сообраќајни несреќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 19:37:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сообраќајни несреќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Самит на 100 нации за борба против смртните случаи во сообраќајни несреќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-100-natsii-za-borba-protiv-smrtnite-sluchai-vo-soobrakajni-nesreki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-100-natsii-za-borba-protiv-smrtnite-sluchai-vo-soobrakajni-nesreki/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849849

Шефовите на националните агенции за безбедност на патиштата од околу сто земји ќе се состанат неделава во Стокхолм на инаугуративниот глобален Самит за безбедност на патиштата, чија цел е да се справи со злото од смртни случаи и повреди во сообраќајни несреќи ширум светот. Самитот, што ќе се одржува два дена почнувајќи на 28 јуни, ќе поттикне активности за исполнување на глобалната цел за намалување бројот на смртни случаи и повредени во сообраќајки за половина до 2030 година. Оваа цел е поставена во Декадата на Обединетите нации за акција за безбедност на патиштата 2021-30. Се проценува дека сообраќајните несреќи убиваат повеќе од 1,3 милиони луѓе секоја година, со девет од десет смртни случаи во земјите со низок и среден приход. Според СЗО, сообраќајните несреќи остануваат водечка причина за смрт кај децата и младите на возраст од пет до 29 години во светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-100-natsii-za-borba-protiv-smrtnite-sluchai-vo-soobrakajni-nesreki/feed/ 0
Младо момче и жена загинаа во две одвоени сообраќајки во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlado-momche-i-zhena-zaginaa-vo-dve-odvoeni-soobrakajki-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlado-momche-i-zhena-zaginaa-vo-dve-odvoeni-soobrakajki-vo-makedonija/#respond Sun, 14 May 2023 10:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=833990

Две лица ги загубија животите, а едно е тешко повредено во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случија во земјата. Како што информира МВР, 44 годишна жена од виничкото село Градец загина во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај селото Владевци. Во несреќата учествувале автомобил „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Т.(18) од с.Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани. -На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од с.Градец, виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица, велат од МВР. Втората сообраќајна несреќа со смртни последици се случила синоќа околу 00:50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта. -А.О.(21) од с.Велешта, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга, информира МВР. Во двете несреќи увид извршиле јавни обвинители и полициски екипи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlado-momche-i-zhena-zaginaa-vo-dve-odvoeni-soobrakajki-vo-makedonija/feed/ 0
За два дена, две жртви – СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-dena-dve-zrtvi-svr-shtip-so-apel-do-uchesnicite-vo-soobrakjajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-dena-dve-zrtvi-svr-shtip-so-apel-do-uchesnicite-vo-soobrakjajot/#respond Tue, 03 Jan 2023 13:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=783545

За само два дена од Новата 2023 година на подрачјето на Полициската станица-Штип во сообраќајни несреќи загинаа две лица. На првиот ден од Новата година загина 21 годишно момче од Скопско, а синоќа 37 годишен маж од Пробиштип во судир меѓу автобус и возило Опел астра, во кој бил сопатник. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција вели дека возачот на автомобилот е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Панајотова истакна дека продолжуваат со засилени акциски контроли на патиштата, кои се на подрачјето на СВР-Штип. – Апелираме до сите учесници во сообраќајот на крајна внимателност и одговорност, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината спрема временските прилики (магла) и состојбата на коловозот, бидејќи секое непочитување може да заврши со сериозни и фатални последици, вели Панајотова. Посочува дека лани на подрачјето на СВР-Штип загинале 14 лица, а идентичен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи во овој регион и во 2021 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-dena-dve-zrtvi-svr-shtip-so-apel-do-uchesnicite-vo-soobrakjajot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: За три години од несреќи загинаа 75 наши сограѓани, а нема ниту кривична ниту политичка одговорност кај СДСМ-ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-tri-godini-od-nesrekji-zaginaa-75-nashi-sogragjani-a-nema-nitu-krivichna-nitu-politichka-odgovornost-kaj-sdsm-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-tri-godini-od-nesrekji-zaginaa-75-nashi-sogragjani-a-nema-nitu-krivichna-nitu-politichka-odgovornost-kaj-sdsm-dui/#respond Sun, 13 Feb 2022 10:18:23 +0000 https://kurir.mk/?p=630805

За три години, се случија 3 големи несреќи каде животот го загубија 75 луѓе, а власта не расветли ниту еден случај, и за ниту еден нема политичка и вистинска кривична одговорност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред три години во автобуската несреќа загинаа 16 наши сограѓани. Минатата година во Тетово живи изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница за кои СДСМ, Филипче и ДУИ не убедуваа дека е поради прегреан кабел . Пред неколку месеци 45 лица загинаа во автобуската несреќа во Бугарија која се случи преку компанијата милениче на ДУИ и СДСМ Беса Транс која работела без потребните дозволи и  незапазувајќи ги процедурите. Во сите овие три случаи нема никаква политичка одговорност, ниту кривична одговорност, а вината се префрла на погинатите затоа шпто тие не може да зборат. Несреќата во Ласкарци е доказ дека системот не функционира и дека нема спроведување на правдата“ - се наведува во партиското соопштение.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-tri-godini-od-nesrekji-zaginaa-75-nashi-sogragjani-a-nema-nitu-krivichna-nitu-politichka-odgovornost-kaj-sdsm-dui/feed/ 0
Спасовски: Од кога сум јас министер во МВР намален е бројот на жртви во сообраќајни несреќи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-od-koga-sum-jas-minister-vo-mvr-namalen-e-brojot-na-zrtvi-vo-soobrakjajni-nesrekji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-od-koga-sum-jas-minister-vo-mvr-namalen-e-brojot-na-zrtvi-vo-soobrakjajni-nesrekji/#respond Thu, 03 Feb 2022 09:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=626348

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција посочи дека откако е тој министер намален бил бројот на жртви во сообраќајни несреќи. „Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. 2013 година сме имале 198 жртви, 2021 имаме 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и работата, или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР, од 2016 година до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот“, порача Спасовски, пренесе ТВ21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-od-koga-sum-jas-minister-vo-mvr-namalen-e-brojot-na-zrtvi-vo-soobrakjajni-nesrekji/feed/ 0
За 55 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи во октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-55-otsto-namalen-brojot-na-zrtvi-vo-soobrakjajni-nesrekji-vo-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-55-otsto-namalen-brojot-na-zrtvi-vo-soobrakjajni-nesrekji-vo-oktomvri/#respond Mon, 15 Nov 2021 11:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=595686

Бројот на жртви на сообраќајниците во октомври 2021 е за 55 отсто помал од бројот на жртви во октомври 2020, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожувароска на одбележувањето на 15 ноември-Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи. „Им благодарам на мнозинството граѓани кои ни се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Им благодарам и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за безбедноста на патиштата. Во октомври оваа година имаме пет жртви во сообраќајните несреќи, а во октомври минатата година имало 11. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите десет месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече денеска Ангеловски. За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи МВР и РСБСП продолжуваат со превентивните активности, но и со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 663 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. „За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните несреќи, да се изрази почит кон загинатите и солидарност кон нивните семејства, како и  да се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот, Организацијата на Обединетите Нации усвои резолуција со која повикува на одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди. Апелираме заеднички  да го направиме сообраќајот побезбеден, почнувајки секој од себе, од сопствените грешки и од сопственото однесување во сообраќајот.  Време е!  Разбуди ја свеста  и  кажи стоп за смртта на  патиштата!“, рече Гордана Кожувароска, претседателка на РСБСП. Годишно, 1.3 милиони луѓе во целиот свет  го губат животот во сообраќајни несреќи, а 20 до 50 милиони лица се повредени.  Тоа значи дека на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна несреќа во светот, рече Кожувароска. Ангеловски и Кожувароска ги потсетија граѓаните и дека од денеска 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-55-otsto-namalen-brojot-na-zrtvi-vo-soobrakjajni-nesrekji-vo-oktomvri/feed/ 0
ХАОС НА ОВОЈ БУЛЕВАР: Две сообраќајни несреќи во непосредна близина една на друга – возачи избегнувајте го овој дел на Скопје! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/haos-na-ovoj-bulevar-dve-soobrakjajni-nesrekji-vo-neposredna-blizina-edna-na-druga-vozachi-izbegnuvajte-go-ovoj-del-na-skopje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/haos-na-ovoj-bulevar-dve-soobrakjajni-nesrekji-vo-neposredna-blizina-edna-na-druga-vozachi-izbegnuvajte-go-ovoj-del-na-skopje-foto/#respond Thu, 15 Apr 2021 14:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=497699

Две сообраќајни несреќи предизвикаа сообраќаен хаос во Скопје. Имено, едната се случила на булеварот „Никола Карев“ кај разделницата за Качанички пат. Во таа сообраќајка се опфатени 3 возила од кои Цитроен ц4, Шкода Октавиа и Фиат Пунто. Како што јавува нашиот фото репортер деталите се уште не се познати за оваа собраќајна несреќа, ниту дали евентуално има некој повреден. Втората сообраќајна несреќа се случила во непосредна близина на првата, поточно на булеварот „8ми септември“, на раскрсницата во близина на хотелот „Александар Палас“. Во оваа собраќајна несреќа учествуваат камион и автомобил. За среќа, нашиот репотер јави дека нема повредени во овој случај. Како што можеме да видиме од фотографијата голема колона е настаната дури до Илинденска па и до Партизанска.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/haos-na-ovoj-bulevar-dve-soobrakjajni-nesrekji-vo-neposredna-blizina-edna-na-druga-vozachi-izbegnuvajte-go-ovoj-del-na-skopje-foto/feed/ 0
Од почеток на годината 15 сообраќајки на патот Охрид-Кичево, еден загинат и 10 тешко повредени https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-pochetok-na-godinata-15-soobrakjajki-na-patot-ohrid-kichevo-eden-zaginat-i-10-teshko-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-pochetok-na-godinata-15-soobrakjajki-na-patot-ohrid-kichevo-eden-zaginat-i-10-teshko-povredeni/#respond Wed, 24 Mar 2021 08:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=486946

Од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 01 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 02 жртви, информираат од СВР Охрид. Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја пречекориле дозволената брзина на движење, 44 автобуси биле испратени на вонреден технички пеглед при што кај еден автобус, констатирани се неисправни уреди за сопирање. Овие возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. -Најчести причини за сообраќајните незгоди и понатаму остануваат, непридржување на брзината на движење пропишана на патниот правец, неприлагодување на брзината на движење спрема условите на патот, управување моторно возило под дејство на алкохол, зборување на мобилен телефон во тек на управување моторно возило. Апелираме до сите учесници на сообраќајот на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, соопштуваат од СВР Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-pochetok-na-godinata-15-soobrakjajki-na-patot-ohrid-kichevo-eden-zaginat-i-10-teshko-povredeni/feed/ 0
Во тетовско лани регистрирани се 167 помалку сообраќајни несреќи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-tetovsko-lani-registrirani-se-167-pomalku-soobrakjajni-nesrekji/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-tetovsko-lani-registrirani-se-167-pomalku-soobrakjajni-nesrekji/#respond Tue, 12 Jan 2021 11:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=454252

По патиштата низ тетовскиот регион минатата година се регистрирани вкупно 617 сообраќајни несреќи што е за 167 помалку во споредба со претходната 2019 година. Значително помал е и бројот на „сообраќајки“ со тешко повредени, а нив ги имало 34. Во несреќите имало и 265 лица кои поминале со телесни поведи, а загинатите осум е ист како лани. Во повеќе од половина од несреќите (310) завршиле само со причинета материјална штета. – Според анализата на СВР Тетово, на тетовското подрачјето што покрива, најголемиот број од ланските несреќи (439) се случиле во населено место и 178 несреќи се евидентирани на отворен пат. Како најчести причини за несреќите особено кај оние со посериозни последици утврдно е дека се: неприлагодена брзина според условите на патот (175 несреќи), неправилно вршење на дејствие (126) и недавање предност (18), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Изминатата година регистрирани се 37 излетувања на возила од коловоз. Имало и 56 несреќи предизвикани од животни, претежно од бездомни кучиња, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Од СВР Тетово посочуваат дека кога станува збор за минатогодишната безбедност во сообраќајот на тетовското подрачје, најкритичен ден бил петок со 110 несреќи, а најризичен период во денот бил од 16 до 18 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-tetovsko-lani-registrirani-se-167-pomalku-soobrakjajni-nesrekji/feed/ 0
Една третина од сообраќајните несреќи во тетовско поради брзо возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edna-tretina-od-soobrakjajnite-nesrekji-vo-tetovsko-poradi-brzo-vozenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edna-tretina-od-soobrakjajnite-nesrekji-vo-tetovsko-poradi-brzo-vozenje/#respond Wed, 11 Nov 2020 11:48:49 +0000 https://kurir.mk/?p=427945

Пребрзото возење е најчеста причина за сообраќајните несреќи во тетовскиот регион за деветте месеци од годинава. Анализата на податоците собрани од сообраќајките при Секторот за внатрешни работи Тетово покажала дека една третина од 144-те несреќи се случиле поради неприлагодена брзина според условите на патот. Брзото возење, полицијата најчесто го констатира кај возачите на автопатот кон Гостивар. -Секторот за внатрешни работи Тетово секојдневно врши контроли за брзина, пред се на автопатот, каде и најбрзо се вози и ги санкционира сите пречекорувања на максимално дозволената брзина. Паричните глоби за пречекорување на брзината во и надвор од населено место се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност, а за „најбрзите“ предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Со оглед на тоа што претстојат врнежливи, магловити и постудени денови што ги отежнуваат условите во сообраќајот, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да внимаваат на брзината со која се движат, посебно навечер и наутро, кога коловозите се лизгави. Ова особено се однесува на патиштата по планините каде е можна и голомразица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/edna-tretina-od-soobrakjajnite-nesrekji-vo-tetovsko-poradi-brzo-vozenje/feed/ 0