соларни панели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 08:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соларни панели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За прв пат во општина Илинден субвенции за инвертер клими или соларни панели https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-prv-pat-vo-opshtina-ilinden-subventsii-za-inverter-klimi-ili-solarni-paneli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-prv-pat-vo-opshtina-ilinden-subventsii-za-inverter-klimi-ili-solarni-paneli/#respond Wed, 19 Apr 2023 08:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=825338

На територија на општина Илинден за прв пат се воведуваат субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Локалната самоуправа го објави Јавен повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден. Како што изјави градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпување на буџетот за таа намена. За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-prv-pat-vo-opshtina-ilinden-subventsii-za-inverter-klimi-ili-solarni-paneli/feed/ 0
​Ѓорѓиевски: Основните училишта во Кисела Вода ќе добијат соларни панели https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda-ke-dobijat-solarni-paneli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda-ke-dobijat-solarni-paneli/#respond Fri, 17 Mar 2023 16:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=813279

Основните училишта низ Општина Кисела Вода, ќе добијат соларни панели, како одговорно и домаќинско решение за снабдување со електрична енергија, најави денеска градоначаникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, при одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево. Тој положи цвеќе пред бистата на големиот херој по кој е именувано училиштето во кое и самиот ги минал училишните денови. Ѓорѓиевски, како што соопштија од општината, пред присутните говореше за инвестициите кои Општина Кисела Вода ги спроведува во насока на унапредување на образовниот процес и истакна дека минатата година во ООУ „Кузман Шапкарев” била изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а потенцираше и дека инвестицискиот процес оваа година ќе биде дополнително засилен. -Убаво е да се биде дел од една долга и успешна приказна, каква што е оваа, на училиштето „Кузман Шапкарев”, што е 52 години континуиран растеж и успеси, кои се причина за гордост на секој вработен, но и на секој ученик кој излегол од тука и зачекорил кон иднината. Моменти за паметење од ова училиште носам и јас, како некогашен ученик и сокласник на многу од моите денешни пријатели. После повеќе од 20 години, го гледам „Кузман Шапкарев” со истата голема љубов, но денес, од позиција на човек кој ја има одговорната задача да работи на решавање на предизвиците поврзани со функционирањето на ова училиште. Како градоначалник, со големо задоволство работам на благородната задача да ги унапредиме условите за 695-те ученици на кои тука им се одвива наставниот процес, нагласи градоначалникот. Тој најави дека „Кузман Шапкарев” е едно од основните училишта во Општина Кисела Вода за кое планираат изградба на фотоволтаична централа со соларни панели. - Во услови на енормно зголемени цени на електричната енергија кои секојдневно растат, овој зафат претставува одговорно и домаќинско решение за снабдувањето со електрична енергија. Преку искористување на сончевата енергија, на еколошки начин ќе ги задоволиме потребите за електрична енергија на училиштето, а ова ќе биде и добар практичен пример за сите ученици за тоа како со енергетска ефикасност се штедат енергија и финасиски средства. За реализација на овој голем зафат сме во фаза на аплицирање за обезбедување на средства од Бирото за регионален развој преку Скопскиот плански регион и се надевам дека тие ќе ги препознаат нашите заложби и позитивно ќе одговорат на барањето кое ќе овозможи поевтино и еколошко снабдување на училиштата во нашата општина, посочи Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda-ke-dobijat-solarni-paneli/feed/ 0
Соларни панели ќе го напојуваат новиот аеродромски терминал во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/solarni-paneli-ke-go-napojuvaat-noviot-aerodromski-terminal-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/solarni-paneli-ke-go-napojuvaat-noviot-aerodromski-terminal-vo-nujork/#respond Mon, 30 Jan 2023 09:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=793587

Новиот терминал 1 на Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, САД, наскоро делумно ќе се напојува најголемата мрежа кровни сончеви панели во градот, објави „Бизнис инсајдер“ (Business Insider). Откако ќе биде завршен, новиот енергетски систем ќе се состои од повеќе од 13.000 соларни панели, што го прави најголемиот во Њујорк и на кој било аеродромски терминал во САД. Новиот проект ќе се состои од мрежа со 11,34 мегавати електрична енергија од панели на покривот, гасни горивни ќелии, акумулаторни батерии, како и систем за ладење и загревање на водата. Иницијативата ќе биде предводена од „Алфастракшур“ (AlphaStruxure), со заедничко вложување со приватната компанија „Карлајл груп“ (Carlyle Group) и француската „Шнајдер електрик“ (Schneider Electric). – Решавањето на нашиот енергетски предизвик се сведува на три работи – електрификација, дигитализација и декарбонизација, со добивање повеќе електрична енергија од обновливи извори. Микромрежите се клучот за постигнување на сѐ ова, изјави Анет Клејтон, извршна директорка на „Шнајдер електрик“ за Северна Америка. Во однос на производството, тој ќе генерира приближно онолку енергија колку што би потрошиле 3.570 просечни американски домаќинства за една година. Од енергетските полиња, три ќе бидат завршени до 2026., а последниот ќе биде пуштен во 2029 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/solarni-paneli-ke-go-napojuvaat-noviot-aerodromski-terminal-vo-nujork/feed/ 0
Германците поставуваат соларни панели над аутобан https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/germancite-postavuvaat-solarni-paneli-nad-autoban/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/germancite-postavuvaat-solarni-paneli-nad-autoban/#respond Mon, 17 Oct 2022 09:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=746332

Автопатите може да се користат за производство на електрична енергија со помош на соларни панели. Наскоро ќе започне реализацијата на пилот-проектот во кој дел од автопатот во Германија ќе биде покриен со фотоволтаични модули. Темелите на конструкцијата ќе бидат поставени пред крајот на оваа година, а челичната конструкција која вклучува фотоволтаични елементи треба да биде поставена во првиот и вториот квартал на 2023 година, соопшти Autobahn GmbH. Првиот сегмент ќе биде со димензии 10 × 17 m и ќе биде издигнат околу 5,5 m над коловозот. Структурата ќе биде изградена на дел од патот и просторот за одмор во близина на градот Зинген во покраината Баден-Виртемберг. Пилот-проектот ќе се тестира повеќе од една година, при што ќе се вршат различни мерења, објави Autobahn GmbH. Потоа ќе се анализираат можностите за континуирано функционирање на ваквите специјални објекти. Слично размислуваат и во Швајцарија, каде што владата испитува кои делови од автопатот се погодни за покривање со соларни панели. Теоретски, прифатливи се сите правци кои не минуваат низ тунели. Звучните бариери покрај автопатот исто така можат да бидат опремени со панели. Само потенцијалот на овие бариери изнесува околу 55 GWh електрична енергија годишно, што би било околу 0,05 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Швајцарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/germancite-postavuvaat-solarni-paneli-nad-autoban/feed/ 0
Португалија ја довршува најголемата пловечка соларна централа во Европа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-ja-dovrshuva-najgolemata-plovechka-solarna-centrala-vo-evropa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-ja-dovrshuva-najgolemata-plovechka-solarna-centrala-vo-evropa-foto/#respond Mon, 09 May 2022 14:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=674074

Португалската електроенергетска компанија ЕДП објави денес дека се довршува поставувањето на најголемиот пловечки фотонапонски парк во Европа, кој на Португалија од јули ќе ѝ овозможи забрзано преминување на обновливи извори на енергија. Два брода поставиле 12 илјади соларни панели со површина од четири фудбалски игралишта и инсталиран капацитет од пет мегавати на акумулациското езеро Алкева, најголемото вештачко езеро во Западна Европа. „Овој проект е најголемиот пловечки соларен парк во рамки на хидроцентрала во Европа и ќе биде референтен за други слични проекти“, кажа при поставувањето на плочите шефот на проектот на ЕДП Мигел Патена. Панелите ќе произведуваат 7,5 гигават часови електрична енергија годишно и со струја ќе снабдуваат 1.500 семејства или третина од потребите на градовите Мура и Портел. Дополнување ќе им бидат литиумски батерии за чување на енергијата со капацитет од два гигават часови. Струјата произведена во пловечкиот соларен парк ќе биде за две третини поевтина од таа произведена во термоцентралите на гас. Пловечките панели не бараат купување скапи недвижнини, а тоа на акумулациските езера во состав на хидроцентрали се особено исплатливи бидејќи можат да се спојат на нивниот приклучок на електроенергетската мрежа. Вишокот енергија произведен во сончевите денови може да пумпа вода назад во езерото и да се користи во облачни денови или ноќе. Соларните панели поставени на понтони на езеро или на море се поставена на повеќе места од Калифорнија до загадени индустриски води во Кина, во борбата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. ЕДП прв во Европа ја тестираше можноста за меѓусебно надополнување на хидро и соларната енергија во 2017 година со пилот проект на пловечки фотонапонски остров со 840 панели на браната Ало Рабагао. Португалската компанија веќе планира да го прошири проектот во Алкева и во април побара дозвола за уште еден „остров“ со сила од 70 мегавати. Изградбата на фотонапонски системи е составен дел од португалскиот план за намалување на зависноста од увозот на фосилни горива чии цени пораснаа по руската инвазија на Украина. Португалија има многу сончеви денови и изложен е на ветришта од Атлантскиот Океан па го забрза преминот на обновливи извори на енергија. Иако речиси и не користи руски енергенси, растот на цените на горивата влијае и на неговите централи на гас. Проектот во Алкева е дел од стратегијата на ЕДП за целосен премин на обновливи извори до 2030 година, а хидроенергијата и другите обновливи извори сега сочинуваат 78 отсто од инсталираните капацитети на ЕДП од 25,6 гигавати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-ja-dovrshuva-najgolemata-plovechka-solarna-centrala-vo-evropa-foto/feed/ 0