„Сони мјузик“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Nov 2018 17:43:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Сони мјузик“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Напад во „Сони мјузик“: Две лица избодени со нож https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vo-soni-mjuzik-dve-lica-izbodeni-so-noz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vo-soni-mjuzik-dve-lica-izbodeni-so-noz/#respond Fri, 02 Nov 2018 17:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=122879

Две лица беа избодени со нож денеска во главното седиште на британското претставништво на американската корпорација „Сони мјузик“ во реонот на Кенсингтон во центарот на Лондон, соопшти лондонската полиција. Компанијата потврди дека двајца вработени во нејзиниот тим за дистрибуција учествувале во кавга, која прераснала во жестока тепачка. – „Сони мјузик“ потврди дека дошло до инцидент во канцеларија во зградата на компанијата на улицата „Дери“, поради што зградата е евакуирана, изјави портпаролката на компанијата. Таа додаде дека полицијата го истражува случајот. Лондонската полиција претходно соопшти дека добила повик за инцидент на улицата „Дери“ околу 11 часот по локално време (12 часот по средноевропско време). – Едно лице е уапсено, а инцидентот не се третира како тероризам. Полицајци, вклучително и полициски офицери со огнено оружје, како и екипа на Брзата помош се на местото на настанот. Во тек е евакуација од претпазливост. Две лица имаат повреди од убоди со нож и чекаме информации за нивната здравствена состојба, се наведува во соопштението од полицијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vo-soni-mjuzik-dve-lica-izbodeni-so-noz/feed/ 0