сообраќајки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Jan 2023 11:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сообраќајки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На новогодишната ноќ: 16 сообраќајни несреќи, 10 кривични дела, 4 тешки кражби… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-novogodishnata-nokj-16-soobrakjajni-nesrekji-10-krivichni-dela-4-teshki-krazbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-novogodishnata-nokj-16-soobrakjajni-nesrekji-10-krivichni-dela-4-teshki-krazbi/#respond Sun, 01 Jan 2023 11:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=783001

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Им благодарам на сите граѓани кои прославуваа одговорно и придонесоа новогодишната ноќ да мине онака како што апелиравме и посакувавме, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на првиот ден од 2023 година, при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец. Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани. -Во текот на ноќта, имаме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имаме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15. Имаме прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, вкупно осум и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени. Ако споредиме со минатата година, тоа е намалување 30 проценти на вкупно пријавени настани, истакна Спасовски. Тој посочи дека најголем број настани биле пријавени во Скопје, потоа следи Охрид. Во другите градови има многу малку пријавени случаи, а во Велес нема ниту една пријава.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-novogodishnata-nokj-16-soobrakjajni-nesrekji-10-krivichni-dela-4-teshki-krazbi/feed/ 0
ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО: Минатата година 116 лица го загубија животот во сообраќајни несреќи во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozete-odgovorno-minatata-godina-116-lica-go-zagubija-zivotot-vo-soobrakjajni-nesrekji-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozete-odgovorno-minatata-godina-116-lica-go-zagubija-zivotot-vo-soobrakjajni-nesrekji-vo-makedonija/#respond Sun, 20 Nov 2022 09:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=763646

Секоја година, третата недела од ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Овој ден е посветен на милионите загинати или повредени во сообраќајни несреќи на светските патишта и на членовите на нивните семејства, како и на сите оние кои се соочуваат со физички или психички последици од сообраќајни незгоди. Овој ден се одбележува од 1993 год., а во 2005 година ООН го прогласи за светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември. Многу релевантни институции и организации од целиот свет работат напорно на подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди со цел да се намали бројот на загинати и повредени. Во Република Македонија, минатата година, 116 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Жртвите и повредите на патиштата се ненадејни и трауматски настани чие влијание е долготрајно. Годишно, во светот, околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Покрај ова, последиците од ваквите незгоди дополнително директно влијаат врз животите на уште најмалку четворица од околината на секоја жртва во сообраќајна незгода. Оттаму, овој ден има за цел да ја потсети јавноста на лицата кои настрадале во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди. Затоа РСБСП упатува апел: „Да ја поттикнеме свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, а со тоа и за намалување на сообраќајните незгоди, со што ќе се намали и бројот на загинати и повредени лица! СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА!“  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozete-odgovorno-minatata-godina-116-lica-go-zagubija-zivotot-vo-soobrakjajni-nesrekji-vo-makedonija/feed/ 0
Две тешки сообраќајни несреќи на првиот ден од Велигден во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-teshki-soobrakjajni-nesrekji-na-prviot-den-od-veligden-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-teshki-soobrakjajni-nesrekji-na-prviot-den-od-veligden-vo-makedonija/#respond Mon, 25 Apr 2022 11:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=667573

На 24.04.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Маркс Енгелсова“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(46).од Струга и мотоцикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Х.П.(25) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди со здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга. На 24.04.2022 во 09.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“, ул.„Младинска“ во Струмица, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(68) од Струмица, удрило во З.Ј.(65) од Струмица. Во несреќата. З.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-teshki-soobrakjajni-nesrekji-na-prviot-den-od-veligden-vo-makedonija/feed/ 0
Поради диви животни: Три сообраќајки деновиве на автопатот Тетово- Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poradi-divi-zivotni-tri-soobrakjajki-denovive-na-avtopatot-tetovo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poradi-divi-zivotni-tri-soobrakjajki-denovive-na-avtopatot-tetovo-skopje/#respond Tue, 30 Nov 2021 16:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=602095

Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни. Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе. – Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат на коловозот и да ја доведат во прашање безбедноста на сообраќајот. При тоа, кучињата скитници и годинава се најголемите предизвикувачи на ваков вид несреќи (48), а чиј вкупен број на тетовското подрачје досега изнесувал 58. Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и до ловечките друштва во рамките на нивните надлежности да преземат соодветни мерки околу дивечот, со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Во текот на годината има вкупно шест случаи на незгоди во кои биле прегазени диви прасиња, а има и примери со зајци, мачки и една мечка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poradi-divi-zivotni-tri-soobrakjajki-denovive-na-avtopatot-tetovo-skopje/feed/ 0
ВИДЕО: Избегнати три сообраќајки – возач вози во спротивен правец пред Свети Николе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-izbegnati-tri-soobrakjajki-vozach-vozi-vo-sprotiven-pravec-pred-sveti-nikole/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-izbegnati-tri-soobrakjajki-vozach-vozi-vo-sprotiven-pravec-pred-sveti-nikole/#respond Sat, 08 Aug 2020 11:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=388051

Вистинска среќа имале неколку возачи кои вчера случајно се нашле на патот Кадрифаково – Свети Николе избегнувајќи сообраќајна несреќа, откако возач од непознати причини со автомобилот постојано се движел во лентата за спротивната насока. Како што пренесе СИТЕЛ, заедно со регистарската табличка на автомобилот, за неполни 15 минути биле избегнати три сообраќајни несреќи. „Пред неполн час на патот Кадрифаково - Свети Николе за неполни 15 минути за среќа беа избегнати 3 страшни сообраќајки. Велам за среќа бидејќи возачите во спротивна насока излегоа надвор од пат за да не се удрат. Дали среќата го послужила шоферот и наредниот период не знам. Она што го знам е дека и по пријава во полиција никој не се појави до моментот кога мојот пат и патот на совесниот шофер од сликите и видеото во линкот подолу се разделија. Дали по страшната сообраќајка на ист начин од пред недела дена кога имаше и загинати лекцијата не се научи?“ – пишува нивниот читател кој го испрати ова видео. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-izbegnati-tri-soobrakjajki-vozach-vozi-vo-sprotiven-pravec-pred-sveti-nikole/feed/ 0
Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najchesti-prichini-za-soobrakjajni-nezgodi-vo-koi-stradaat-mladite-vozachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najchesti-prichini-za-soobrakjajni-nezgodi-vo-koi-stradaat-mladite-vozachi/#respond Tue, 26 May 2020 09:14:12 +0000 https://kurir.mk/?p=350269

Според податоците на СЗО годишно во светот околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека 1100 млади лица на возраст до 25 години секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди ширум светот. Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години а втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 25 години. Имајки ги во предвид наведените факти со право можеме да кажеме дека сообраќајните незгоди се црната чума на 21 век. Според светските искуства и резултатите од истражувањата на релевантни меѓународни организации најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи се: 1. Возачко неискуство. Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода е највисок во првата година по добивањето на возачката дозвола. Затоа и покрај добивањето на возачката дозвола родителите имаат родителска обврска да им обезбедат на младите возачите најмалку 30 до 50 часа надгледувана пракса на возење во текот на најмалку шест месеци од добивањето на возачката дозвола. Праксата треба да се реализира на различни патишта, во различни периоди од денот и во различни временски услови и услови во сообраќајот. Практичната обука треба да опфати и активности за постојано скенирање на потенцијалните опасности вклучувајќи и други возила, велосипедистите и пешаците. 2. Недоволна созреаност и слаб карактер. Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода се зголемува кога младите возачи возат млади сопатници во возилото. Притоа колку е поголем бројот на сопатници во возилото толку е поголем и ризикот. Согласно тоа, се препорачува на младите возачи да го намалат бројот на млади сопатници во возилото на 0 или еден. Почитување на ова прeпорака е особено важна во прите 6 месеци по добивањето на возачката дозвола. 3. Неискуство во ноќно возење. Ноќното возење е опасност за сите возрасни групи. Фатлни сообраќајни незгоди се случуваат најчесто во вечерните часови, но ризикот е многу поголем за младите и неискусни возачи. Според ЗБСП, младите возачи – возачите почетници не смеат да возат после 23 часот до 5 часот наутро, во првите две години по стекнувањето на возачката дозвола без придружба на возрасно лице над 25 години кое поседува возачка дозвола од соодветната категорија и на кое не му е изречена забрана за управување на моторно возило. Токму затоа, пораката до младите возачи, до возачите почетници, е да се почитуваат законските ограничувања и да се вежба ноќно возење во придружба на искусен возач во вечерно време пред да започнат самостојно да возат во ноќни услови. 4. Некористење појас. Основната превенција од смртни случаи во сообраќајни незгоди е користењето на сигурносен појас. Истражувањата покажуваат дека младите возачи и сопатници најмалку користат сигурносен појас. Затоа секогаш користете појас и барајте од своите сопатници секогаш, задолжително да користат сигурносен појас на секое патување. Ова е основен чекор за намалување на ризикот на младите да бидат лошо повредени при сообраќајни незгоди. 5. Рассеано возење и нефокусираност. Нефокусираноста, рассеаноста, невнимателноста – го зголемува ризикот кај младиот возач да предизвика сообраќајна незгода. Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон и возат под одвлечено внимание. Согласно тоа, советот до младите возачи е: Не преземајте активности кои може да ви го одземат вниманието додека возете, како што се зборување на мобилен телефон, испраќање порака, јадење, или играње со радиото. Последиците од нефокусирано, рассеано возење -најчесто се фатални. 6. Замор. Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување на илјадници сообраќајни незгоди секоја година. Младите се најмногу поспани во утринските часови или касно во ноќта. Затоа, планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возете. Никогаш немојте да си препишувате големи цели и не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот. 7. Несовесно возење. Истражувањата покажуваат дека кај младите недостасува искуство за правилно расудување и зрелост за да се проценат ризичните ситуации. Младите се повеќе склони кон преземање ризик, помалку држат безбедно растојание помеѓу возилата, возат слалом, неправилно престигнуваат, помалку се стрпливи и помалку се толрантни во сообраќајот. За помалку несакани ситуации на патиштата, младите возачи треба да бидат совесни и одговорни возачи и секогаш да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 8. Брзо возење и алкохол. Брзината и алкохолот изнудуваат грешки кои најчесто завршуваат со фатални последици. Возач – почетник не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат. Возачот почетник кој поседува возачка дозвола од „Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати. Толеранцијата, дозволена количина на алкохол во крвта кај возач почетник е еднаква на нула. Брзото возење и алкохолот се најчести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и никогаш не возете под дејство на алкохол. РСБСП со апел: Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорното однесување во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najchesti-prichini-za-soobrakjajni-nezgodi-vo-koi-stradaat-mladite-vozachi/feed/ 0
За продолжениот викенд во Скопје имало 45 сообраќајки, 21 лице повредено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-prodolzeniot-vikend-vo-skopje-imalo-45-soobrakjajki-21-lice-povredeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-prodolzeniot-vikend-vo-skopje-imalo-45-soobrakjajki-21-lice-povredeno/#respond Wed, 08 Jan 2020 08:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=286694

Во 15 од вкупно 45 сообраќајки што се регистрирани од 3-ти до 7-ми месецов во Скопје се повредени 21 лице, а во 30 била причинета материјална штета. Од СВР Скопје за МИА информираат дека сообраќајната полиција во овој период исклучила од сообраќај вкупно 27 возачи, од кои еден го управувал возилото под дејство на алкохол, а 16 возачи немале право да управуваат моторно возило. Десет возачи управувале нерегистрирани возила. Санкционирани биле и девет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, а еден возач неправилно престигнувал. Специјалното возило „пајак“ подигнало 72 возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-prodolzeniot-vikend-vo-skopje-imalo-45-soobrakjajki-21-lice-povredeno/feed/ 0
Дваесет и три лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvaeset-i-tri-lica-polesno-povredeni-vo-soobrakjajki-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvaeset-i-tri-lica-polesno-povredeni-vo-soobrakjajki-vo-skopje/#respond Mon, 30 Dec 2019 08:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=283698

Дваесет и три лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 29 сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, осум пред да се стекнат со дозвола за управување моторно возило и пет нерегистрирани моторни возила. Со специјалното возило пајак подигнати се 124 возила. Казнети се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvaeset-i-tri-lica-polesno-povredeni-vo-soobrakjajki-vo-skopje/feed/ 0
Едно лице потешко, а девет полесно повредени вчера во сообраќајки во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edno-lice-poteshko-a-devet-polesno-povredeni-vchera-vo-soobrakjajki-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edno-lice-poteshko-a-devet-polesno-povredeni-vchera-vo-soobrakjajki-vo-skopje/#respond Wed, 30 Oct 2019 07:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=257660

Еден возач на патничко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучени се 22 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум возила кои биле нерегистрирани. За непрописно паркирање биле издадени 90 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 86 возила. Казнети се и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, двајца возачи кои не дале првенствно на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за некористење на заштитен шлем на вел. со мотор, мопед и мотоцикл, шест возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и седум возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторни возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edno-lice-poteshko-a-devet-polesno-povredeni-vchera-vo-soobrakjajki-vo-skopje/feed/ 0
Во Скопје 12 сообраќајки за еден ден- пешак тешко повреден, 6 лица со полесни повреди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-12-soobrakjajki-za-eden-den-peshak-teshko-povreden-6-lica-so-polesni-povredi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-12-soobrakjajki-za-eden-den-peshak-teshko-povreden-6-lica-so-polesni-povredi/#respond Fri, 27 Sep 2019 08:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=245174

Пешак бил тешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во пет била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 36 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај исклучила четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, како и две технички неисправни возила и 18 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и девет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, пет возачи за неносење сигурносен појас, како и девет возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле. Вчера санкционирани биле и 13 пешаци кои поминале коловоз подалеку од пешачкиот премин и еден пешак кој поминал на црвено светло. Санкционирани се и двајца возачи на мотор, мотоцикл и мопед кои не носеле заштитен шлем. Затекнати биле 91 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 82 возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-12-soobrakjajki-za-eden-den-peshak-teshko-povreden-6-lica-so-polesni-povredi/feed/ 0