Сонот на облачето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 06:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сонот на облачето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Сонот на облачето“ – Интернационален детски фестивал на театар на сенки во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonot-na-oblacheto-internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki-vo-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonot-na-oblacheto-internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki-vo-mkc/#respond Wed, 08 Jun 2022 06:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=688094

На второт ден од Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ кој се одржува во МКЦ, за вечер со почеток во 18 часот е најавена работилница на тема  „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски. Како што информираат од „Shadow Puppet Theater Shadows and Clouds“, на работилницата преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки, децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Потоа со почеток од 19:30 часот вторпат во Скопје гостува театарот „Le Studio“ од Србија со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на платото пред МКЦ во 20:15 часот од страна на Театар „Сенки и облаци”. Последната фестивалска вечер ќе започне во 18 часот со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат уникатна можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ во 19:00 часот од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”. Интересна приказна за Старо Купувам, девојчето Сара и еден старински часовник кој пак чука во некое си чудно време, два пати тик, еднаш так! Чие ли време покажува тој? За да дознае, Сара заминува на незамислива авантура, а по пат ќе си најде новo другарче. Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, “Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика. Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, кој со поддршка од Министерството за култура на С.Р.М., Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје ќе ѝ овозможат на најмладата публика да ужива во несекојдневните спектакли со сенки. Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување. Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 250 денари, како и онлајн на https://bileti.mkc.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonot-na-oblacheto-internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki-vo-mkc/feed/ 0
Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/detski-festival-na-teatar-na-senki-sonot-na-oblacheto-vo-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/detski-festival-na-teatar-na-senki-sonot-na-oblacheto-vo-mkc/#respond Mon, 06 Jun 2022 05:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=687048

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Во рамки на фестивалот децата ќе имаат можност да погледнат меѓународни претстави со сенки. Како што е најавено, фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера. „Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон. Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори. Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”. -Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот. Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учествот о на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/detski-festival-na-teatar-na-senki-sonot-na-oblacheto-vo-mkc/feed/ 0
Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki-sonot-na-oblacheto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki-sonot-na-oblacheto/#respond Mon, 25 Nov 2019 07:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=268597

Со изведба на шпанската претстава „Светлосни години” вечер во 19:30 часот во киното Фросина во Младинскиот културен центар ќе биде отворен 7.Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето”. Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, фестивалот „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас, што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, истакнуваат од Театарот „Сенки и облаци”, кој е организатор на Фестивалот. Во продолжение на фестивалското издание, утре 18 часот, најпрво ќе биде прикажан анимираниот филм со сенки „Црна школа” – проект на младиот Фабијан Штроебер од Германија, кој по проекцијата ќе одржи презентација за креативниот процес на изработка на анимацијата. Веднаш потоа, со почеток од 19:30ч по втор пат во Скопје гостуваат Cia Quase Cinema од Бразил, овој пат со нивната најнова претстава „Циркус анимус”. Последната фестивалска вечер на 27 ноември, ќе ја одбележи изведбата на претставата „Алиса и чудата“ во 19:30 часот од Театарот „Сенки и облаци”. Во текот на фестивалот ќе биде одржана и бесплатна работилница со Cia Quase Cinema и Бразилскиот културен центар. Ќе биде поставена и изложба на традиционални кинески кукли за театар на сенки изложени во умешно изработената сценографија од страна на дечињата кои ја посетија работилницата за вешто сечење хартија под водство на Институт „Конфуциј” при УКИМ и Театар „Сенки и облаци”. Во фоајето на МКЦ ќе биде поставена инсталацијата „Облаче за секое дете”, продажна изложба на светлосни објекти за кои инспирација се небото, облаците и детската слобода. Делата се креирани од реупотребени материјали во рамките на ХОПС, а средствата собрани од продажбата се наменти за децата со кои ХОПС соработува. Билетите за Фестивалот се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари, како и онлајн на https://bileti.mkc.mk/.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki-sonot-na-oblacheto/feed/ 0