сообрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jul 2022 18:54:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сообрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Голем број на специјалци зад Собрание, а толпа народ пред Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-broj-na-specijalci-zad-sobranie-a-tolpa-narod-pred-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-broj-na-specijalci-zad-sobranie-a-tolpa-narod-pred-sobranie/#respond Tue, 05 Jul 2022 18:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=700602

Водени топови, оклопни возила, куп специјалци чекаат зад Собрание, додека пред Собранието има собрано илјадници граѓани, за да протестираат против омаложувачкиот француски предлог. Граѓаните од пред Владата, се упатија кон МНР, а крајанта дестинација е токму Соранието на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-broj-na-specijalci-zad-sobranie-a-tolpa-narod-pred-sobranie/feed/ 0
Арсовски: Активната блокада во Собранието е добро спроведена и ќе продолжи и понатаму https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-aktivnata-blokada-vo-sobranieto-e-dobro-sprovedena-i-kje-prodolzi-i-ponatamu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-aktivnata-blokada-vo-sobranieto-e-dobro-sprovedena-i-kje-prodolzi-i-ponatamu/#respond Tue, 14 Jun 2022 10:46:30 +0000 https://kurir.mk/?p=690647

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција зборуваше за активната блокада во Собранието и потенцираше дека таа е добро спроведена во Собранието и дека понатаму ќе продолжи. -Апсолутно можам да потенцирам и нашите очекувања се исполнети дека активната блокада практично е и реализирана до овој момент онака како што е планирана, a ќе продолжи и понатака. Да, има уште неколку дена до протестот кој што е најавен на 18 јуни и ќе има прилично импресионирачки одзив колку луѓето имаат револт кон оваа Влада и ќе го искажат во сабота. Она кое што може да се напомене за Собранието е активната блокада дека е прилично добро спроведена и ќе продолжи да се спроведува и тоа се гледа од нервозата од челните лица на претседателот на Собранието, тоа се гледа од нервозата која што ја има СДСМ и така натаму. Очигледно е дека тие и немаат така сериозно мнозинство како што велат дека можат да функционираат. Практично се виде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ односно на опозицијата се многу вредни за функционирање на Парламентот и не можат да бидат игнорирани како што тоа се обидуваат да го прават во минатото власта односно СДСМ, ДУИ и претседателот на Собранието. Активната блокада продолжува, да сега на тема е расправа за буџетот, но активната блокада продолжува и сето она кое што е на штета на граѓаните ќе биде блокирано. Сето она кое што е за добробит на граѓаните ќе се дискутира и практично ќе може да помине заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем тоа е она кое што го имавме од самиот почеток и најавено, истакна Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-aktivnata-blokada-vo-sobranieto-e-dobro-sprovedena-i-kje-prodolzi-i-ponatamu/feed/ 0
Кривокапиќ ја претставува програмата на новата црногорска влада, протести пред Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-ja-pretstavuva-programata-na-novata-crnogorska-vlada-protesti-pred-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-ja-pretstavuva-programata-na-novata-crnogorska-vlada-protesti-pred-parlamentot/#respond Wed, 02 Dec 2020 13:59:30 +0000 https://kurir.mk/?p=437559

Мандатарот Здравко Кривокапиќ во Парламентот на Црна Гора ја образложува програмата и кадровските решенија во новата влада. Во експозето тој посочи дека им е даден мандат за измени, а не замени и дека, како што рече, останува на новата влада да ја искористи шансата и да ја врати Црна Гора на вистинскиот пат. Мандатарот исто така изјави дека владата ќе направи програма за работа за 2021 година во февруари. Во меѓувреме пред парламентот се одржува мал протест, кој група граѓанки го почнаа со минута молчење поради, како што велат тие, умрената слобода. Тие истакнаа транспаренти на кои пишува „Не е наша влада“, „Не за фашизмот“, „Не за разграбување на културното наследство, не за одземање на црквите и манастирите“. Инаку, на претставувањето на експозето присуствува и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. – Предизвиците се големи, но како и во секоја криза, наше е да ја искористиме шансата и да ја вратиме Црна Гора на вистинскиот пат. Извршната власт, за разлика од досега, нема да наметнува диктати на Собранието. Ние мора да ги подобриме односите на патот кон целта. Затекнатата состојба, со право може да се нарече државен удар, ситуацијата во јавните финансии е сериозна, административниот апарат е премногу гломазен и неефикасен, епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот е надвор од контрола, здравствениот систем е пред колапс, а медицинскиот персонал е на работ на издржливост, регуларноста на образовниот процес е доведена во прашање, невработеноста се зголемува секој ден поради силната економска рецесија, а граѓаните одамна ја изгубија довербата во институциите, додаде мандатарот. – Ни беше даден мандат за промена, а не замена. Ако случајно заборавивме што порача народот на овие избори и ако мислевме дека добивме мандат затоа што ни било судено да владееме, во тој момент може да се сметаме за губитници, рече Кривокапиќ. Тој оцени дека државата е силна онолку колку што се силни институциите и најави дека ќе се обиде да биде премиер кој помалку зборува, а повеќе работи. Мандатарот посочи дека приоритети на новата влада ќе бидат економијата, борбата против Ковид-19 и вистинско владеење на правото. – Ќе се обидеме секогаш да гледаме што е најдобро, да дејствуваме со добра волја, така што резултатот ќе доведе до решение што ќе ни обезбеди на сите просперитет, видлив напредок и квалитетен живот на ниво на европски стандарди, рече Кривокапиќ. Тој рече дека фокусот, покрај слободата на медиумите и функционалноста на судството, ќе биде насочен и кон развојната економска политика, подобрување на конкурентноста и одржливоста на јавните финансии, здрава животна средина, придонес во борбата против неглите климатски промени, посоодветна социјална политика и вработување. Кривокапиќ, исто така, во Парламентот рече дека уредничката политика и професионалните стандарди на јавниот сервис РТЦГ остануваат загрижувачки. Тој изрази и благодарност до Европската унија на досега издвоената помош за справување со коронавирусот. Мандатарот наведе седум столбови на новата влада: зелена економија, дигитална трансформација, регионална соработка, унапредување на конкурентноста, социјална заштита, општество на еднакви шанси и добро управување – како мерило за работата на извршната власт. Новата црногорска влада ќе има 12 министерства и еден потпретседател, кој воедно е и единствената партиска личност – лидерот на граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ. Кривокапиќ ги номинираше Сергеј Секуловиќ за министер за внатрешни работи, Оливера Ињац за одбрана и Ѓорѓе Радуловиќ за надворешни работи. Со ресорот за финансии и социјална заштита ќе раководи Милојко Спајиќ, за капиталните инвестиции Младен Бојаниќ иза економскиот развој Јаков Милатовиќ. Кандидат за министер за правда, малцинства и човекови права е Владимир Лепосавиќ, за здравство е Јелена Боровиниќ Бојовиќ, а кандидат за образование, наука, култура и спорт е Весна Братиќ. Ратко Митровиќ е номиниран за министер за екологија, просторно планирање и урбанизам и Тамара Срзентиќ за јавна администрација, дигитално општество и медиуми. Александар Стијовиќ ќе биде на чело на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – Сите овие луѓе, со своето знаење, искуство, тимски дух, препораки и претходни резултати беа внимателно избрани и заслужија да раководат со одредени министерства според сите критериуми, рече Кривокапиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-ja-pretstavuva-programata-na-novata-crnogorska-vlada-protesti-pred-parlamentot/feed/ 0
Во Собранието свечени изјави на новоизбраните обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-svecheni-izjavi-na-novoizbranite-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-svecheni-izjavi-na-novoizbranite-obviniteli/#respond Fri, 09 Oct 2020 07:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=414206

Новизбраните членови на Советот на јавни обвинители денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Свечени изјави ќе дадат Фаик Арслани, Антонио Јолевски, Коле Штерјев и Фиданка Рајевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-svecheni-izjavi-na-novoizbranite-obviniteli/feed/ 0
Талат Џафери останува претседател на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/talat-dzaferi-ostanuva-pretsedatel-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/talat-dzaferi-ostanuva-pretsedatel-na-sobranieto/#respond Tue, 18 Aug 2020 19:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=392357

Претседател на Собранието во новиот парламентарен состав ќе биде Талат Џафери од ДУИ, кој и досега ја беше на оваа функција. Информацијата ја потврди мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Зоран Заев на прес-конференцијата по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети. – Ние договоривме претседател на Собранието да остане Талат Џафери, рече Заев. Заев и Ахмети објавија дека ја прецизирале и потврдиле рамката за идната соработка меѓу владината коалиција. -Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години. Засега официјално се уште не се објавени имиња на следните министри во новата влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/talat-dzaferi-ostanuva-pretsedatel-na-sobranieto/feed/ 0