сорос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Dec 2021 13:06:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сорос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не Пинки, Ковачевски го виде Тито https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-pinki-kovachevski-go-vide-tito/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-pinki-kovachevski-go-vide-tito/#respond Tue, 21 Dec 2021 10:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=611119

Слика прва: Влегува Рама, сам. Слика втора: Влегува Вучиќ, сам. Слика трета: Влегува Заев, со Ковачевски под мишка... Три слики, четири милиони зборови. Северна бурлеска. И така, носен ко привезок ил стара мома за мажење на бендис, Ковачевски во Тирана имаше голема, невидена чест. Пустиот Таче ја исполни својата голема желба. Го виде Сорос. Неверојатно, нели. И л’цна како кога Пинки го виде Тито. Незаборав. И така, благодарение на истото тоа црпнато човече кому му должи и преЦедничка функција/фикција, башка премиерлук  кој му следува, Димче ја доживеа својата нирвана. Скоро комплетна северџанска иницијација. А последната точка е кога ќе го види и највистинскиот, 91-годишен Сорос, не син му Аце. Да, Џорџ. Поточно Георге Шорош, како што гласи унгарското му име во оригинал, кое во превод  е Црниот (Шорош) Ѓорги (Георги). Случајно, се погодило пустото... И така, се нижат афирмативните придобивки на харвардскиот курсаџија, кој немаше никаков проблем кога армијата сдссовски медиуми со недели го претставуваше како чоече кое завршило токму таму – на Харвард. Арно ама, кога критичките медиуми го подбраа дека лаже, се налути и остро ги искара. Не бил, призна, саде курс терал. Уште поарно, ама, курсистот тоа така случајно го призна дури откако го избраа за наследник на Заев. Ај и тоа, ама му се поклони?!?! Една работа се’ уште не ни е јасна, ама никако. Кој на светот би сакал и да го споредат со Зоран, не па да му се поклони?  Живееме во заблуда дека во нормалниот свет и кај, барем, троа умните луѓе, споредбата со ЗЗ е јасна и јавна навреда, нели? Да, според нашите поимања на нештата, тоа е рамно на клевета и подлежи на судски процес во кој навредениот и окаљаниот ќе бара голема, милионска  отштета, море затвор за направената неправда кон личноста, интелигенцијата и интегритетот, поради непреболот и нанесената крајна деградација, девалвација и брука. Арно ама, ние пак да сме ти живееле во некој паралелен универзум, антисеверџански одделен свет во кој е најголем срам да бидеш човек кој го продал името на својата татковина, во кој е ултра резил да си оној кој заради интереси на„комшијата“  го сменил светиот Устав на државата, шапшал кој на своите сонародници им донел неаргументирана двојазичност, суртук кој цела чета свои браќа отерал на робија за да служат како закана за наметнатото име, зевзек кој нон-стоп непотребно и „ничим изазваним“ ја вергла срамната придавка, копук чие другарче и мото-совозач умрело над 7.000 сонародници со корона, дилајла која енергетски и економски ја умрела сопствената држава, северџан кој има само еден и единствен момент кога се срами и му е срам саде и единствено да каже: МАКЕДОНИЈА! А, на сите останати тоа им е ќеф, уживање и гордост. На Македонците де, северџаните се „башка“... И сега, ние, демек, треба да бидеме среќни што тој истиот црпнат лик со роља во 12 броја поголеми кондури ќе си одел од влада и ќе си терал марихуана бизнис, оти така решил, и што, демек, си заминал и од антимакедонската му партија, башка на двете позиции ачик местејќи свој клон и пион кој насекаде го шетка со себе ко привезок, небаре е Мис Муртино?  И ние ќе треба да бидеме среќни што злотворот заминал? И толку? Треба ли и „журка“ да направиме? А, треба со или без ковид-сертификати? Абе, ајт таму... Јест да, барем досега, навистина сме „златни“ кон антимакедонците, ама немаме меморија на златна рипка. Дури и таа помни повеќе од три секунди, докажано. А вам, е вам ќе ви требаат уште минимум три децении и мнооогу работа и каење за да си ги оправите гревовите кон Македонија и Македонците. Море, малку е. Оти, кога ќе кажеш – ја исчистив собата, не значи дека само си направил тесна патека од вратата до креветот...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-pinki-kovachevski-go-vide-tito/feed/ 0
СКАНДАЛ: Град Скопје и СОРОС го финансирале извидничкиот одред кој организирал сек*уални активности на камп со средношколци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-grad-skopje-i-soros-go-finansirale-izvidnichkiot-odred-koj-organiziral-sek-ualni-aktivnosti-na-kamp-so-srednoshkolci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-grad-skopje-i-soros-go-finansirale-izvidnichkiot-odred-koj-organiziral-sek-ualni-aktivnosti-na-kamp-so-srednoshkolci/#respond Thu, 30 Sep 2021 08:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=570413

Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“. Потресното сведоштво од родител беше пренесено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, а истото можете да го слушнете ТУКА. -Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот. Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со „Слободен печат“, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир. https://kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-srednoshkolci-od-skopje-so-shokantni-aktivnosti-na-kamp-si-gi-boele-polovite-organi-crtale-sliki-so-seks-pozi-do-manastir/ Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека во полиција настанот е пријавен од страна на родители. Јавното Обвинителство отворило предмет за случајот, по што ќе бидат обавувани разговори со сите инволвирани. На кампот насловен „Секс, скаутс и рок енд рол“, присуствувале околу 40 ученици од средните училишта во Скопје, но не биле организирани преку училиштата туку преку извидничкиот одред. КУРИР истражува: Од кого е финансиран овој одред, кој дозволил вакви активности? Прв Скопски Извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година. Тоа значи дека камп од ваков скандалозен вид, не се одржува прв пат. Зошто никој до сега не реагирал - не е познато. Но, алармот, секако, е веќе вклучен. Првата јавна објава за финансирањето од страна на Град Скопје и Хера, овој одред ја исполнува со голема благодарност. Пред повеќе од две години, сомителните активности кои се прават со малолетници, се финансирани од џебот на граѓаните на Скопје. Оваа година, зад скандалозниот камп, финансиски застанува фондацијата СОРОС. Голема сума на пари за поддршка е легната на нивната сметка. Прв Скопски Извиднички oдред за 2021-ва година има добиено грант од СОРОС во износ од неверојатни 12.229 долари. Редакцијата на КУРИР доби одговори од ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација. Од таму апелираат за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан Sex Scouts and Rock n Roll, за кој беше известено во медиумите. Станува збор за сведоштво на родител кој го споделува искуството на неговото дете кое минатитот викенд било дел од настан организиран од Првиот скопски извиднички одред. -Според сведоштвото, учесниците на настанот, меѓу кои и малолетни лица биле дел од активности кои се недозволиви и немаат никаква врска со сексуална едукација. Информациите од родителот укажуваат на кршење на малолетнички права и на сексуално вознемирување и насилство - однесувања кои се неприфатливи и кои, доколку се утврди дека навистина се случиле, мора да се санкционираат. Еден од најважните постулати на сексуалното образование е да се гарантира безбедна средина за секој учесник и да постои согласност за учество од страна на учесникот, што е уште поважно кога станува збор за малолетни лица кои немаат законска можност да дадат согласност. Доколку се спроведува правилно, сексуалното образование треба теориски да укажува како да се заштитиме од сексуално преносливите инфекции, сексуалното вознемирување, сексуалното насилство и дискриминацијата и во никој случај не смее да опфаќа активности преку кои учесниците се злоупотребени, доведени во непријатна ситуација или наведени да прават нешто против својата волја. Оттука, сексуално образование или едукација не може и не смее да предава секој ентузијаст кој смета дека има познавање од тематиката. Сексуалното образование не е импровизација. За да се изведува онака како што треба, мора да се следат насоките на УНЕСКО и на Светската здравствена организација и мора да биде спроведувано и надгледувано од докажани експерти во областа, психолози, доктори и сертифицирани едукатори и институции, велат од ХЕРА. Посочуваат дека едно од основните човекови права е правото на образование и не смееме да дозволиме младите да ги бараат овие права и информации каде било. Местото за образование е училиштето или неформалната едукација која може да ја спроведуваат единствено искусни, докажани и стручни лица. -Истовремено, ги демантираме информациите кои се појавија на социјалните мрежи дека ХЕРА е организатор или поддржувач на горенаведениот настан. Според интерните политики, во изминатите 20 години ХЕРА обезбедува едукативни и информативни материјали и средства за превенција на ХИВ, кои се бесплатни и достапни во нашите сервиси за сите поединци и организации. Оттука, се оградуваме од каква било одговорност за настани и тренинг-програми во чии подготовки и спроведување не сме учествувале. Најпосле, апелираме до сите родители и старатели во иднина, пред да дадат согласност за учество на малолетни деца во какви било активности, да побараат детална програма за активностите и информации за одговорните лица кои ќе гарантираат безбедна средина за учесниците. Ги охрабруваме младите кои имаат какво било искуство поврзано со вознемирување, насилство или злоупотреба, да се обратат за бесплатна психолошка поддршка во Првиот семеен центар на ХЕРА секој работен ден, од 10 до 18 часот (контакт: 02/ 3200 007), се наведува во одговорот од ХЕРА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-grad-skopje-i-soros-go-finansirale-izvidnichkiot-odred-koj-organiziral-sek-ualni-aktivnosti-na-kamp-so-srednoshkolci/feed/ 0
Мета: Албанија е заложник на банда контролирана од Сорос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-albanija-e-zaloznik-na-banda-kontrolirana-od-soros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-albanija-e-zaloznik-na-banda-kontrolirana-od-soros/#respond Sat, 31 Oct 2020 11:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=422969

Албанскиот претседател, Илир Мета,гостувајќи во емисија на Тв Клан обвини дека државата е заложник на банда, контролирана од Сорос и оти народот мора еднаш и засекогаш да ја земе судбината во свои раце. -Еди Рама се претвори во непријател на албанскиот народ. Мојата задача е да се залагам за Уставот и политичкиот плурализам.Рама е тој што ги протера младите од земјата, тој кој им наредува на армиските генерали да не доаѓаат кај претседателот, значи дека државата е заложник на банда контролирана од Сорос. Време е народот да ја земе судбината во свои раце, рече Мета. Додаде дека „25 април е првата битка што започнува да го обновува уставниот поредок во Албанија“. -Денот на парламентарните избори, 25 април е референдум. Луѓето ќе гласаат дали да одат во Европа или да одат во бездна. Мојата главна цел е да ја вратам Албанија на Албанците преку воспоставување референдуми, за да Уставот на Албанија повеќе не се доведува во прашање од две партии, како во 2008 година. Референдум на 25 април и по овој ќе има и други референдуми,рече Мета. Тој одговори и на прашањето дали ќе биде лидер на опозицијата,за што редовно го обвинува премиерот Еди Рама. -Јас денес сум лидер на Албанија. Оваа задача денес ми припаѓа мене. Јас сум лидер на Албанија и воопшто не ме интересираат партии,одговори Мета. Во врска со гласањето во Собранието, каде беше отфрлена неговата уредба за измените во изборниот законик, Мета рече дека тоа го блокира патот на Албанија кон евроинтеграциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-albanija-e-zaloznik-na-banda-kontrolirana-od-soros/feed/ 0
Заев од Сорос барал пари, од Рама албански гласови, на Чека му дале бомби за ДУИ? (2) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-od-soros-baral-pari-od-rama-albanski-glasovi-na-cheka-mu-dale-bombi-za-dui-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-od-soros-baral-pari-od-rama-albanski-glasovi-na-cheka-mu-dale-bombi-za-dui-2/#respond Mon, 11 Nov 2019 10:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=262563

Втор ден Владата и премиерот Зоран Заев ниту потврдуваат ниту демантираат дека во Орид се одржала тајна средба со Александер Сорос, син на контроверзниот милијардер Џорџ Сорос. Она што исто така остана неодговорено е зошто државните ресурси (обезбедување, превоз, блокирани улици, сообраќаен режим) се ставија на располагање на приватни, недипломатски лица како што се Алекс Сорос и неговите соработници Зак Грем, Лаура Силбер, Томас Обрајан и Гибсон, пренесува „Република“. Како што веќе објави порталот, Сорос пристигнал во Охрид со својот приватен авион, а од аеродромот бил преземен со обезбедување од полициски службеници од Шестата управа и сместен во охридскиот хотел „Јуник“. Во самиот хотел, како што дознава Република, биле воведени строги мерки на претпазливост, а според нивниот извор, во еден момент било наложено дури и поширокиот персонал од хотелот да се острани и да не пристапува во деловите каде што биле сместени Сорос и неговите соработници. Се претпоставува дека токму тогаш во Во салата за бизнис-состаноци се одржала и средбата меѓу Зоран Заев, Еди Рама и тимот на Алекс Сорос. Јавноста остана покуса за одговори за многу прашања кои се врзуваат зо целта на посетата на Сорос. Во недостиг на официјални информации, нивните неофицијални информации говорат дека средбата била неслучајна и темпирана во време на одржувањето на трилатералниот состаноок во Охрид за да се прикрие присуството на контроверзниот бизнисмен и зголеменото присуство на обезбедување и полиција. Наводно Заев е свесен дека неговата намера за прикажување на опозицијата за антиевропска доживува неуспех, и затоа тој се враќа на својот сигурен спонзор Сорос. Составот на делегацијата на Сорос, финансиски и ПР-стратези, пак, укажува и на можните теми за разговор. Како што веќе објави порталот, Заев побарал од Алекс Сорос пари за финансирање кампања и поддршка на медиуми, а за возрат тој е согласен како премиер доколку се оствари најавуваниот есенски бран на мигранти, за дел од нив да обезбеди брза рута за транспорт кон северна Европа, а дел да да ги задржи во земјава и македонската влада да обезбеди простор и услови за нивно домување. Инаку е познато дека Сорос е поборник за населување на мигранти на Европско тло, а воедно ова кореспондира и со тензичната атмосфера во Турција, чијшто претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна најави дека е подготвен да испорача неколку милиони мигранти кон Европа. На истата средба во Охрид бил и албанскиот премиер Еди Рама, кој важи исто така за близок до милијардерот Сорос. Заев, наводно, од него побарал да влијае и да помогне во обезбедување на албански гласови кои ќе одат на контото на СДСМ. На ова барање, како што дознаваме, Рама наводно одговорил дека Албанците се слободни граѓани и тој тие гласови не ги држи во својот џеб, потенцирајќи дека ако се замеша, би му замериле од ДУИ. На ова неофицијално Заев дал информација дека висок полициски функционер отпатувал во Чикаго и остварил средба со Ел Чека снабдувајќи го со материјали кои во наредниот период би го компромитирале ДУИ. Неофицијално, дознава Република, дека Алекс Сорос се интересирал и за претходни средства кои биле вложувани од неговата фондација и наводите дека тие се злоупотребени од лице од власта. Делегацијата предводена од Александар Сорос ја напуштила земјава вчера доцна попладне од Охридскиот аеродром и одлетала за Париз на Париската мировна конференција, каде што милијардерот ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-od-soros-baral-pari-od-rama-albanski-glasovi-na-cheka-mu-dale-bombi-za-dui-2/feed/ 0
Албанци протестираа пред Белата куќа против Рама и Сорос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanci-protestiraa-pred-belata-kukja-protiv-rama-i-soros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanci-protestiraa-pred-belata-kukja-protiv-rama-i-soros/#respond Mon, 08 Jul 2019 14:12:23 +0000 https://kurir.mk/?p=216491

Протест против албанскиот премиер Еди Рама вчера се одржа пред Белата куќа во Вашингтон, на кој присуствувале повеќе десетици Албанци кои живеат во САД, главно од Бостон, Њу Јорк, Њу Џерси, Пенсилванија и Мичиген. Според албанските медиуми, насобраните освен против владата на Рама протестирале и против „мешањето на милијардерот Џорџ Сорос во работите на Албанија, чиј син многу често е гостин на премиерот Рама“. Тие му се обратиле на американскиот претседател Доналд Трамп со молба да обрне внимание на она што се случува во Албанија. -Ние не сме дел од ниедна организација или партија. Ние сме само обични Албанци заинтересирани за правата и слободите на нашиот народ, кои се негирани од актуелната влада, која е заробена од криминал и корупција, изјави Вера Матоши учесник на протестот. Освен транспаренти на кои пишува „Рама оди си“ тие носеа и транспаренти против милијардерот Џорџ Сорос, кого го обвиниле дека дестабилизира земја-членка на НАТО, како што е Албанија. -Џорџ Сорос е вмешан во секое ќоше. Според информациите, тој дал многу пари во судските реформи, во една неуспешна реформа. Треба да си замине час побрзо од албанската политка, бидејќи влијае негативно. Како бизнисмен може да биде многу успешен и почитуван, но врз албанската политика делува многу лошо, бидејќи ја инхсталираше екстремната левица, истакна Бесник Џама. Учесниците на протестот побарале од претседателот Трамп во Албанија да испрати судии и обвинители, бидејќи единствено „американски судии и обвинители можат да ја сменат земја“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanci-protestiraa-pred-belata-kukja-protiv-rama-i-soros/feed/ 0
Сијарто: Не сме го нападнале Сорос, туку не сакаме да се реализираат неговите штетни визии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ne-sme-go-napadnale-soros-tuku-ne-sakame-da-se-realiziraat-negovite-shtetni-vizii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ne-sme-go-napadnale-soros-tuku-ne-sakame-da-se-realiziraat-negovite-shtetni-vizii/#respond Sat, 23 Mar 2019 13:41:34 +0000 https://kurir.mk/?p=178006

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека партијата Фидес не била суспендирана од Европската народна партија (ЕПП) туку дека самата привремено се повлекла од ЕПП. Сијарто подвлече дека Фидес и ЕПП постигнале заемна согласност, со консензус, одлуката што беше донесена во Брисел. -Точно е дека нашите силни критики за мигрантската политика во Европа не ги споделуваат многу од другите партии. Оваа коалиција на партии се придвижи поблиску до левицата, изјави Сијарто, кој заедно со премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја позиционираат Фидес силно кон десницата. Десетина партии-членки на ЕПП бараа да се покрене постапка против Фидес, откако унгарската партија упати јавни критики кон претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, поради неговата попустлива политика кон идејата за отворање на европските граници. Орбан обвини партии и политичари во Брисел дека ги следат идеите на левичарскиот милијардер Џорџ Сорос, кој отворено се залага за отворени граници и масовна имиграција во Европа. Едно од барањата на ЕПП кон Фидес беше партијата да дозволи универзитетот ЦЕУ, што Сорос го отвори во Будимпешта, да може да продолжи да издава дипломи сертифицирани во САД. Сијарто одговори дека Унгарија преземала мерки за да го намали прекумерното влијание кое Сорос го има во обликување на јавните дебати во Унарија и во Европа. -Не се согласувам со тврдењата дека ние сме го „нападнале“ Сорос. Визијата на Сорос за иднината на Европа, и визијата на Сорос за иднината на Унгарија, се опасни, штетни и ние не сакаме тие да се реализираат, изјави Сијарто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ne-sme-go-napadnale-soros-tuku-ne-sakame-da-se-realiziraat-negovite-shtetni-vizii/feed/ 0
Американскиот претседател го обвини Сорос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-pretsedatel-go-obvini-soros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-pretsedatel-go-obvini-soros/#respond Fri, 05 Oct 2018 15:54:30 +0000 https://kurir.mk/?p=111321

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека жените кои протестираат поради спорниот кандидат за Врховен суд, Брет Кавано, се професионалки кои се платени од Џорџ Сорос и други. - Многу непристојните врескачки во лифт се платени професионалки, кои само сакаат сенаторите да изгледаат лошо, напиша Трамп на Твитер. По минатонеделното сведочење во Сенатот на Кавано и на Кристин Блази Форд, која го обвини дека сексуално била нападната во 80-тите години, две жени му пришле на сенаторот Џеф Флејк наведувајќи дека се жртви на сексуално насилство и барале од него да не го поддржи кандидатот на Трамп за Врховниот суд. - Не паѓајте на тоа! Исто така, погледнете ги сите професионално направени идентични знаци. Платени се од Сорос и од други. Тоа не се знаци направени од љубов во подрум, додаде Трамп. Сенатот денеска треба да ја почне процедурата за гласањето за Кавано. Флејк, како и две умерени сенаторки Сузан Колинс и Лиза Мукаровски најверојатно се уште немаат одлучено како ќе гласаат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-pretsedatel-go-obvini-soros/feed/ 0
„Вашингтон тајмс“: Судските реформи спонзорирани од Сорос ја оставија Албанија без судски систем во полза на Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vashington-tajms-sudskite-reformi-sponzorirani-od-soros-ja-ostavija-albanija-bez-sudski-sistem-vo-polza-na-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vashington-tajms-sudskite-reformi-sponzorirani-od-soros-ja-ostavija-albanija-bez-sudski-sistem-vo-polza-na-rama/#respond Sat, 25 Aug 2018 07:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=91809

Престижниот американски весник „Вашингтон тајмс“ во еден од своите написи наведува силни обвинувања против албанската влада. Според весникот реформските процеси во земјата кои се спонзорирани од фондацијата „Сорос“ ја оставиле Албанија без судски систем,што „е во полза на премиерот Еди Рама“. -Процесот на проверка на потеклото на имотот и поврзаноста со криминални структури на судиите и обвинителите,наречен ветинг, ги брише политичките противници на Рама,со што му дава апсолутна моќ и оти зад сето ова стои милијардер Џорџ Сорос,- пишува весникот. Се наведува дека корумпираните судии се оставаат на функција додека чесните се отпуштаат од работа, доколку тие „веруваат во погрешна работа или подржуваат погрешна партија“. -Во последниве години, Албанија се претвори во нарко-држава, застанувајќи на врвот на листата производители на марихуана што се шверцува во Италија и други делови од Европа. Исто така Албанија стана главна точка за шверц и порта кон Европа за тешки дроги кои доаѓаат од Јужна Америка и Централна Азија,-стои во написот. Актуелната влада во Тирана се критикува и поради донесените закони кои поради нефункционирање на Уставниот суд не може да се преиспита нивата уставност, а сето тоа помага „во перењето пари од недозволената трговија со дрога“. Весникот го критикува и американскиот амбасадор во заминување,Доналд Лу, за кого наведува дека иако мандатот му завршил и во амбасадата е назначен времен вршител на должноста тој се уште е во Тирана. За него пишува дека е подржувач на „корумпираната влада на Рама“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vashington-tajms-sudskite-reformi-sponzorirani-od-soros-ja-ostavija-albanija-bez-sudski-sistem-vo-polza-na-rama/feed/ 0