солна киселина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jul 2022 11:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png солна киселина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Наместо вода, добила солна киселина во чашата“: Девојка во тешка состојба, се огласи пејачката Тара https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/namesto-voda-dobila-solna-kiselina-vo-chashata-devojka-vo-teshka-sostojba-se-oglasi-pejachkata-tara/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/namesto-voda-dobila-solna-kiselina-vo-chashata-devojka-vo-teshka-sostojba-se-oglasi-pejachkata-tara/#respond Thu, 07 Jul 2022 11:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=701687

Младата поп ѕвезда Тара Стојановиќ денеска им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, каде им порача да бидат особено претпазливи, по пеколното и бизарно искуство на нејзината пријателка. Имено, Тара ги шокираше сите кога кажа дека на другарка и ѝ истуриле солна киселина во чашата наместо вода, поради што итно завршила на клиника. „Луѓе, бидете внимателни! Една пријателка била во кафуле и наместо вода и истуриле солна киселина во чашата. Ги изгорела желудникот и хранопроводникот, а келнерката ја убедувала дека се работи за кисела вода. Таа е на клиника, преживеа, но само да знаете, бидете внимателни“! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/namesto-voda-dobila-solna-kiselina-vo-chashata-devojka-vo-teshka-sostojba-se-oglasi-pejachkata-tara/feed/ 0
Кривична пријава поради истекувањето на солна киселина: Фирмата работела без дозвола, граѓаните пријавиле дека миризбата е неподнослива https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/krivichna-prijava-poradi-istekuvanjeto-na-solna-kiselina-firmata-rabotela-bez-dozvola-gragjanite-prijavile-deka-mirizbata-e-nepodnosliva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/krivichna-prijava-poradi-istekuvanjeto-na-solna-kiselina-firmata-rabotela-bez-dozvola-gragjanite-prijavile-deka-mirizbata-e-nepodnosliva/#respond Mon, 02 Dec 2019 14:43:31 +0000 https://kurir.mk/?p=272230

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против фирмата сопственик на цистерната од која синоќа истече солна киселина во близина на фабриката МЗТ во Општина Гази Баба. Шилегов наведе дека фирмата работела без дозвола и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави. -Иако надлежен за вакви инсталации е Државниот инспекторат за животна средина, ние веднаш по пријава на граѓани излеговме на терен. Направен е записник, констатирано е дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување понатамошно истекување. Фирмата работела без дозвола, па затоа ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството. Го повикувам Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Инспекторот за инцидентот информираше вчера, нагласувајќи дека инспекторите од Град Скопје реагирале веднаш и дека е пронајден сторителот. -По пријава од општински советник од Општина Гази Баба за непријатен мирис во околината на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување, соопштија од Инспекторатот. Инспекторатот на Град Скопје констатирал дека правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/krivichna-prijava-poradi-istekuvanjeto-na-solna-kiselina-firmata-rabotela-bez-dozvola-gragjanite-prijavile-deka-mirizbata-e-nepodnosliva/feed/ 0
Солна киселина истекла од цистерна во околината на Гази Баба, жителите се жалат на непријатен мирис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/solna-kiselina-istekla-od-cisterna-vo-okolinata-na-gazi-baba-zitelite-se-zalat-na-neprijaten-miris/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/solna-kiselina-istekla-od-cisterna-vo-okolinata-na-gazi-baba-zitelite-se-zalat-na-neprijaten-miris/#respond Sun, 01 Dec 2019 21:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=271916

Инспекторатот на Град Скопје вечерва интервенирал во околината на фабриката МЗТ, од каде било констатирано дека истекла солна киселина од цистерна. -По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи Инспекторат на град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување, соопштија од Инспекторат на Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/solna-kiselina-istekla-od-cisterna-vo-okolinata-na-gazi-baba-zitelite-se-zalat-na-neprijaten-miris/feed/ 0
Хорор во средно училиште: Ученик им ставил солна киселина во сокот на соученици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/horor-vo-sredno-uchilishte-uchenik-im-stavil-solna-kiselina-vo-sokot-na-souchenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/horor-vo-sredno-uchilishte-uchenik-im-stavil-solna-kiselina-vo-sokot-na-souchenici/#respond Fri, 15 Feb 2019 11:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=164310

Петнаесетгодишен средношколец од црногорскиот град Рожаје се обидел да отруе свои соученици со солна киселина, објави подгоричкиот весник „Побједа“. Според весникот, тинејџерот ставил солна киселина во шишиња со сок и им ги понудил на двајца ученици од неговиот клас. Кога тие се напиле од сокот почувствувале „непријатен вкус“ и ја исплукале течноста. По ова ушта двајца нивни соученци пробале од сокот, мислејќи дека првите двајца се шегуваат, по што и тие веднаш ја исплукале течноста. По ова четворицата ученици што се напиле од течноста биле пренесени в болница, каде што е констатирано дека нема опасност по нивното здравје. Ученикот, кој им ги понудил соковите, бил сослушан во полиција во присуство на родителите, социјален работник и училишниот педагог, при што, како што наведува „Побједа“, бил „видно потиштен и молчелив и не знаел да ги објасни мотивите за својата постапка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/horor-vo-sredno-uchilishte-uchenik-im-stavil-solna-kiselina-vo-sokot-na-souchenici/feed/ 0
Нејзиниот татко сакал син, па ја полеал со киселина како бебе: Вака денес изгледа животот на оваа несреќна девојка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nejziniot-tatko-sakal-sin-pa-ja-poleal-so-kiselina-kako-bebe-vaka-denes-izgleda-zivotot-na-ovaa-nesrekjna-devojka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nejziniot-tatko-sakal-sin-pa-ja-poleal-so-kiselina-kako-bebe-vaka-denes-izgleda-zivotot-na-ovaa-nesrekjna-devojka-foto/#respond Thu, 03 Jan 2019 12:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=147840

Живее во Мумбај, во западна Индија, каде собира средства за реконструктивна хирургија и води Фондација за жртви од напад на киселина, која досега посредувала во вработувањето на 20 жртви. Анмол Родригез била обележена за цел живот кога имала само два месеци. Додека нејзината мајка ја држела во скут, таткото двете ги полеал со киселина. Мајката ја убил, а детето го осакатил. 23-години подоцна Анмол не само што ги надминала психичките проблеми, туку и станала инспирација за многу жени со слична судбина. Живее во Мумбај, во западна Индија, каде собрала средства за реконструктивна хирургија и ја води Фондацијата за жртви од напад на киселина "Сахас", која досега посредувала во вработувањето на 20 жртви.
 
View this post on Instagram
 
Delhi vibes ??

A post shared by I.Am.Priceless (@anmol_rodriguez_official) on

"Го сакам својот живот таков како што е. Ниеднаш не почувствував дека се разликувам. Можеби затоа што, откако знам за себе, имам само едно око и изгорена кожа", вели таа. Анмол вели дека фактот што се прифатила себе и помогнал да ја зачува надежта и самодовербата. Кога нејзината мајка умрела, пет долги години се лечела во болница, а лекарите и сестрите се грижеле за трошоците. "Кога состојбата малку ми се поправи, ме дадоа во дом за деца без родители, каде ми пружаа само љубов и разбирање", вели таа. Иако признава дека другите деца на почетокот се плашеле од нејзиниот изглед, вели дека со време сосема ја прифатиле и дека стекнала бројни пријатели. Животот надвор од домот сепак бил тежок.
Анмол била одличен студент, но ручала сама и немала со кого да зборува. "На девојките им беше чудно што сакам мода и следам трендови. Ме гледаа и ме прашуваа што се случило со моето лице", вели таа. Откако пред две години завршила колеџ, го напуштила домот и изнајмила стан. Идеите за сценографија на шоу-програми и носат заработка од 130 евра месечно - дел од тие пари ги троши на гардероба, а остатокот ги вложува во фондацијата.
Соработува со други жени лидери на компании и политичар за да вработи жени кои доживеале слична судбина како и таа. Сакала да стане одел, а веќе добила понуда од двајца креатори за да го рекламира нивниот накит на Инстаграм. "Се надевам ќе инспирирам други жени жртви на напад со киселина да не го кријат лицето под вел, туку да веруваат во себе и гордо да чекорат низ животот. Киселината може да ја промени нашата надворешност, но не и нашата душа. Од внатре сме и натаму истите личности и треба да се прифатиме себеси какви што сме и да живееме среќно", вели таа. Извор: ТОЧКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nejziniot-tatko-sakal-sin-pa-ja-poleal-so-kiselina-kako-bebe-vaka-denes-izgleda-zivotot-na-ovaa-nesrekjna-devojka-foto/feed/ 0
Полила мајка и ќерка со солна киселина: Старица мислела да и продале бајата риба, па брутално ги нападнала https://arhiva.kurir.mk/svet/region/polila-majka-i-kjerka-so-solna-kiselina-starica-mislela-da-i-prodale-bajata-riba-pa-brutalno-gi-napadnala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/polila-majka-i-kjerka-so-solna-kiselina-starica-mislela-da-i-prodale-bajata-riba-pa-brutalno-gi-napadnala/#respond Thu, 06 Sep 2018 16:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=97273

Во рибарница во Пула, Хрватска, околу 10:30 утрово се случил страшен инцидент, кога непозната старица полила со киселина мајка и нејзината ќерка, јавува „Глас Истре“. Старата жена ја задржале минувачите. Се било одиграно пред очите на купувачите и минувачите. Непозната жена наводно со солна киселина ја полила продавачката и нејзината ќерка. Во рибарницата пристигнала брза помош. Од истарската полицијата за хрватски „Индекс“ опишале што се случило. -Тоа се случило околу 10:30 часот. Дошла жена на штанд со риба и пролила непозната течност, се претпоставува киселина врз две лица. Делумно испрскала две работнички од 10 и 44 години и едно лице на 22 години, која не била работничка, но стоела покрај штандот. Течноста ја фрлила 80 годишна жена и таа е повредена. Никој не е потешко повреден. Ќе истражиме за што точно се работи, а 80 годишничката веројатно ќе биде обвинета за обид за нанесување тешки телесни повреди, раскажале од истарската полиција за „Индекс“. „Глас Истре“ неофицијално дознава дека поводот за овој страшен напад е банален. Жената која го извршила нападот била незадоволна затоа што наводно продавачката и продала стара риба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/polila-majka-i-kjerka-so-solna-kiselina-starica-mislela-da-i-prodale-bajata-riba-pa-brutalno-gi-napadnala/feed/ 0
Скопјанка се обидела да се самоубие: Испила солна киселина, ја спасиле на клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-se-obidela-da-se-samoubie-ispila-solna-kiselina-ja-spasile-na-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-se-obidela-da-se-samoubie-ispila-solna-kiselina-ja-spasile-na-klinika/#respond Fri, 20 Apr 2018 08:18:14 +0000 https://kurir.mk/?p=43515

На 19.04.2018 година во 12:45 часот во Скопје, сосетката пријавила дека Ф.П.(54) откако се заканила дека ќе се самоубие се заклучила во станот. Од страна на Противпожарна единица насилно била отворена врата и било утврдено дека Ф.П. испила неодредена количина на солна киселина, а била спречена од полициски службеници да го испие и преостанатиот дел. Од страна на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде и била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-se-obidela-da-se-samoubie-ispila-solna-kiselina-ja-spasile-na-klinika/feed/ 0