совет на безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 15:38:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет на безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бразил ќе свика итен состанок на СБ на ОН по нападот врз Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ke-svika-iten-sostanok-na-sb-na-on-po-napadot-vrz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ke-svika-iten-sostanok-na-sb-na-on-po-napadot-vrz-izrael/#respond Sat, 07 Oct 2023 15:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=886413

Бразилското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН по денешните напади на Хамас врз Израел. Бразил, кој овој месец го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, ги осуди нападите и изрази солидарност со народот на Израел. Соопштението на Министерството ја потврди посветеноста на „решение со две држави“ - Палестина и Израел, кои коегзистираат во меѓусебно договорени и меѓународно признати граници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-ke-svika-iten-sostanok-na-sb-na-on-po-napadot-vrz-izrael/feed/ 0
Совет за безбедност на ОН: САД и сојузниците ја осудија Русија поради Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-za-bezbednost-na-on-sad-i-sojuznicite-ja-osudija-rusija-poradi-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-za-bezbednost-na-on-sad-i-sojuznicite-ja-osudija-rusija-poradi-ukraina/#respond Tue, 22 Feb 2022 07:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=634613

САД и нивните сојузници за време на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, го осудија признавањето на областите под контрола на бунтовниците во Украина од страна на Владимир Путин и распоредувањето војници, оценувајќи како грубо кршење на меѓународното право и „изговор за војна”. Во своето обраќање на седницата, американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд го одби тврдењето на Путин дека руските трупи ќе преземат мировна улога во областите Доњецк и Луганск. – Тој ги нарекува мировници. Ова нема никаква смисла. Знаеме што се тие навистина, истакна Томас-Гринфилд. Амбасадорот на Украина во ОН, Сергиј Кислицја инсистираше на тоа дека границите на неговата земја остануваат „непроменливи” и покрај дејствијата на Русија. – Москва се уште е „отворена за дипломатско решение”, изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја. – Сепак, да дозволиме ново крвопролевање во Донбас е нешто што немаме намера да го направиме, додаде тој, мислејќи на регионот што ги опфаќа Доњецк и Луганск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-za-bezbednost-na-on-sad-i-sojuznicite-ja-osudija-rusija-poradi-ukraina/feed/ 0
Пендаровски: Предлагаме прогласување на кризна состојба на целата територија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-predlagame-proglasuvanje-na-krizna-sostojba-na-celata-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-predlagame-proglasuvanje-na-krizna-sostojba-na-celata-teritorija/#respond Thu, 19 Nov 2020 13:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=431794

Денеска се оддржа 10 седница на  Советот за безбедност на Република  Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции. На седницата на Советот за безбедност на Република Македонија покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот. Претседателот Стево Пендаровски по оддржаната седница, даде изјава за медиумите каде што соопшти дека е донесен заклучок, односно Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-predlagame-proglasuvanje-na-krizna-sostojba-na-celata-teritorija/feed/ 0
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-usvoi-rezolucija-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-usvoi-rezolucija-za-koronavirusot/#respond Wed, 01 Jul 2020 19:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=367021

Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуција во која се повикува на прекин на огнот за време на пандемијата и усвојување на други мерки за борба против коронавирусот, јави Бгнес повикувајќи се на извори во Светската организација. Предлог резолуцијата доби 15 гласа „за“ и беше усвоена едногласно како „резолуција 2522“. Основна цел на документот е да го поддржи повикот на генералниот секретар објавен во март за сеопшт и итен прекин на огнот во сите конфликтни области. Предлог-резолуцијата беше претставена во април. Според дипломатски извори, најголемите разлики се појавиле меѓу американската и кинеската делегација. Како резултат на постигнатиот компромис, текстот за улогата на Светската здравствена организација во борбата против коронавирусот е отстранет од резолуцијата и не е спомената земјата од каде што почна заразата. Во документот се вели дека „хуманитарната пауза не се однесува на воените операции против Исламска држава, Ал Каеда и други лица, групи и организации поврзани со групи кои Советот за безбедност на ОН ги смета за терористички“. Мировните мисии на ОН ќе добијат мандат да им помагаат на државите во мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Се работи главно за хуманитарен пристап, вклучително и преместување на луѓе и бегалски кампови, како и евакуации поради медицински причини. Авторите на резолуцијата, Франција и Тунис, се заблагодарија за постигнатиот компромис, кој овозможи да се гласа за текстот. Неговото усвојување не значи крај на работата, но нејзиниот почеток ја врати „вербата во дипломатијата и принципите на мултилатерализам“, благодарение на волјата што ја покажаа членовите на Советот за безбедност да ги надминат постоечките несогласувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-usvoi-rezolucija-za-koronavirusot/feed/ 0
Избрани нови четири привремени членки на Советот за безбедност на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrani-novi-chetiri-privremeni-chlenki-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrani-novi-chetiri-privremeni-chlenki-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/#respond Thu, 18 Jun 2020 05:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=359275

Нови привремени членки на Советот за безбедност на ОН од ноќеска се Индија, Мексико, Ирска и Норвешка, соопшти на својот Твитер налог светската организација. Новоизбраните членки ќе бидат дел од Советот за безбедност во следните две години. Вториот круг на гласање за петтиот привремен член на УНСЦ ќе се одржи утре, е соопштено на Твитерот на ОН. Покрај петте постојани членки на Советот за безбедност: Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција, УНСК има уште десет привремени членки со двегодишен мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbrani-novi-chetiri-privremeni-chlenki-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/feed/ 0
СБ на ОН в четврток на прва седница за можното влијание на пандемијата врз меѓународната безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-v-chetvrtok-na-prva-sednica-za-moznoto-vlijanie-na-pandemijata-vrz-megjunarodnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-v-chetvrtok-na-prva-sednica-za-moznoto-vlijanie-na-pandemijata-vrz-megjunarodnata-bezbednost/#respond Tue, 07 Apr 2020 07:03:46 +0000 https://kurir.mk/?p=328451

Советот за безбедност на ОН в четврток ќе одржи состанок за новиот коронавирус, првиот на кој ќе се разговара за можното влијание на пандемијата врз меѓународната безбедност. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе брифира 15 члена на виртуелниот состанок зад  затворени врати, соопшти мисијата на  Доминиканската Република, која моментно е претседавач со СБ. Германија и осум други членови на Советот побараа тој состанок да се одржи, јави ДПА. Извори за ДПА изјавиле дека постојаните членки на Советот – САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција – веќе неколку недели планираат состанок на шефовите на држави и влади и дека свикувањето на состанок на Советот за безбедност на ОН може да биде одложено поради тоа. Советот беше критикуван за неуспехот за заеднички став за влијанието на пандемијата на коронавируспт врз меѓународната безбедност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-v-chetvrtok-na-prva-sednica-za-moznoto-vlijanie-na-pandemijata-vrz-megjunarodnata-bezbednost/feed/ 0
СБ на ОН денеска по вторпат ќе расправа за турската акција во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-deneska-po-vtorpat-kje-rasprava-za-turskata-akcija-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-deneska-po-vtorpat-kje-rasprava-za-turskata-akcija-vo-sirija/#respond Wed, 16 Oct 2019 07:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=252247

Советот за безбедност на Обединети нации најверојатно денеска ќе расправа за турската воена операција во Сирија, јавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори. Западните агенции јавуваат дека консултациите ги побарале Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска, поточно европските членки во СБ на ОН. Според најави од неименувани дипломати, разговорите ќе се одржат зад затворени врати. Ова треба да биде втор состанок на СБ на ОН од почетокот на турската воена офанзива во северна Сирија, што почна на 9 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-deneska-po-vtorpat-kje-rasprava-za-turskata-akcija-vo-sirija/feed/ 0
Харадинај свика седница на Советот за безбедност на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-svika-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-svika-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-kosovo/#respond Thu, 05 Jul 2018 06:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=73212

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за денеска свика редовна седница на Советот за безбедност на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави службата за информирање на косовската Влада, информирајќи дека по седницата ќе има конференција за медиуми. - Врз основа на уставните и законски надлежности, премиерот Рамуш Харадинај свика редовна седница на Советот за безбедност на Косово, на која ќе се расправа за општата безбедносна состојба во земјата. По седницата ќе се одржи конференција за медиуми, се вели во соопштението од прес-службата на Владата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-svika-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-kosovo/feed/ 0
Русија бара итна седница на СБ на ОН поради Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-bara-itna-sednica-na-sb-na-on-poradi-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-bara-itna-sednica-na-sb-na-on-poradi-sirija/#respond Sat, 14 Apr 2018 09:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=40525

Русија свика итна седница на Советот за безбедност на ОН поради денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, соопшти Кремљ. Во соопштението се посочува дека претседателот на Русија, Владимир Путин ги осудил нападите врз Сирија, каде „руски војници и помагаат на легитимната Влада во борбата против тероризмот“. - Акциите на САД дополнително ја усложнуваат хуманитраната катастрофа во Сирија и тие носат одговорност за страдањата на мирното населние, оценил Путин. Според него, САД ги „затвораат очите пред дејствувањето на терористите, кои седум години го имачуваат сирискиот народ и поттикнуваат бран бегалци од земјата и регоонот“. - За нападот врз Сирија беше искористен исцениран случај на употреба на отровни супстанци против цивилното население во Дума. Повторно, како и пред една година кога САД ја нападнаа базата Шајрат во Сирија, како повод искористија исцениран случај на употреба на отровни супстанци, порача Путин, додавајќи дека нема потврда оти во Дума имало напад со хемиско оружје. Според Путин, ескалацијата на тензиите во Сирија има „разурнувачко влијание врз целокупниот систем на меѓународни односи“. - Историјата ќе го каже своето. Таа веќе му ја припиша на Вашингтон тешката одговорност за крвавите конфликти во Југославија, Ирак и Либија. истакна Путин во писмената реакција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-bara-itna-sednica-na-sb-na-on-poradi-sirija/feed/ 0