состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 07:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите на ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zemjite-chlenki-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-shengen-zonata-implikatsiite-na-situatsijata-na-bliskiot-istok-za-vnatreshnata-bezbednost-vo-eu-i/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zemjite-chlenki-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-shengen-zonata-implikatsiite-na-situatsijata-na-bliskiot-istok-za-vnatreshnata-bezbednost-vo-eu-i/#respond Thu, 19 Oct 2023 07:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=890604

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ денеска се среќаваат во Луксембург каде ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите од ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата. Се повеќе земји воведуваат гранични контроли во Шенген зоната поради големиот број илегални мигранти. Италија најави дека поради променетите околности во Европа и на Блискиот Исток ќе воведе надзор на границата со Словенија. Следствено, во Словенија се најавува дека ќе воведат контроли на границите со Хрватска и со Унгарија. Италија ја извести Словенија дека првично ќе воведе гранични контроли за десет дена со можност за продолжување. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси го информирал својот словенечки колега Боштјан Поклукар дека суштината на воведувањето на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал. Двајцата министри се согласија дека западнобалканската рута, која внимателно ја следат словенечките и италијанските безбедносни служби, може да биде атрактивен коридор за потенцијална радикализација. Поради големиот мигрантски притисок и ситуацијата на Блискиот Исток, се повеќе земји воведуваат или продолжуваат гранични контроли на внатрешните граници на Шенген зоната. Австрија воведе гранични контроли со Словенија и Унгарија уште во 2015 година, а во понеделникот ја извести Комисијата дека ќе продолжи до мај следната година. Во средата воведе контроли и на границата со Чешка, откако Германија одлучи да воведе контроли на границите со Полска и Швајцарија и да ги прошири контролите на границата со Австрија. Контроли на внатрешните граници на Шенген зоната вршат и Данска, Франција, Норвешка и Шведска. Во рамките на дискусијата за Шенген зоната, посебно внимание ќе се посвети на криумчарењето мигранти и како ефикасно да се бориме против него. За време на работниот ручек, министрите ќе разговараат за импликациите на ситуацијата на Блискиот Исток врз внатрешната безбедност во земјите-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zemjite-chlenki-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-shengen-zonata-implikatsiite-na-situatsijata-na-bliskiot-istok-za-vnatreshnata-bezbednost-vo-eu-i/feed/ 0
Иран и Либан повикаа на итен состанок на исламските земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-liban-povikaa-na-iten-sostanok-na-islamskite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-liban-povikaa-na-iten-sostanok-na-islamskite-zemji/#respond Fri, 13 Oct 2023 19:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=888668

Воените злосторства на израелскиот режим против палестинскиот народ мора итно да се запрат, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин. Тој, на заедничка прес-конференција со либанскиот министер за надворешни работи Абдула Бухабиб во Бејрут, кажа дека е договорено итно да се одржи состанок на ниво на исламски земји, со цел, како што рече, „да се запре злосторството врз невините луѓе“. Амирабдолахиан посочи дека САД со испраќање различни пораки до двете страни повикуваат на воздржаност, а истовремено испраќаат оружје за Израел. -Криминалниот режим на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е вклучен во убиството на палестинските жени и деца во Газа. САД не можат да испраќаат оружје и бомби за да ги убијат Палестинците со едната рака, додека со другата ги повикуваат двете страни на воздржаност, изјави тој. Бухабиб, пак, нагласи дека сите треба да вршат притисок врз Израел да ја прекине војната, а стабилноста во регионот, како што наведе, може да се постигне само со праведно решение за Палестина. Додаде дека разговарал со својот ирански колега за спречување на ескалација на војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-liban-povikaa-na-iten-sostanok-na-islamskite-zemji/feed/ 0
Четири грешки кои ги правиме на првите состаноци, а треба да ги избегнуваме https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/chetiri-greshki-koi-gi-pravime-na-prvite-sostanotsi-a-treba-da-gi-izbegnuvame/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/chetiri-greshki-koi-gi-pravime-na-prvite-sostanotsi-a-treba-da-gi-izbegnuvame/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=885402

Првите состаноци знаат да бидат заморни и да предизвикаат нервоза, а со себе носат и бројни прашања, што да облечете, што да кажете и како да се однесувате. Покрај тоа, дури и ако сте разговарале со оваа личност некое време, првите состаноци може да бидат непредвидливи. Но, без оглед на сите неизвесности и нервози кои доаѓаат со првите состаноци, излегувањето е најдобриот начин да го запознаете вашиот иден партнер и е всушност неопходно. Кои се четирите најголеми грешки што треба да ги знаете и избегнувате на првите состаноци? Несвесност за вашите намери Без разлика дали барате само да се забавувате или барате сериозна врска, обично е корисно да ги разберете вашите лични намери пред да одите на состанок за да имате продуктивен прв состанок со одредена личност. – Важно е да знаете што барате пред да се забавувате за да можете да внимавате на работи кои не се совпаѓаат. Ако вашиот партнер бара нешто сериозно, а вие не барате, тоа би можело да биде знак дека двајцата не сте компатибилни во моментот. И обратно. Запознавањето бара заеднички напор за двете вклучени страни, па затоа е важно да бидете искрени со себе (и со вашиот партнер) за тоа каде се наоѓате во процесот на запознавање, вели советникот за ментално здравје Вал Окерај. Запознавање со некој со кој веќе ви било непријатно Првите состаноци се природно исполнети со нервоза, па затоа не би било во ваш најдобар интерес да излегувате со некој кој веќе ве натерал да се чувствувате нервозно и непријатно. Верувајте им на вашите инстинкти и бидете свесни кои сценарија прават да се чувствувате удобно или несигурно. Го барате негативното Избегнете го нагонот да се жалите. Запознавањето бара од вас да бидете отворени за запознавање нова личност, и иако некои работи можеби не се „правилни“ во вашите очи, тоа не значи дека тие генерално се погрешни и се целосно црвено знаме. Веднаш отпишувате потенцијален партнер Според Окерај, пред целосно да одлучите дека некој не е вистинскиот за вас, размислете да бидете отворени за втор состанок пред да избрзате со какви било заклучоци. – Мислам дека е тешко добро да запознаете некого од само еден состанок (освен, се разбира, ако направи да се чувствувате непријатно). Би им дала најмалку два состанока пред да донесете одлука – вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/chetiri-greshki-koi-gi-pravime-na-prvite-sostanotsi-a-treba-da-gi-izbegnuvame/feed/ 0
Прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-neformalen-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-neformalen-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-vo-kiev/#respond Mon, 02 Oct 2023 07:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=884031

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на состанок во Киев. Тоа ќе биде прва таква средба што ќе се одржи надвор од ЕУ. - Денеска ги повикувам министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев, на првиот состанок на сите 27 земји членки надвор од ЕУ. Иднината на Украина е во ЕУ, напиша Борел на Х. Тој претходно истакна дека од средбата не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформална средба, а неформалните средби најчесто се посветени на подлабоки политички дискусии, а не на носење конкретни одлуки. Запрашан дали на состанокот ќе биде донесена одлука за доделување помош од 20 милијарди евра за Украина, тој наведе дека одлуката ќе биде донесена, но не прецизираше кога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-neformalen-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-vo-kiev/feed/ 0
Однесувања на кои треба да обрнете внимание на првиот љубовен состанок: Експертите велат дека тоа се 3 црвени знаменца за мажите https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/odnesuvana-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-na-prviot-luboven-sostanok-ekspertite-velat-deka-toa-se-3-tsrveni-znamentsa-za-mazhite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/odnesuvana-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-na-prviot-luboven-sostanok-ekspertite-velat-deka-toa-se-3-tsrveni-znamentsa-za-mazhite/#respond Sat, 08 Jul 2023 12:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854329

Кога станува збор за црвените знаменца при забавувањето со одредена личност, често сме веќе во врска со некого, па стануваме свесни дека нешто не е во ред. Се докажало дека црвените знаменца се присутни уште на првиот љубовен состанок, само што не се доволно запознаени со нив. Заслепени од неговото ласкање и совршен изглед, целосно е разбирливо доколку успеете да предвидите тоа дека тој не е толку прекрасен за каков што вие мислите. Таквите ситуации доведуваат до кршење на срцето затоа што имаат надеж во врска со погрешно момче. Доцнење На сите нас ни се случува со текот на времето некаде да задоцниме, дали на работа или при дружење со пријателите. Но, доколку знаете дека со некој треба да одите на првиот љубовен состанок навистина е важно да се потрудите да дојдете на време. Експертите тврдат дека доколку лицето доцни на својот прв љубовен состанок, а притоа не покажува дека поради тоа посебно е вознемирен, тоа може да биде знак дека не е подготвен да се посвети на врската. Премногу алкохол Чаша до две вино можат да бидат токму тоа што ви е потребно за да се опуштите на првиот состанок затоа што неминовно ќе имате трема кога првпат ќе излезете со некое момче кое навистина ви се допаѓа. Меѓутоа, навистина би требало да се грижите за тоа колку момчето со кое сте на љубовен состанок пие. Доколку претерува со алкохолот, тоа може да биде знак дека има проблеми со него. Премногу чувства (за почекот) Иако е навистина прекрасно на прв љубовен состанок да бидете со некој којшто ви возвраќа на чувствата, на тоа ќе треба да внимавате. Љубовното „бомбардирање“ е тактика која ја користат нарцисите и манипулаторите за да ве привлечат. Доколку тој претерува со комплиментите, романтичните гестови и подароци на првиот состанок, тоа е црвено знаменце кое не треба да го игнорирате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/odnesuvana-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-na-prviot-luboven-sostanok-ekspertite-velat-deka-toa-se-3-tsrveni-znamentsa-za-mazhite/feed/ 0
Состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Сирија и Иран за сириската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-turtsija-rusija-sirija-i-iran-za-siriskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-turtsija-rusija-sirija-i-iran-za-siriskata-kriza/#respond Wed, 10 May 2023 10:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=832631

Министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Сирија и Иран, Мевлут Чавушоглу, Сергеј Лавров, Хусеин Емир Абдулајан и Фејсал ал-Микдад денеска во Москва разговараат за изнаоѓање решение на сириската криза. На состанокот, кој се одржува во зградата на руското Министерство за надворешни работи, на кој Лавров ќе има воведен говор пред новинарите, ќе се одржат консултации за решение на сириската криза. Минатиот декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Турција, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва и се договорија да продолжат со тристраните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион. Иран исто така беше вклучен во разговорите, а Турција претходно соопшти ќе биде „задоволна доколку Иран биде вклучен во процесот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-turtsija-rusija-sirija-i-iran-za-siriskata-kriza/feed/ 0
Мажите лажат и на првиот состанок: На ОВИЕ теми најверојатно нема да ви ја кажат вистината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mazhite-lazhat-i-na-prviot-sostanok-na-ovie-temi-najverojatno-nema-da-vi-ja-kazhat-vistinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mazhite-lazhat-i-na-prviot-sostanok-na-ovie-temi-najverojatno-nema-da-vi-ja-kazhat-vistinata/#respond Wed, 22 Mar 2023 21:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=815045

Мажите сакаат да звучат добро на првиот состанок, исто како и жените. Иако повеќето од нив на почетокот зборуваат чесно и отворено, некои мажи едноставно мислат дека ќе биде подобро ако лажат или ако ги разубавуваат работите. Погледнете за што лажат мажите на првиот состанок: Финансиска состојба Без разлика дали сакаат да го признаат тоа или не, жените најчесто им судат на мажите според финансиската состојба и способноста да се грижат за семејството. Токму поради тоа, мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со автомобили, со часовници или со сличен имот за да ја импресионираат потенцијалната партнерка. Станбено прашање Ако признае дека живее со цимерот или со родителите уште на првиот состанок, тоа нема многу да ве воодушеви. Тој најверојатно ќе рече дека живее сам, а својот цимер ќе го нарекува пријател на кого му прави услуга да преспие кај него неколку дена. Излегување со други жени Ова е навистина една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако дека нема да ви каже дека пред некој ден на вашето место имало друга девојка затоа што не сака да се претстави како женкар. Последно раскинување Ако изневерил или направил нешто слично во претходната врска, веројатно тоа нема да го дознаете толку брзо, особено на првиот состанок. Вистинските намери со вас Можеби тој навистина сака да има стабилна врска со вас, а можеби го кажува тоа само за да ве однесе во својот кревет. Тешко е да ги знаете неговите намери, особено ако не го познавате од порано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mazhite-lazhat-i-na-prviot-sostanok-na-ovie-temi-najverojatno-nema-da-vi-ja-kazhat-vistinata/feed/ 0
Неколку причини зошто нема да ве покани да излезете на втор состанок https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/nekolku-prichini-zoshto-nema-da-ve-pokani-da-izlezete-na-vtor-sostanok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/nekolku-prichini-zoshto-nema-da-ve-pokani-da-izlezete-na-vtor-sostanok/#respond Wed, 08 Feb 2023 19:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=798050

Покана за првиот состанок ви се чини дека е најтешкиот дел. Но, ја добивте поканата и излеговте заедно, а сепак тоа беше сѐ. Никогаш веќе не ви се јави, не ви пиша порака, а изгледаше заинтересирано на почеток. Вратете си го филмот и потсетете се како се однесувавте на првиот состанок. Дали направивте една од овие грешки? Зборувате за претходната врска Една од најголемите грешки што може да ги направите на првиот состанок е да зборувате за претходната врска. Може да го превртите виното на маса, да се сопнете на влегување во кафичот, и пак ќе имате шанси за втор состанок. Само не ги спомнувајте бившите. Тоа покажува дека уште не сте ја преболиле врската, дека живеете во минатото и уште полошо, дека не ја почитувате приватноста на претходниот партнер. Премногу зборувате за себе Повеќето први состаноци се како интервјуа за работа, само со храна и алкохол. Но тој раговор треба да биде двонасочна улица, односно и вие треба да поставувате прашања и да слушате. Ако предолго ја држите топката на свој терен ќе делувате самобендисано и незаинтересирано. А кој сака да седи на маса и да слуша монолог? Имате лоша меморија Оваа грешка е слична со втората, но има врска со вашата претходна комуникација со личноста со која сте излезени на состанок. Ако претходно сте размениле некакви информации (каде работи, дали има браќа и сестри, каде живее), а го поставите истото прашање, или уште полошо, два пати го прашате истото за време на состанокот, ќе оставите впечаток дека не ви е гајле. Знаеме дека имате трема, но тие неколку часа се клучни за да сака другата страна да ве покани на втор состанок. Преголема заинтересираност Стигнавме до крајот на состанокот и што сега? Нема ништо лошо во тоа да покажете интерес и да ставите до знаење дека убаво сте си поминале. Дали ќе кажете на крајот на средбата „Убаво си поминав, би сакал/а да се видиме пак“, или ќе го напишете тоа во порака, сеедно. Но, не инсистирајте на следна средба веднаш, ако другиот не го „влече“ разговорот натаму. Ако ви кажале дека ќе ви се јават/пишат, почекајте. Понекогаш може да го уништите убавиот впечаток ако сте нестрпливи и напорни.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/nekolku-prichini-zoshto-nema-da-ve-pokani-da-izlezete-na-vtor-sostanok/feed/ 0
Овие лаги мажите најчесто ги кажуваат на првиот состанок https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ovie-lagi-mazite-najchesto-gi-kazuvaat-na-prviot-sostanok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ovie-lagi-mazite-najchesto-gi-kazuvaat-na-prviot-sostanok/#respond Mon, 07 Nov 2022 13:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=756910

Иако повеќето од нив уште на самиот почеток пристапуваат искрено и отворено, некои едноставно мислат дека подобро ќе пројдат доколку лажат, односно „разубават“ некои работи. Ова е листа на најчестите работи околу кои мажите лажат на првиот состанок, според порталот YourTango: Сакале тоа да го признаат или не, жените често ги судат мажите по состојбата на нивната сметка и можноста да придонесуваат за семејството. токму поради таа причина мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со своите автомобили, часовникот и сличните материјални работи, како би ја импресионирале потенцијалната партнерка. Станбено прашање Доколку веднаш на првиот состанок признае дека живее со цимер или родителите, веројатно нема претерано да ве воодушеви. Најверојатно поради таа причина ќе каже дека живее сам, а цимерот ќе го нарече пријател на кој му прави услуга да преспие неколку дена. Гледањето со други жени Ова е една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако нема да ви каже дека ден пред тоа на ваше место била друга девојка, кој се уште сака да се претставува како женкар? Фитнес навиките Тој сигурно слушнал дека изразените стомачни мускули ви се „слаба точка“ кај мажите, па би можел да ве излаже дека баш на нив започнал да работи, пет пати неделно во теретана (во која најверојатно не е ни зачленет). Последното раскинување Доколку тој изневерил или направил нешто слично во својата претходна врска, многу е веројатно дека нема да дознаете наскоро, а особено не на првиот состанок. Вистинските намери кон вас Можеби навистина сака да започне искрена и длабока поврзаност со вас, а можеби тоа го вели само за да ве однесе до креветот. Навистина е тешко да се дознае, особено доколку не се познавате од претходно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ovie-lagi-mazite-najchesto-gi-kazuvaat-na-prviot-sostanok/feed/ 0
НАТО состанок за одбрана утре, ќе се разговара за полнење на залихите на оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-sostanok-za-odbrana-utre-kje-se-razgovara-za-polnenje-na-zalihite-na-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-sostanok-za-odbrana-utre-kje-se-razgovara-za-polnenje-na-zalihite-na-oruzje/#respond Tue, 11 Oct 2022 14:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=743922

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО од утре се состануваат во Брисел да разговараат за ескалацијата на војната во Украина и потребата да се наполнат залихите на оружје на сојузниците, јави дописничката на МИА од Брисел. Утре и задутре во седиштето на НАТО ќе се одржи првиот министерски состанок по руската анексија на украинските територии и зголемениот ризик од нуклеарна конфронтација меѓу Русија и Западот. Со нападите на Русија врз бројни украински градови од вчера и експлозијата на кримскиот мост, Западот оцени дека конфликтот ескалира и дека поддршката за Украина ќе се зајакне и ќе трае додека е потребно. Ова го потврди попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција. -Ќе ја зголемиме поддршката за Украина за да можат да продолжат да се бранат и да ги ослободат териториите од руска окупација, Украина се наоѓа во нагорен момент и продолжува да добива додека Русија се врти кон ужасни напади врз цивили и критична инфраструктура, рече Столтенберг. На Украина и се потребни разни видови на оружје, за тоа ќе дискутираат министрите утре и задутре со украинскиот министер за одбрана, кој ќе им пренесе што му е потребно на Киев за да продолжи да војува против Москва – потребни се разни системи на одбрана, артилерија, оклопни возила, противтенковско оружје, но и гориво, зимска облека, комуникациски системи. За сето ова утре ќе се координираат сојузниците на НАТО заедно со Украина. Последица е што залихите на оружје на земјите кои и помагаат на Украина почнаа да се празнат, оставајќи ги државите поранливи во случај на напад. И ова ќе биде на дневен ред, потврди шефот на Алијансата. -Се разбира колку подолго трае војната важно е да се наполнат залихите, треба сега да зборуваме за зголемување на производството, да се произведува повеќе, да се наполнат залихите и да се испраќа во Украина, треба да се договориме за поамбициозен таргет за залихите и да и одговориме на индустријата за долгорочна побарувачка, рече Столтенберг, кој додаде дека ќе се дискутира и заедничка набавка на муниција и зголемување на интероперабилноста меѓу земјите. Дијалогот со воената индустрија е започнат, потврди генералниот секретар, за зголемување на производството, а утре за тоа ќе се разговара на повеќе нивоа. -Што подолго трае војната оваа работа со индустријата станува поважна, рече Столтенберг. Тој повтори дека НАТО ќе продолжи да и помага на Украина онолку долго колку што ќе биде потребно. Во однос на евентуален напад врз земја членка на НАТО, генералниот секретар повтори дека Алијансата ќе одговори одлучно на такво нешто, вклучително и во случај на сајбер напади, но рече дека не се разговара за тоа јавно за да не се даде прилика на Русија да добие информации за тоа како се користи членот пет за колективна одбрана во НАТО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-sostanok-za-odbrana-utre-kje-se-razgovara-za-polnenje-na-zalihite-na-oruzje/feed/ 0