соработници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Dec 2022 18:42:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соработници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изречени казните на соработниците во терористичкиот напад во Ница во 2016 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrecheni-kaznite-na-sorabotnicite-vo-teroristichkiot-napad-vo-nica-vo-2016-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrecheni-kaznite-na-sorabotnicite-vo-teroristichkiot-napad-vo-nica-vo-2016-godina/#respond Tue, 13 Dec 2022 18:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=775146

По 18 години казна затвор добија двајца од обвинетите за членство во терористичка организација поврзана со нападот во Ница од 2016 година во кој загинаа 86 лица. Судијата Лоран Равио во Палатата на правдата во Париз при изрекувањето на казната истакна дека двајцата осуденици му давале морална и материјална поддршка на извршителот на терористичкиот напад, истовремено инспирирајќи го. Судот не нашол поврзаност на обвинетите со меѓународна терористичка организација како што е Исламската држава, но утврдена е јасна инспирираност од џихадизмот. Дванаесет години затвор му е изречени на лицето кое му го дало огненото оружје на извршителот на нападот, додека останатите петмина обвинети во процесот, вмешани во набавката на оружјето, ќе одлежат меѓу две и осум години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrecheni-kaznite-na-sorabotnicite-vo-teroristichkiot-napad-vo-nica-vo-2016-godina/feed/ 0
Уапсени блиски соработници на Навални, за утре се најавени протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-bliski-sorabotnici-na-navalni-za-utre-se-najaveni-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-bliski-sorabotnici-na-navalni-za-utre-se-najaveni-protesti/#respond Fri, 22 Jan 2021 14:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=458631

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва по неговото пристигнување од Германија, каде се лекуваше по обидот за труење. Портпаролката на Навални, Кира Јармиш беше приведена во текот на ноќта откако повика на протести, напиша на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Уапсени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград. Во околу 70 руски градови за утре се најавени протести поради притворањето на Навални и државната репресија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат на тие илегални собири. На Навални му е изречена мерка притвор од 30 дена. Руското судство го товари за прекршување на условната казна со неговото заминување во Германија поради лекување. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го повика денеска рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да се спроведе транспарентна истрага во врска со обидот за негово убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-bliski-sorabotnici-na-navalni-za-utre-se-najaveni-protesti/feed/ 0
Куновска: Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од СДСМ и од фунцијата премиер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kunovska-zaev-zaedno-so-svoite-najbliski-sorabotnici-treba-da-zamine-vednash-od-sdsm-i-od-funcijata-premier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kunovska-zaev-zaedno-so-svoite-najbliski-sorabotnici-treba-da-zamine-vednash-od-sdsm-i-od-funcijata-premier/#respond Thu, 26 Nov 2020 11:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=434743

Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од фунцијата премиер на Република Северна Македонија, реагира преку Фејсбук по скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Софија Куновска. За нив нема повеќе место во нашите животи. Тоа може да го разберат веднаш и да заминат, посрамотени со наведната глава или можат да чекате (читај да се дозбогатат) да украдат уште некое време и да го чекаат денот кога ќе стигне казната од граѓаните. Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски барајќи ги корените кај Хунзите и Александар Велики. Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, заради својата неспособност, сите витални системи на државата. Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава, на меѓународна сцена, за која паметиме. -Бидејќи не заслужуваат повеќе, во оваа прилика во фуснота само сакам да посочам уште некоја дилема: 1.Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит? 2. Посебно сум љубопитна, дали по се ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер, пишува во својата објава Куновска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kunovska-zaev-zaedno-so-svoite-najbliski-sorabotnici-treba-da-zamine-vednash-od-sdsm-i-od-funcijata-premier/feed/ 0
Тројца соработници на Мун обвинети за сексуално вознемирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-sorabotnici-na-mun-obvineti-za-seksualno-voznemiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-sorabotnici-na-mun-obvineti-za-seksualno-voznemiruvanje/#respond Thu, 16 Jul 2020 10:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=376993

Случајот на градоначалниот на Сеул, Парк Вон-сун, кој минатата недела се самоуби откако против него беше поднесена пријава за наводно сексуално вознемирување на поранешна секретарка, ја подели јавноста во Јужна Кореја бидејќи тој е трет соработник на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, против кои изминатите години беа поднесени слични обвиненија. Парк важеше за борец за правата на жените, а беше избран за претседател на Јужна Кореја во 2017 година, покрај другото, и затоа што вети дека ќе биде „феминистички претседател“. Но, во 2019 година, Ан Хи-џанг, член на Демократската партија на Мин, поранешен гувернер и поранешен кандидат за претседател на Јужна Кореја беше осуден на три години затвор за силување на секретарката. На почетокот од годината Ох Кио-дон, градоначалник на Бусан и член на Демократската партија поднесе оставка и јавно се извини поради сексуално вознемирување на една вработена во неговиот кабинет. Погребот на Парк беше подмирен од јавни средства и покрај тоа што над половина милион луѓе потпишаа петиција против тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-sorabotnici-na-mun-obvineti-za-seksualno-voznemiruvanje/feed/ 0
Уапсени соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sorabotnici-na-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sorabotnici-na-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/#respond Sun, 05 Jul 2020 18:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=369502

Специјалниот кривичен суд во Софија им одреди најтешка мерка „притвор под стража“ на Славчо Марков и Веселин Балтов, кои се блиски соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков. Двајцата се уапсени вчера во полициска акција, а против нив се покренати обвиненија за вмешаност во криминална група за убиства, изнуда и други тешки кривични дела, организирани од Божков, кој се наоѓа во Дубаи. Судот го потврди барањето на Специјалното обвинителство двајцата обвинети да останат во строг притвор, а одлуката е донесена по долго рочиште зад затворени врати и строги безбедносни мерки. Засега не се познати мотивите на судиите зошто е забранет јавен судски процес, а бранителите на осомничените се пожалиле дека во судницата не е дозволено ниту присуство на претставник од Адвокатската комора на Софија. При извршениот претрес на адреси во една населба во Софија пронајдени се фотографии од судии, како и информации собрани за нив, домашни адреси, користени телефонски броеви и друго. Освен за судии, биле собирани информации и за нивните семејства, вклучувајќи ги и децата. Меѓу фотографиите имало и еден висок функционер на МВР. Еден од документите содржел и упатства за снимање на судија и следење на член од неговото семејство. Обвинителството во Софија покрена истрага против Божков во врска со лажирање игри на среќа, а тој е обвинет по седум точки за криминално дело. Тој во февруари беше уапсен во Обединетите Арапски Емирати. Списанието „Впрост“ (Wprost) во 2008 година го прогласи бугарскиот олигарх и бизнисмен за најбогат Бугарин со богатство од 1,35 миијарди евра, но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6,5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот „Череп“, а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како „најозлогласениот криминалец во Бугарија“. Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот „Рила“ во Софија, а во 2007 година е сосопственик на казината во „Радисон САС“ и „Хемус“, како и на сали за бинго. Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација „Холдинг Патишта“. Главен акционер на „Холдинг Патишта“ е „АБВ Инженеринг“, кој, пак, е сопственост на „Нова интернал“, ќерка-компанија на „Нова холдинг“, сопственост на Божков. Преку „Нова холдинг“ Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sorabotnici-na-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/feed/ 0
Во новиот список за надворешни соработници Заев ја сокри сумата на хонорарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-noviot-spisok-za-nadvoreshni-sorabotnici-zaev-ja-sokri-sumata-na-honorarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-noviot-spisok-za-nadvoreshni-sorabotnici-zaev-ja-sokri-sumata-na-honorarite/#respond Sat, 07 Sep 2019 13:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=238131

Во новиот список за надворешни соработници на премиерот Зоран Заев сумата на хонорарите не е напишана. Освен сумата на хонорарите изоставено во списокот е и до кога ќе им траат договорите. Во новиот список за надворешни соработници ги нема професорот Мерсел Биљали, професорот Ванчо Узунов, новинарот Ѓорги Калајџиев, Митко Андреевски кој беше претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ, и професорот Александар Спасов, кој премина во кабинетот на претседателот Пендаровски. На новата листа е останат Зијад Беќировиќ, како советник за економски прашања за соработка со земјите од регионот. Беќировиќ, инаку е еден од директорите на ИФИМЕС, кој, исто така, е додаден во новиот список на надворешни соработници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-noviot-spisok-za-nadvoreshni-sorabotnici-zaev-ja-sokri-sumata-na-honorarite/feed/ 0
Соработници без кои Заев не може https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sorabotnici-bez-koi-zaev-ne-moze/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sorabotnici-bez-koi-zaev-ne-moze/#respond Tue, 07 Aug 2018 16:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=85530

„Сомнителен тендер во министерството за здравство“, „Скандалозна збирка песни издадена од АМС“, „Се бара правда за Саздо“, „Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патишта“, „Срамен тендер во министерството за одбрана“ се само дел од насловите во медиумите, а кои го одбележуваа изминатиот период од владеењето на актуелната гарнитура на СДСМ. Нема ден Македонија да не се разбуди со нов скандал поврзан со државен фунционер кој што во секоја нормална, европска држава би предизвикала пад на извршната власт. Се злоупотребува се, од хеликоптери за одење на ручеци па се до полициски џипови до автокампови во Грција. Но што ваквата нова македонска доктрина на власта предизвика до сега и кои се тие луѓе кои се незаменливи и ненадоместливи за премиерот Заев? 1.Дарко Каевски Агенцијата за млади и спорт издаде збирка поезија во рамки на проектот „Млади поети“, во која се објавија стихови со недолична и дискриминаторска содржина. Една од песните е со наслов „Партиски вработена“ која изобилува со сексизам, вулгарности и навреди, додека другата песна за која имаше бурни реакции на социјалните мрежи и во кои грашаните препознаваат албанофобија, е со наслов „Моите соседи“. Уредник на публикацијата, испечатена во тираж од 5.000 примероци, е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.Иако јавноста бурно реагираше, премиерот Заев го правдаше директорот со објаснување дека тој не бил должен да чита и „од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично“. 2. Радмила Шекеринска По откривањето на аферата дека министерката за одбрана сама си доделила финансиска помош на невладина огранизација во која самата членува се откриваат уште неправилности во делењето на државните пари. Имено две здруженија во чии раководни структури се наоѓаат министри од владата на Зоран Заев добиле финансиски средства од Министерството за одбрана. Од сметката на министерството за одбрана ќе се префрлат 400.000 денари на здружението “Мултикултура“. Во ова здружение како што може да се види во организационата структура го има како заменик претседател на Управниот одбор Зоран Шапуриќ актуелен министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Шапуриќ патем во владата на Заев доаѓа од Либерално Демократската Партија која е коалиционен партнер на СДСМ. Министерството за одбрана воедно доделува пари и на невладината организација “КХАМ” каде што министерството доделило 150.000 денари. Но ако се погледне биографијата на Аксел Ахмедовски актуелниот министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија ќе се забележи дека токму тој е основач но и претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација “КХАМ”. Ахмедовски е потпретседател на партијата ПЦЕР која исто така е коалиционен партнер на СДСМ. На оваа листа може да се додадат и тендерите во кои Министерството за одбрана набави бадеми и лешници за 5.000 евра, морски плодови од 80.000 евра, како и торти и колачи во вредност од 60.000 евра. 3. Јован Десподовски Јован Десподовски како прв човек на Фондот за иновации, успеа да подели 10,5 милиони евра на компании меѓу кои и на владини функционери како Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и Цветанка Ласкова. Откако јавноста остро реагираше за тоа кој се е иноватор, Јавното обвинителство отвори предмет за доделувањето на грантови, а Деспотовски отпосле побара фирмите на кои им даде пари да кажат дали се на државни функционери. 4. Кочо Анѓушев „Република Македонија со сигурност е богата со човечки потенцијал, кој може да ја развива иновативноста“. Ова се зборовите на Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, обраќајки им се на добитниците на грантовите, пред Анѓушев да го земе грантот за иновација. Иако вели дека неговите компании сега се самостојни, по негово укажување тие се откажаа од 160.000 евра. Сепак, кусо потоа, се појави нова афера со друга негова компанија која како единствена пријавена зема тендер од 40.000 евра за поцинкувана жица. Кон крајот на април, во екот на завршување на преговорите со Грција зад затворени врати, Анѓушев за скоро пет милиони евра продаде една своја компанија на грчкото електростопанство. Премиерот Зоран Заев индиректно потврди дека вицепремиерот Кочо Анѓушев му ја понудил својата оставка по скандалот со доделените средства од фондот за иновации. На прашањето дали се вистинити информациите дека Анѓушев му понудил оставка, Заев одговори: „Функционерите не се венчани за фотелјите, но кај случајот со Анѓушев нема основа за оставка, се е чисто... овде не видов основ за оставка“. 5. Цветанка Ласкова ИТ фирмата „Декодикс" од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на неодамнешниот конкурс доби 20 милиони денари или околу 330.000 евра за проект наречен „Декодирај - Ме". Фирмата е регистрирана 43 дена пред да го добие грантот и досега не е позната во информатичкиот сектор, а меѓу сопствениците на фирмата е и сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничката за култура во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Ласкова изјави дека како советничка на Заев ниту влијаела за добивање на грантот, пак дека знаела дека синот и снаата аплицирале за иновацијата. „Како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата“, напиша Ласкова. Фирмата „Декодикс“ не се откажа од грантот. 6. Хари Локвенец Хари Локвенец, пратеникот од редовите на СДСМ од Фондот за иновации доби 162.000 евра. Тој како косопственик на печатницата „Гинис“ од Прилеп сепак, под притисок на јавноста го следеше примерот на Анѓушев и „Гинис “ се откажа од грантираните 10. милиони денари добиени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст. 7. Венко Филипче Жестоки реакции во јавноста предизвика аферата кога фирма која е основана пред само четири месеци и за сопственик има 27 годишен државјанин на Србија го доби тендерот за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија. Со тендерот компанијата требаше да добие монопол над целиот пазар со апарати и реагенси за испитување на крв во сите Јавни здравствени установи во Република Македонија. Дополнително скандалозно е што во самата тендерска документација беа наведени спецификации за модел на апарати кои одговараат само на еден производител, АБОТ, иако на пазарот има уште десетици модели за апарати за испитување на крв. Министерот за здравство, Венко Филиче, ја прекина тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи, што изминатов период доведе и до барање за негова оставка од неколку политички партии поради сомнежот за наместена постапка. 8. Оливер Спасовски Оливер Спасовски можеби е еден од кадрите на Заев кој според упатените е најзрел за смена. Тој за една година се соочи со огромен број скандали поврзани со нерасчистени убиства, зголемена небезбедност, грабежи и насилства. Прв случај е убиството на младиот Мартин Јанушев кое се случи пред неговиот дом вечерта на 3 ноември 2017. Досега ниту е фатен сторителот, ниту е отпочната постапка пред судските органи. Во меѓувреме, во декември 2017 година, се случи и убиството на 24-годишниот Бурим Идризи на автобуска постојка во Чаир, а последен од сите случаи беше убиството на Никола Саздовски Саздо пред месец дена кој со денови се премолчуваше во јавноста и кој на почетокот се водеше како насилство, а не како убиство. Патем за овој случај осомничени се тројца, а еден се уште е недостапен за полицијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sorabotnici-bez-koi-zaev-ne-moze/feed/ 0