соработник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Mar 2022 11:25:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соработник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски потпиша закон: Секој соработник со Русија може да биде до 15 години во затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-potpisha-zakon-sekoj-sorabotnik-so-rusija-moze-da-bide-do-15-godini-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-potpisha-zakon-sekoj-sorabotnik-so-rusija-moze-da-bide-do-15-godini-vo-zatvor/#respond Tue, 15 Mar 2022 11:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=647483

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секој соработник на „државата агресор“ може да биде ставен во затвор, информираше првиот заменик претседател на Врховната рада на Украина, Александар Корниенко. Тој ја даде изјавата за телевизискиот канал „Украина 24“. Корниенко додаде дека околу 20 пратеници во украинскиот Парламент, кои ја напуштија земјата на почетокот од рускиот напад врз Украина, според него, поради соработка со Русија, треба да бидат осудени на максимална казна, предвидена со новиот закон. Во јануари 2015 година, нецела година по анексијата на Крим, украинските власти официјално ја прогласија Руската Федерација за „држава агресор“, а Врховната рада на 3 март ги усвои законите, со што се смени кривичниот закон во земјата. Според првиот документ, се воведува затворска казна за соработка со „државата агресор“ до 15 години. Другиот пак, овозможува затворање политички партии, како и правни лица, поврзани со осудени според првиот закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-potpisha-zakon-sekoj-sorabotnik-so-rusija-moze-da-bide-do-15-godini-vo-zatvor/feed/ 0
Русија издаде потерница за најблискиот соработник на Алексеј Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-izdade-poternica-za-najbliskiot-sorabotnik-na-aleksej-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-izdade-poternica-za-najbliskiot-sorabotnik-na-aleksej-navalni/#respond Wed, 10 Feb 2021 09:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=466655

Соработникот на Навални ги повика граѓаните на Русија на 14 февруари, на Денот на вљубените, да се соберат пред своите куќи, да запалат светилки на нивните мобилни телефони и свеќи во форма на срце, да го снимат чинот и да го споделат на социјалните мрежи. Агенцијата Интерфакс денес објави дека Волков моментално е во странство, пренесува Ројтерс. Од апсењето на Алексеј Навални, познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, десетици илјади Руси протестираа на улиците на руските градови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-izdade-poternica-za-najbliskiot-sorabotnik-na-aleksej-navalni/feed/ 0
Близок соработник на Навални притворен во Москва до 28 февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blizok-sorabotnik-na-navalni-pritvoren-vo-moskva-do-28-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blizok-sorabotnik-na-navalni-pritvoren-vo-moskva-do-28-fevruari/#respond Sat, 16 Jan 2021 16:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=456301

Суд во Москва денеска му одреди мерка притвор до 28 февруари на Павел Зеленски, член на Фондацијата за борба против корупција на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, под обвинение дека на Интернет поттикнувал на екстремизам, се наведува во соопштението на судот. На Зеленски му е одреден притвор само еден ден пред планираното враќање на Навални во Русија, откако тој наводно беше отруен во август, а потоа беше префрлен на лекување во Германија. Според шефот на Агора, групата за човекови права со седиште во Москва, Зеленски, кој работи како снимател во фондацијата Навални, бил приведен вчера. Повикувајќи се на адвокатот на Зеленски, од Агора наведуваат дека случајот се темели на негова објава на Твитер од минатиот октомври, во која има фотографија од руската новинарка Ирина Славина. Новинарката Славина почина откако се запали пред Министерството за внатрешни работи, еден ден откако полицијата изврши претрес на нејзиниот стан. „Нема да се откажеме и ќе му помогнеме на семејството на Паша Зеленски на секој можен начин“, на Твитер порача директорот на Фондацијата за борба против корупција, Иван Жданов, по денешното судското рочиште. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blizok-sorabotnik-na-navalni-pritvoren-vo-moskva-do-28-fevruari/feed/ 0