сообраќајка кај Млечен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Feb 2021 13:35:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сообраќајка кај Млечен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уважена жалбата на ОЈО Скопје за условната осуда за сообраќајката кај Млечен ресторан, осудениот доби две години затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uvazena-zalbata-na-ojo-skopje-za-uslovnata-osuda-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-restoran-osudeniot-dobi-dve-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uvazena-zalbata-na-ojo-skopje-za-uslovnata-osuda-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-restoran-osudeniot-dobi-dve-godini-zatvor/#respond Wed, 10 Feb 2021 13:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=466822

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан, која се случи во октомври 2018 година и ја преиначи условната казна со казна од две години затвор. Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот кој беше огласен за виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ му изрече ефективна казна затвор во траење од две години, како и забрана за управување со моторно возило од Б-категорија во траење од две години, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење, информираат од ЈО.  Оттаму додаваат дека против првостепената пресуда во овој предмет жалба вложила и оштетената, но била отфрлена како недозволена. Апелациониот суд во целост ја анализираше утврдената фактичка состојба во предметот. Притоа со донесената пресуда оцени дека во конкретниот случај постои правилна примена на материјалното право, со оглед на тоа што во дејствијата на обвинетиот прецизно се опишани елементите на кривичното дело кое му се ставаше на товар со поднесеното обвинение и за кое обвинетиот беше огласен за виновен со првостепената пресуда, соопштуваат од ЈО.  Ценејќи ја, пак, одлуката за кривичната санкција, Апелациониот суд ги прифатил наводите на Основното јавно обвинителство Скопје, потврдени и со писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности и дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената алтернативна мерка – условна осуда. Од тие причини Апелациониот суд донел одлука да ја преиначи првостепената пресуда во овој предмет во делот на кривичната санкција, притоа оценувајќи дека затворска казна од две години и двегодишна забрана за управување со автомобил се адекватни на тежината на стореното кривично дело и ќе претставуваат адекватен општествен прекор за преземените противправни дејствија.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uvazena-zalbata-na-ojo-skopje-za-uslovnata-osuda-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-restoran-osudeniot-dobi-dve-godini-zatvor/feed/ 0
Апелација ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен- еве каква казна доби возачот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-preinachi-kaznata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-eve-kakva-kazna-dobi-vozachot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-preinachi-kaznata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-eve-kakva-kazna-dobi-vozachot/#respond Tue, 09 Feb 2021 19:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=466487

Апелациониот суд ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен ресторан и одлучи Васил Чорбаџиев да оди две години и два месеци во затвор. Исто така доби и забрана да управува со возило. Станува збор за сообраќајната несреќа од октомври пред две години што ја предизвика Чорбаџиев кога со неговиот автомобил преминал преку две полни ленти, вртејќи во забранет правец. Во сообраќајката загина, Гоце Димитриевски кој во тој момент управувал со мотор. Неговата сопруга Наташа се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Лани во септември, првостепениот суд го осуди Чорбаџиев на условна казна што предизвика револт кај роднините на жртвите и кај целата јавност. Пет месеци подоцна Апелација ја преиначи првостепената пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-preinachi-kaznata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-eve-kakva-kazna-dobi-vozachot/feed/ 0
ВИДЕО: Наташа Димитриевска ја започна правната битка за сообраќајката кај „Млечен“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-natasha-dimitrievska-ja-zapochna-pravnata-bitka-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-natasha-dimitrievska-ja-zapochna-pravnata-bitka-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen/#respond Mon, 07 Sep 2020 12:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=400192

Сопругата на починатиот Гоце Димитриевски незадоволна од условната казна за возачот кој ја предизвика несреќата кај Млечен а во која загина нејзиниот сопруг, Наташа Димитриевска поднесе претставка до Судски совет. Одлуката на судијата ја нарече пристрасна и додаде дека воопшто не се ценеле доказите. Според Димитриевска, возачот на џипот кој удрил во нив додека се возеле на моторот, живеел во близина на несреќата па најверојатно пракса му било да преминува преку двете полни линии иако било забрането свртувањето. Со претставка, Димитриевска ќе се обрати и до Советот на јавни обвинители со која ќе бара преиспитување на постапувањето на обвинителката која го водела предметот. Во меѓувреме, од Обвинителството најавија дека по приемот на пресудата во писмен формат, ќе вложат жалба на пресудата. Во петокот Основниот кривичен досуди условна казна за 64 годишниот возач кој удри во Гоце и Наташа а претходно признал вина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-natasha-dimitrievska-ja-zapochna-pravnata-bitka-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на пресудата за сообраќајката кај Млечен: Тоа е сликата за судството на Заев, дали се штити локален моќник? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-revizija-na-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-toa-e-slikata-za-sudstvoto-na-zaev-dali-se-shtiti-lokalen-mokjnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-revizija-na-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-toa-e-slikata-za-sudstvoto-na-zaev-dali-se-shtiti-lokalen-mokjnik/#respond Sat, 05 Sep 2020 11:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=399569

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт. „Со автомобил џип преку две полни линии се уби човек и неродено бебе и за тоа доби само условна казна. Тоа е еклатантен пример за неправда на судството на Заев за кој препознатлив бренд се Луј Витон чантите и рекетот. Тоа е сликата за судството на Заев. Истото тоа судство амнестира криминал на мафијата на Заев и создава неправди. Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана? Што треба да се случи власта да престане да ги штити судиите кои не испорачуваат казни и да диригира пресуди“- порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-revizija-na-presudata-za-soobrakjajkata-kaj-mlechen-toa-e-slikata-za-sudstvoto-na-zaev-dali-se-shtiti-lokalen-mokjnik/feed/ 0