солистички концерт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Aug 2020 05:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png солистички концерт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маестро Кемал Гекиќ вечер на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/#respond Mon, 10 Aug 2020 05:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=388566

Сцената на катедралната црква „Света Софија“ за вечер е резервирана за солистичкиот концерт на познатиот пијанист, маестро Кемал Гекиќ. Роден во Сплит, Кемал Гекиќ започнува да учи пијано со проф. Лоренца Батурина, а дипломирал на Музичката академија во Нови Сад во класата на проф. Јокут Михаиловиќ, каде веднаш по дипломирањето ја започнува својата педагошка кариера и до 1999 е шеф на катедрата за пијано. Во 1999 година е резиденцијален уметник и редовен професор на Универзитетот во Мајами, Флорида, а истовремено одржува и мајсторски курсеви на повеќе академии низ светот. Често е дел од жири комисии на меѓународни натпревари за пијано, а од 2010 година е основач на Летната школа и фестивал кои го носат неговото име во родниот Сплит. Пијанистот Кемал Гекиќ настапува низ целиот свет изведувајќи широк репертоар на кој секогаш му дава фасцинантен личен печат. Настапува како солист на рецитали или со оркестри меѓу кои со Кралската филхармонија во Лондон, Варшавската филхармонија, Јапонскиот филхармониски оркестар, во сали како „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Сантори Хол“ во Токио и „Кенеди“ центарот во Вашингтон. Гекиќ има снимено 15 солистички албуми, а за неговиот албум со транскрипции на Росини и Лист ја добива наградата „Розета“ која ја доделува „Пингвин“ водичот за музика, додека пак неговата интерпретација на „Трансцеденталните етиди“ исто така од Лист снимени за Џеј-Ви-Си се смета за една од најрелевантните снимки на овој циклус на сите времиња. Номиниран е за наградата „Греми“ за снимката на Концертот „Герника“ од Фредрик Кауфман, дело нарачано и специјално напишано за него. На програмата на вечерашниот концерт се избрани дела за пијано на Бетовен, Шопен, Ален, Лист. Почетокот на концертот е во редовниот фестивалски термин од 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Ева Богоевска ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/eva-bogoevska-kje-odrzi-solistichki-koncert-vo-amerikanskata-katedrala-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/eva-bogoevska-kje-odrzi-solistichki-koncert-vo-amerikanskata-katedrala-vo-pariz/#respond Sun, 02 Sep 2018 07:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=95168

Македонската виолинистка Ева Богоевска денеска ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз, која е реномирана адреса специјализирана за настапи на класична музика. Таа ќе биде придружувана од македонската пијанистка Весна Ангелова-Христов, а на програмата ќе бидат застапени дела од Моцарт, Бетовен и Сен Санс. Солистичкиот концерт на Богоевска во Париз се реализира со поддршка на Министерството за култура, а за време на престојот во француската престолнина, македонските уметници ќе бидат примени од македонската амбасадорка во Франција, Јадранка Чаушевска Димов. Концертот на Богоевска во Париз следува по минатогодинешниот настап во Карнеги Хол во Њујорк каде настапи како првонаградена на Интернационален натпревар за класична музика и по концертот во театарот Марчело во Рим. Ева Богоевска е студент на Факултетот за музички уметности во класата на проф. Олег Кондратенко. Има освоено повеќе меѓународни награди како прво место на фестивалот Сан Ремо-Јуниор, Италија (2012), лауреат од прв степен на Меѓународниот фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Русија (2014), Гранд при на Интернационалниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим, Израел (2016) и прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк каде во нејзината категорија учествуваа над 200 натпреварувачи од светот. Има настапувано повеќе пати како солист со Македонската Филхармонија и со Националниот оркестар на Операта и Балетот во Хо Ши Мин, Виетнам. Како солист има настапувано и во Словачка, Малезија, Израел, Унгарија, Австрија, Чешка, Русија, Италија, Виетнам, САД и во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/eva-bogoevska-kje-odrzi-solistichki-koncert-vo-amerikanskata-katedrala-vo-pariz/feed/ 0