сол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 07:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vnimavajte-so-solta-zgolemeniot-vnes-e-opasnost-za-razvoj-na-ateroskleroza-i-kaj-luge-so-normalen-krven-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vnimavajte-so-solta-zgolemeniot-vnes-e-opasnost-za-razvoj-na-ateroskleroza-i-kaj-luge-so-normalen-krven-pritisok/#respond Tue, 09 May 2023 07:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=832116

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во интернет-журналот „Јуропијан харт“ (European Heart Journal Open). Испитувањата опфатиле 10.788 испитаници на возраст меѓу 50 и 64 години. По заклучоците, научниците велат дека зголемениот внос на сол преку храната го зголемува ризикот од развој на атеросклеротични лезии во коронарните и каротидните артерии, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок и без претходно познати срцеви заболувања, објасни главниот автор на истражувањата, д-р Јонас Вуопио од Институтот Каролинска и предавач на Универзитетот во Упсала. - Ретко кој обрнува внимание на врската меѓу промените во артериската калцификација и врската меѓу појавата на атеросклеротични наслаги и вносот на сол. Со оглед на тоа што ги имавме овие ексклузивни податоци од претходните истражувања, ги искористивме за да ги комплетираме претходните сознанија, вели Вуопио. Научниците потсетуваат дека дневниот внос на сол, како што е препорачан и од СЗО, не треба да надминува една кафена лажичка дневно. Зголемувањето на крвниот притисок поради вносот на натриум, дури и под нивото коешто ја дефинира артериската хипертензија, е важен фактор во односот меѓу вносот на сол и атеросклеротичниот процес. - Со оглед на тоа што забележавме поврзаност кај луѓе со нормален крвен притисок, едно од можните објаснувања за ваквите наоди е дека штетните патолошки процеси почнуваат уште пред да се развие хипертензија. Истражувањата што ги спроведовме потврдуваат дека вишокот сол не е добра работа, но фактот дека е поврзан и со развој на атеросклероза, дури и во отсуство на хипертензија, за нас беше мало изненадување, изјави д-р Вуопио. Исто така, се препорачува крвниот притисок да се одржува на помалку од 120/80, бидејќи веќе при крвен притисок од над 117/75, опасноста од развој на атеросклероза значително се зголемува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vnimavajte-so-solta-zgolemeniot-vnes-e-opasnost-za-razvoj-na-ateroskleroza-i-kaj-luge-so-normalen-krven-pritisok/feed/ 0
Солта е вашиот сојузник за убавина, еве како можете да ја искористите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/solta-e-vashiot-sojuznik-za-ubavina-eve-kako-mozhete-da-ja-iskoristite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/solta-e-vashiot-sojuznik-za-ubavina-eve-kako-mozhete-da-ja-iskoristite/#respond Thu, 23 Mar 2023 21:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=815628

Солта е убедливо најпопуларниот зачин за храна, бидејќи во суштина ги подобрува сите нејзини природни вкусови. За вас, избравме неколку совети за тоа како да го користите стариот добар NaCI за цели на здравје и убавина. 1. Направете пилинг на кожата Солта е совршен и прекрасен пилинг за нега на кожата на телото и лицето. Откако ќе се истуширате и додека вашата кожа е уште влажна, посипете малку сол на рацете и нежно втријте ја во кожата. Ќе ја отстрани мртвата кожа и ќе ја стимулира циркулацијата. Морската сол е најдобра. 2. Смирете го чешањето на кожата Потопувањето во бања со солена вода може да биде одлично за смирување на чешањето на кожата. Само додадете една шолја морска сол во водата за капење за да ја омекне вашата кожа и уживајте. 3. Исчистете и тонирајте Тонерите за лице со морска сол се многу популарни, а вие можете да ги направите сами дома. Потребна ви е една лажичка сол и една лажичка маслиново масло во мала чинија. Масирајте ја смесата на лицето и вратот, но внимавајте да избегнете контакт со очите. Потоа измијте го лицето со обичен сапун. 4. Избелете ги забите Не плаќајте за скапи избелувачи на заби – направете сами од морска сол. Солта е природен абразив, па затоа е нежен во отстранувањето на дамките од забите. Еднаш неделно натопете четка за заби во сол и со неа измијте ги забите. Толку е едноставно, а резултатите се феноменални.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/solta-e-vashiot-sojuznik-za-ubavina-eve-kako-mozhete-da-ja-iskoristite/feed/ 0
ОВИЕ знаци јасно ви укажуваат дека внесувате премногу сол, бидете внимателни! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-znaci-jasno-vi-ukazuvaat-deka-vnesuvate-premnogu-sol-bidete-vnimatelni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-znaci-jasno-vi-ukazuvaat-deka-vnesuvate-premnogu-sol-bidete-vnimatelni/#respond Wed, 23 Nov 2022 09:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=765219

Натриумот е од суштинско значење за здравјето на човекот. Овој минерал помага во регулација на течности, одржување и стимулирање на нервните импулси за мускулни контракции. Но, како и се’ останато, натриумот е добар кога се внесува само во умерени количини. Посветете поголемо внимание на следните знаци: Жед Вишокот на натриум ве прави жедни, бидејќи вашето тело сака да го задржи истото ниво на соленост цело време. Како што се зголемува внесувањето на сол, организмот ја повлекува водата од нашите клетки во крвотокот, со цел, повторно да го воспостави своето идеално ниво на сол. Како резултат на тоа, клетките се дехидрираат, па поради тоа мозокот испраќа сигнали за жед. Подуеност Подуеност се случува кога редовно се консумира премногу натриум, па вашето тело започнува да ги чува течностите за да помогне во ослободувањето од вишокот на сол. Можете да ја намалите подуеноста со повеќе вежбање (за да се стимулира пот) и со пиење повеќе вода. „Пиењето повеќе вода може да ви помогне да се ослободите од натриумот во вашиот систем, а како краен резултат – подуеноста ќе се намали“, објаснува Розана Ли, едукатор за исхрана и здравствен промотор од Торонто- пренесува HuffingtonPost Оток Отокот е поткожен подлив од насобрана течност во поткожното ткиво што предизвикува отекување на лицето, рацете, нозете, глуждовите и стапалата. Исто како и подуеноста, едемот е предизвикан поради складиштење на течноста поради вишок на натриум во организмот. Желба за сол Една австралиска студија покажа дека мозокот реагира на натриум слично како на супстанции како што се хероин, кокаин и никотин. Натриумот нож со две острици: солта е од суштинско значење за нашиот нервен систем, но брзо може да стане и наша зависност. Ако забележите дека често посакувате сол, а храната ја солите уште пред да ја вкусите, треба да се освестите дека сте станале зависник од сол. Висок крвен притисок Задржувањето на течности во организмот предизвикува појава на едеми и подуеност, исто така, резултира со зголемен крвен притисок и ги оптеретува бубрезите, артериите, срцето и мозокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-znaci-jasno-vi-ukazuvaat-deka-vnesuvate-premnogu-sol-bidete-vnimatelni/feed/ 0
Оваа лековита мешавина за 10 дена ќе ви ги сопре болките во телото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-lekovita-meshavina-za-10-dena-kje-vi-gi-sopre-bolkite-vo-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-lekovita-meshavina-za-10-dena-kje-vi-gi-sopre-bolkite-vo-teloto/#respond Sat, 29 Oct 2022 16:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=752356

За овој неверојатен природен лек се вели дека ги ублажува болките кои се последица од остеопороза и остехондроза, но и дека по употребата нема да чувствувате болка следните неколку години. Оваа мешавина за масажа се приготвува со нерафинирано растително масло и сол (можете да користите морска сол). Лековитата мешавина се приготвува веднаш за целиот тек на лекувањето. Ќе ви требаат 10 лажици сол и 20 лажици масло (маслиново, сончогледово). Постапка: Солта и маслото измешајте ги добро во некој стаклен сад. Затворете. После неколку дена ќе добиете посветла смеса. Примена: Секое утро треба да се мачкате со енергична масажа на вратните пршлени и на местата каде што чувствувате болка. На почеток масирајте се по 2-3 минути, секој ден додавајќи уште по 2-3 минути, за на крај масирањето да трае до 20 минути. По завршетокот на масажата, вратот избришете го со влажна, топла крпа. При спроведувањето на оваа процедура може да дојде до мала иритација на кожата. Затоа, по завршувањето на масажата, избришете ја кожата со сува крпа и нанесете малку детска пудра во прав. Со десетдневната терапија се стимулира циркулацијата на крвта и се подобрува мускулната регенерација на ’рскавичното и коскеното ткиво. Со оваа постапка се обновува протокот на крвта во вратниот дел на ’рбетот, исчезнуваат главоболките и се подобрува видот. Тоа се објаснува со прочистување на телото од токсини и нормализирање на метаболизмот. За време на овој процес, може да чувствувате блага поспаност или вртоглавица. Но тоа е ретка појава. По правило, лекувањето на остеохондозата на овој начин поминува без споредни ефекти и дава одлични резултати.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-lekovita-meshavina-za-10-dena-kje-vi-gi-sopre-bolkite-vo-teloto/feed/ 0
ТРИК ЗА ДОМАЌИНКИТЕ: Додадете само една лажица од ОВОЈ ЗАЧИН во водата со која го бришете подот и вашата куќа ќе СВЕТНЕ во буквална смисла https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trik-za-domakjinkite-dodadete-samo-edna-lazica-od-ovoj-zachin-vo-vodata-so-koja-go-brishete-podot-i-vashata-kukja-kje-svetne-vo-bukvalna-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trik-za-domakjinkite-dodadete-samo-edna-lazica-od-ovoj-zachin-vo-vodata-so-koja-go-brishete-podot-i-vashata-kukja-kje-svetne-vo-bukvalna-smisla/#respond Tue, 18 Oct 2022 19:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=747261

Чистите и измиени подови не само што се најдобриот начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да создадете пријатна и здрава атмосфера во станот. Солта ќе направи да исчезне прашината на подот, но ќе обезбеди и добра аура на собата, особено ако е време да се врати мирот, среќата и благосостојбата во куќата. Пред да започнете со ритуалот на чистење на подовите со сол, треба да се ослободите од ѓубрето и сите непотребни работи кои го задушуваат просторот. Истурете 10 литри вода во кофа и 1 лажица обична кујнска сол. Потоа отворете ги прозорците, бидејќи според верувањата, така ќе се овозможи размена на енергија: лошата енергија излегува, добрата енергија влегува. Намокрете ја крпата и добро избришете ги подовите. Покрај подовите, можете да ги избришете и полиците, масите, кваките и апаратите што ги имате во куќата. Купете ја солта што ја користите за чистење специјално за таа намена и никогаш не користете ја за солење храна.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trik-za-domakjinkite-dodadete-samo-edna-lazica-od-ovoj-zachin-vo-vodata-so-koja-go-brishete-podot-i-vashata-kukja-kje-svetne-vo-bukvalna-smisla/feed/ 0
Совети за нега на кожата со шеќер и сол https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-nega-na-kozata-so-shekjer-i-sol/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-nega-na-kozata-so-shekjer-i-sol/#respond Wed, 21 Sep 2022 07:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=735585

Шеќерот и солта се незаменлив дел од готвењето, но според познавачите, може да се користат и во домашната козметика. Имено, од нив се прават пилинзи кои го чистат лицето и телото, како и мелем за испукани петици и лакти. Морската сол се става во креми и течности за мачкање кои ја навлажнуваат, негуваат, чистат и омекнуваат кожата. Сепак, морската сол обично се препорачува за телото, бидејќи кристалите се поголеми и можат да ја повредат кожата на лицето, која е почувствителна. А, и ако има раничка или мозолчиња на кожата, попрепорачливо е шеќер за правење на домашниот пилинг. Постојат многу лесни рецепти за пилинг со морска сол. Може, на пр., да се измеша со малку лосион за тело. Советот потоа гласи – под туш, тријте ја кожата со движења на масажа, за да стане мазна и нежна. И обичната кујнска сол дома може да се претвори во одличен пилинг, што во умерена количина, може да се нанесе и на лице, претходно убаво исчистено… Се меша помала количина со масло од бадем или дрвото арган и потоа нежно се масира. Ова ќе ги отстрани црнките од лицето. Друг рецепт со иста намена е – мешање половина лажичка кујнска сол, сода бикарбона и лажица масло. По напорен ден, бањата со морска сол го опушта телото. Во неколку платнени ќеси се става 1-2 кг. морска сол. Тие се редат во кадата и се потопуваат во неа пред човекот да легне внатре. Бањата трае 10-15 минути. На крајот на летото многу луѓе имаат проблем со испукани петици, поради носењето сандали или отворени чевли. За омекнување на кожата тука се препорачува шеќер. Потребни се три лажици шеќер и две лажици маслиново масло. Тоа се меша и се нанесува на испуканата кожа. За сѐ тоа да биде поделотворно, се масира пет минути. Потоа кожата се мие со топла вода. Ова се повторува неколкупати неделно. Шеќерот, исто така, помага за суви лакти. Следниот рецепт гласи – измешајте две лажици шеќер со две лажици органско кокосово масло. Се меша сѐ додека не се формира еднолична погуста смеса и потоа се нанесува подебел слој којшто се трие со нежни движења на кожата. Оставете да делува 20 минути, потоа избришете го тоа, измијте со топла вода и исушете со крпа. Оваа постапка се повторува двапати неделно. За сјај на косата, пак, повторно е тука шеќерот на помош. Потребна е мала количина шампон, неколку капки етерично масло по ваш избор и две лажици шеќер. Ако косата е сува, се додава масло од портокал, грејпфрут или лимон. За чувствителен скалп, склон кон брзо мастење, советот гласи – користете масло од чајно дрво. Смесата се нанесува на влажна коса, се масира пет минути, па оставете уште пет минути и на крајот добро измијте со топла вода. Се препорачува ова да се користи еднаш на две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-nega-na-kozata-so-shekjer-i-sol/feed/ 0
Ако некогаш сте почувствувале душевна болка, оваа ПОУЧНА ПРИКАЗНА многу ќе ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-nekogash-ste-pochuvstvuvale-dushevna-bolka-ovaa-pouchna-prikazna-mnogu-kje-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-nekogash-ste-pochuvstvuvale-dushevna-bolka-ovaa-pouchna-prikazna-mnogu-kje-vi-pomogne/#respond Fri, 16 Sep 2022 15:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=733783

Еднаш еден несреќен млад човек го посетил стариот учител и му рекол дека има многу проблеми во животот, па го прашал за совет. Стариот учител му рекол да стави шака сол во чаша вода и да ја испие. „Како ти се допаѓа водата?“ – го прашал учителот. „Грозна е“, одговорил младиот човек. Учителот се насмеал, а потоа му рекол на младиот да земе уште една шака сол и да ја стави во езеро. Тие се движеле во тишина до езерото во близина и кога пристигнале, ученикот ја фрлил солта во него. „Сега испиј малку вода од езерото“, му рекол учителот. Додека тој ја пиел водата, учителот го прашал: „Како ти се допаѓа?“ „Добра е“, одговорил младиот. „Има ли вкус на сол?“ – повторно прашал учителот. „Не“, рекол младиот. Учителот седнал покрај напатениот млад човек, ја земал неговата рака и му рекол: „Болката во животот е оваа сол, ни помалку, ни повеќе. Количината на болката во животот секогаш останува иста, потполно иста. Но, чувството за болка кое ние го доживуваме зависи од садот во кој ја сместуваме. Токму затоа, кога ќе те боли, единствено нешто што можеш да направиш е да го прошириш своето чувство за овие нешта. Престани да бидеш чаша. Стани езеро.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-nekogash-ste-pochuvstvuvale-dushevna-bolka-ovaa-pouchna-prikazna-mnogu-kje-vi-pomogne/feed/ 0
Солта го намалува животниот век https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/solta-go-namaluva-zivotniot-vek/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/solta-go-namaluva-zivotniot-vek/#respond Mon, 29 Aug 2022 11:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=725497

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство. – Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД. Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal). Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот. Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести. Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум. – Потребни се повеќе докази, особено од клиничките испитувања, пред јавноста да може да преземе какви било мерки. Сепак, нашите наоди се во согласност со претходните истражувања што постојано укажуваат дека високиот внес на сол е негативно поврзан со различни здравствени исходи како хипертензија и кардиоваскуларни болести, додаде д-р Чи. Готовата и преработената храна често содржи сол за вкус или за конзервирање. Според Управата за храна и лекови на САД, на пр., повеќе од 70 отсто од солта што Американците ја внесуваат, е додадена сол во преработената храна. – Иако повеќето мои пациенти не додаваат сол во храната, не сфаќаат дека печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се меѓу најлошите виновници за прекумерниот внес на натриум, вели д-р Стивен Јурашек, од Харвард. Карли Ноулс, регистрирана диететичарка, препорачува да се готви дома, каде што се има поголема контрола врз соленоста и подготовката на оброците, читањето состојки на купените производи, како и околу зачините со можност без сол. Според неа, така има поголема можност за подобро обработена и поздрава храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/solta-go-namaluva-zivotniot-vek/feed/ 0
Не е само зачин: Постојат неколку начини на кои можете максимално да ја искористите кујнската сол https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-samo-zachin-postojat-nekolku-nachini-na-koi-mozete-maksimalno-da-ja-iskoristite-kujnskata-sol/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-samo-zachin-postojat-nekolku-nachini-na-koi-mozete-maksimalno-da-ja-iskoristite-kujnskata-sol/#respond Mon, 01 Aug 2022 16:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=712749

Солта е речиси незаменлива при подготовка на сите јадења, а сега можете да ја користите за многу работи во домот. Имено, не само што ќе ги избрка мравките од вашиот дом, туку со неа можете да исчистите и многу предмети, особено бакар и сребро. Најдобро од се е што е евтина и сигурно веќе ја имате дома. Ги држи мравките подалеку За да ги отстраните мравките од вашиот дом, односно да ги држите подалеку од шкафовите за храна или прозорците, задолжително ставете малку сол на рамката на прозорецот или на која било друга погодена површина. Кога ја користите солта на овој начин, ќе го намалите нивото на влажност. Ги чисти прозорците За да ги исчистите прозорците и да се ослободите од тврдокорните дамки од стаклото, треба да измешате 1-2 лажици сол во четири литри топла вода. Користете ја оваа смеса за чистење на извалканите прозорци и во вашиот дом и во вашиот автомобил. Потоа, вашите прозорци ќе останат чисти долго време. Исчистете го одводот на мијалникот Измешајте сол и топла вода и истурете ја смесата во мијалникот. Солта ќе ги стопи масните наслаги кои го затнуваат мијалникот и создаваат непријатен мирис. Спречува стеснување на облеката За да спречите алиштата да се собираат при перење, треба да ставите малку сол во машината за перење. Доколку ги сушите алиштата надвор, ова е исклучително ефикасен метод. Полира месинг, сребро и бакар Солта е наједноставнoто некорозивно средство за овој проблем. Направете паста од сол и оцет и со неа истријте ги вашите парчиња накит, со што ќе заблескаат, по испирањето. Мешавината од сол и оцет успева да раствори секаков вид нечистотија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-samo-zachin-postojat-nekolku-nachini-na-koi-mozete-maksimalno-da-ja-iskoristite-kujnskata-sol/feed/ 0
Како да се спаси пресолената манџа? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=704223

Секому, веројатно, му се случило барем еднаш да пресоли јадење, па тоа да мора да биде фрлено… Сепак, има неколку трикови, коишто може да го спасат оброкот. Морков, кромид или компир Ако манџата, супата, сосот или чорбата е пресолена, во садот се додава еден цел кромид, морков или излупен компир кој ќе ја собере вишокот сол. Јаболко Според умешноста на искусните готвачки – нашите баби, и јаболкото може да послуж за истото тоа. Само што, кон крајот на готвењето, овошјето се вади и се фрла. Вода Може да се додаде и вода, а ако потоа јадењето треба да се згусне, ставете малку згуснувач или скроб, или пак, бешамел-сос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/feed/ 0