солидарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Mar 2022 11:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png солидарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Поради солидарноста во регионот немаме недостиг на пченица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-poradi-solidarnosta-vo-regionot-nemame-nedostig-na-pchenica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-poradi-solidarnosta-vo-regionot-nemame-nedostig-na-pchenica/#respond Mon, 28 Mar 2022 11:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=654535

Уште минатата година како земја започнавме со проекти во полето на енергетска транзиција и од традиционални извори на енергија да почнеме со производство на енергија од обновливи извори. Затоа бројни проекти во полето на соларната енергија веќе беа започнати, а еден од нив наскоро ќе биде пуштен во производство и поврзан на мрежата, порача претседателот на Владата Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција во Софија на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа – Бугарија, Црна Гора и Романија. – Во поглед на снабдувањето со гас ние, исто така, сме земја која што целосно зависи од рускиот гас и затоа Северна Македонија донесе одлука и веќе го потпиша првиот договор да стапи во проект со новиот терминал во Грција. Исто така, ќе биде присутна и Бугарија, затоа е регионален стратешки проект и велиме дека сега гасот ќе тече од Југ кон Север. Истото важи и на другата страна. Работиме на интерконекција со гасоводот од Грција кон Северна Македонија што е проект во последна фаза на имплементација, рече Ковачевски во одговор на прашање. Тој нагласи дека пред 30-ина денови започнавме со нова енергетска конекција меѓу Северна Македонија и Албанија. – Ова не е важно само за двете земји, туку за целиот регион вклучително и за Бугарија затоа што сега електричната енергија произведена во Грција може да оди преку Северна Македонија и преку Албанија и под вода до Италија и до други земји. Ова покажува како регионалната соработка и инвестициите во големи енергетски инфраструктурни проекти можат да донесат корист не само за една земја, туку за целиот регион, порача Ковачевски. Премиерот истакна дека војната во Украина ги создаде најголемите проблеми по Втората светска војна. – Проблемот е дефицитот со гасот и историски најниско ниво на резерви во Европа што не само што ја зголемува цената на гасот, туку ја зголемува и цената на електричната енергија за петпати. Недостигот на гас, исто така, става притисок врз производството на амонијакот којшто е клучен за производството на ѓубрива и имаме недостиг и од ѓубрива на светскиот пазар и сега може да се купи за 300 или 400 пати повисока цена. Со тоа сите цени на храната пораснаа за највисок процент по Втората светска војна, рече Ковачевски. Тој порача дека сето тоа се случува затоа што и двата најголеми производители на пченица Украина и Русија се практично во војна. – Некои од земјите во регионот имаат вишок на производство од пченица, додека други пак немаат вишок и купуваат од другите земји. Добра работа е солидарноста што се покажува и високото ниво на одговорност од сите земји во регионот и токму затоа немаме недостиг на пченица во овој момент како еден од клучните прехранбени производи како што е маслото за готвење. Не само денеска туку постојано сме во комуникација едни со други. Со Кирил се слушаме дури и за време на викендите, исто и нашите министри се во постојана комуникација и координација затоа што мора да се осигуриме дека во оваа најголема криза со која што се соочува Европа и светот по Втората светска војна ние ќе обезбедиме храна и сите други потребни производи за нашите граѓани затоа што тоа е наша одговорност во овие кризни времиња, рече Ковачевски. Бугарскиот премиер Кирил Петков истакна дека војната не тера да се движиме брзо и да ги свртиме нашите стратегии за 180 степени. Тоа, како што рече, се однесува и за гасот кој порано течеше кон Север сега треба да тече кон Југ. – Веќе имаме Трансбалкански гасовод кој има значителен капацитет и порано носеше гас од Романија преку Бугарија се до Турција. Сега е време тоа да го свртиме во обратна насока и да видиме како може да користиме гас од Турција и од Грција за овој гас да се врати во Романија и да се направи круг во бугарската инфраструктура која веќе има способност да испорачува на Балканот. Оваа конекција би отишла и во Северна Македонија, порача Петков во одговор на прашање. Тој нагласи дека регионот треба да се фокусира на обновливата енергија и додаде дека споделуваме заедничка идеја дека обновливите извори на енергија (ОИЕ) треба да се инвестираат заедно. – Треба да ги инвестираме заедно и да имаме локална способност во регионот за да можеме да ги искористиме овие инвестиции. Во Црна Гора, Романија и Северна Македонија ова е во фокусот на вниманието. Со комбинирање на нашата отпорност и планот за закрепнување со Проект со 6 гига вати ова не само што ќе создаде енергетска безбедност, туку и конкурентност, потенцира Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков нагласи дека Коридорот 8 е клучен и треба да биде цврсто на картата на Југоисточна Европа. – Треба да има координација на регионално ниво наместо да се купуваат скапи безбедносни системи, додаде Петков. Бугарскиот премиер истакна дека безбедноста на храната е поврзана со снабдувањето со пченица, масло за јадење и други клучни земјоделски производи и најави дека министрите за земјоделство од овој формат наскоро ќе се сретнат за да разговараат за оваа важна тема. Тој нагласи и дека е клучно да се запре перењето пари и корупцијата, кои, според него, се инструмент на руското влијание на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-poradi-solidarnosta-vo-regionot-nemame-nedostig-na-pchenica/feed/ 0
Гранди: Време е светот да покаже солидарност со народот на Либан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grandi-vreme-e-svetot-da-pokaze-solidarnost-so-narodot-na-liban/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grandi-vreme-e-svetot-da-pokaze-solidarnost-so-narodot-na-liban/#respond Thu, 20 Aug 2020 15:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=393182

Високиот комесар за бегалци на Обединети нации, Филипо Гранди изјави дека е време меѓународната заедница да покаже солидарност со народот на Либан и да и понуди помош на земјата, која со децении е домаќин на стотици илјади бегалци. Тој истакна дека Либан поминал низ многу кризи, вклучително корупција, политички поделби и економски кризи и оти меѓународната заедница треба да организира долготрајна помош. Гранди во средата допатува во Либан, две недели по катастрофалната експлозија во бејрутското пристаниште, што уништи голем дел од Бејрут. Во експлозијата што се случи на 4 август загинаа најмалку 180 лиѓе, а повредени се околу 6.000 лица, 30 се водат како исчезнати, а речиси 300.000 луѓе останаа без домови. Причинетата штета се проценува од 10 до 15 милијари долари. Во Либан има повеќе од еден милион сириски бегалци, а 43 загинаа во разорната експлозија. Либан се соочи и со зголемен број на заразени лица со новиот коронавирус, а неколку болници во Бејрут не работат поради што се оштетени во експлозијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grandi-vreme-e-svetot-da-pokaze-solidarnost-so-narodot-na-liban/feed/ 0
Белорусија: Марш на жени во бело во солидарност со повредените во протестите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-marsh-na-zeni-vo-belo-vo-solidarnost-so-povredenite-vo-protestite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-marsh-na-zeni-vo-belo-vo-solidarnost-so-povredenite-vo-protestite/#respond Wed, 12 Aug 2020 13:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=389792

Стотици жени во бела облека и со бели рози и други цвеќиња во рацете формираа „жив синџир“ на Плоштадот Комаровски во Минск, во знак на солидарност со повредените за време на протестите изминатите денови во Белорусија. Полицијата побара жените, претежно млади девојки, да се разотидот, што тие и го направија, но набрзо се вратија на плоштадот. Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“. Протестите во Белорусија почнаа вечерта на 9 август, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа на претседателските избори. Протестите продолжија во понеделникот и вторникот, при што беа уапсени неколку илјади демонстранти, едно лице е убиено кога се обидело да фрли експлозивна направа кон полициските сили и која експлодирала во неговата рака. Главниот противник на Лукашенко, Светлана Тихановска, која, според властите освоила 10,09 проценти од гласовите, избега во Литванија. Западните лидери ги осудија насилствата во Белорусија. ЕУ оцени дека изборите не биле ниту слободни, ниту фер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-marsh-na-zeni-vo-belo-vo-solidarnost-so-povredenite-vo-protestite/feed/ 0
Ристески: Дали директор на ЈП соработник на градоначалникот е жирант за кредит од 200.000 евра за изградба на зградата кај Солидност? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-dali-direktor-na-jp-sorabotnik-na-gradonachalnikot-e-zirant-za-kredit-od-200-000-evra-za-izgradba-na-zgradata-kaj-solidnost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-dali-direktor-na-jp-sorabotnik-na-gradonachalnikot-e-zirant-za-kredit-od-200-000-evra-za-izgradba-na-zgradata-kaj-solidnost/#respond Wed, 08 Jul 2020 12:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=371690

На заканите од градоначалникот Јованоски дека ќе поднесе тужба за клевета, денеска Ристески на новинарско прашање одговори: "Јас се радувам доколку Јованоски поднел тужба, бидејќи не знам кој го советувал, но во една таква постапка ќе треба многу да докаже и многу одговори да даде и на судот и пред граѓаните. Но, кога веќе ја начнувате оваа тема, јас денеска ќе му поставам на градоначалникот едно прашање. Господине градоначалник, дали сте запознаени дека директор на јавно претпријатие и ваш близок соработник е жирант, односно со свој имот гарантира за кредит земен на фирмата која ја гради таа зграда, а за која има шпекулации низ градот дека лично и вие како градоначалник, имате замешано прсти во таа фирма и таа зграда? Ако е точно дека директор близок соработник на градоначалникот е вклучен во подигнувањето на кредит од 200.000 евра, тогаш која е поврзаноста и кој е мотивот на овој директор да гарантира со сопствениот имот на некоја фирма, односно фирма која граѓаните ја поврзуваат со градоначалникот. Доколку Јованоски не одговори, јас лично со документи ќе излезам да се докажеме дали има или нема вистина во ова", истакна Ристески. Претходно Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, во програма во живо на "Радио Пела" изнесе сомнежи за сторен криминал во областа на градежништвото и урбанизмот во Прилеп, во кој е замешана градежна фирма во сопственост на роднина на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. "Се работи за фирмата која гради стамбена зграда на улицата „Октомвриска“ отспротива на Солидност, за која во градот постојат шпекулации дека и самиот Јованоски е замешан во сопственоста на оваа фирма. Градежниот инспекторат од општина Прилеп му наредува на инвеститорот и носи решение за прекин на таа градба, бидејќи не ги исполнува условите за градба, односно инвеститорот постапил спротивно на основниот проект каде не е дозволено изградба на подрумски простории. Инспекцискиот надзор на лице место утврдил дека се изградени вакви простории. Имајќи го на увид овој документ, градоначалникот требало решението за градба да го прогласи за ништовно и доколку сакал овој инвеститор да продолжи со градба требало да бара ново решение. Наместо тоа, во време кога сите граѓани се оптеретени со здравствената криза, на 19.03.2020 год.градоначалникот Јованоски, притоа без потпис од контролор, потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба на стамбено деловна зграда, што е апсолутно незаконски", истакна тогаш Петар Ристески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-dali-direktor-na-jp-sorabotnik-na-gradonachalnikot-e-zirant-za-kredit-od-200-000-evra-za-izgradba-na-zgradata-kaj-solidnost/feed/ 0
„Солидарност“ застана зад кандидатурата на Анджеј Дуда за изборите во Полска во недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/solidarnost-zastana-zad-kandidaturata-na-andzej-duda-za-izborite-vo-polska-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/solidarnost-zastana-zad-kandidaturata-na-andzej-duda-za-izborite-vo-polska-vo-nedela/#respond Tue, 05 May 2020 16:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=342082

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој се кандидира за реизбор на функцијата, денеска ја доби поддршката на синдикатот „Солидарност“, што е пријателски настроен кон полската Влада. Изборите, што ќе се оддржат само преку гласање по пошта, се закажани за недела, но организацијата на овој процес наидува на безброј правни, уставни, технички и безбедносни пречки. Владаечката десничарска партија на „Правото и правдата“ (ПиС) со недели наназад е под силен притисок да го отложи гласањето заради пандемијата, со повиците за забавување, што доаѓаат од либералната опозиција, здравствените работници, поголем дел од јавноста, па дури и од одредени владини сојузници. Засега ПиС упорно го одбива барањето, а аналиточарите тврдат дека аргументите за тоа се дека нивниот сојузник Дуда има подобри шанси да победи порано отколку подоцна, иако оддржувањето на гласањето во недела се чини станува се понеостварливо. Дуда и синдикатот „Солидарност“, што има неколку стотици илјади членови, и е близок до ПиС, денеска договорија платформа, која вклучува ветување за доделување финансиска помош на оние кои ќе ја загубат својата работа поради пандемијата. Во последните пет години „секогаш сме биле во состојба да сметаме на претседателот во тешките ситуации”, изјави лидерот на „Солидарност”, Пјотр Дуда, кој не е во роднинска врска со претседателот. Лидерот на „Солидарност“, исто така, потсети дека главниот соперник на актуелниот претседател – Владислав Косињак-Камиш, кој е шеф на конзервативната партија на земјоделците – во 2012 година одигра важна улога во зголемувањето на возраста за пензионирање – до 67 години за сите. Откако во 2015 година ПиС дојде на власт, по две години, во 2017 година, возраста за пензионирање ја намали до 60 години за жените и 65 за мажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/solidarnost-zastana-zad-kandidaturata-na-andzej-duda-za-izborite-vo-polska-vo-nedela/feed/ 0