во наредниот период, во зависност од резултатите од ССМ велат дека ќе повикаат на Генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-rabotnichki-protest-na-sojuzot-na-sindikati-na-makedonija/feed/0ССМ: Пратениците да престанат со политичките игри и да ги донесат измените за недела неработен ден
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pratenicite-da-prestanat-so-politichkite-igri-i-da-gi-donesat-izmenite-za-nedela-neraboten-den/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pratenicite-da-prestanat-so-politichkite-igri-i-da-gi-donesat-izmenite-za-nedela-neraboten-den/#respondWed, 22 Sep 2021 13:10:04 +0000https://kurir.mk/?p=566894Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден.
– Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите. Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат, се вели во денешното соопштение од ССМ.
Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Откако ќе поминаат на оваа Комисија, треба да бидат изгласани на пленарна седница. Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври.
И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не е коректно да се блокираат закони во Собранието и дека треба да се има одговорност пред граѓаните.
– Не сакам да обвинувам никого, сакам само да апелирам на одговорност пред граѓаните. Ние сме бирани, земаме плата да им служиме. Не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кога има политичка цел, кога има аргумент за тоа нека се соопшти, но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани. Ниту влијаат на изборите, ниту нешто можат да сменат во плус или во минус на претстојните избори, треба да се донесат затоа што се добри за целиот народ без разлика на неговата политичка определба, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.]]>Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден.
– Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите. Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат, се вели во денешното соопштение од ССМ.
Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Откако ќе поминаат на оваа Комисија, треба да бидат изгласани на пленарна седница. Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври.
И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не е коректно да се блокираат закони во Собранието и дека треба да се има одговорност пред граѓаните.
– Не сакам да обвинувам никого, сакам само да апелирам на одговорност пред граѓаните. Ние сме бирани, земаме плата да им служиме. Не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кога има политичка цел, кога има аргумент за тоа нека се соопшти, но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани. Ниту влијаат на изборите, ниту нешто можат да сменат во плус или во минус на претстојните избори, треба да се донесат затоа што се добри за целиот народ без разлика на неговата политичка определба, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pratenicite-da-prestanat-so-politichkite-igri-i-da-gi-donesat-izmenite-za-nedela-neraboten-den/feed/0ССМ апелира до Владата да донесе задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-apelira-do-vladata-da-donese-zadolzitelno-plateno-otsustvo-od-rabota-za-rabotnicite-na-denot-na-imunizacija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-apelira-do-vladata-da-donese-zadolzitelno-plateno-otsustvo-od-rabota-za-rabotnicite-na-denot-na-imunizacija/#respondTue, 18 May 2021 12:24:47 +0000https://kurir.mk/?p=511910 Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство.
Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.
-Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза, наведуваат од Сојузот.
Од Сојузот на синдикатите бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.
ССМ апелира работниците да ги пријавуваат несовесните работодавачи на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: [email protected], како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права. (МИА)]]> Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство.
Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.
-Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза, наведуваат од Сојузот.
Од Сојузот на синдикатите бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.
ССМ апелира работниците да ги пријавуваат несовесните работодавачи на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: [email protected], како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-apelira-do-vladata-da-donese-zadolzitelno-plateno-otsustvo-od-rabota-za-rabotnicite-na-denot-na-imunizacija/feed/0Нема веќе Сојуз на синдикати на Македонија, се ребрендира во „Здружение со иста цел“
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vekje-sojuz-na-sindikati-na-makedonija-se-rebrendira-vo-zdruzenie-so-ista-cel/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vekje-sojuz-na-sindikati-na-makedonija-se-rebrendira-vo-zdruzenie-so-ista-cel/#respondTue, 11 May 2021 08:05:12 +0000https://kurir.mk/?p=508814Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот.
Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците.
-Ги очекуваме нивните иницијативи и насоки затоа што сите ние сме ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ – остварување, заштита и унапредување на работничките права, стои во соопштението.
Додаваат дека членството е нивната сила, неговата доверба е нивна моќ и мотив за делување.
-Сите ние, заедно здружени во ССМ, сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки, реални и фер плати, намалување на сиромаштијата, социјална сигурност, унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа, заштита на човековата околина, солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ, се наведува во соопштението. (МИА)]]>Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот.
Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците.
-Ги очекуваме нивните иницијативи и насоки затоа што сите ние сме ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ – остварување, заштита и унапредување на работничките права, стои во соопштението.
Додаваат дека членството е нивната сила, неговата доверба е нивна моќ и мотив за делување.
-Сите ние, заедно здружени во ССМ, сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки, реални и фер плати, намалување на сиромаштијата, социјална сигурност, унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа, заштита на човековата околина, солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ, се наведува во соопштението. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vekje-sojuz-na-sindikati-na-makedonija-se-rebrendira-vo-zdruzenie-so-ista-cel/feed/0ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-odlukata-za-poskapuvanje-na-strujata-e-izbrzana/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-odlukata-za-poskapuvanje-na-strujata-e-izbrzana/#respondFri, 07 Aug 2020 10:37:21 +0000https://kurir.mk/?p=387663Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните.
– Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 проценти, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза. Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 прценти и тоа само за да се подмири просечната потрошувачка на електрична енергија која едно домаќинство би го чинело дополнителен издаток од платата, пензијата или другите примања, велат од ССМ.
Анализите изготвени врз основа на синдикалната минимална кошничка, како што најаваат, ќе ги достават до Економско-социјалниот совет со цел да се овозможи покачување на платите, доколку не се отстапи од зголемувањето на електричната енергија.
– ССМ, не сака нашите граѓани, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да станат таргет на извршување од извршителите и затоа уште еднаш укажуваме дека Регулаторната комисија треба да ја преиспита одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, велат од ССМ.]]>Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните.
– Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 проценти, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза. Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 прценти и тоа само за да се подмири просечната потрошувачка на електрична енергија која едно домаќинство би го чинело дополнителен издаток од платата, пензијата или другите примања, велат од ССМ.
Анализите изготвени врз основа на синдикалната минимална кошничка, како што најаваат, ќе ги достават до Економско-социјалниот совет со цел да се овозможи покачување на платите, доколку не се отстапи од зголемувањето на електричната енергија.
– ССМ, не сака нашите граѓани, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да станат таргет на извршување од извршителите и затоа уште еднаш укажуваме дека Регулаторната комисија треба да ја преиспита одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, велат од ССМ.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-odlukata-za-poskapuvanje-na-strujata-e-izbrzana/feed/0ССМ: Работниците да не потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotnicite-da-ne-potpishuvaat-spogodbi-za-prestanok-na-rabotniot-odnos/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotnicite-da-ne-potpishuvaat-spogodbi-za-prestanok-na-rabotniot-odnos/#respondFri, 03 Apr 2020 15:13:26 +0000https://kurir.mk/?p=326863Сојузот на синдикати на Македонија апелира до работниците да не потпишуваат бланко листови, ниту спогодби за престанок на работниот однос во ситуација во која фирмите се соочуваат со кризата што ја предизвика коронавирусот.
-Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работниот однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
И надлежните институции препорачуваат работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а од работодавачите се бара да покажат солидарност и да понесат дел од товарот.
Од Државниот инспекторат за труд апелираат работниците да го пријават кое и да било присилно отпуштање од работа. Посочуваат дека постапуваат секаде каде ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи. (МИА)]]>Сојузот на синдикати на Македонија апелира до работниците да не потпишуваат бланко листови, ниту спогодби за престанок на работниот однос во ситуација во која фирмите се соочуваат со кризата што ја предизвика коронавирусот.
-Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работниот однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
И надлежните институции препорачуваат работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а од работодавачите се бара да покажат солидарност и да понесат дел од товарот.
Од Државниот инспекторат за труд апелираат работниците да го пријават кое и да било присилно отпуштање од работа. Посочуваат дека постапуваат секаде каде ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotnicite-da-ne-potpishuvaat-spogodbi-za-prestanok-na-rabotniot-odnos/feed/0