солзавец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Sep 2022 10:09:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png солзавец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради солзавец прекинат концерт во дворот на Универзитетот „Аристотел“ во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-solzavec-prekinat-koncert-vo-dvorot-na-univerzitetot-aristotel-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-solzavec-prekinat-koncert-vo-dvorot-na-univerzitetot-aristotel-vo-solun/#respond Sat, 17 Sep 2022 10:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=734035

Концертот на грчкиот музичар Танасис Папаконстантину во дворот пред Филозофскиот факултет на солунскиот Универзитет „Аристотел“, кусо по полноќ, поради солзавец и шок бомби беше прекинат, а инцидентите се префрлија на улиците во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Студентите и присутните на концертот, преку социјалните мрежи, тврдат дека полицајците, без причина, со солзавец го растуриле концертот, се создала паника и присутните барале начин да се заштитат и да побегнат. Од друга страна, полицијата соопшти дека била нападната со предмети и камења од маскирана гр упа и затоа реагирала, но на растојание од просторот каде што бил концертот. По прекинот на концертот, доцна во ноќта студентите одржаа протест на улиците во Солун, кои завршија со инциденти. Според полицијата, во инцидентите биле приведени четири и уапсено едно лице, демонстрантите фрлале предмети и молотови коктели, а според објавените видеа, полицајците одговориле со солзавец и топови вода. Во изминатиот период, одлуката на грчката Влада, универзитетската полиција да биде распределена во кампусите во Солун и Атина, предизвика тензии меѓу студентите и полицијата. Студентите континуирано одржуваат протести во двата града, а неретко има и судири со полицијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-solzavec-prekinat-koncert-vo-dvorot-na-univerzitetot-aristotel-vo-solun/feed/ 0
Турската полиција со солзавец растера протести против насилство врз жени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-so-solzavec-rastera-protesti-protiv-nasilstvo-vrz-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-so-solzavec-rastera-protesti-protiv-nasilstvo-vrz-zeni/#respond Thu, 25 Nov 2021 21:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=599972

Турската полиција денеска во Истанбул употреби солзавец врз неколку стотици жени собрани против насилството врз нив и повлекувањето на Турција од меѓународниот договор што ги штити жените. Толпата носеше транспарент на кој пишуваше „Ќе се бориме додека не го добиеме она што го сакаме“ и ги повика властите и претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја вратат земјата кон меѓународниот договор познат како Истанбулска конвенција. Конвенцијата беше усвоена од Советот на Европа во 2011 година и е механизам кој воспоставува правно обврзувачки процедури со цел да се спречи насилство од сексистичка природа. Договорот беше потпишан во Истанбул. Турција официјално го напушти меѓународниот договор во јули, а властите тогаш рекоа дека договорот може да поттикне хомосексуалност и да го загрози традиционалното семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-so-solzavec-rastera-protesti-protiv-nasilstvo-vrz-zeni/feed/ 0
Солзавец на протестите во Северна Митровица против акцијата на косовската полиција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solzavec-na-protestite-vo-severna-mitrovica-protiv-akcijata-na-kosovskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solzavec-na-protestite-vo-severna-mitrovica-protiv-akcijata-na-kosovskata-policija/#respond Wed, 13 Oct 2021 13:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=578335

Неодамнешните тензии на административните премини се преселија во северниот дел на Митровица и во Звечан. Шок бомби и солзавец употреби косовската полиција против поголема група српски демонстранти, кои протестираа против акцијата на косовските власти кои претпладнето вршеа рации против криумчарење стока во повеќе продавници и аптепки на Срби во Митровица. Запалени се неколку автомобили. Како што тврди српската страна, косовската полиција користела и боева муниција, а повредени биле десетина Срби, од кои еден бил застрелан во Звечан и се бори за живот. -Со ранувањето на Среќко Софронијевиќ падна првата капка крв, српска крв на Косово и Метохија, а зборувавме и предудупредувавме дека тоа не смее да се случи. Уште еднаш ги повикуваме и КФОР и меѓународната заедница да реагира и го запре лудилото на Албин Курти., изјави Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово Српскиот претседател Вучиќ се упати кон Рашка на итен состанок со претставниците на Србите на Косово. Косовските медиуми објавија дека се повредени шест полицајци. Од Косовската полиција соопштија дека акцијата била насочена против криумчарење стока во неколку градови, вклучително и во Приштина и во Пеќ.. Косовскиот премиер Курти изјави дека акцијата е завршена и повика на смирување на состојбата. -Запленети се стоки што претставуваат докази. Криминалците и криминалните групи нема да се толерираат и ќе бидат фатени. Ќе се бориме против шверцот. Ги повикувам граѓаните да не станат жртви на пишувањето на медиумите во Србија, напиша Албин Курти на Фејсбук. Шефот на европската дипломатија Борел повика на итен прекин на насилствата и на еднострани потези. Инцидентите следат десетина дена по кризата на административните премини Брњак и Јариње, кои беа заземени од косовските специјалци, а Патот до нив беше блокиран од косовските Срби како реакција на одлуката на Приштина да не дозволува влез на возила со српски таблички без да им бидат заменети со привремени косовски таблички. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solzavec-na-protestite-vo-severna-mitrovica-protiv-akcijata-na-kosovskata-policija/feed/ 0
Талибанците со солзавец го растурија протестот на жените во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-so-solzavec-go-rasturija-protestot-na-zenite-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-so-solzavec-go-rasturija-protestot-na-zenite-vo-kabul/#respond Sun, 05 Sep 2021 15:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=559724

Талибанците употребија солзавец и бибер спреј за да го растурат протестот на десетици жени во Кабул, кои бараат еднаквост. Жените во Кабул трет ден протестираат барајќи женски права, еднаквост, правда и демократија. Демонстрантките шетаа од мостот до претседателската палата во Кабул. Жените во Авганистан бараат право на работа и право да се приклучат на владата, а талибанците најавија дека ќе го објават составот на нивната администрација во наредните денови. Засега талибанците објавија дека жените можат да бидат вклучени во владата, но не и на министерски позиции. Авганистанките стравуваат од враќање на стариот режим на талибанците (1996 – 2001) и протестираат во Кабул и Херат. За време на претходната власт на талибанците жените мораа целосно да се покријат со бурка и не им беше дозволено да се движат надвор од куќата без придружба на машки член на семејството. Покрај тоа, на девојчињата не им беше дозволено да одат на училиште, а на жените не им беше дозволено да се вработат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-so-solzavec-go-rasturija-protestot-na-zenite-vo-kabul/feed/ 0
Немири во Париз, барикади на улиците и солзавец! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-pariz-barikadi-na-ulicite-i-solzavec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-pariz-barikadi-na-ulicite-i-solzavec/#respond Sat, 05 Dec 2020 20:31:14 +0000 https://kurir.mk/?p=439397

Илјадници демонстранти вечерва се собраа на улиците на Париз во знак на протест против полициската бруталност и плановите за безбедносна политика на претседателот Емануел Макрон, за кои тврдат дека ги поткопуваат граѓанските слободи. Полицијата употреби солзавец во протестите додека демонстрантите испукаа огномет во нивна насока, група млади луѓе го искршија излогот на една продавница. На сличен протест минатата недела се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Партијата на Макрон неделава објави дека ќе изврши измени во предложениот закон, со кој се ограничува споделувањето фотографии и снимки на полицајци, откако наиде на силен отпор од јавноста и левицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nemiri-vo-pariz-barikadi-na-ulicite-i-solzavec/feed/ 0
Со топови вода и солзавец растерана група демонстранти на Комунистичката партија во центарот на Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-topovi-voda-i-solzavec-rasterana-grupa-demonstranti-na-komunistichkata-partija-vo-centarot-na-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-topovi-voda-i-solzavec-rasterana-grupa-demonstranti-na-komunistichkata-partija-vo-centarot-na-atina/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=430785

Со топови вода од специјалните цистерни на полицијата и со солзавец и шок бомби, грчката полиција го прекина протестот и ја растера групата демонстранти, меѓу кои поголемиот дел беа членови од Комунистичката партија и се собраа во центарот на Атина за да ја одбележат годишнината од студентскиот бунт против хунтата, јави дописничката на МИА од Атина. На инцидентите им претходеше барање од надлежниот полицаец на протестот до првиот човек на Комунистичката партија Димитрис Куцубас, демонстрантите мирно да си заминат, бидејќи во спротивно ќе следи интервенција од полицијата, бидејќи протестите се забранети. Неофицијално, претходно беа приведени околу пет лица на Комунистичката партија, за кои Куцубас бараше да бидат ослободени. Со одлука на грчката полиција од 15 до 18 ноември забранети се собири на четири или повеќе лица, а членови на Комунистичката партија, не повеќе од 1.000 лица, се собраа во центарот на Атина, придржувајќи се до мерките за заштита од коронавирусот, беа на растојание од најмалку два метри и сите носеа маски. На друга локација, пратениците на МЕРА25 предводени од лидерот на партијата Јанис Варуфакис, се обидоа да стигнат до амбасадата на САД во Атина, но беа запрени од полицијата, без да се случат било какви инциденти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-topovi-voda-i-solzavec-rasterana-grupa-demonstranti-na-komunistichkata-partija-vo-centarot-na-atina/feed/ 0
Незапаметена драма: Прво го испрскале со спреј, потоа му ја демолирале колата и го нападнале со нож https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nezapametena-drama-prvo-go-isprskale-so-sprej-potoa-mu-ja-demolirale-kolata-i-go-napadnale-so-noz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nezapametena-drama-prvo-go-isprskale-so-sprej-potoa-mu-ja-demolirale-kolata-i-go-napadnale-so-noz/#respond Fri, 28 Aug 2020 13:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=396372

На 27.08.2020 во 21,00 часот било пријавено дека во Виница, на место викано „Бојаџиски бунар“  Г.П.(28) и А.А.(24) двајцата од Виница, извршиле кривично дело „насилство“, на тој начин што првин Г.П. со спреј-солзавец го испрскал Н.В.(27) од Виница, а потоа А.А. се обидел со нож на расклопување да го нападне. А.А. ја скршил шофершајбната и ја оштетил левата страна на возилото на Н.В.. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nezapametena-drama-prvo-go-isprskale-so-sprej-potoa-mu-ja-demolirale-kolata-i-go-napadnale-so-noz/feed/ 0
Полицијата на американскиот град Кеноша фрли солзавец врз демонстрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-na-amerikanskiot-grad-kenosha-frli-solzavec-vrz-demonstrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-na-amerikanskiot-grad-kenosha-frli-solzavec-vrz-demonstrantite/#respond Tue, 25 Aug 2020 07:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=394937

Демонстрантите во американскиот град Кеноша синоќа, втора вечер по ред, се собраа да го изразат својот револт од бруталноста на локалната полиција, која во неделата пукаше во грбот на еден Афроамериканец од градот. Полицијата употреби солзавец за да ги растера стотиците демонстранти кои ја прекршија наредбата за полициски час и фрлаа шишиња врз полицајците. Киноша стана последното жариште на протестите во САД откако на социјалните мрежи во неделата се сподели видео на кое се гледа како полицијата пука во Афроамериканецот Џејкоб Блејк (29), кој беше хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба.. Демонстрантите собрани пред судот извикуваа „Нема правда, нема мир“, и потоа и се судрија со припадниците на полицијата, кои беа пред влезот во зградата. Полицијата прво фрли солзавец 30-тина минути по почетокот на полицискиот час, но демонстрантите одбија да се разотидат. Стотици демонстранти останаа на местото на настанот, палејќи оган и викајќи кон припадниците на полицијата. Тензиите ескалираа во текот на вчерашниот ден, откако прес-конференцијата на градоначалникот на Кеноша, што првично требаше да се одржи во паркот, се премести во обезбедената зграда. Стотици демонстранти упаднаа во зградата во текот на прес конференцијата и ги искришја вратите пред полицијата да употреби солзавец за да ја растера толпата. Полицијата во Кеноша соопшти дека реагирале на повик за решавање на спорот. Локалните власти, меѓутоа, не кажаа дали Блејк е вооружен и зошто полицијата отворила оган, ниту, пак, дадоа детали за инцидентот, како и информации за расата на тројцата полицајци кои биле на местото на настанот. Човекот кој тврди дека го снимал видеото, наведува дека видел тројца полицајци како му кажувале на Блејк да го фрли ножот пред да почнат со пукање, и дека тој лично не го видел ножот во рацете на Блејк. Гувернерот Тони Еверс изјави дека нема информации за тоа дали Блејк имал нож или друго оружје и дека во моментот се води истрага за случајот. Тој го осуди пукањето, посочувајќи дека, иако не се познати многу детали во врска со овој случај, Блејк не е првиот Афроамериканец или личност која е застрелана, повредена или убиена од припадници на полицијата во САД. Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, побара „итна, целосна и транспарентна истрага“ и истакна дека полициските службеници „мора да сносат одговорност“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-na-amerikanskiot-grad-kenosha-frli-solzavec-vrz-demonstrantite/feed/ 0
Градоначалникот на Портланд настрада од солзавец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-portland-nastrada-od-solzavec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-portland-nastrada-od-solzavec/#respond Thu, 23 Jul 2020 11:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=380250

Врз градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, беше фрлен солзавец откако тој синоќа се приклучи на демонстрантите кои речиси два месеца протестираат против расната дискриминација и бруталноста на полицијата. Откако дојде на демонстрациите, Вилер изјави дека градската власт треба да направи повеќе за заштита на жителите на градот. Но во моментот кога стоеше покрај зградата на Судот во Портланд, тој самиот стана жртва на солзавец. Видео од настанот објавено на Твитер пoкажува како тој се гуши и кашла. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-portland-nastrada-od-solzavec/feed/ 0
Судот во Денвер и забрани на полицијата да користи солзавец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-denver-i-zabrani-na-policijata-da-koristi-solzavec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-denver-i-zabrani-na-policijata-da-koristi-solzavec/#respond Sat, 06 Jun 2020 11:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=354412

Окружниот суд во Денвер и забрани на полицијата да користи солзавец, гумени куршуми и друго несмртоносно оружје и средства против учесниците во граѓанските протести во главниот град на државата Колорадо. Привремената забрана е донесена откако е поднесена тужба во Окружниот суд од страна на претставници на протестите кои се жалеа дека полицијата употребила прекумерна сила за време на граѓанските демонстрации предизвикани од смртта на Џорџ Флојд за време апсење во Минеаполис. Според локалните медиуми, за време на протестот во Денвер, најмалку едно женско лице се здобило со тешка повреда на окото која и била нанесена од страна на полицаец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-denver-i-zabrani-na-policijata-da-koristi-solzavec/feed/ 0