сомалија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 17:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сомалија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шест лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во близина на воена база во Могадишу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-avtomobil-bomba-vo-blizina-na-voena-baza-vo-mogadishu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-avtomobil-bomba-vo-blizina-na-voena-baza-vo-mogadishu/#respond Sat, 21 Oct 2023 17:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=891693

Во експлозија на автомобил-бомба во близина на воената база во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа шест лица, меѓу кои четворица војници, соопшти денеска полицијата. Портпаролот на полицијата Садик Додише изјави дека во експлозијата во воениот објект се ранети уште девет лица, од кои петмина војници. Исламската екстремистичка организација Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот. Сомалиската федерална влада со години се бори против припадниците на Ал Шабаб, а безбедносните сили ги засилија нападите врз групата во последните месеци во обид да ја разбијат нејзината пропагандна мрежа. Сомалискиот министер за информации Дауд Авејс изјави за новинарите дека властите затвориле четири радио станици поврзани со групата и убиле речиси 3.800 нејзини борци за време на неодамнешната воена офанзива.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-avtomobil-bomba-vo-blizina-na-voena-baza-vo-mogadishu/feed/ 0
Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен напад во Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-litsa-zaginaa-vo-samoubistven-napad-vo-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-litsa-zaginaa-vo-samoubistven-napad-vo-somalija/#respond Fri, 29 Sep 2023 18:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=883433

Најмалку седум луѓе загинаа откако бомбаш самоубиец се разнесе во продавница за чај во главниот град на Сомалија, Могадишу. Портпаролот на сомалиската полиција, Садик Али, изјави дека во експлозијата загинале пет лица, а шест се повредени. Според него напаѓачот бил член на Ал Каеда. Групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот во порака објавена преку нејзината арапска филијала на новинската агенција Шахада. Според Ал Шабаб загинале 11 луѓе, а повредени се 18 ранети. Нападот се случи на контролен пункт на патот што води кон Парламентот и претседателската резиденција, додека продавницата ја посетуваат војници. Во јуни, Ал Шабаб, која се обидува да ја собори централната Влада и да наметне сопствено толкување на исламскиот закон, уби 54 војници од Уганда во нивната база југозападно од Могадишу.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-litsa-zaginaa-vo-samoubistven-napad-vo-somalija/feed/ 0
ОН одобри да продолжи повлекувањето на африканските сили од Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-odobri-da-prodolzhi-povlekuvaneto-na-afrikanskite-sili-od-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-odobri-da-prodolzhi-povlekuvaneto-na-afrikanskite-sili-od-somalija/#respond Tue, 27 Jun 2023 20:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=850270

Советот за безбедност на ОН го обнови за шест месеци одобрувањето за повлекување на силите на Африканска унија (АУ) од Сомалија, со што до крајот на септември треба да се повлечат уште 3.000 војници. Во април 2022 година, СБ одобри замена на Африканската мисија во Сомалија, формирана во 2007 година, со Преодната африканска мисија во Сомалија (АТМИС), која исто така е предводена од АУ, но со зајакнат мандат да се бори против исламските екстремисти од Ал Шабаб, до крајот на 2024 година. До крајот на 2024 година контингентот АТМИС, во кој има повеќе од 19.000 војници и полицајци, треба да се сведе на нула, а дотогаш постепено ги пренесува своите активности на сомалиските сили. Во согласност со претходните резолуции на СБ, АТМИС пред неколку дена започна со повлекувањето на 2.000 војници, кое треба да се изврши до крајот на јуни. Додека Сомалија повторно побара укинување на ембаргото за оружје. Во ноември минатата година СБ го обнови ембаргото за оружје за Сомалија, што е во сила од 1992 година. Ембаргото не се однесува на пратките на оружје наменети за развој на сомалиските безбедносни сили, но тие пратки сепак мора да се пријават до Комитетот за санкции на ОН, кој би можел да се спротивстави на тешкото оружје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-odobri-da-prodolzhi-povlekuvaneto-na-afrikanskite-sili-od-somalija/feed/ 0
Најмалку 21 жртва во поплавите во Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zhrtva-vo-poplavite-vo-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zhrtva-vo-poplavite-vo-somalija/#respond Wed, 05 Apr 2023 17:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=820709

Најмалку 21 лице, вклучително и шест деца, загинаа во Сомалија во поплавите во текот на минатата недела, соопштија Обединетите нации. Речиси 100.000 луѓе се погодени од обилните дождови и поплавите кои ги погодија областите претходно погодени од екстремно тешка суша во регионот Гедо во јужна Сомалија, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Поплавена е област во близина на границата со Етиопија каде поради обилните врнежи се излеале реките Шабел и Џуба. Во поплавите уништени се институциите за пружање медицинска помош, соопшти сомалиската Национална агенција за вонредни ситуации. Според оваа агенција, населението во близина на двете реки било предупредено на опасност од поплави. ОН соопштија дека поплавите уништиле четири училишта и 200 полски тоалети. Поради уништувањето на училиштата, 3.000 деца не можат да следат настава. Поплавени се и над 1.000 хектари земјоделско земјиште. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zhrtva-vo-poplavite-vo-somalija/feed/ 0
Околу 43.000 починати во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-43-000-pochinati-vo-tekot-na-najdolgata-susha-vo-somalija-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-43-000-pochinati-vo-tekot-na-najdolgata-susha-vo-somalija-minatata-godina/#respond Mon, 20 Mar 2023 11:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=814133

Околу 43.000 луѓе починаа во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година, од кои половината беа деца. Тоа е првиот официјален податок за бројот на починати поради сушата што зафати големи делови од Рогот на Африка. Се предвидува дека најмалку 18.000 луѓе би можеле да починат во првите шест месеци од годинава. „Сегашната криза е далеку од завршена“, се вели во извештајот објавен денеска од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, а спроведен од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. Ситуацијата е, како што наведоа, „екстремно критична“ - само во Сомалија има повеќе од шест милиони гладни луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-43-000-pochinati-vo-tekot-na-najdolgata-susha-vo-somalija-minatata-godina/feed/ 0
Во Сомалија девет лица загинаа во двоен бомбашки напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-somalija-devet-lica-zaginaa-vo-dvoen-bombashki-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-somalija-devet-lica-zaginaa-vo-dvoen-bombashki-napad/#respond Sat, 29 Oct 2022 17:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=752446

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа денеска во двоен напад со автомобил-бомба врз Министерството за образование во Могадишу, објавија извори блиски до сомалиските безбедносни сили. Неименуваниот функционер рече дека се пронајдени девет тела, главно цивили, меѓу кои и жени и деца, и додаде дека неколку десетици луѓе се повредени. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Таквите напади ги извршува исламистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда. Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други области,  најчесто во главниот град. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-somalija-devet-lica-zaginaa-vo-dvoen-bombashki-napad/feed/ 0
Најмалку 12 загинати во бомбашки напад на Ал Шабаб во Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-bombashki-napad-na-al-shabab-vo-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-bombashki-napad-na-al-shabab-vo-somalija/#respond Mon, 03 Oct 2022 14:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=740485

Најмалку 12 лица загинаа денеска во две експлозии во Сомалија. Цел на бомбашките напади на екстремистичката група Ал Шабаб беше седиштето на локалната власт во главниот град на сомалиската област Хиран. Хиран беше центарот на неодамнешната мобилизација за борба против бунтовниците. Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Ал Шабаб. Гувернерот на Хиран, Али Џаите Осман, кој го преживеа нападот, изјави дека меѓу загинатите се министерот за здравство Хиршабела и заменик-гувернерот на Хиран, кој е задолжен за финансии. – Првата експлозија се случи на влезната капија, а по неколку минути голем камион се упати кон зградата и експлодираше. Многу цивили кои беа во близина се убиени. Овој напад го извршија кукавици, но нивните брутални акции никогаш нема да го одвлечат вниманието од јавното востание против нив, рече тој. Гувернерот додаде дека во нападот е тешко оштетено седиштето на регионалната администрација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-bombashki-napad-na-al-shabab-vo-somalija/feed/ 0
ОН: Делови од Сомалија се соочуваат со глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-delovi-od-somalija-se-soochuvaat-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-delovi-od-somalija-se-soochuvaat-so-glad/#respond Mon, 05 Sep 2022 10:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=728836

Со влошување на сушата и рекордниот пораст на глобалните цени на храната, се очекува глад во делови од Сомалија меѓу октомври и декември, предупредија денеска Обединетите нации. -Гладот е пред врата, изјави заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс на прес-конференција во главниот град на Сомалија, Могадишу. Тој објасни дека има конкретни показатели дека до есен ќе има глад во делови од јужна и централна Сомалија. Рогот на Африка ја доживува својата најлоша суша во последните 40 години, а експертите велат дека регионот е на пат да ја забележи својата петта последователна година без дожд во она што вообичаено е дождовна сезона. Грифитс рече дека сегашните „ситуации и трендови“ личат на оние од 2010 и 2011 година, но сега се „полоши“, поради четирите неуспешни сезони на дождови и децениските конфликти. Во 2011 година, земјата доживеа глад кој однесе повеќе од четвртина милион животи, од кои повеќето деца. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-delovi-od-somalija-se-soochuvaat-so-glad/feed/ 0
Загинаа најмалку 48 лица, меѓу нив и пратеничка – терористички напад во Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaginaa-najmalku-48-lica-megju-niv-i-pratenichka-teroristichki-napad-vo-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaginaa-najmalku-48-lica-megju-niv-i-pratenichka-teroristichki-napad-vo-somalija/#respond Thu, 24 Mar 2022 15:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=652760

Најмалку 48 лица загинаа, вклучително и една пратеничка, а 108 се повредени вчера кога двајца бомбаши самоубијци извршија напад во регионалната престолнина Беледвејн во централниот дел на Сомалија.

Пратеничката Амина Мохамед, која беше во Беледвејн во рамки на нејзината предизборна кампања, е меѓу убиените во самоубиствениот бомбашки напад, заедно со други политичари и припадници на безбедносните сили, изјави за ДПА портпаролот на полицијата Хасан Диисоу.
Според извештаите, мета на првиот напад била Мохамед, додека, неколку минути подоцна, вториот бомбаш-самоубиец кој управувал автомобил ги нападнал воените возила со жртвите од првата експлозија. Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката терористичка група Ал Шабаб преку радио станицата Андалус. Нападот се случи истиот ден кога борците на Ал Шабаб насилно влегоа на аеродромот во Могадишу, при што според сомалиските власти загинаа осум лица. Сомалија, каде живеат околу 16 милиони луѓе, со години го трпи насилството на Ал Шабаб. Терористичката група, која контролира огромни делови од територијата во јужните и централните региони, често напаѓа припадници на безбедносните сили и цивили.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaginaa-najmalku-48-lica-megju-niv-i-pratenichka-teroristichki-napad-vo-somalija/feed/ 0
Убиен новинар во напад на бомбаш самоубиец во Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinar-vo-napad-na-bombash-samoubiec-vo-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinar-vo-napad-na-bombash-samoubiec-vo-somalija/#respond Sun, 21 Nov 2021 08:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=597847

Во напад на бомбаш самоубиец од групата Ал Шабаб во Могадишу е убиен познат сомалиски новинар, а се повредени уште неколку лица. Новинарот Абдиазиз Мохамед Гулед, познат како Абдиазиз Африка, известуваше за активностите на терористичката група Ал Шабаб за сомалиското државно „Радио Могадишу“. Ал Шабаб потврди дека стои зад убиствата, а оваа исламистичка организација често изведува слични терористички напади. Во нападот, кој се случил во близина на прометен ресторан, се повредени четири лица. Еден од повредените е директорот на Сомалиската национална телевизија, објави медиумската куќа на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinar-vo-napad-na-bombash-samoubiec-vo-somalija/feed/ 0