Соња Цветковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jul 2021 13:51:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Соња Цветковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колумна на М-р Соња Цветковска: ОРВЕЛИЗАМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-m-r-sonja-cvetkovska-orvelizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-m-r-sonja-cvetkovska-orvelizam/#respond Fri, 23 Jul 2021 13:51:58 +0000 https://kurir.mk/?p=541012

„Нешто карактеристично или потсетувајќи на тоталитарната социјална и политичка организација претставена во Орвеловите „Илјада деветсто осумдесет и четврта“ (1949); конкретно, двосмислен, еуфемистички или погрешно користен збор или фраза користена во официјални изјави, политичка пропаганда“ „Оксфордски Речник“ Пред некој ден седнав во автомобилот и на радио слушав локална станица. Во моментот бев збунета, поради тоа што слушав позадинска музика која одговараше на крими-трилер. Помислив дека радиостаницата почнала со пренос на радиодрами, но веднаш „глумците“ почнаа да ги зборуваат своите текстови, и се запрашав дали почнаа локалните избори, дали е оваа информативен пренос или платена политичка програма. Мојата политичка култура ми наложи да ги послушам пораките на политичките конкуренти од СДСМ. Си велам, тоа е нормална политичка активност, а и одговорност на политичките партии да разговаарат со гласачите, да презентираат идеи, програми и сè она што оди во политичко ЦВ на една партија. Ништо од претходното, како нивна партиска активност, немаше да ме предизвика да го напишам овој текст да не ми влегоа во уво зборовите, концептот и контекстот на говорниците. Се прашуваав од каде ми е познат овој концепт. За среќа еден од говорниците ми помогна кога во својот говор спомна „постариот брат“. И тогаш мислата веднаш ми отиде на Џорџ Орвел 1984 и на „големиот брат“. Бидејќи на радиостаницата имаше исечоци од говорите, а поради корекност, дома ја погледнав целата трибина. Со голема благодарност кон СДСМ, што ме потсетија на култните дела од Орвел, ги препрочитав по кој знае кој пат неговите дела „1984“ и „Животинска фарма“ за да се потсетам како изгледа едно изобличено, тоталитарно, плутократско општество. Дури тогаш се исплашив, СДСМ максимално ги употребува принципите, методите и алатите што ги поседува „постариот (читај „големиот) брат“ и ја турна нашата држава во еквивалентно општество кое е опишано во делата на Орвел. Сите говори беа насочени, а за нив единствена вистина, кон минатото, употребувајќи го принципот на „големиот брат“, „Кој го контролира минатото, ја контролира иднината, кој ја контролира сегашноста го контролира минатото“ константно напаѓајќи ја претходната власт и ВМРО-ДПМНЕ, а заборавајќи дека тие имаат апсолутна власт во последниве четири години. За волја на вистината рекоа дека тие три децении владеат со Куманово, пак напаѓајќи ги претходните Влади на централно ниво, но заборавија дека кумулативно централната власт во Македонија од формирањето на нашата држава 50% беше под контрола на СДСМ. Апропо ова еден од говорниците се пофали за помош на Владата за отпис на долговите на општините, па господо три децении Куманово го банкротиравте вие од СДСМ и пак Орвел, „Ако сакаш да сочуваш тајна, треба да ја скриеш и од себе“. Продолжија со стандардни текстови како тие направиле сè небаре светот од нив почнува, како со волшебното стапче го обоиле розово, не спомнувајќи во кој период се почнати проектите, кога се изработени физибилити студиите, елаборатите, кој ги обезбедил парите, итн. Од СДСМ, како политички конкурент, очекував многу повеќе, најпрвин, да покажат на народот, дека за нив функциите што ги добиваат со изборите, не се начин на стекнување на личен бенефит и привилегија, туку одговорност кон тој што им дава плата, НАРОДОТ. И нормално се прашувам: Кога ЛАГАТА станува ВИСТИНА? Својствено и проверено само за СДСМ. Не залудно нивната позната максима кружи меѓу моите почитувани сограѓани кумановчани: - И ,,магаре” да поставиме за кандидат за градоначалник во Куманово, ќе победи. Длабоко навлезени во својата илузија, служејќи се со сите недозволиви средства, со лични и колективни притисоци, за општа жал ,,успеваат,, да го држат Куманово во зандани, далеку заостанато и заспано во времето, и 19 век би ни позавидел. Но, сега, верувам и убедена сум дека политика на разнебитување веќе не поминува. Тие уште живеат во време на популизам, преставувајќи ги нивните „завршени програми“ како нивна добра волја, милост кон граѓаните, а не обврска која ја презеле со стекнување на правото да владеат, и пак Орвел: „Партијата ја бара моќта целосно заради себе. Ние не сме заинтересирани за доброто на другите; заинтересирани сме единствено за моќ, чиста моќ“. Нормално, разочарана од концептот на говорите и од пребројувањето на луѓето и тоа неколкупати, но не и изненадена од лагите за економските состојби, за образованието, здравството, социјалната заштита, а не го спомнаа ни владеењето на правото, си го присвоија трудот на сите претходни влади за обезбедување на услови за да се добие членството во НАТО, додека нивен единствен потег беше срамната промена на име без согласност на народот. Единствен заклучок што извлеков е дека најмногу им пречи политичката конкуренција, бидејќи константно го споменуваа ВМРО-ДПМНЕ, како нивен најголем непријател и пак Орвел: „Ние не ги само уништуваме нашите непријатели; ги менуваме“. Во тој контекст ја употребија и политичката филозофија на Ниче: „Секоја власт има тенденција сама да си створи своја опозиција“ како што пробаа со Мериот групата. Една порака до СДСМ: Господа, ВМРО-ДПМНЕ е политички конкурент на полето на политичкиот натпревар, (го парафразирам нашиот Гоце Делчев, додека СДСМ се обидува да го предаде на Бугарија, се пазари со ликот и делото на нашиот Великан), а не ваш непријател или противник. Вашиот противник на изборите е разочараниот народ, оној ист народ, кој секојдневно пропаѓа во економска, правна и национална бездна во која вие со вашите политики и начин на владение го донесовте, а на сите читатели на овој текст им препорачувам барем да ја прочитаат „Животинска фарма“ од Орвел, и се надевам дека ќе стекнат доволно критичко знаење за да не дозволат Орвелизмот во Македонија да фати корени. Јавноста сè погласно бара одлучно справување со клиентелизмот, непотизмот, криминализацијата и организираниот криминал на сите нивоа, бара реформи, бара европеизација на економските, политичките и севкупните процеси, бара „rechtsstaat“, бара вредносно втемелена политика. И затоа, потребни се вистински реформатори, чија политичка активност е инспирирана од ,,служење на општото добро”, а не од лукративни цели. И за крај, тоа и ќе се случи, наскоро, на претстојните локални избори, НАРОДОТ со конзензус ќе стави крај на деструктивните политика на предавничката политика на СДСМ. Колуимна на М-р Соња Цветковска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-m-r-sonja-cvetkovska-orvelizam/feed/ 0
Колумна: Голготата и геноцидот врз Македонците не престанува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-golgotata-i-genocidot-vrz-makedoncite-ne-prestanuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-golgotata-i-genocidot-vrz-makedoncite-ne-prestanuva/#respond Mon, 22 Mar 2021 13:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=486144

Колумна на  м-р Соња Цветковска Да се биде Македонец, значи да се знае, да се сака и брани Македонија, и македонското во неа, така што знаеле да ја сакаат и да ја бранат нашите славни дејци и војводи. Каква е оваа СУДБИНА што ја преживува мојот народ, низ вековите и денес? До кога ќе тажи македонската мајка за своите синови и ќерки? Кому сè уште ќе му даваме отчет и себедокажување за она, што сме? Но ние знаеме дека Македонија ни е и љубов и судба, и болка и очај, и неопходност и тага, и лулка и гроб. Македонија ни е сè!!! Каде се универзалните принципи и права на самоопределување? До кога ќе ја чувствуваме деструктивната енергија на балканското општество? Но, едно знам, дека голготата и геноцидот врз мојот народ, не престанал, и не останал во ИСТОРИЈАТА,  тука е, денес, околу нас, во нашето опкружување, изрежирано и потпомогнато од разно-разни олигарси, високо котирани изроди, сегашни и бивши премиери и „специјалци”. И толку се ,,сплотени“ што чинам дека оркестирано делуваат со гласноговорниците од Истокот. И се чини, пуштени се на првата „борбена линија” разнебитувачи, кои и немаат што да „изгубат” оти се длабоко навлезени во криминал и корупција, амнестирани, или што уште не.  Но, како и да е, затоа се тука безбројните факти од нашата историографија кои сведочат за историската  вистина, но и РАЗУМОТ на 21 век. Да не се гиба, да не се прават интриги и фалсификати врз македонската национална историја, затоа што таа експлицитно му припаѓа само нему!!! И секојпат е за добредојде евоцирање, мемоирање и за да не се заборави, и да се пренесува и овековечува. Впрочем и оттаму се тенденциите на постојано потсетување за минатото, да се спречат или барем неутрализираат противдржавните дејанија на домашната политичка ,,елита”. Многупати за жал, е констатирано дека, на македонското национално и револуционерно движење му се оспорува автохтоноста, уште од самата негова појава. Тоа го правеле и го прават тие што си го присвоиле правото, народот и земјата македонска да ги прогласуваат за дел од својата нација, односно за дел од својата национална територија. Иако истите имале време низ вековите да се наречат Македонци, доколку БИЛЕ, а не се, и од таа позиција ние вчера, денес и утре, меѓусебно да се докажуваме кој го има правото на оваа свето библиско ИМЕ, етнички, историски, географски... Македонците се автетичен и автохтон народ, домородно население, признаено во регионалната, европската и светската историја. Народ со посебен јазик, историја, култура, горделив народ, што секојпат низ историјата испишувал само одбранбена и мирољубива политика. Низ вековите предците го негувале, се бореле и го штителе македонскиот идентитет, никако поинаку. Да имало и тронка сомнеж во тоа истите ќе поитале да се зближат и припојат кон „браќата” од ИСТОКОТ, а не, спротивното,  да не „повикуваат”, да се „ОСВЕСТИМЕ”, сме биле во ,,ЗАБЛУДА”. Колку голем шовинизам, однадвор, но и колку голем фашизам одвнатре!!! И затоа, да не се заборави... ,,Македонија, осветена од апостол Павле, облогородена од дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, обединета од славниот цар Самуил, бранета од храбриот Добромир Хрс, обесмртена од Марко Крале, облеана од крвта од милиони маченици за слобода“ (Димитрија Чуповски).  Потсетуваме на славното минато, на Разловечкото востание 1876 година, на Македонското (Кресненското) востание, како прва помасовна македонска револуционерна ослободителна пројава во 19 век, која доаѓа во остар конфликт со владејачките кругови на само што ослободената Бугарија (Берлинскиот конгрес 1878). Слободата на Македонија се сфаќала како сопствена слобода и таа не се барала во границите на соседните држави, како единствено можно решение, како што сакале да претстават во соседството. Првото политичко убиство на Македонија се прави со Сан-Стефанскиот мировен договор од 1878 година, а кој за среќа останал на лист хартија во тримесечен интервал, но за наша жал и сечија несреќа (на слободољубивиот свет) останал во главите на големобугарската политика. Со посебен восхит и пиетет спомнуваме за Илинденската епопеја и Крушевската република. За Илинденското востание кое беше востание на македонскиот народ, без оглед во која црква тој се молеше, во какво училиште учеше и какво име (национално) носеше. И ова историска неправда спрема Македонија кулминира во времето на Балканските војни, каде што македонскиот народ зема масовно учество за конечно ослободување и создавање автономна држава, но сепак беше поделен, во 1913 година со Букурешкиот мировен договор (Споменатиот договор претставува единствен меѓународен договор што не го потпишале големите сили и истиот бил во спротивност на нивните интереси). Инаку интересен е историскиот факт, на само седум месеци пред неговото потпишување, на 1 март 1913 година, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Георги Констатиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале Меморандум за независност на Македонија, кој бил предаден на амбасадорите на големите сили во Лондон. Истовремено со Меморандумот изработиле и карта на Македонија со сите специфичности и атрибути на посебноста на македонскиот народ, и пред сè, ја аргументирале потребата од создавањето на самостојна Македонија. Македонската ГОЛГОТА продолжува и по Првата светска војна, регрутиран во три различни војски, во народот не залудно познато и воспевано нивното јунаштво, но и трагедијата на македонските браќа да се наоѓаат на две спротивставени страни. По завршување на војната и потпишувањето на Нејскиот мировен договор од 1919 година, сo „доброволна” размена на населението повторно имаме присилно раселување на македонското население. Да, ова е вистината, за Македонија и Македонците, секојпат низ историјата насилно иселувани од родните огништа, по граѓанската војна во Грција 1946-49 година, бил извршен редок егзодус во историјата на човештвото воопшто,  илјадници и илјадници Македонци раселени низ целиот свет. И затоа, велам, повеќе Македонци за жал, живеат надвор од својата грутка земја, секаде во светот признаени, освен во потесното соседство. И патем, да споменам и за херојството и борбеноста на нашите многубројни Македонци во антифашистичката коалиција во Втората светска војна, кои дадоа огромен придонес и следствено на тоа, успеаја да формираат своја федеративна република во рамките на некогашната СФРЈ. И притоа мислејќи на сите нејзини позитивности и мани (СФРЈ), но никако, и на тоа, дека е споредлива со некој друг европски политички субјект. И некако, обвинувањата на политичката елита од истокот, не се совпаѓаат со деценискиот репресивен период во времето на Тодор Живков во Бугарија, каде што истата беше претворена како еден голем логор, репресирајќи ги сите прогресивни елементи, тука страдаа освен Македонците и прогресивните Бугари. И никој таму, не верувам дека прави споредба со Западот. Историјата не заборава, историјата помни, запишува и овековечува!!! Да, и така е, и НИЕ секогаш велиме и се прашуваме со години и години наназад, како може во 21 век да не се признава правото на самоопределување? Како може? Чудна е филозофијата на луѓето денес, поставуваат прашања, на кои и самите тие не дале, соодветен одговор! И еве, конечно, а каде е реципроцитетот? И тука да се огледа грижата за националните малцинста, а да не споменуваме и за веќе донесенети пресуди во Стразбур. Па, нели, живееме во 21 век!!! И на крајот, на сите добронамерници им посакуваме поопстојно и трпеливо, да дејствуваат внатре, да го спречиме геноцидот што систематски го врши оваа стотици пати изречено, ненародна, хибридна власт. На која, за среќа и се гледа КРАЈОТ, народот си доаѓа по своето!!!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-golgotata-i-genocidot-vrz-makedoncite-ne-prestanuva/feed/ 0
Не ни го потценувајте интелектот Министерке !!! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ni-go-potcenuvajte-intelektot-ministerke/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ni-go-potcenuvajte-intelektot-ministerke/#respond Wed, 03 Feb 2021 15:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=463721

Една многу мудра и од дамнина, од прадедовина мисла вели ,,Прости им Боже, не знаат што прават!”, .....но во овој случај, редок во битисувањето на човештвото, би важело ,,Прости им Боже, знаат што прават!”. На тоа Но, и тоа неможеме да го прилагодиме, а уште и не, и прифатиме, и би додале, никогаш незаборавно и неопростливо, за мајковината , татковината, за душата напатана семакедонска, каде и да е ,......ширум светот. Јаремот врзан, заплеткан, четири тешки години, полека, понекогаш и со неочекувана брзина, се стеснува околу обрачот, на СВЕТОТО. И така, се приближуваме до незапаметено и невидено дивеење на една власт, РЕВИЗИОНИЗАМ, по секоја цена, на секое ниво, го зафаќаат и последниот атом на самобитност, безброј пати повторувано... .историја, јазик, идентитет, култура и образование. Образование и иднината на нашите деца да не зависат од вас, Министерке! И затоа, ТРГНЕТЕ ги рацете од нашето најсвето! Не ни ја обезличувајте нацијата! Заедно со менторот, уиграни и длабоко заплеткани во вашиот предавнички лавиринт, без компас, вршите егзекуција во ОБРАЗОВАНИЕТО. А по кои нормативи го делаиете и најмалку спроведувате. ......ДИРЕКТИВИ и однадвор и одвнатре, многу јасно. Но, си велите тука кај нас, сèсе поминува, па впрочем и вие самите сте една таква инсталација. Поради предавствата, корупцијата и криминалот, треба да чувствувате грам совест и срам, Предавничка, длабока навлезена во корупција и криминал....СРАМ сте за сите нас.....затоа што и и ,,вашите,, се оградуваат од вас, верувајте, ШЕПОТАТ. ...Да, охрабрено и зачестено, ФАКТ кој особено ме радува. И така дојдовме до тоа дереџе, најпрвин да ти ја земат душата, како велат, со памук, а отпосле, душебрижнички, ќе н èне ,,спасуваат“,,. И затоа, не ни го потценувајте интелектот МИНИСТЕРКЕ!!! Од која страна уште треба да затруби, да загрме ? Сите релеватни институции, организации, здруженија, секој еден вклучен инволвиран во образование... ......Каков УРНЕК сте Вие? Прв човек во образованието, не само недоблесен, туку , и најважно, без ден работа и емпириско во областа, за која длабоко се ,,залагате“,, и ЗАПЛЕТКУВАТЕ,. .Нема вадење од оваа ситуација, има само отчет и одговорност. Сте се запрашале ли некогаш , што во политиката толку го привлекува човекот, кој од неа прави своја ,,професија“,, и вие сте пример за тоа, правите се за да се издигнете над сите, со својата суета и самобендисаност!?. До каде ај сте со самокритика? Оти не Оти на поднесувате укажувања, забелешки, критики од научната и експертската фела, а најмногу се плашите од јавната расправа во Собранието. . Значи народски кажано имате ,,уплав“ ,, од народот, да Министерке, вие најмногу се плашите од зборот и судот на народот. Но, вие , со невидена политичка ароганција и самодонесената КОНЦЕПЦИЈА покажавте дека сте министер на Северна Кореја. И во иднина веве советуваме, преку вашите градоначалници, престанете со притисоците, ,,добронамерните“,, укажувања и заплашувања по нивното работно место. И, конечно, не ја оправдувајте Кконцепцијата со негубење на часови, знаеме што следи , и каков огромен кусок на часови ќе се јави, недоволен број на часови и крајно, што ви е, и ЦЕЛТА, бркање од работа. Но, нам , тоа не ни е болката, туку , укинување и фузирање на предмети, фундаметални за нашето постоење и опстојување. Па, отпосле , доаѓа грижата за „вендета“ (грижата за одмазда). Неодамна Ввашиот ментор, а и доброар уигран соработник во ова злодело ЗЗ, изјави дека имало премногу наставнички кадар, кој морал да се редуцира. Па, затоа , уште еднаш апелираме, повлечете се и оставете го образованието на образованите, на стручните и компетентните да изработат концепција за реформа со човекови, хумани и вистинити вредности со европски постулати, принципи и норми!. Вие како фина го одбравте „Финскиот“ модел, но откако видовте дека бевте фатена во замка, порекнаовте, но на очиглед на сите и со сведоштво ве предупредивме дека Иисторијата е задолжителна како таму у, и секаде. И оттаму каде и од таму, кај што мислите да удоволите и одработувате, ви удрија шлаканица, дека не е доволно да ја укинете Иисторијата, што од тоа и попогубно и нема. Значи ова нèе наведува на констатација на злосторство без преседан. Сè н. Се нèе упатува на тоа, и во историската комисија протнавте член, а и другите за несреќа потклекнаа, а со тоа го губат кредибилитетот не само кај колегите историчари, туку и кај народот воопшто. Се обидовте и за тоа, како и за ссèе друго да негирате дека придавката ,,македонски“ ,, останува во записниците. Не, останува само срамот и жигосување на сопствениот народ. Министерке, длабоко сте навлезена во предавство , заедно со вашиот ментор, и тој ,,човек треба да е свесен за тоа што од него самиот ќе стане“,, во политиката. Затоа што се „ ,, впуштате во игра со демонски с дијаболични сили, кои демнат од секоја моќ “.,,. Ќе дојде денот кога ќе ви се суди. Знаете, сèсе повеќе слушаме и гледаме страв, немаштија, безработица, закани, уцени, криминал, и луѓето со право велат, а што следи, се плашиме со што уште не ќе се ,,послужите“,,. Со што уште ќе нèе обезвреднувате и обезличувате, и најпосле, за повторно да имаме надеж дека ќе ве сопреме, а вие, повторно и повторно тоа да го осуетите и со сите методи да го спречите. Ние со вас сме во перманентна политичка и економска криза, и тоа е познат синдром на македонското политичко секојдневие, ние сме своевидна ,,Вајмарска република“.,,. И конечно, погрижете се за реалните проблеми на матурантите, кои вие ги креиравте, апстрахирајќи се од нивните потреби, наметнати од вашето актерство-дуо-трио, со повеќе слух и активизам, наместо со веќе препознатливи манири на лаги и манипулации. И вреди да ви се спомене. ....Инфра слободата се наоѓа на рамниште кое што се наоѓа под законот, на општественото ,,дно“ ,, меѓу скитниците, крадците и гангстерите. И да ви појасниме, гангстерската банда е како архаичен клан, ама исчистен од секој традиционален систем на прописи и забрани, кој јасно се воочува. Тука е во нашето секојдневно опкружување, демне отсекадеод секаде, на о НИЕ велиме, после најсилните молњи доаѓа виножито, ДА, неминовно, и јасно природно тежнеење на секој еден Македонец. Да не ни се повтори СДС, никогаш повеќе, да ги испратиме во ИСТОРИЈАТА, да јуришаме кон СЛОБОДАТА!!! Колумна на Мм-р Соња Цветковска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ni-go-potcenuvajte-intelektot-ministerke/feed/ 0
Цветковска: На кого ли сè уште му робуваме? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetkovska-na-kogo-li-se-ushte-mu-robuvame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetkovska-na-kogo-li-se-ushte-mu-robuvame/#respond Thu, 10 Dec 2020 08:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=441283

„Роди се човек - роб биди роди се човек - скот умри, скотски цел живот работи за други, туѓи имоти. За туѓи бели дворови копај си црни гробови!“ („Денови“ - Кочо Рацин) Со овие стихови м-р Соња Цветковска ја започнува својата колумна. Истата ви ја пренесуваме во продолжение: На кого ли само мислиме кога се идентификуваме? Постои ли низа на генетскиот код, во сржта на секој поединец или народ? Да, секако постои, и ни дава за ПРАВО да го чувствуваме и го пренесуваме истото на идните поколенија, да се поистоветуваме и овековечуваме со нашиот народ и да му се радуваме на мајчиниот - македонскиот јазик. Ајде да се образуваме, да го следиме трендот на духовните вредности, а не да збунуваме. За историската вистина ли? Нè потсетија од соседството на некоја дамнешна ,,историска вистина” која не стивнала туку само тлеела, а сега најде плодна почва повторно да избувне толку силно, оти НЕКОЈ што глуми одважен ПРЕМИЕР им дал за право, продолжително по Договорот и онака не сакајќи да си дојдат до ,,своето”. Значи на Истокот ништо ново! И кој ли сè уште се ГОРДЕЕ со ОДВАЖНИОТ? И сега главните актери за разнебитување до НЕГО, наводно реагираат. Што ли сега подготвуваат? Со кое право и овластување, решаваат за клучните национални прашања? Ваква пракса не Е вообичаена во историјата воопшто, вршење своевиден геноцид врз сопствениот народ и негово омаловажување пред целиот цивилизиран свет. Со неверување и чудо гледаат и од соседството и пошироко, мас-медиумите нашироко известуваат за погубничката политика на ИЗРОДНИКОТ. По сиот пустош што му го направија на својот народ, по сите предавства и отстапки, посегнаа и разградуваа по најсветото, вековното, традиционалното, културното и пред сè, со историското минато. Да потсетиме, по рушење на БАСТИЛЈА и првата Декларација за човекови права, од далечната 1789 година, почива Европа и се повикува на НЕА. Но, СДС изградија нова Бастилја, за сопствениот народ.  И згора на тоа не застануваат, продолжуваат секојдневно да преместуваат, разместуваат, подобни, неподобни, невидена пракса уште од минатиот век, методи од друг систем и време. Престанете, не ви соодејствуваат со НЕЛИ толку прокламирани европски вредности, и НИЕ сме за нив, но оние вистинските, бидејќи историски покажавме, доследност и принципиелност во носење на државнички одлуки, а тоа за СРЕЌА во овој период симпатично одекнува кај МАКЕДОНЕЦОТ. И истиот, Почитувани не попуштал, и опстојувал со векови, но трогателно е денес, сега во нашето опкружување и општење, секојдневно да се сретнуваме со ДЕРОГИРАЊЕ и понижување пред европската и светската јавност. Дали знаете воопшто во каква состојба го ставате народот? Впрочем вие како егзекутори на сопствениот народ, во незавидна состојба го ставате едукаторот на нашите деца, учителите, наставниците и професорите, кои секојдневно се соочуваат со непријатности кои вие му ги сторивте на воспитно-образовниот процес и се прашуваме по каков терк и методи ќе ги изготвувате допрва содржините од македонската национална историја и сите останати предмети засегнати со содржината од националното ткиво. За каква интерпетација на ИСТОРИЈА нè подготвувате, онаа на ПРЕДАВНИКОТ? Не, нашата историја е вдаховена и вткаена во секој еден од нас, со векови наназад и за тоа несомнено и едноставно не се дебатира. Македонското прашање е одамна затворено, со конституирање на македонската држава со сите свои атрибути и елементи. Зошто ЗЗ и СДС упорно го „отвораат“? Концепцијата во која се градеше македонската државотворност претставува последоветелност и издржаност, како во историските, така и во формално-правните услови. И во таа смисла се провлекува прашањето: Во што се изразува и врз кои историски и правнотеоретски презумции се пристапува во изградувањето на македонската државност? Па оттаму и апсурдноста за преговарање и договарање за основното, јазикот, идентитетот и историјата. Македонското прашање одамна се затвора како европско или балканско прашање, но со деструктивната и разорувачката  политика на ИЗРОДНИКОТ, повторно се актуелизира и за жал, ДЕРОГИРА. Но тоа е одлика на ХУНТА, веќе прифатен синоним за владеење на СДС. И како некогаш и сега, честопати се слуша и одекнува: До кога? Што понатаму? Граѓанин во сопствена држава, невидено, непознато, нечуено..., Свој на своето... Дали? Се чувствува страв, неизвесност, општа скапотија, сиромашија, згора на сè пандемија со која не знаат да се справат. Ја злоупотребуваат состојбата за економски пустош и грабеш, поткуп, масакр на државата по сите основи. Не залудно познатите максими велат „Ако сакате некоја земја да пропадне, помолете се во неа да има многу водачи“ или „Никогаш не ја потценувај моќта на човековата ГЛУПОСТ“! Па затоа, Македонија е пред ОДЛУКА, оваа политичка гарнитура мора да си замине, со немање на кредибилитет и визија не се прави политичка архитектура, не се трасира и зајакнува националното ТКИВО, не се заздравува и достоинствено чекори кон евроинтеграциите. Срам сте веќе за македонскиот народ, ги испишавте најцрните предавнички страници од нејзиното постоење. Градите „ЛИК“ на РАЗБОЈНИЦИ, каков пример сте за младите, до каде е „масовната култура“? Заев да престане да тргува со македонските национални интереси, трговијата му ја препуштаме на фирмата, на како што самиот милува да каже, на Заеви. Нека ги тргне канџите од Македонија, но во догледно време ќе биде суден и осуден за неа... Тоа е сè поизвесно! Веќе сме навикнати последниве 3-4 години  сите општествени збиднувања да се сомнителни, целата политичка гарнитура да е со немање кредибилитет и и истата продолжува со пракса да поставува несоодветни партиски кадри на високи државни функции, без соодветна стручност и компететност, па дури и со сомнителни дипломи, стекнати за нив познат начин. Одговорност мора да има! Нема да има амнезија! Злоделата мора да престанат! Таа порака се чувствува и очекува од народот... Доста збунувате... Одете си... „На кого ли сè уште му робуваме“???]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cvetkovska-na-kogo-li-se-ushte-mu-robuvame/feed/ 0
Колумна на Соња Цветковска: Илинден ,,Ода за слободољубивите” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-sonja-cvetkovska-ilinden-oda-za-slobodoljubivite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-sonja-cvetkovska-ilinden-oda-za-slobodoljubivite/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=385753

Илинденската ЕПОПЕЈА несомнено претставува ЗАВЕТ на идните генерации и поколенија. Дејствувањето и пожртвованоста на плејада на АПОСТОЛИТЕ се составен дел на колективната свест, семакедонски дух, кој ги напојуваше и мотивираше генерациите во борбата за слобода и за создавање на сопствена држава. Зошто Илинден е симбол на непокорот? И зошто сè уште одекнува ,,За тебе земјо таткова, за тебе мечто Делчева...За тебе првенче октомвриско“, ,,Кон татковината” - Гане Тодоровски. И зошто факелите на слободата на Илинденците беа носени од прогресивните македонски генерации? Револуционерните движења на балканските и европските народи во текот на целиот 19 век влијаеја врз револуционизирањето на веќе организационо оформено, македонско национално-ослободително движење. И оттука се бележи и овековечува активноста на истакнати дејци на МРО, Македонската револуционерна организација: Даме Груев, Петар-Поп Арсов, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Узунов, Питу Гули, Димо Хаџи Димов, Никола Карев и многу други. Појдовна основа на изградувањето на концептот за создавањето на самостојна и независна македонска држава тргнува од настојувањето Македонија да се ослободи од многувековната османлиска власт и да се сочува од завојувачката политичка агресија на соседните балкански држави. Тука јасно Организацијата се бори да се спречи уништувањето на македонскиот национален ИДЕНТИТЕТ. И затоа ВМРО постојано ги нагласува идејните поставки дека балканскиот национализам може да се спречи со тоа што Македонија ќе стане самостојна држава. Се сметало дека на тој начин ќе се спречи борбата на балканските држави околу поделбата на Македонија, која постојано води во конфликти ,,кои треба да започнат со војна и со војна да завршат, а и завршуваат пак со војна и вечно со војна...”. Ова не потсетува за жал на историските императиви ,,Буре барут”, или ,,Јаболко на раздорот”, но првин треба да се извојува победа над ,,Болниот на Босфор”! И така се испиша ПАТОКАЗ за самопрегорност, за индивидуалност,  на национално и социјално ослободување од Тиранијата и пред сè извојување на самостојно ДЕЛО. Тоа се огледа и во револуционерните акти што произлегоа од Илинденското востание и покажа пред тогашна меѓународна заедница дека се работи за македонското ослободително движење, кое се стреми со сопствени сили да извојува слобода и создаде сопствена држава. Оттаму и големата поддршка од големите умови, со посебен пиетет и восхит гледале на подвизите на Илинденците... на Херојството... на Саможртвата..., но упатиле и жестоки реакции по репресиите кои уследиле по задушување на Илинденското востание, и тоа Максим Горки, Лав Толстој, Артур Еванс и други. И затоа за НАВЕК ќе се одбележува ИЛИНДЕН и неговиот највисок ДОСТРЕЛ, Крушевската република. Длабоко ќе остане врежано во македонската свест и националната историја за македонската револуција од 1903 година и изградувањето на политички облици на новата држава, со сите свои атрибути, ,,ДЕ ФАКТО”. По ослободувањето на Крушево, Горското Началство, свикува Собор од највидни граѓани на кој присуствувале 60 делегати од сите националности, и е избрано Преставничко тело - Времена влада од сите националности. Тука на ДЕЛО се гледа и суштинската вредност на Прогласот упатен до народот, доаѓаат до израз европските визии и вредности, практично Организацијата и востаниците оделе далеку пред своето време, за соживот и заедништво. ,,Елате браќа муслимани, да тргнеме против нашите и вашите душмани. Елате под БАЈРАКОТ на автономна Македонија. Македонија е наша заедничка мајка и вика на помош! Извадок од Крушевскиот манифест! Годинава на 2 Август одбележуваме 117 години од Илинденското востание, достојни за почитување и продолжување на традицијата, да се поклониме пред спомениците на великаните и да го пренесеме нивниот аманет на поколенијата и да не дозволиме ФАКЕЛОТ да изгасне.   м-р Соња Цветковска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-sonja-cvetkovska-ilinden-oda-za-slobodoljubivite/feed/ 0
Колумна на Соња Цветковска: ДЕНОВИ НА ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-sonja-cvetkovska-denovi-na-tragedija-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-sonja-cvetkovska-denovi-na-tragedija-vo-kumanovo/#respond Sat, 11 Apr 2020 09:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=330554

Куманово, познато по интернационалната манифестација „Денови на комедијата“, овие денови го менува својот статус во „Денови на трагедија“. И ако насловот звучи трагично и има потпора во моменталната состојба со пандемијата на вирусот, болеста и огромните лични и колективни последици, не се тема на овој текст. Имено, откако се тргна од политичката сцена главниот комедијант Зоран Заев го заменија двајца нови актери од истата актерска група, а и двајцата значајни лица особено за граѓаните на Куманово. Мислам дека ги препознавате, но сепак да ги споменам со нивните имиња и титули тех.премиер на Владата на Македонија, Оливер Спасовски и Градоначалникот на една од најголемите општини во Македонија, Максим Димитриевски. Двајцата овие денови ја забавуваат, а и оптоваруваат јавноста, со своите настапи, а врз основа на сценарио напишано за евтин трилер филм. Кога ги следиме нивните постапки и изјави, принудени сме, бидејќи политичката продукција Северна ни ги нуди во сите облици на медиумско покривање, да имаме впечаток дека тие не се од иста партија и актерска група, не живееат и творат во ист град. Нивните препукувања и постапки наликуваат како да се од различни држави. Во воведот на оваа драма е позицијата на целата актерска трупа на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија пред распишување на изборите во февруари и нивниот престанок на ангажман од страна на граѓаните. евидентно прикажано во рејтингот и односот на граѓаните кон нивното неспособно, криминално и на моменти нацистичко владеење. Заплетот се зголемува со доаѓањето на сцената на вирусот КОВИД-19, инаку за неговото постоење се знаеше уште од јануари и беше алармирано од страна на СЗО за можност за негово раширување. Зафатени со подготовката на изборите, неспособноста на оваа влада, особено на министерот за здравство и неговиот тим, чија задача меѓу другото, е и да предвидува секаков тип на сценарија и да го подготвува и превенира здраствениот систем за вакви состојби,  нашите граѓани, а особено здраствените работници, ги оставија сами и незаштитени. Па така,  наведениот министер за здравство моментално изигрува наратор на оваа драма и единствена корист од него моментално имаме што секој ден ни ги дава статистичките податоци за состојбата, а медицинскиот персонал, кој е на првата линија на фронтот моли за најосновни заштитни средства. Кога сме кај фронтот тука е и министерката за одбрана која секојдневно од личниот фундус ги вади најскапите парчиња гардероба додека не замајува дека Армијата е снабдена со неопходни реквизити, а сите знаеме дека припадниците на Армијата сами си ја крпат униформата, немаат заштитна опрема, и се фали со поставување на шатори кои се донирани пред таа да помисли дека има можност да биде Министер за Одбрана. Но, да се вратиме на главните актери на драмата која највеќе ги заинтригрира кумановци, техничкиот премиер Оливер Спасовски (во понатамошниот текст Оливер) и градоначелникот на Куманово (во понатамошниот текст Максим) во последните денови отворија меѓусебна дебата со напади и одбрани. Во ред, во демократско општество е дозволено и пожелно такво однесување, но ако ја простудирате фразеологијата на дебатата ќе почне да ви се отвара заплетот на драмата. Имено Оливер по, а не пред прогласување на засилениот полициски час во Куманово, даде исказ дека поради недисциплираното однесување на граѓаните во Куманово морало веднаш да се затвори градот. Е тука влегува граѓанинот на сцена, тој е  „осомничен“ дека е виновен. Браво Оливер, со својата неспособност успеа најпосле да го најдете осомничениот. Не беше толку способен за Катица, Боки, наместени тендери за возила, незаконити тендери за патни исправи, шамарање на полицајци при вршење на службена должност, криење на податоци за откриен т.е. неоткриен криминал, но за обичниот граѓанин ја покажа целата своја способност. И сега, како во секој Холивудски филм, го ставаме граѓанинот на столица во затворена просторија, или држава, и се појавуваат лошиот полицаец, и стварно беше лош па макар прв полицаец, Оливер и добриот полицаец Максим. Оливер со строги мерки и заканување за уште построги мерки продолжува да го заплашува граѓанинот, а Максим како добар полицаец го брани и застанува на негова страна. Целта на вакви филмски испрашувања е секогаш осомничениот да ја признае својата вина. Значи граѓанинот мора да признае дека тој е крив за ширење на оваа болест и по можност, а да му ја ублажат казната подобро е да признае и дека тој, граѓанинот на Куманово е крив и за пандемијата. Нормално по ваков расплет следува антиклимакс во кој Оливер и Максим пак ќе си бидат другарчиња. Како што е познато кога почнува војната вистината прва умира. Ваков епилог нужно следува бидејќи и двајцата имаат исти политички интереси и исти, а можеби и заеднички, финансиски интереси. Конклузија на предходнотото: ВРАНА НА ВРАНА ОЧИ НЕ ВАДИ! За остварените финансиски интереси со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и со апсолутно владеење на правото и почитување на законите лесно ќе се расчисти, но со остварување на политичките интереси на било која горенаведена личност за жал ќе се справуваме со години. Сето оваа можеби не би било толку болно и би останало локално да не беше мизасценска проба за целата држава. Сега, покрај признанието за ,,вина’’ за вирусот,  од сите граѓани ќе бараат признание на вината за неспособност на здраствениот систем, недостаток на заштитни средства, пропаст на економијата, затворање на производството, отпуштање на вработените, како и долгорочните последици во образованието, трговијата, услугите и психозата што ја трпиме. За да ја сокрие неспособноста и да ја смени реалната состојба оваа власт се обидува на секој начин да ја смени перцепцијата за состојбата. Значи не е крива неспособноста на оваа власт за спречување и справување со кризата туку  граѓанинот е ,,крив“. Остана уште нешто за размислување. Каде одат парите? Почитувани, ЧУВАЈТЕ си го сопственото здравје и здравјето на сите и нотирајте како публика во следните епизоди на оваа фарса, што ја игра оваа актерска екипа, што ја нарекуваме власт на чело со Оливер Спасовски, СДС  и многубројните локални шерифи. Доаѓа подобро утре, сигурно е тоа, само силно и достоинствено сите заедно ќе го пребродиме и овој предизвик, моите Кумановчани досега го покажаа тоа. Куманово не заборава.....Куманово ќе се препороди и тоа набргу, ВЕРУВАЈТЕ!   Колумна на м-р по европски политички систем и безбедноста  Соња Цветковска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-sonja-cvetkovska-denovi-na-tragedija-vo-kumanovo/feed/ 0