сончев град – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 14:03:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сончев град – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Укината првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“, предметот вратен на повторно постапување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/#respond Tue, 17 Oct 2023 14:03:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889875

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик- Сончев град“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. - Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ.од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се вели во соопштението од Апелационен суд Скопје. Од Апелација, посочуваат дека вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Начелниот став на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија од 21.12.2022 година. Основниот кривичен суд во Скопје во април 2022 година го осуди на казна затвор од 3 години и 6 месеци првоосомничениот за случајот „Топлик“, поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања. Претседателот на Комисијата Томе Ѓурчиловски доби затворска казна во траење од три години, додека останатите членови на комисијата добија условни казни затвор од две години. Според обвинението за предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-prvostepenata-presuda-za-toplik-sonchev-grad-predmetot-vraten-na-povtorno-postapuvane/feed/ 0
Мислење од Антикорупциска: Има судир на интереси со вештакот на обвинителството со случајот за Сончев Град https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mislenje-od-antikorupciska-ima-sudir-na-interesi-so-veshtakot-na-obvinitelstvoto-so-sluchajot-za-sonchev-grad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mislenje-od-antikorupciska-ima-sudir-na-interesi-so-veshtakot-na-obvinitelstvoto-so-sluchajot-za-sonchev-grad/#respond Fri, 02 Jul 2021 08:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=530859

Судир на интереси кај вештакот во случајот „Топлик“, поврзан со Сончев Град, утврдува и Антикорупциската комисија во своето мислење. Во мислењето кое било побарано од нив, од ДКСК пред неколку дена одговараат дека директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, во целост треба да постапува согласно законските одредби за судир на интереси. Од Антикорупциска појаснуваат дека доколку службеното лице - директор на Агенција за катастар на недвижности прифати да биде вешто лице (вештак) во судска постапка која се води пред надлежен суд, ќе постапи спротивно на член 44 став 6 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите каде е утврдено дека: Член 44 (6) Службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуална и индустриска сопственост, освен ако со закон не е поинаку определено. Од горе наведеното и цитираната законска одредба, произлегува дека наградата, односно приходите остварени од вештачење како вешто лице (вештак), не спаѓаат во приходи кои службеното лице, во случајот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, може да ги остварува, сметаат од ДКСК. Повикувајќи се на членот 72 став (1) и (2) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, секое службено лице, во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да презема мерки за негово одбегнување, а во случај на сомневање за постоење судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес или приватниот интерес на друго лице врз извршувањето на неговите овластувања и должности. Антикорупционерите се повикуваат и на одредбите од Законот за катастар на недвижности што го регулираат судирот на интереси. Според член 25, вработениот во Агенцијата за катастар на недвижности не смее да врши никаква друга функција, должност или дејност поврзана со остварување на профит која е во судир со извршувањето на неговите работни обврски, ниту да се регистрира како трговец поединец овластен геодет, ниту да врши дејност како сопственик или партнер во трговско друштво за геодетски работи. Исто така вработениот во Агенцијата не смее да врши работи од надлежност на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи. Кодексот на етика на вештаците предвидува и дисциплинската мерка одземање на лиценцата за вештачење, а истата се изрекува ако нестручно или несовесно го врши вештачењето во спротивност со правилата на науката и струката, етичките норми и конфликт на интереси. Одбраната во овој случај реагираше на вештачењето и бараше изземање на вештакот посочувајќи дека е пристрасно бидејќи било изработено од вештак чија ќерка работи во СЈО и кој е актуелен директор на Агенцијата за катастар и недвижности. Во 2018 година, медиумите пишуваа дека до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за Тунџев, за основано сомнение за фалсификување исправи и лажно претставување. Наводно, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град, во случајот „Топлик“ на СЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mislenje-od-antikorupciska-ima-sudir-na-interesi-so-veshtakot-na-obvinitelstvoto-so-sluchajot-za-sonchev-grad/feed/ 0
Сведок на СЈО и член на комисијата за одлучување за „Сончев град“ потврди дека записникот е составен еден ден по одржаната седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-na-sjo-i-chlen-na-komisijata-za-odluchuvanje-za-sonchev-grad-potvrdi-deka-zapisnikot-e-sostaven-eden-den-po-odrzanata-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-na-sjo-i-chlen-na-komisijata-za-odluchuvanje-za-sonchev-grad-potvrdi-deka-zapisnikot-e-sostaven-eden-den-po-odrzanata-sednica/#respond Fri, 14 Sep 2018 10:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=100885

Ивана Дуковска член на комисијата која расправала по предметот „Сончев град“, потврди дека доказите кои ги имала новата комисија, старата комисија пак, ги немала на увид. Исто така потврди дека записникот е потпишан на 3-ти април 2007, а состанокот бил пред тој ден. Во кривичниот суд денеска на рочиште за случајот „Топлик“ се сослушаа двајца сведоци предложени од страна на СЈО. За трите сведока кои не дојдоа на судењето судијата даде наредба за нивно приведување за следното, кое што ќе се одржи на 21 септември. Сведокот Благица Николовска, исто член на комисијата која што одлучувала по предметот „Сончев град“, изјави пред судот дека комисијата имала на увид единствено графички прилог. Претседателката пак Емилија Путилин која денес не се појави на суд ги криела останатите документи и составила тенденциозен записник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-na-sjo-i-chlen-na-komisijata-za-odluchuvanje-za-sonchev-grad-potvrdi-deka-zapisnikot-e-sostaven-eden-den-po-odrzanata-sednica/feed/ 0