Сојуз на стопански комори на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Aug 2023 15:59:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на стопански комори на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССК: Македонската винска индустрија пример за развој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-makedonskata-vinska-industrija-primer-za-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-makedonskata-vinska-industrija-primer-za-razvoj/#respond Sat, 12 Aug 2023 15:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=866081

Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, остварија посета на македонската винарија Имако од штипскиот регион. Никола Љуботенски, менаџерот за развој во винаријата Имако ги претстави производствените капацитети за произвоство на вино, дестилеријата за производство на традиционални ракии и вињаци, со која оваа винарија е во првите пет винарии во земјата со годишно производство од 11 милиони литри високо квалитетно вино и дестилати. „Ќе се согласиме дека не постои единствена формула за високо квалитетно македонско вино, бидејки треба да се има многу љубов и посветеност кон лозарството произведувајќи врвна суровина, врвно грозје, сончеви денови, стручен експертски кадар и квалитетна технологија, што несомнено македонските винарии го имаат. На десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар и фестивал (BIWC) осовоивме 7 медали за нашите вина”, истакна Љуботенски. Според Ангелоски, винската индустрија е потребно да добие уште повисоко место во македонската економија, бидејки во последните години бележи континуиран раст и извоз кој според истражувањата на World`s Тop Exsports ја вбројува нашата земја како производител и извозник на вино помеѓу 15-те земји во светот за 2022 година. Забележан е раст од 4,3% и извоз од 60,365 милиони долари за 2022 година, со што македонската винска индустрија се најде во друштвото на Франција, Италија, Шпанија, Нов Зеланд, Чиле, Португалија, Аргентина, Австралија, Јужна Африка, Грузија, Молдавија, Унгарија кои заедно испорачуваат 92,4% од вкупниот светски извоз на вино во 2022 година. Традицијата на производство на квалитетно вино е добро позната во овие краишта низ историјата за што сведочат големиот број на археолошки локалитети и предмети изложени низ голем број на вински музеи низ државата. Сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров, со 260-290 сончеви денови, Македонија спаѓа во винската зона, која го опфаќа поголемиот дел од Медитеранска Европа, вклучувајќи некои од најпознатите вински дестинации на стариот континент, како што се Провенс, Корзика и регионот Писпул де Пин (Франција), Болгери и Сицилија (Италија) и Санторини (Грција), a денес е обезбедено и целосно турустичко искуство во Македонија – сместување во удобните локални престојувалишта, разгледување на природно богатата околина и дегустација нанајквалитетното македонско вино. „Винскиот туризам, или попознат како „ено-гастро концепт“ е меѓу најпопуларните трендови во светот бидејќи претставува совршен спој на локално вино и хедонизам. Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда. На овој начин дирекно се овозможува зајакнување на локалната економија, производството на локална храна, новите зелени работни места кои ќе овозможат намалување на миграцијата“, истакна Јаневски. Посетите на бизнис секторот од Сојузот за стопански комори активно ќе продолжи во следниот период со цел запознавање од прва рака со потребите и предизвиците со кои се среќаваат македонските компании во нивното работење. Потребна е уште поголема фокусираност за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот преку сет на мерки кои во следниот период ќе бидат подготвени и предложени на владата од нашите експертските тимови, соопшти ССК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-makedonskata-vinska-industrija-primer-za-razvoj/feed/ 0
Ѓорѓиевски во интервју за Курир: ССК станува институција која што ќе влијае на тековните економски процеси што ќе предизвикаат решавање на многу значајни прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-vo-intervju-za-kurir-ssk-stanuva-institutsija-koja-shto-ke-vlijae-na-tekovnite-ekonomski-protsesi-shto-ke-predizvikaat-reshavane-na-mnogu-znachajni-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-vo-intervju-za-kurir-ssk-stanuva-institutsija-koja-shto-ke-vlijae-na-tekovnite-ekonomski-protsesi-shto-ke-predizvikaat-reshavane-na-mnogu-znachajni-prashana/#respond Thu, 27 Jul 2023 10:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=860618

Курир направи интервју со потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски, а во истото тој говореше особено за новиот тим на ентјузиасти, односно на сериозни бизнисмени кои што сакаат да ја претворат во една институција која што ќе влијае на тековните економски процеси која што ќе може да предизвика поместување на многу значајни прашања, односно нивно претставување на јавноста во вистинска димензија со цел да се предизвика тие прашања квалитетно се решаваат. -Ние веќе станавме деловна бизнис мрежа која што има сериозен импакт врз широките медиуми, односно која што во последната година артикулираше ставови што се исклучително важни и ние сметаме дека тие ставови мора да се гледаат и да се претстават на соодветен начин кои што ќе овозможи со вистински решенија да се дојде до напредок, раст на бизнисот и решавање на некој клучни теми во нашата држава, вели Ѓорѓиевски. На прашањето со какви предизвици се соочува Сојузот на стопански комори, тој вели дека во последниве четири години се многу сериозни предизвиците кои што влијаат на работењето на самите компании. -Како што знаете имавме целосно затворање на компаниите за време на корона кризата, следуваше растот на цените на суровините, енергетската криза, а во меѓувреме се случуваше и раст на инфлацијата која е многу голема во последните декати и практично е најголема во овој момент, вели тој. Ѓорѓиевски вели дека е оптимист и дека во иднина очекува соодветни високи економски бројки на раст... Целиот разговор со потпретседателот на ССК погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-vo-intervju-za-kurir-ssk-stanuva-institutsija-koja-shto-ke-vlijae-na-tekovnite-ekonomski-protsesi-shto-ke-predizvikaat-reshavane-na-mnogu-znachajni-prashana/feed/ 0
Сојузот на стопански комори на првата регионална конференција „Без предрасуди, само бизнис“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-stopanski-komori-na-prvata-regionalna-konferencija-bez-predrasudi-samo-biznis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-stopanski-komori-na-prvata-regionalna-konferencija-bez-predrasudi-samo-biznis/#respond Fri, 17 Jun 2022 07:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=692007

Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваше во првата регионална конференција „Без предрасуди, само бизнис“ која се одржа во Белград во организација на „Пословни дневник“. Настанот имаше за цел да поттикне унапредување на соработката меѓу стопанските комори и претставниците на бизнис заедницата од земјите од Западен Балкан како и да утврди заедничките можности за соработка во однос на освојување на европскиот пазар и привлекување на странски инвестиции. Претставникот на Сојузот, Михајло Евросимовски имаше обраќање на панел-дискусијата во кое истакна дека преку вмрежување на деловните субјекти во регионот ќе се постигне доверба за взаемна соработка. -Се прават напори за воспоставување на нови релации за економска соработка меѓу земјите од регионот преку „Отворен Балкан“ но и со поддршка на други иницијативи. Она што Сојузот го истакнува е дека прво треба да се олесни протокот на луѓе, а потоа и на стоки и услуги од што економски придобивки ќе има целиот регион. Исто така преку соработка на коморите и владите од регионот може да се направи заедничка стратегија за привлекување на странски инвестиции преку соодветна едукација на младите и воведување на меѓународни стандарди во работењето, истакна Евросимовски, кој ја потенцираше и уникатноста на некои македонски производи како што се ајвар, вина, сирења, по кои сме препознатливи во регионот и пошироко. Учесниците на конференцијата се запознаат со можностите што ги нуди пазарот на Европската Унија за земјите од регионот а беше направен и преглед на деловната соработка во регионот во изминатите 10 години. На настанот присуствуваа економски експерти и најуспешните бизнисмени во регионот кои се согласија дека иако има разлики во менталитетот, сепак бизнисот не познава граници. Се споделија и успешни деловните приказни, како и размислување дека најдобро се заработува доколку производите се пласираат во соседните земји, бидејќи за да се успее на другите пазари треба многу поголеми инвестиции во маркетинг и промоција на производите. Претставниците на бизнис заедницата истакнаа и дека не се плашат од конкуренцијата и од строгите стандарди поставени од Европската унија, бидејќи тие за нив се предизвик и дополнителен поттикна за постигнување на подобри резултати во работењето. Во изминатите месеци Сојузот на стопански комори развивањето на регионалната соработката ја постави на врвот на своите цели и активности. Во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ се промовираше идеја за организираните туристички автобуси да се овозможило брз проток на граничните премини во земјите кои се дел од овој проект, што беше одлично прифатено од претставниците на другите земји. За реализација на оваа иницијатива позитивно окружување создава и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот, кој го потпишаа министри од нашата земја, Албанија и од Србија. Со овој документ се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација. Претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски е член на Управниот одбор на иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“, која е основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. Преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-stopanski-komori-na-prvata-regionalna-konferencija-bez-predrasudi-samo-biznis/feed/ 0
Создавање на широк фронт за поддршка на стручни вештини и зелени иновации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sozdavanje-na-shirok-front-za-poddrshka-na-struchni-veshtini-i-zeleni-inovacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sozdavanje-na-shirok-front-za-poddrshka-na-struchni-veshtini-i-zeleni-inovacii/#respond Thu, 19 May 2022 07:09:57 +0000 https://kurir.mk/?p=678745

Стручните вештините се клуч за побрза зелена транзиција на економијата и општеството воопшто и затоа e неопходно сите засегнати страни активно и интензивно да работат на нивно развивање и вклучување во наставните програми и образовните процеси, беше заклучокот од трибината која на тема „Вештини за зелен град“ се организираше во рамки на иницијативата Европска недела на стручни вештини и проектот „Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука – GREENOVET”.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска истакна дека во последните неколку години е видливо созревањето на општествената свест за улогата на здравата животна средина за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

„Заштитата на животната средина треба и мора да биде интегрирана во сите сектори и во сите секторски политики. Зелениот развој бара брза и праведна транзиција кон зелена економија која наложува користење на обновливи извори на енергија и воведување на циркуларна економија во насока на одржлив развој на општеството. Овие промени условуваат и промени во образовниот процес односно прекфалификација и доквалификација на стручните вештини. Стручната подготовка и усовршувањето  мора да ги следи потребите, да обезбеди разбирање и знаење, развивање на иновативниот пристап и примена на иновативни техники и технологии во производните процеси. Од таа гледна точка сметам дека проектите како што е Гриновет се од исклучителна важност“, изјави Оџаклиеска.

Таа истакна транзицијата кон зелената економија наметнува и потребата за отворање на нови зелени работни места и тоа речиси 80.000 до 2030 година и 10.000 до 2035 година. За Воспоставувањето на зелени работни места бара дефинирање на терминот и промени во националната квалификација на работни места.

Директор на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари истакна дека веќе е воведена квалификација за техничар за заштита на животна средина преку која се обезбедува стручен кадар за оваа област, а учениците се оспособуваат по завршување на секој технолошки процес да  знаат како да постапат со отпадот, за да не биде штетен за околината.

„Искуството покажува дека соработката со бизнис секторот може значително да придонесе за промоција на стручното образование. Во таа насока би споделил податоци кои покажуваат дека во 2020 година имало 11 дуални паралелки, во учебната 2021/2022 година тој број пораснал на 97 паралелки, а оваа година се очекува да има повеќе од 200 дуални паралелки. Бројот на ученици кои се запишани во средните стручни училишта за само една година е зголемен за шест проценти“, истакна Мифтари.

На трибината се обрати и активистот за заштита на животна средина и креатор на апликацијата „Мој воздух“, и советник во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски.

„Образовниот систем мора многу посериозно да се насочи и посвети на овие прашања. Мене ми е драго што гледам дека има поголема возбуда околу зелените теми, зелени бизниси, околу тоа како да ги насочиме студентите да размислуваат како да придонесат кон циркуларна и зелена економија. Студентите треба да знаат дека има институции кои ќе го поддржат во реализацијата на овие идеи, како што се Фонд за иновации, зелени грантови, акцелератори. Истражете ги овие можности и презентирајте ги пред студентите“, им порача Јовановски на професорите кои беа присутни на настанот.

Доц. д-р Трајче Велковски зборуваше за формирањето на Центарот за извонредност на стручно образование и обука за развој на зелени иновации, кој се воспостави на Машинскиот факултет во Скопје, како еден од вкупно четири вакви центри во Европа.

„Треба да се потенцира  дека постои значајноста и потреба за насочување на младите кон развој на зелени иновации, кои придонесуваат кон креирање клучни производи, услуги или процеси за намалување на штетата, влијанието на околината, во исто време оптимизирајќи ја употребата на природните ресурси. Да ги научиме младите и идните генерации да создаваат иновации кои ќе бидат основните двигатели за креирање на иновативна, инклузивна и одржлива економија“, рече Велковски.

Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет истакна дека постои позитивна атмосфера за развој на стручни вештини и зелени иновации и дека со заеднички пристап на сите засегнати страни и со поддршка на медиуми таа треба да добие поголема димензија.

„Зелени вештини, дигитални вештини, претприемачки вештини и животни вештини тоа треба да биде темелот на кој ќе се гради  образованието во иднина“ истакна Поленаковиќ, која најави и обуки за наставниците за стекнување на зелени вештини, кои потоа ќе може да бидат пренесени на учениците.

Европската недела за стручни вештини почна да се организира 2016 година, како иницијативата на Европската комисија со цел ги собере на едно место сите засегнати страни – наставници, организации, студенти и обучувачи – заедно под еден чадор - за да ги прикаже придобивките на стручното образовани и обука. Оваа година настанот се одржува од 16 до 20 мај во повеќе европски држави, а фокус е ставен на промоција на стручното образование и обука и зелена транзиција.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sozdavanje-na-shirok-front-za-poddrshka-na-struchni-veshtini-i-zeleni-inovacii/feed/ 0