соравиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Jun 2023 14:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png соравиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-odgovori-dali-razgovaral-so-ahmeti-za-sluchaite-so-merko-i-soravia/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-odgovori-dali-razgovaral-so-ahmeti-za-sluchaite-so-merko-i-soravia/#respond Sun, 25 Jun 2023 14:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=849488

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите. - Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово. За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни - На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски. Во однос на барањето на Антикоруциската комисија за Законот за потекло на имот, Ковачевски рече дека се работи на овој закон заедно со претставници од ЕУ и дека е вклучен и Кабинетот за борба против корупцијата на ниво на експертиза. Штом ќе биде готов, ќе биде поднесен, рече Ковачевски. -Ама и без тој закон, имате процеси кои застанале. Таму треба да се бара одговорот зошто се застанати, рече Ковачевски. Тврди дека се што е до Владата, било процесирано и дека нема ниту еден документ застанат во Владата. - Секогаш кога некој ќе побарал нешто во Владата, секогаш било доставено. Не заборавајте два генерални секретари на Владата се на суд, рече Ковачевски. Премиерот повторно се обрати до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање во чија фиока стојат предметите поврзани со нив и дали за еден, како што рече, „потазе случај се јавувале кај бившата обвинителка... кај еден од обвинителите што не се на функција“. -Дали има еден предмет што го шетале меѓу три обвинители? Зашто го шетале меѓу три обвинители за да се падне кај некој кој ќе го сочува некаде? Ова се прашања на кој што тие треба да одговорат, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-odgovori-dali-razgovaral-so-ahmeti-za-sluchaite-so-merko-i-soravia/feed/ 0
Ковачки: Чии се парите со кои внукот на Ахмети ја купил Соравиа, дали станува збор за кеш од тендери или награда за некоја друга бизнис зделка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-chii-se-parite-so-koi-vnukot-na-ahmeti-ja-kupil-soravia-dali-stanuva-zbor-za-kesh-od-tenderi-ili-nagrada-za-nekoja-druga-biznis-zdelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-chii-se-parite-so-koi-vnukot-na-ahmeti-ja-kupil-soravia-dali-stanuva-zbor-za-kesh-od-tenderi-ili-nagrada-za-nekoja-druga-biznis-zdelka/#respond Sat, 24 Jun 2023 09:09:31 +0000 https://kurir.mk/?p=849233

Додека се закануваат на вработени дека нема да добијат покачување на плата ако претходно не им направеле проверка на имот, внукот на Али Ахмети купува трговски центар вреден скоро 30 милиони евра. Семејството на Али Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, се стекнува со мултимилионски имот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната прес-конференција. Истакнува дека ДУИ си се самопрогласуваат за европјани, а високи функционери им се наоѓаат на црна листа. -Тор Индустриес е фирма основана пред две години, од страна на Дрин Ахмети - син на братот на Али Ахмети. Истата две години е БЕЗ прикажан профит, што значи дека БЕЗ остварена услуга, купува луксузен деловен објект во центарот на Скопје. Чии се парите кои легнале на фирмата на младиот Ахмети, станува збор за сомнителен кеш собран од тендери или пак за некоја награда за остварена бизнис зделка? На овие прашања Ахмети и ДУИ треба веднаш да одговорат, да докажат потекло на парите на фирмата на внукот и институциите веднаш да покренат постапка. Дополнително, загрижува и фактот што Груби, кој се презентира за вечен панцир на Али Ахмети, го нема никаде да го одбрани својот командант. Дали во ДУИ почнуваат да го напуштаат Ахмети или со молкот потврдуваат дека вакви криминални зделки може да направи само Ахмети?, прашува Ковачки. Додава дека институциите не може да не реагираат кога член на најблиското семејство на Ахмети се стекнува со мултимилионски имот. И тоа во време кога ДУИ и нивни функционери со аргументи се обвинуваат за висока корупција, а за дел од нив има и санкции од нашите стратешки партнери. Ковачки најави дека во наредниот период ќе објават и други детали како семејството Ахмети се разгранува низ бизнисот и институциите, додека го замајуваат народот со зелени агенди и подобар живот во ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-chii-se-parite-so-koi-vnukot-na-ahmeti-ja-kupil-soravia-dali-stanuva-zbor-za-kesh-od-tenderi-ili-nagrada-za-nekoja-druga-biznis-zdelka/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-chichkoto-ahmeti-politichar-vnukot-drin-pretprimach-na-24-godini-go-kupil-biznis-tsentarot-soravia-koj-chini-skoro-30-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-chichkoto-ahmeti-politichar-vnukot-drin-pretprimach-na-24-godini-go-kupil-biznis-tsentarot-soravia-koj-chini-skoro-30-milioni-evra/#respond Sat, 24 Jun 2023 07:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=849205

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење. -Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД. И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра? Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата? ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-chichkoto-ahmeti-politichar-vnukot-drin-pretprimach-na-24-godini-go-kupil-biznis-tsentarot-soravia-koj-chini-skoro-30-milioni-evra/feed/ 0
Мкд.мк: Бизнис центарот Соравиа го купуваат фирма на внук на Али Ахмети и компанија од Тирана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-biznis-tsentarot-soravia-go-kupuvaat-firma-na-vnuk-na-ali-ahmeti-i-kompanija-od-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-biznis-tsentarot-soravia-go-kupuvaat-firma-na-vnuk-na-ali-ahmeti-i-kompanija-od-tirana/#respond Wed, 21 Jun 2023 18:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=848361

По објавените информации за продажбата на бизнис центарот Соравиа во строгиот центар на Скопје, МКД.мк објавува дека една од двете компании кои се дел од оваа зделка всушност е фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, лидерот на владејачката партија ДУИ. Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“. -Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3, пишува МКД.мк. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-biznis-tsentarot-soravia-go-kupuvaat-firma-na-vnuk-na-ali-ahmeti-i-kompanija-od-tirana/feed/ 0