соопштение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 10:31:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соопштение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 РФМ со важно соопштение за македонската јавност https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-so-vazno-soopshtenie-za-makedonskata-javnost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-so-vazno-soopshtenie-za-makedonskata-javnost/#respond Wed, 02 Nov 2022 10:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=754413

Би сакале да ја информираме македонската јавност дека цените на билетите за натпреварите од претстојното Ракометно првенство за жени ЕHF EURO 2022 имаат заштитена цена, која е дефинирана и утврдена од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за четирите града во кои ќе се одржува шампионатот: Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје. Билетите се поделени во три категории и се продаваат преку мрежата на „Евентим“ (официјалниот партнер на ЕХФ за продажба на билети), а наш национален дистрибутер е агенцијата „МК тикетс“. Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“. Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ. Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот. Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, во согласност со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети. Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!!! Ракометна Федерација на Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-so-vazno-soopshtenie-za-makedonskata-javnost/feed/ 0
НЕ Е ЛАЖНА ВЕСТ, НЕ Е САТИРА: Владиното соопштение во овие „трезвени моменти” во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-lazna-vest-ne-e-satira-vladinoto-soopshtenie-vo-ovie-trezveni-momenti-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-lazna-vest-ne-e-satira-vladinoto-soopshtenie-vo-ovie-trezveni-momenti-vo-velika-britanija/#respond Fri, 09 Sep 2022 20:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=730976

Кралицата Елизабета Втора, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот. Ваква телеграма со сочувство до целиот британски народ скрои и испрати Владата на Република Македонија откако беше официјално објавена информацијата дека по 96 години згасна животот на кралицата Елизабета. Но, тоа не е сѐ. Веќе во следниот пасус веднаш под „планетарното освестување“, Владата пишува дека во овие трезвени моменти дава поддршка за кралот Чарлс Трети. Во продолжение ви го пренесуваме владиното соопштение во целост: „Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното величество Кралицата Елизабета II. Кралицата Елизабета II беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот. Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи“, наведено е во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-lazna-vest-ne-e-satira-vladinoto-soopshtenie-vo-ovie-trezveni-momenti-vo-velika-britanija/feed/ 0
Заклучоци на Извршниот одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-na-izvrshniot-odbor-na-sdsm-posledniot-evropski-predlog-e-dobra-osnova-za-evropskite-integracii-i-pochetok-na-pregovori-za-polnopravno-chlenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-na-izvrshniot-odbor-na-sdsm-posledniot-evropski-predlog-e-dobra-osnova-za-evropskite-integracii-i-pochetok-na-pregovori-za-polnopravno-chlenstvo/#respond Mon, 04 Jul 2022 20:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=700015

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред беше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Во продолжение интегрален текст од соопштението на СДСМ: Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донесе повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство. 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, се вели во соопштението на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-na-izvrshniot-odbor-na-sdsm-posledniot-evropski-predlog-e-dobra-osnova-za-evropskite-integracii-i-pochetok-na-pregovori-za-polnopravno-chlenstvo/feed/ 0
Профитабилноста се враќа на ниво пред кризата преку подобрени оперативни резултати поттикнати од зголемувањето на продажбата https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/profitabilnosta-se-vrakja-na-nivo-pred-krizata-preku-podobreni-operativni-rezultati-pottiknati-od-zgolemuvanjeto-na-prodazbata/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/profitabilnosta-se-vrakja-na-nivo-pred-krizata-preku-podobreni-operativni-rezultati-pottiknati-od-zgolemuvanjeto-na-prodazbata/#respond Mon, 28 Feb 2022 15:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=638118

ОКТА ги објавува годишните финансиски резултати, со ЕБИТДА која достигна 839 милиони денари, значително надминувајќи ги 630 милиони денари остварени во 2020 година, со соодветна добивка пред оданочување во висина од 453 милиони денари. Следствено, во четвртиот квартал ЕБИТДА следи аналоген тренд, достигнувајќи 228 милиони денари, споредено со 125 милиони денари генерирани во истиот период минатата година. ОКТА успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување во втората година од здравствената криза, додека континуирано одржува строги здравствени и безбедносни стандарди, осигурувајќи услугата кон потрошувачите да се одвива непречено. Солидните резултати за годината која заврши целосно ја отсликуваат деловната стратегија која ОКТА одлучно и дисциплинирано ја применува во изминатите години. Додека успешно обезбедува зголемување на годишните продажни количини, извонредниот раст и високата профитабилност, компанијата напредува со програмите за трансформација, преку кои ја зголемува агилноста на својата организациска структура и ги намалува трошоците, создавајќи цврста основа за идните достигнувања. Клучни резултати во четвртиот квартал и во 2021 година • EБИТДА достигна 839 милиони денари, споредено со 630 милиони денари генерирана во истиот период минатата година, како резултат на одличните продажни перформанси, претпазливото управување со залихите, што овозможи непрекинато снабдување на потрошувачите во период на многу неизвесности, и континуираното зголемување на меѓународните цени на нафтени деривати. • Приходите од продажба изнесуваат 25.946 милиони денари за 12 месеци во 2021 година, надминувајќи ги 15.193 милиони денари остварени во истиот период минатата година, и се резултат на постепеното зголемување на побарувачката и растот на меѓународните цени на нафтени деривати. • Бруто маржата го следи трендот на останати показатели, достигнувајќи 1.165 милиони денари за 2021 година, надминувајќи ги 788 милиони денари што беа остварени во истиот период минатата година, како резултат на зголемувањето на продажните количини и континуираниот раст на меѓународните цени на нафтени деривати. • Во четвртиот квартал од 2021 година, ЕБИТДА изнесува 228 милиони денари, што е повисока за 82% споредено со истиот период во 2020 година, како позитивен резултат од зголемувањето на продажните количини, кои беа главно поттикнати од зголемениот извоз и растот на меѓународните цени на нафтените деривати, кои бележат пораст од 129% во споредба со четвртиот квартал во 2020 година. • На годишно ниво, добивката пред оданочување изнесува 453 милиони денари, надминувајќи 553 милиони денари загуба за истиот период минатата година. Негативен ефект врз резултатот за 2020 година имаше еднократната резервација во износ од 781.4 милиони денари направена во врска со тековниот судски спор со Царинската управа на Република Северна Македонија. Резервација за истиот случај беше направена и во четвртиот квартал од 2021 година во износ од 194 милиони денари што влијае на резултатот на компанијата на квартално и на годишно ниво. • Добивката пред оданочување, прилагодена за износот на гореспоменатата резервација, изнесува 647 милиони денари за 2021 година, во споредба со соодветно прилагодениот резултат од 228 милиони денари остварен во 2020 година. Зголемениот резултат е поттикнат од растот на продажбата, зголемениот приход од количините на државните резерви кои се чуваат во инсталацијата на компанијата, придружени со позитивниот ефект на движењето на меѓународните цени на нафтените деривати. • Компанијата следејќи ги стратешките приоритети инвестираше 79.331 милиони денари во текот на 2021 година, во одржување на капацитетите за складирање, како и во иницијативите за здравје и безбедност при работа. ОКТА успеа да одржи доволна ликвидност за да се справи со ризиците предизвикани од КОВИД-19 кризата, што во исто време ѝ овозможи на компанијата да преземе комерцијални активности и да ја поддржи својата стратегија без да искористи какви било кредитни линии. Информации во врска со спорот со Царинската управа на Република Северна Македонија Во 2019 година, Царинската управа на Република Северна Македонија спроведе контрола во ОКТА поврзана со акцизите за увоз на еуродизел во периодот од 2014 до 2018 година. Според нивното мислење, акцизите за овие увози не биле правилно пресметани, по што донесоа решенија за фискалната 2014 година, со кои се наметна дополнителен износ во висина од 23 милиони денари, кој беше платен во 2020 година. Во текот на 2019 година, компанијата поднесе тужби, поведувајќи управни спорови за целосно поништување на овие решенија заради суштински прекршувања на процедуралните правила од страна на царинските власти и нивни пропусти при целосното и правилно утврдување на фактите за случајот, како и за правилното применување на релевантните закони. Заклучно со декември 2021 властите имаат издадено нови Решенија кои се однесуваат за 2015, 2016, 2017 и 2018 година, наметнувајќи дополнителен износ од 830 милиони денари. На 31 декември, 2021 година, ОКТА направи резервации во висина од 954 милиони денари, кои претставуваат најдобра проценка на компанијата за потенцијалните идни одливи на парични средства. ОКТА ја задржува својата позиција дека постапува во целосна согласност со сите законски регулативи, исто така согласно добиените експертски мислења има намера да ја оспори ваквата одлука до највисоките судски органи во државата, како и доколку е потребно истата да ја доведе до интернационалните надлежни институции. Корпоративна општествена одговорност Последниот квартал од 2021 година, ОКТА го заврши со значајни придонеси за целата заедница. Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, компанијата го донираше третото инклузивно игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга. Со потпишувањето на нов договор со кошаркарската репрезентација, ОКТА стана главен спонзор на машкиот сениорски тим во квалификациите за пласман на 2023 FIBA Basketball World Cup. Како долгогодишен и верен партнер на културата, компанијата и оваа година го помогна реализирањето на водечки музички манифестации во земјава. Преку програмата „Нова Генерација“, со која ОКТА веќе петта година по ред активно ги поддржува талентираните и успешни студенти во државава, беа доделени петте стипендии за втор циклус на студии на УКИМ. Како дел од одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на организацијата на Црвениот крст во ОКТА, компанијата активно се вклучи во кампањата „Помислете на нас“ организирана по повод Светскиот ден на борбата против гладта. На крајот од годината, ОКТА ги изненади со новогодишни подароци сите ученици од основните училишта лоцирани во околината на компанијата. Посветената и континуирана заложба во борбата против пандемијата, компанијата уште еднаш ја потврди преку обновување на иновативниот CoVid-Shield сертификат, акредитиран од TÜV Austria Hellas, кој претставува потврда за преземените мерки за заштита на вработените, соработниците и потрошувачите во рамки на работните простории и инсталацијата во Миладиновци. Индустријата е значително изложена на макроекономските фактори како што се цените на стоките, флуктуации на девизните курсеви, ризикот од движењата на каматните стапки, политичките случувања а во последно време и пандемијата. Флуктуациите на цената на стоката може да влијаат на цената на набавената стока, цената на стоката која се одржува како залиха (суровина или готови производи) или цената на продадената стока. Раководството на ОКТА внимателно ги следи пазарните предизвици и се стреми да ја води компанијата напред преку проактивно планирање и преку искористување на многубројните можности, со намера за понатамошни унапредувања на деловните резултати и подобрување на ефикасноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/profitabilnosta-se-vrakja-na-nivo-pred-krizata-preku-podobreni-operativni-rezultati-pottiknati-od-zgolemuvanjeto-na-prodazbata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Во екстазата на лажниот патриотизам откако Заев тргуваше со идентитетот, очекуваме Костадинов да одржи прес во комитска облека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-ekstazata-na-lazniot-patriotizam-otkako-zaev-trguvashe-so-identitetot-ochekuvame-kostadinov-da-odrzi-pres-vo-komitska-obleka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-ekstazata-na-lazniot-patriotizam-otkako-zaev-trguvashe-so-identitetot-ochekuvame-kostadinov-da-odrzi-pres-vo-komitska-obleka/#respond Thu, 10 Dec 2020 14:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=441527

Во екстазата на лажниот патриотски занес кој од вчера владее во СДСМ очекуваме наредната прес конференција Костадин Костадинов да ја одржи во комитска облека, пушка манлихера и бајрак со црвена боја, на кое со сини букви пишува “Заев е нашиот месија”. А нема да не зачуди Никола Димитров да се облече како партизан од АСНОМ, а Шекеринска да се обиде да ја глуми новата Сирма Војвода, додека Стево Пендаровски ќе се самопрогласи за Гоце Делчев за кого претходно самиот скандалозно се изјасни дека е Бугарин, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Заев пред целата јавност кажа дека на СДСМ не и доликуваат патриотски политики. Заев лажен патриот бидејќи претходно тргуваше со идентитетот, на маса ги стави јазикот, историјата, придобивките од антифашистичката борба. Има и видео од тоа, а целата јавност го виде и слушна. Глумењето патриотизам не поминува. Предавничките политики ќе бидат поразени, велат од партијата. Додаваат дека наместо лажен патриотизам Костадин Костадинов јавно да каже што точно Зоран Заев му ветил на Бојко Борисов уште како опозиција, за какви приватни бизнис интереси станува збор? За пари ја продава Македонија додека СДСМ глуми патриотизам, откако претходно се откажаа од Македонија а сега се пазарат за јазикот, достоинството и честа. Заев покажа дека не само што има подвиткана кичма, туку дека нема кичма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-ekstazata-na-lazniot-patriotizam-otkako-zaev-trguvashe-so-identitetot-ochekuvame-kostadinov-da-odrzi-pres-vo-komitska-obleka/feed/ 0
Важно соопштение од ЈСП- од понеделник нов возен ред, за учениците за време на летото нема да важат бесплатните месечни билети https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vazno-soopshtenie-od-jsp-od-ponedelnik-nov-vozen-red-za-uchenicite-za-vreme-na-letoto-nema-da-vazat-besplatnite-mesechni-bileti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vazno-soopshtenie-od-jsp-od-ponedelnik-nov-vozen-red-za-uchenicite-za-vreme-na-letoto-nema-da-vazat-besplatnite-mesechni-bileti/#respond Fri, 07 Jun 2019 08:30:48 +0000 https://kurir.mk/?p=206437

ЈСП денеска преку соопштение информира дека поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни,а на средношколците до 20 јуни. ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари (за еден месец). За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид. Бесплатните студенстки билети ќе важат и за време на летото. Тие информираат и дека од понеделник, (10.06.2019 година), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vazno-soopshtenie-od-jsp-od-ponedelnik-nov-vozen-red-za-uchenicite-za-vreme-na-letoto-nema-da-vazat-besplatnite-mesechni-bileti/feed/ 0
РК Вардар со важно соопштение за своите фанови https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-vazno-soopshtenie-za-svoite-fanovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-vazno-soopshtenie-za-svoite-fanovi/#respond Fri, 19 Apr 2019 14:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=188712

Првиот натпреварот од четврт-финалето на ЕХФ лигата на шампионите на кој Вардар се среќава со ПИК Сегед во Скопје се игра во четврток, на 25 април во 20 часот. Салата во СЦ „Јане Сандански” е веќе распродадена. Се известуваат сите оние што купиле билети за овој натпревар навреме да влезат во салaта и да ги завземат своите места на трибината со цел да се избегне мешаница на влезните врати. Со оглед на вообичаената процедува при влегување, да се избегне создавањето на непотребен метеж пред вратите се препорачува навремено доаѓање. Истовремено се известуваат сите посетители дека влез ќе биде дозволен само на оние што имаат валиден билет за натпреварот. Влезот во салата нема да им биде дозволен на малолетни деца кои немаат билет со цел да не се создава метеж на трибината бидејќи е распродаден капацитетот на салата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rk-vardar-so-vazno-soopshtenie-za-svoite-fanovi/feed/ 0
Порака за белграѓани: Кога ќе дојде Путин во посета на Србија овие работи не ги правете (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraka-za-belgragjani-koga-kje-dojde-putin-vo-poseta-na-srbija-ovie-raboti-ne-gi-pravete-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraka-za-belgragjani-koga-kje-dojde-putin-vo-poseta-na-srbija-ovie-raboti-ne-gi-pravete-foto/#respond Tue, 15 Jan 2019 15:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=152561

Жителите на зградите на Нов Белград во Србија деновиве добиле несекојдневно соопштение кое било истакнато во влезовите. -Се информираат станарите во зградите дека на 17 јануари 2019 во официјална посета на Република Србија ќе допатува Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација заедно со делегацијата. Поради тоа, но и поради безбедноста на рускиот претседател ве замолуваме тој ден да не излегувате на терасите на зградата и да ги не отворате прозороците за време на посетата, пишува во соопштението. Министерството за внатрешни работи на Србија презема максимални мерки на обезбедување, што подразбира измена на режимот на сообраќајот во одредени делови на Белград. Секој вид движење по трасата по која ќе се движи Путин ќе биде забранет како и објектите кои тој ќе ги посети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraka-za-belgragjani-koga-kje-dojde-putin-vo-poseta-na-srbija-ovie-raboti-ne-gi-pravete-foto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да ја каже вистината за „Монструм“, а семејствата на убиените момчиња да добијат правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-mora-da-ja-kaze-vistinata-za-monstrum-a-semejstvata-na-ubienite-momchinja-da-dobijat-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-mora-da-ja-kaze-vistinata-za-monstrum-a-semejstvata-na-ubienite-momchinja-da-dobijat-pravda/#respond Wed, 25 Apr 2018 07:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=45677

Кој е сторителот на грозоморната ликвидација на петте момчиња кај Смилковско езеро? Зошто егзекуторите не се зад решетки? Во нормална, правна држава монструми кои масакрираат момчиња нема да бидат на слобода заради никаква политичка причина туку ќе се најдат зад решетки, ова преку соопштение денеска го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев не смее да бега од одговори од јавноста. Мора да ја каже вистината за „Монструм“ за која што викаше дека ја знае и дека има докази.  Заев  ги излажа и си поигра со судбината на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковското езеро. Заев на подмолен и морбиден начин го искористи целиот случај во политичка кампања единствено со цел да собере политички поени. Откако дојде на власт не само што ја крие вистината туку  обвинетите се најдоа на слобода исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Зошто ги прикрива Заев доказите кои тврдеше дека ги има, односно телефонските разговори и смс пораките кои требаше да фрлат ново светло на случајот? Кого и за каква цел Заев го штити со прикривањето на тие докази?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека семејствата на убиените момчиња кај Смилковско езеро мора да добијат правда, виновниците не смее да останат неказнети и мора да одговараат за монструозниот и терористички акт. -Како е можно Заев да се сеќава на разговорот помеѓу Бејта и Азири дека истиот не бил поврзан со убиството туку со субвенции, па ја знае и точната сума која ја спомнуваат од 450 евра, а не  може да се сети на суштински работи на пример кога го прашуваат за богатството на неговото семејство и калкулира со разни бројки? Тиранската платформа поради која се формираше ова владејачко мнозинство не смее да биде поголем приоритет од правдата за случајот „Монструм“.  Десетици патриоти кои први застанаа против Тиранската платформа и катастрофалните политики на картелот на власт на чело со Зоран Заев станаа жртви на политички монтиран случај и завршија во притвор, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Заев ја претвора државата во сопствен картел каде институциите ќе работат исклучиво по негов диктат, а неистомислениците ќе бидат заплашувани и измачувани. Додека вистинските терористи се на слобода интелектуалци, актери, уметници, пратеници и лица од јавниот живот се жртви на неосновано и монтирано обвинение за тероризам. -Македонија не смее да остане заробена држава од страна на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев. Правдата, демократијата и слободата во државава мора да бидат вратени. Граѓаните и Република Македонија заслужуваат подобро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-mora-da-ja-kaze-vistinata-za-monstrum-a-semejstvata-na-ubienite-momchinja-da-dobijat-pravda/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење- граѓаните заслужуваат подобро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-zaev-donesoa-izmesteni-vrednosti-vo-politikata-i-sekojdnevnoto-ziveenje-gragjanite-zasluzuvaat-podobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-zaev-donesoa-izmesteni-vrednosti-vo-politikata-i-sekojdnevnoto-ziveenje-gragjanite-zasluzuvaat-podobro/#respond Mon, 19 Mar 2018 08:33:49 +0000 http://kurir.mk/?p=31030

Во Македонија не се живее подобро. Владата залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани. Нема нови проекти, не се реализираат ветувања, не се работи апсолутно ништо. Имаме уназадување на стандардите во секое поле. Стануваме држава каде сиромаштијатa расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење. Најпрво го узурпираа Собранието, ги прекршија сите можни процедури во Собранието и на сила го донесоа неуставниот закон за јазици. Неуставниот закон за јазици го подели општеството и наместо интеграција донесе дезинтеграција, стои во соопштението на партијата и се додава: „Во Република Македонија владее хаос. Нема поголеми плати, пензии, нема поголем стандард за граѓаните. Младите се иселуваат, а ветувањата за подобар живот останаа мртво слово на хартија. Македонија е киднапирана и срушена држава. Ги киднапираат и узурпираат институциите, законите, Уставот, а главната одлика им е рушењето. Киднапираните институции служат само како политички инструменти за пресметка со неистомислениците. Затоа актери, режисери, архитекти, пратеници и останати се жртви на монтирани обвиненија за тероризам и без никаква основа се држат во притвор. На Зоран Заев му треба дефокусирање од катастрофалните антидржавни политики и сеење на страв и замолкнување на сите што мислат поинаку“. Граѓаните на Република Македонија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, заслужуваат подобро. -Заслужуваат одговорна власт која ќе се грижи за нив и нивните интереси. Оваа власт мора што поскоро да си замине и да дојде нова сила и нова надеж за Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-i-zaev-donesoa-izmesteni-vrednosti-vo-politikata-i-sekojdnevnoto-ziveenje-gragjanite-zasluzuvaat-podobro/feed/ 0