соработка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 07:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соработка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Северна Македонија и САД потпишаа десетгодишен план за соработка во одбраната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/severna-makedonija-i-sad-potpishaa-desetgodishen-plan-za-sorabotka-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/severna-makedonija-i-sad-potpishaa-desetgodishen-plan-za-sorabotka-vo-odbranata/#respond Tue, 13 Jun 2023 07:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=845149

Остин изразил благодарност за работата на Северна Македонија да го поддржи украинскиот народ, за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР, се наведува во соопштението од Министерство за одбрана Oбластите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку кои ќе се развива одбраната и Армијата се дефинирани во патоказот за соработка во одбраната кој го потпишаа министерката на одбрана Славјанка Петровска и секретатот за одбрана на САД Лојд Остин. „Северна Македонија одамна е голем пријател на САД и нашите интереси и нашите вредности нè тераат да се стремиме кон Европа која е слободна, цела и во мир“, рекол Остин при пречекот на Петровска во Пентагон, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Остин, како што се наведува во соопштението од Министерство за одбрана, изразил благодарност за работата на Северна Македонија да го поддржи украинскиот народ , за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР. Тој ја пофалил Северна Македонија, која е членка на НАТО од 2020 година, за нејзиниот придонес во Алијансата. „Денес, горд сум што заеднички ќе го потпишеме патоказот САД-Република Северна Македонија за одбранбена соработка. Горд сум што имаме долгорочно и силно билатерално партнерство. Соработката во следните 10 години покажува дека можеме да работиме заедно на модернизацијата и заедно да се носиме со глобалните предизвици“, рекол Остин се додава во соопштението од Одбрана. Министерката Петровска, се вели во соопштението, кажала оти Северна Македонија, денеска е земја-членка на НАТО и дека земјата, заедно со Соединетите Американски Држави, стои рамо-до-рамо во справувањето со заедничките безбедносни предизвици. „Минатата година САД ни дадоа огромна поддршка која не беше само финансиска. Разменувавме знаење и искуство, вежбавме и се обучувавме заедно и ние сме горди што заедно придонесуваме кон безбедноста на НАТО и на регионот“, рекла министерката Петровска на состанокот. Во однос на руската агресија врз Украина, министерката Петровска рекла дека Северна Македонија од самиот почеток ја осуди оваа неиспровоцирана и неоправдана инвазија и додаде дека нашата поддршка за Украина не е само политичка, туку е и во донации на воена опрема. На средбата, информираат од Министерство за одбарна, станало збор и за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, при што министерката Петровска и секретарот за одбрана Остин заклучиле дека потребни се брзи чекори напред и јасен сигнал дека процесот се движи кон главната цел – членство во Унијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/severna-makedonija-i-sad-potpishaa-desetgodishen-plan-za-sorabotka-vo-odbranata/feed/ 0
Потпишан меморандум за соработка помеѓу општините Преспа, Пустец и Ресен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/#respond Wed, 14 Dec 2022 15:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=775594

Во општина Преспа во Грција, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу општините Преспа во Грција, Пустец во Албанија и Ресен во Северна Македонија, објави Општина Пустец. Меморандумот го потпишале Панајотис Паскалидис градоначалник на општина Преспа, Пали Колефски на Пустец и Јован Тозиевски на општина Ресен. – Меморандумот предвидува меѓугранична соработка на трите општини и унапредување на соработката во областа на културата, спортот и туризмот. Градоначалниците изразија согласност заеднички да аплицираат пред европските фондови за проекти за развој на регионот на тромеѓата помеѓу Грција, Македонија и Албанија, стои во објавата. Според истиот извор признавајќи ја моменталната економска состојба со која се соочуваат граѓаните на преспанскиот крај во сите три земји, што доведе до помали можности за вработување и следствено иселување и депопулација што ја загрозува иднината поставени се неколку заеднички цели, за развој на прекуграничниот регион, врз основа на концептот на прекугранична соработка. Тоа со цел да се обезбеди „одржлив просперитет за нивните граѓани и да се зачува уникатната животна средина во областа Преспа”. -Конзервација, промоција и управување со извонредниот пејзаж на Преспа. Заштита, зачувување и промоција на културните вредности, вклучително и значајното археолошко и традиционално наследство, отворање на гранични премини и подобрување на патната инфраструктура кои обезбедуваат непречено движење на граѓаните и посетителите на преспанскиот крај меѓу трите земји, се дел од зацртаните цели. Предвидена е промоција на прекуграничниот регион Преспа како дестинација на светските туристички пазари. Постојана соработка за заштита на граѓаните, животната средина и инфраструктурата од природни непогоди пожари, поплави и слично. Воспоставување режим на локален граничен сообраќај во согласност со регулативата за локален граничен сообраќај на Европската унија (EC/1931/2006) која ќе обезбеди постојаните жители на областа Преспа да можат да се движат и да работат во прекуграничниот регион без непотребни пречки, се исто така цели за кои се заложиле градоначалниците. Потписиниците се согласиле за трансформирање на областа Преспа во модел за прекугранична соработка, мирен соживот и иновативен еко-пријателски развој преку создавање и проширување на нови и постоечки економски активности, како и исклучителен квалитет на живот, што ќе го направи привлечно место за живеење и работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/feed/ 0
Битола како пример за децентрализирана соработка со Франција https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitola-kako-primer-za-decentralizirana-sorabotka-so-francija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitola-kako-primer-za-decentralizirana-sorabotka-so-francija/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=768161

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски како учесник на средбата Франција – Балкан меѓу избраници и претставници на локалните власти, во своето обраќање на тркалезната маса, наменета за локалните искуства, истакна дека историјата, културата и пријателството на космополитска Битола се надалеку нејзин најпознат белег, јави дописникот на МИА. – Битола е општина која повеќе од 54 години негува одлична соработка со Франција, за што дополнителна потврда претставува збратимувањето со Епинал, кое е прво и најстаро збратимување на Битола, што датира од 1968 година. Низ годините, блиската соработка, континуирано се надградувала, зајакнувала и продлабочувала, промовирајќи ги заедничките идеи, меѓусебната поддршка и заедничкиот интерес за проекти во делот на културата, образованието, како размена на ученици, но секако и други проекти во насока на споделување искуства и добри практики за подобрување на урбаното живеење. Во оваа смисла и од ова место би сакал да ја потенцирам нашата отвореност и за нови партнерства, соработки со други француски градови. Францускиот конзулат во Битола, преку делувањето на почесниот конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ, има посебен придонес во реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на образованието, културата, противпожарната заштита и унапредувањето на социјалниот дијалог во насока на следење на европските перспективи на градот. Од 2000 година, Француската алијанса Битола работи на промовирањето на францускиот јазик, и на француската и франкофонските култури во градот и регионот, а Битола е еден од градовите во кој се одржува и Фестивалот на музиката „Солстис“, рече Коњановски. Сите овие активности и проекти, како што посочи се дел од процесот на реализација на визијата на локалната самоуправа за постигнување напредок и подобрување на условите за живот за граѓаните, согласно законската регулатива и принципите за отчетност и транспарентност во работењето, што неодамна беше потврдено и со ЕЛОЖ сертификатот кој се доделува за исполнетост на 12 те принципи, востановени од Советот на Европа за извонредност во управувањето. Тоа значи дека и во условите на економска и енергетска криза, локалната самоуправа мора да покаже стручност и инвентивност и да овозможи реализација на проекти кои истовремено ќе значат справување со предизвиците, но и неколку чекори напред во развојот на општината, рече Коњановски. Тој ги истакна капацитетите на градот Битола во сите сфери и заложбата на локалната самоуправа за напредок на општината во сите области. – Сите овие области се само дел од она на што како локална самоуправа работиме и подготвени сме за градење партнерства кои ќе овозможат подобро функционирање и унапредување на квалитетот на живот во градовите, во сите области. Верувам, дека од денешниот состанок ќе произлезат дополнителни насоки на делување и заеднички приоритети кои наскоро ќе дадат видливи резултати на напредок. Ова е вторпат како општина Битола учествува, значи имаме одржливост шти е многу значајно. Во меѓувреме се случи и проектот ЏЕЗ МРЕЖА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН, чијшто носител беше токму нашиот домаќин, градот Дижон, а градот Битола, којшто денес пред вас го претставувам, како партнер, уште еднаш ги потврди своите капацитети за кооперативост, отвореност, иницијативност и активизам што соодветствува на денешните актуелни проектни цели и очекувани резултати, рече Коњановски. За време на француското претседателство, Европската унија ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија, кандидат од 2005 година и Албанија, кандидат од 2014 година. Така двете земји им се приклучија на Србија и Црна Гора во кругот на преговорите. Оттука, организаторот на конференцијата, Здружението на францускиот совет на општини и региони на Европа (АФЦЦРЕ) покажува голем интерес и внимателно го следи процесот на проширување на ЕУ, особено во однос на Западен Балкан. Покрај градоначалникот Тони Коњановски, во македонската делегација се и секретарот на општина Битола Борче Димитровски и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitola-kako-primer-za-decentralizirana-sorabotka-so-francija/feed/ 0
Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zajaknuva-sorabotkata-so-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zajaknuva-sorabotkata-so-dijasporata/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=760823

Во просториите на Општина Аеродром, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка кој предвидува отворање на „Центар за дијаспора“ во Општина Аеродром. Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога, односно ќе биде линк меѓу граѓаните од дијаспората и Општина Аеродром преку кој тие ќе има пристап до потребните информации. Улогата на овој центар во иднина ќе биде да: иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за реализација на заеднички проекти, поттикнува т.н. дијаспора туризам, води евиденција за бројот на дипломирани студенти од локалната дијаспора, промовираат програми за мобилност на млади, поттикнува и промовира збратимување на градовите со општини во странство каде што живеат Македонци и др. „Се надевам дека во иднина на оваа соработка ќе ѝ следи успех за заедно да ја вратиме довербата на граѓаните од дијаспората и да им го олесниме пристапот до нивните права во нивната татковина“, изјави министерот Чупи по потпишување на договорот. Градоначалникот Муцунски истакна дека нашите граѓани кои живеат во странство се составен и важен дел од нашата земја и токму поради тоа денешниот настан има големо значење. Имајќи ја предвид важноста на дијаспората, ние како локална самоуправа имаме обврска да преземеме активности со кои ќе се зајакнат конекциите кои тие ги имаат со Македонија. „Општина Аеродром е една од првите општини каде се отвора ваква канцеларија и за мене преставува вистинска чест што токму преку нашата општина ќе се градат идните врски со дијаспората, но и ќе се иницираат проекти кои бидат од значење за Македонците од странство, но и за граѓаните на Аеродром. Преку оваа канцеларија ќе направиме и мапирање на нашите граѓани кои живеат во странство, а кои во иднина можат да дадат придонес за економскиот, културен и научен развој на општината“, истакна градоначалникот Муцунски. Со потпишување на денешниот договор, Општина Аеродром се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за непречена работа и функционирање на оваа канцеларија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zajaknuva-sorabotkata-so-dijasporata/feed/ 0
Mozzart ја продолжи соработката со ФК Академија Пандев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mozzart-ja-prodolzi-sorabotkata-so-fk-akademija-pandev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mozzart-ja-prodolzi-sorabotkata-so-fk-akademija-pandev/#respond Mon, 15 Aug 2022 08:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=718647

Mozzart и оваа сезона ја продолжува успешната соработка со фудбалскиот прволигаш ФК Академија Пандев! Ланскиот вицешампион со нови засилувања и победничка стратегија ја започнува новата 2022/2023 сезона, со амбиции за прво место на ПМФЛ табелата. Логото на компанијата Mozzart и оваа година ќе се најде на дресовите на ФК Академија Пандев, тим во сопственост на македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Mozzart во изминатиот период активно го поддржува домашниот спорт преку спонзорство на различни спортски колективи.
„Благодарност до компанијата Mozzart која продолжува да ја поддржува Академија Пандев во развојот и амбициите на клубот. Успешната соработка минатата сезона решивме да ја продолжиме на уште две години и во нашиот ексклузивен бетинг партнер гледаме искрен поддржувач на спортот во нашата држава.“ – изјави Сашко Пандев, член на Управниот одбор и играч во тимот.
ФК Академија Пандев во своето постоење повеќе од една деценија, најпрво како фудбалска академија, а подоцна и со свој сениорски тим, успеа да постигне доста значајни резултати и на многу млади таленти да им даде можност да спортуваат, другаруваат и од најмала возраст да се научат на здрави навики за здрав живот. Куп шампиони на Македонија во сениори, првенствени и куп шампиони во млади категории, безброј освоени младински турнири во државата и надвор од неа, сениорски репрезентативци, младински репрезентативци во сите категории, домашни и меѓународни трансфери на фудбалери од сопствената академија, се само дел од досегашните успеси на ФК Академија Пандев во досегашното постоење. Од Mozzart изјавија дека се горди што и во новата сезона продолжуваат со поддршка на овој фудбалски прволигаш ФК Академија Пандев и се надеваат на нови успеси за клубот и во наредниот период. Инаку, компанија MOZZART долги години наназад е голем помагател на спортот во повеќе држави во регионот, а меѓу нив се многубројни фудбалски, кошаркарски, ракометни и одбојкарски клубови, како и репрезентации од повеќе различни спортови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mozzart-ja-prodolzi-sorabotkata-so-fk-akademija-pandev/feed/ 0
Кина ја прекинува соработката со САД во повеќе области https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-prekinuva-sorabotkata-so-sad-vo-povekje-oblasti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-prekinuva-sorabotkata-so-sad-vo-povekje-oblasti/#respond Fri, 05 Aug 2022 12:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=714590

Кина денеска соопшти дека ќе ја прекине соработката со САД во бројни области, од климатски промени до воени односи и напори за сузбивање на криумчарење дрога, како одговор на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, пренесе Бета. Како што е наведено, Кина ќе ја прекине соработката во дијалогот меѓу високопозиционираните воени команданти, разговорите за климатските промени, како и во областите на прекуграничниот криминал и репатријацијата на илегални мигранти. Мерките објавени денеска се најнови во низата потези со намера да се казни Вашингтон бидејќи дозволи посета на високо американско официјално лице на Тајван, што Кина го смета за своја територија што може да ја припои насила, доколку тоа биде потребно. Кина ќе ги „прекине кинеско – американските преговори за климатски промени“ и ќе ги откаже разговорите меѓу воените водачи, како и два состанока за безбедноста, наведува кинеското Министерство за надворешни работи, укажувајќи на тоа дека Пелоси го игнорирала кинеското силно противење на нејзината посета на Тајван. Претходно денеска, Кина најави воведување санкции против Пелоси и членови од нејзиното семејство. Кина вчера започна големи воени вежби во шест зони околу брегот на Тајван. Во ракетни проби, ракети се истрелани и над Тајван, изјавија воени службеници за државни медиуми. Кина се противи на тоа, островот што има самоуправа да има контакти со странски влади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-prekinuva-sorabotkata-so-sad-vo-povekje-oblasti/feed/ 0
Општина Битола воспостави соработка со Архитектонскиот факултет од Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-bitola-vospostavi-sorabotka-so-arhitektonskiot-fakultet-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-bitola-vospostavi-sorabotka-so-arhitektonskiot-fakultet-od-skopje/#respond Mon, 30 May 2022 13:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=683685

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Професор д-р Огнен Марина декан на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој, општината и факултетот ќе воспостават партнерство за клучни прашања во областа на архитектурата, урбанизмот, одржливиот развој и културното наследство, Заедничката соработка помеѓу страните потписници, опфатена со овој Меморандум, подразбира взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти и сите планови и активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој. После потпишувањето на меморандумот, градоначалникот Коњановски, заедно со претставници од работната група од општина Битола, која е задолжена за изготвување на новиот ГУП на општината, присуствуваа на предавањето на реномираниот м-р Џовани М. Ботини, претседател на управниот одбор и директор на „Систематика“, компанија од Милано, Италија, која има децениски искуство во изработка на современи сообраќајни модели и решенија, студии, анализи и транспортни планови кои се движат од национални транспортни системи во повеќе држави во светот, низ сообраќајни планови за одржлива урбана мобилност до сообраќајни решениjа во соработка со реномирани светски архитекти, информираат од општина Битола]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-bitola-vospostavi-sorabotka-so-arhitektonskiot-fakultet-od-skopje/feed/ 0
Зајакнување на соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Јавно обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajaknuvanje-na-sorabotkata-megju-drzavniot-zavod-za-revizija-i-javno-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajaknuvanje-na-sorabotkata-megju-drzavniot-zavod-za-revizija-i-javno-obvinitelstvo/#respond Fri, 05 Nov 2021 09:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=591204

Претставници на Државниот завод за ревизија предводени од главниот државен ревизор Максим Ацевски и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија предводени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера имаа работна средба во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој ДЗР го реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер и Институтот Ресис. Како што информира ДЗР, целта на средбата е имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното обвинителство и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности. – На состанокот беше презентиран нацрт-протоколот за комуникација помеѓу двете институции кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите. Работната средба резултираше со заклучоци во насока на номинирање лица од двете институции за остварување побрза и поефикасна комуникација, иницирање на едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од конечните ревизорски извештаи по кои согласно законските надлежности треба да постапува јавното обвинителство, како и потпишување на меморандум за соработка, информира Државниот завод за ревиизја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajaknuvanje-na-sorabotkata-megju-drzavniot-zavod-za-revizija-i-javno-obvinitelstvo/feed/ 0
Дали САД ќе соработува со талибанците ?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-sad-kje-sorabotuva-so-talibancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-sad-kje-sorabotuva-so-talibancite/#respond Tue, 17 Aug 2021 10:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=551588

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс остави можност САД да соработуваат со новата влада во Авганистан, јави Анадолија. – Ги продолжуваме нашите контакти со талибанците во Доха. Американската војска разговараше и со талибанците во Кабул, рече Прајс за време на брифингот во Вашингтон. Според него, позицијата на САД ќе зависи од постапките на владата во Авганистан, т.е. од талибанците. Шефот на прес-службата објави дека сите вработени во американската амбасада во Кабул, вклучително и амбасадорот, биле однесени на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, каде што се целосно безбедни. Пентагон работи на создавање безбедни и сигурни услови за продолжување на воените и трговските летови. САД ги координираат активностите со меѓународните партнери. Државниот секретар Ентони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на неколку земји, вклучувајќи го и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу. На прашањето дали Вашингтон го признава Ашраф Гани за претседател на Авганистан, дипломатот рече дека САД работат со меѓународната заедница на прашањето за признавање кој е надлежен во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-sad-kje-sorabotuva-so-talibancite/feed/ 0
Швајцарија со нова финансиска поддршка за зајакнување на соработката на земјите од Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shvajcarija-so-nova-finansiska-poddrshka-za-zajaknuvanje-na-sorabotkata-na-zemjite-od-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shvajcarija-so-nova-finansiska-poddrshka-za-zajaknuvanje-na-sorabotkata-na-zemjite-od-zapaden-balkan/#respond Thu, 01 Jul 2021 16:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=530690

Со договорот што денеска беше потпишан во Тирана, Фондот за Западен Балкан доби финансиска поддршка за зајакнување на соработката и засилување на размените во регионот, јави дописничката на МИА од Тирана. Договорот, вреден 900.000 евра го потпишаа швајцарскиот амбасадор, Адријан Мајтре и директорот на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓи Мура, а се однесува за поддршка на активностите на Фондот за следните пет години. -За да се постигне мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан, првиот услов е целиот регион и неговите граѓани меѓусебно да соработуваат. Фондот за Западен Балкан помага за кохезијата во регионот и придонесува за интеграција во ЕУ, рече амбасадорот Мајтре. Директорот на Фондот, Мура изрази подготвеност за натамошно партнерство меѓу земјите. – Ние ќе го зачуваме и унапредуваме ова партнерство како нешто многу вредно. И ве уверувам дека Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан, кој ги застапува шесте министерства за надворешни работи од Западен Балкан, има целосна волја и мотивација да биде сериозен и сигурен партнер во овој процес, бидејќи ние се обврзуваме на моделот луѓе со луѓе во овој регион, за доброто на сите, рече Мура. Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, претставувајќи го претседателството на Конференцијата на министрите за надворешни работи кое раководи со Фондот за Западен Балкан, искажа благодарност за оваа поддршка. -Благодарни сме за оваа поддршка, што покажува колку стана стабилно партнерството во Фондот за Западен Балкан и колку е трансформиран во долгорочна соработка. Во име на шесте договорни партнери, ве уверуваме во нашата целосна посветеност во полза на народите од Западен Балкан, рече Марковски. Со новиот договор, покрај зајакнувањето на организациската структура и управувањето, швајцарската поддршка ќе се насочи и кон поефикасно финансирање на заеднички проекти и иницијативи во регионот. Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во овој регион, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Финансиски поддржува мали и средни проекти со главна цел зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во четири клучни области, образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој. Членовите на персоналот доаѓаат од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Тирана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shvajcarija-so-nova-finansiska-poddrshka-za-zajaknuvanje-na-sorabotkata-na-zemjite-od-zapaden-balkan/feed/ 0