сончеви колектори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Feb 2020 13:45:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сончеви колектори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Субвенции за градба на фасада и замена на прозорци на домовите, сончеви колектори на трошок на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-subvencii-za-gradba-na-fasada-i-zamena-na-prozorci-na-domovite-sonchevi-kolektori-na-troshok-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-subvencii-za-gradba-na-fasada-i-zamena-na-prozorci-na-domovite-sonchevi-kolektori-na-troshok-na-drzavata/#respond Sat, 22 Feb 2020 12:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=307366

Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ на денешната прес-конференција најави нова низа на проекти кој што се од големо значење на граѓаните, односно проекти кои на секое семејство пола од трошокот за промена на фасада или прозорци ќе го покрие државата -Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и прозорци на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50% е на трошок од државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, а нивната обнова чини пари. Затоа се обрзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасни прозорци во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари во семејствата, истакна Мицкоски. Мицкоски, исто така најави и субвенционирање за 50% и на сончеви колектори, со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина -Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата. Ова значи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50 % субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотоволтажни и термални, топлински пумпи, приклучок кон топлификациски системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-subvencii-za-gradba-na-fasada-i-zamena-na-prozorci-na-domovite-sonchevi-kolektori-na-troshok-na-drzavata/feed/ 0
Владата предвреме стави крај на субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-predvreme-stavi-kraj-na-subvenciite-za-pvc-prozorci-i-sonchevi-kolektori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-predvreme-stavi-kraj-na-subvenciite-za-pvc-prozorci-i-sonchevi-kolektori/#respond Fri, 20 Apr 2018 11:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=43730

Иако роковите се уште траат, граѓаните веќе да не аплицираат за субвенции за сончеви колектори и ПВЦ или алуминиумски прозори, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши на прес-конференција рече дека средствата се исцрпени, зашто интересот кај домаќинствата бил многу голем, а распределбата на поддршката е реализирана по принципот прв дојден, прв услужен. Како што напомена Бектеши, Министерството за економија ќе побара дополнителни  субвенции од Владата со првиот ребаланс на буџетот. - За сончеви колектори пристигнаа над 900 апликации, а буџетот беше шест милиони денари, додека за ПВЦ прозори беа доставени повеќе од 1.400 барања, а буџетот изнесуваше 30 милиони денари, истакна министерот. Тој уште еднаш потсети граѓаните да не аплицираат ниту за поддршка за печки на пелети, зашто поради големиот интерес, исцрпена е поддршката и за оваа мерка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-predvreme-stavi-kraj-na-subvenciite-za-pvc-prozorci-i-sonchevi-kolektori/feed/ 0
Субвенции за соларни колектори и ПВЦ/алуминиумски прозорци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/subvencii-za-solarni-kolektori-i-pvc-aluminiumski-prozorci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/subvencii-za-solarni-kolektori-i-pvc-aluminiumski-prozorci/#respond Wed, 04 Apr 2018 12:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=36290

- Започна аплицирањето на домаќинствата за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци и за сончеви термални колекторски системи, информира денеска Министерството за економија. Огласот за субвенциите, што е објавен на 30 март, ќе трае до крајот на август годинава. Доделувањето на надоместот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена. За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство, за  годинава е обезбеден буџет од 30.000.000 денари. Надоместот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе можат да го остварат лица кои во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци, во периодот од денот на објавувањето на јавниот оглас, под услов  да не  го искористиле правото на поврат на дел од средствата за таква намена минатата година. За мерката за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2018 година, која се спроведува по деветти пат, буџетот изнесува шест милиони денари. Условите остануваат исти како и претходните години, односно се надоместуваат до 30 проценти од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство. За таа мерка можат да аплицираат сите домаќинства кои имаат купено и вградено во своите домови колекторски систем во периодот на траење на јавниот оглас и досега не користеле пари по тој основ. Барањата за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на Министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот, со назнака за огласот за кој се аплицира. Двете мерки се дел од Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, чиј носител е Министерството за економија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/subvencii-za-solarni-kolektori-i-pvc-aluminiumski-prozorci/feed/ 0