солунска глава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 08:59:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png солунска глава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гори на непристапен терен под Солунска глава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-na-nepristapen-teren-pod-solunska-glava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-na-nepristapen-teren-pod-solunska-glava/#respond Tue, 10 Oct 2023 08:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=887347

Гори ниска трева и нискостеблеста борова шума на непристапен стрмен терен на карпите под Солунска глава од десната страна над изворите на реката Бабуна, на над 2000 метри надморска височина. Пожарот избувна во петокот над селата Горно Врановци и Горно Јаболчиште и се прошири нагоре. Од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и Општина Чашка од надлежните бараат помош во гаснење на овој пожар кој вчера не се гасеше. Од ЦУК информираат дека причината е поради високата надморска височина поради што е тешко и ризично гаснење со воздухоплови заради силните воздушни струења и исклучително стрмниот терен. Како што информираат од ЦУК, стапено било во контакт со дежурниот на „Солунска глава“, а кои во координација со припадници на Армијата стационирани во базата на „Солунска глава“ од терен известиле дека не може да се утврди точната површина зафатена со пожарот. -Горе дува североисточен ветер со брзина од 50 до 60 километри на час и не може да се процени дали постои опасност за негово проширување. Од наша страна се известени Дирекцијата за заштита и спасување, контакт лицето од Општина Чашка и градоначалникот на Општина Чашка, појаснуваат од Центарот за управување со кризи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-na-nepristapen-teren-pod-solunska-glava/feed/ 0
Недозволено снимале на Солунска Глава, приведени три лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nedozvoleno-snimale-na-solunska-glava-privedeni-tri-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nedozvoleno-snimale-na-solunska-glava-privedeni-tri-litsa/#respond Sun, 10 Sep 2023 14:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=876622

На 09.09.2023 во 17:15 часот над село Црвена Вода, скопско, полициски службеници ги лишиле од слобода А.И.(49), Г.В.(48) и Л.Б.(50), сите од Гостивар, кои се превезувале во патничко возило „тојота ленд крузер“ со гостиварски регистарски ознаки, постапувајќи по пријава според која со дрон, кој бил пронајден кај нив, вршеле недозволено снимање на Солунска Глава. Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nedozvoleno-snimale-na-solunska-glava-privedeni-tri-litsa/feed/ 0
Продолжува акцијата да се дојде до урнатиот авион на Солунска глава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-akcijata-da-se-dojde-do-urnatiot-avion-na-solunska-glava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-akcijata-da-se-dojde-do-urnatiot-avion-na-solunska-glava/#respond Wed, 03 Apr 2019 06:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=181748

Екипи на МВР и на другите надлежни институции денеска ја продолжуваат акцијата да стигнат до остатоците од авионот Цесна кој вчера попладне се урна кај Солунска Глава при што загинаа четири лица државјани на Бугарија. Акцијата беше прекината синоќа поради лошите временски услови и непристапниот терен. -Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е лоциран нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава, информира синоќа на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Тој посочи дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице. Лоцирани се преку воздушен простор, но временските услови на локацијата биле лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до авионот, тоа синоќа било невозможно поради непристапниот терен. Загинатите лица се родени 2000, 2005, 1970 и 1972 година. Медиумите во Бугарија објавија дека загинатите се Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-akcijata-da-se-dojde-do-urnatiot-avion-na-solunska-glava/feed/ 0