сомнителни пакети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Jan 2019 10:23:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сомнителни пакети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евакуирани странски конзулати во Мелбурн и Канбера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-stranski-konzulati-vo-melburn-i-kanbera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-stranski-konzulati-vo-melburn-i-kanbera/#respond Wed, 09 Jan 2019 10:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=149989

Неколку странски конзулати во австралиските градови Мелбурн и Канбера се евакуирани денеска откако примиле сомнителни пакети. На интернет страницата на австралиската Влада се објавува дека се евидентирани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, а полицијата, пожарникарските служби и амбулантни возила се наоѓаат пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и Јужна Кореја. Австралиската полиција соопшти дека се истражуваат сите околности поврзани со овие инциденти. Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонг Конг. Засега не е познато кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети. Од конзулатот на Нов Зеланд за телевизијата Еј-Би-Си рекле дека пакетите имале ознака за азбест, а во нив имало пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-stranski-konzulati-vo-melburn-i-kanbera/feed/ 0
Нови детали: Уапсено едно лице во врска со сомнителните пакети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-uapseno-edno-lice-vo-vrska-so-somnitelnite-paketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-uapseno-edno-lice-vo-vrska-so-somnitelnite-paketi/#respond Fri, 26 Oct 2018 17:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=120002

Претставници на американското Министерство за правда соопштија дека денеска е уапсено едно лице во врска со испраќањето сомнителни пакети со цевчести бомби. Портпаролката на Министерството, Сара Исгур Флорес, рече дека федералните власти на прес- конференција ќе објават повеќе информации. Претходно, соопштено е дека бројот на сомнителни пакети со експлозивна рачно изработена направа порасна на 12. Сомнителен пакет денеска беше пронајден на Флорида, а бил адресиран на демократскиот сенатор Кори Букер, како и еден за поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција Џејмс Клапер. Њујоршката полиција истражува и одделни случаи на сомнителни пакети во една пошта во тој град. ФБИ и денеска продолжи да ги истражува случаите на сомнителни пакети со рачно изработени бомби. Повеќе пакети со импровизирани бомби беа пресретнати во изминатите неколку дена во САД.  Пакетите, меѓу другите, беа наменети за поранешниот претседател Барак Обама, поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон, како и за Си-Ен-Ен. Ниту една бомба не експлодира и никој не е повреден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-uapseno-edno-lice-vo-vrska-so-somnitelnite-paketi/feed/ 0
Трамп најави истрага за сомнителните пакети во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-istraga-za-somnitelnite-paketi-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-istraga-za-somnitelnite-paketi-vo-sad/#respond Thu, 25 Oct 2018 06:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=119161

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека во Америка нема место за закани со политичко насилство. Тој притоа вети целосна истрага за сомнителните пакети испратени на познати политички личности во САД. – Целата сила на нашата Влада ќе биде искористена за оваа истрага и за изведување на одговорните пред лицето на правдата. Нема да штедиме на ресурси и трошоци, рече Трамп. Тој им порача на Американците дека „сега е време кога мора да се обединиме“. Првата дама на САД, Мерланија Трамп порача дека ги осудува „сите облици на закана и насилство“ и се заблагодари на безбедносните служби за „херојските напори“. Вчера сомнителни пакети, некои од нив и со бомби, беа испратени на семејството Клинтон, на поранешниот американски претседател Барак Обама, во седиштето на Си-Ен-Ен во Њујорк, компанијата „Тајм ворнер“, како и на многу други, пред се противници на Трамп. Два дена претходно слична пратка беше испратена и на милијардерот Џорџ Сорос. Во инцидентите, никој не е повреден. Засега никој не презеде одговорност за испраќањето на сомнителните пакети, но извори блиски до сојузната полиција сметаат дека тоа би можело да биде „координирана акција“. Пакетите се испратени во пресрет на кампањата пред парламентарните избори закажани за 6 ноември во САД, на кои Демократската партија се надева дека ќе освои мнозинство во двата дома на Конгресот, со што ќе може да и парира на администрацијата на Трамп. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-istraga-za-somnitelnite-paketi-vo-sad/feed/ 0
Сомнителни пакети испратени до владини и воени објекти близу Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somnitelni-paketi-isprateni-do-vladini-i-voeni-objekti-blizu-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somnitelni-paketi-isprateni-do-vladini-i-voeni-objekti-blizu-vashington/#respond Tue, 27 Mar 2018 06:04:45 +0000 https://kurir.mk/?p=33373

Сомнителни пакети се испратени до шест владини и воени објекти во близина на американската престолнина Вашингтон. ФБИ и американската војска соопштија дека проверуваат шест сомнителни пакети, кои содржеле експлозивни компоненти, јави телевизијата Ен-Би-Си. Сите пакети биле испратени по пошта на адреси на воени и разузнавачки објекти во реонот на Вашингтон. - Пратките ги зеде ФБИ заради анализа, објави на Твитер американското Федерално истражно биро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somnitelni-paketi-isprateni-do-vladini-i-voeni-objekti-blizu-vashington/feed/ 0