совет на еу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 18:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет на еу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на ЕУ за шест месеци ги продолжи санкциите против лица и ентитети поврзани со војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-eu-za-shest-mesetsi-gi-prodolzhi-sanktsiite-protiv-litsa-i-entiteti-povrzani-so-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-eu-za-shest-mesetsi-gi-prodolzhi-sanktsiite-protiv-litsa-i-entiteti-povrzani-so-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 13 Mar 2023 18:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=811520

Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица и 205 субјекти. Санкциите за физички лица се состојат во забрана за патување во земјите на ЕУ, а другите мерки се замрзнување на имотот на територијата на ЕУ и забрана за давање пристап до средства и други економски ресурси на лица и субјекти од казнената листа, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. По 24 февруари 2022 година, кога почна руската инвазија взр Украина, ЕУ драстично ги прошири постојните санкции против Русија со цел значително да ја ослабне економската база на земјата, да ја лиши од пристапот до критичните технологии и пазари и значително да ја намали нејзината способност да ја води војната. Советот на ЕУ оцени дека руската агресија против Украина претставува „флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации“ и дека предизвика „огромно страдање и уништување“ на Украина и нејзиниот народ. „Русија мора веднаш да ја прекине својата ужаснувачка војна“, се додава во соопштението на Советот на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-eu-za-shest-mesetsi-gi-prodolzhi-sanktsiite-protiv-litsa-i-entiteti-povrzani-so-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Шведска го презема претседателството со Советот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-prezema-pretsedatelstvoto-so-sovetot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-prezema-pretsedatelstvoto-so-sovetot-na-eu/#respond Sun, 01 Jan 2023 09:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=782939

Безбедноста, отпорноста, просперитетот и демократските вредности и владеењето на правото ќе бидат четирите приоритети на Шведска која од денеска претседава со Советот на Европската Унија. Шведската Влада претходно објави дека овие приоритети ги одразуваат позициите што Шведска традиционално ги претставува во Европската Унија, но дека се во согласност и со актуелните геополитички и економски предизвици со кои се соочува Унијата. Шведска го презема шестмесечното претседавање во време на историски предизвици за членките на ЕУ, кога руската агресија во Украина претставува закана за европската безбедност, со страшни последици за миграцијата и глобалното снабдување со храна и енергија. Шведскиот премиер Улф Кристерсон, претставувајќи ги приоритетите на претседавањето со ЕУ во шведскиот Парламент, рече дека војната за Украина ќе има одлучувачко влијание врз тоа претседателство. – Во некои аспекти знаеме точно за што се работи. Во други, немаме поим какви ќе бидат последиците. Што ќе се случи една година по инвазијата? Подоцна во пролетта или летото 2023 година? За време на своето претседавање, Шведска ќе биде подготвена да дејствува брзо и одлучно, рече Кристерсон. – Примарната задача на нашето претседателство ќе биде да помогнеме во осигурувањето на безбедноста на Европа. Така, системски ќе помагаме на Украина, но и на тој начин, што во сè понебезбедниот свет, ќе ја нагласуваме геополитичката важност на ЕУ, рече Кристерсон. Тој истакна дека неговата земја ќе биде мотор за имплементација на целите дефинирани во стратешкиот компас на ЕУ, но и во истакнувањето на важноста на внатрешната безбедност на ЕУ и борбата против организираниот криминал. Во соопштението на шведската влада за приоритетите, се наведува дека европските економии се сериозно погодени од војната во Украина и инструментализацијата на енергенсите. „Зголемената инфлација, растот на каматните стапки и цената на енергијата ги погодуваат компаниите и граѓаните. Иако се преземени решителни мерки, клучно е да останеме доследни на транзицијата кон зелена економија и да ги зачуваме основите на нашиот економски модел за долгорочен раст“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на шведското претседателство. „Нашето единство и подготвеност да дејствуваме остануваат клучен фактор за безбедноста, издржливоста и просперитетот на ЕУ“, се додава во соопштението. За шведското претседателство, во рамките на безбедноста и единството на ЕУ како приоритет, клучна ќе биде континуираната економска и воена помош за Украина, како и работата на обновата и европската интеграција на таа земја. „Со цел да ја зајакнеме безбедноста на ЕУ и нејзините граѓани, мораме да изградиме консензус во насока на робусна европска безбедносна и одбранбена политика, во тесна соработка со нашите партнери“, што вклучува „имплементација на стратешкиот компас и други иницијативи“. Како важен безбедносен фактор се наведува продолжувањето на борбата против прекуграничниот криминал. Како дел од вториот приоритет, издржливоста и конкурентноста, шведската влада нагласува дека ЕУ, како најголем единствен пазар во светот, мора да биде способна успешно да се натпреварува на странските пазари. „ЕУ мора да продолжи да обезбедува најдобри можни услови за здрава и отворена економија, заснована на слободна конкуренција, приватни инвестиции и успешна дигитализација“, се вели во соопштението. Како дел од третиот приоритет, просперитетот и зелената и енергетска транзиција, шведското претседателство ќе продолжи да прави напори за решавање на проблемот со високите и нестабилни цени на енергенсите и во исто време да се занимава со прашањето за долгорочна реформа на енергетскиот пазар. Се проценува дека глобалните климатски промени бараат глобален одговор и дека Европа мора да води со пример. „Заедничките европски чекори кон независност од фосилните горива се неопходни не само за зелената транзиција, туку и за нашата безбедност“, но и дека транзицијата кон кружна и зелена економија бара големи инвестиции во иновативните индустрии. „Мораме да обезбедиме правилни регулаторни и рамковни и политички стратегии за да ги привлечеме тие инвестиции“, се вели во соопштението. Четвртиот приоритет на шведското претседателство ќе бидат демократските вредности и владеењето на правото, за кои се вели дека се темелите на ЕУ и „го отвораат патот за кохезија, индивидуални слободи, недискриминација, подобри економски резултати и глобално влијание. „Афирмацијата на принципите на владеењето на правото и основните слободи е витален елемент на шведското, а всушност и на секое претседателство со Европската Унија“, соопшти шведското претседателство. Шведска денеска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Чешка, а на 1 јули функцијата ќе и ја предаде на Шпанија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-prezema-pretsedatelstvoto-so-sovetot-na-eu/feed/ 0
Мишел: Земјите-членки на ЕУ треба да дејствуваат заедно против енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-zemjite-chlenki-na-eu-treba-da-dejstvuvaat-zaedno-protiv-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-zemjite-chlenki-na-eu-treba-da-dejstvuvaat-zaedno-protiv-energetskata-kriza/#respond Fri, 16 Sep 2022 14:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=733749

Земјите-членки на ЕУ треба да дејствуваат обединето против енергетската криза предизвикана од наглиот раст на цените со намалување на потрошувачката на електрична енергија и да започнат заедно да купуваат гас, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Тој ќе претседава со два состаноци на лидерите на земјите-членки во октомври, посветени на кризата предизвикана од поскапувањето на гасот и намаленото снабдување од Русија. Во средата, Европската комисија предложи план за собирање 140 милијарди евра за компензација на потрошувачите од високите цени на енергијата. „Ова се добри предлози, но треба да се направи уште многу“, рече Мишел. Според него, ЕУ треба да ги продолжи дебатите околу одвојувањето на цената на струјата од цената на гасот, како и да наметне одреден плафон на цената на гасот, а земјите-членки да почнат заедно да купуваат гас. Не постои општо разбирање за купување, бидејќи големите економии можат полесно да преговараат за билатерални договори отколку малите. За Мишел ваквата конкуренција е непотребна. Министрите за енергетика на земјите-членки на 30 септември ќе разговараат за енергетската криза и мерките за нејзино сузбивање, а лидерите ќе се сретнат на 6. и 7. и 20. и 21 октомври. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-zemjite-chlenki-na-eu-treba-da-dejstvuvaat-zaedno-protiv-energetskata-kriza/feed/ 0
Радев на претседателот на Советот на ЕУ му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/radev-na-pretsedatelot-na-sovetot-na-eu-mu-gi-povtoril-bugarskite-uslovi-za-krevanje-na-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/radev-na-pretsedatelot-na-sovetot-na-eu-mu-gi-povtoril-bugarskite-uslovi-za-krevanje-na-vetoto-za-makedonija/#respond Mon, 13 Jun 2022 18:33:34 +0000 https://kurir.mk/?p=690368

Интеграцијата на Република Македонија мора да биде одржлив и неповратен процес и да се надоврзува на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство, било во фокусот на телефонскиот разговор на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, соопшти прес-службата на Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија истакнал дека исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, давање уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Македонија, се неопходни чекори за нејзиниот пат кон обединета Европа. Радев, како што соопшти неговиот Кабинет, „го поздравил подоброто разбирање на позицијата на Бугарија во Европската Унија и ја истакнал потребата од развивање јасни механизми и мерливи критериуми за да се земе предвид вистинскиот напредок на Македонија во процесот на европска интеграција и да се запазат демократските норми и принципи на ЕУ“. – Бугарија е отворена за дијалог и очекува конкретни резултати, кои нема како да бидат проверени во деновите кои преостануваат до овомесечната седница на ЕУ, рекол Раде. Радев имал телефонски разговор и со министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг, посветен на европската перспектива на Македонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/radev-na-pretsedatelot-na-sovetot-na-eu-mu-gi-povtoril-bugarskite-uslovi-za-krevanje-na-vetoto-za-makedonija/feed/ 0
Словенија од денес претседава со Советот на ЕУ, деблокирањето на преговорите со Македонија прва задача https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenija-od-denes-pretsedava-so-sovetot-na-eu-deblokiranjeto-na-pregovorite-so-makedonija-prva-zadacha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenija-od-denes-pretsedava-so-sovetot-na-eu-deblokiranjeto-na-pregovorite-so-makedonija-prva-zadacha/#respond Thu, 01 Jul 2021 05:55:36 +0000 https://kurir.mk/?p=530201

Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. За Северна Македонија, тоа значи нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите и нова надеж за почеток на преговори. И европски високи претставници го охрабрија словенечкото претседателство да работи по предлогот што на владите во Северна Македонија и во Бугарија им го достави португалското претседателство, со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји. Деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија ќе биде една од првите задачи на претседавањето на Словенија со ЕУ и тоа е „морално прашање“, изјави минатиот месец словенечкиот претседател Борут Пахор. Тој нагласи дека треба да се изнајде начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија и оти тоа е сега е не само политичко, туку и „морално прашање“ за Европа, нагласувајќи дека напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот. – Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло, рече Пахор, но додаде дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично. Директорот на Центарот за европски стратегии Евротинк, Димитар Николовски, изјави за МИА дека охрабрува фактот оти проширувањето, вклучително и отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, е меѓу трите највисоки приоритети на словенечкото претседателство. – Со оглед на географската положба и историските врски, Словенија е најдиректно засегната со ова проширување, во споредба со другите две земји од претседавачкото трио – Германија и Португалија, оценува Николовски. Сепак, додава Николовски, не очекувам откочување на процесот за време на словенечкото претседателсто, поради фактот дека Словенија ја нема таа моќ на убедување. – Позитивното е дека сме се уште највисок приоритет, па со ангажманот на помоќни земји членки би можело да има постепено приближување на позициите меѓу Бугарија и Северна Македонија, но тоа нема да биде краток процес, вели директорот на Евротинк за МИА. По завршувањето на Советот за општи работи (ГАК) на 22 јуни, државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази жалење дека и покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, за да се одржи првата меѓувладина конференција со овие две земји кандидатки за членство во Унијата. Таа додаде дека напорите да се дојде до позитивен заклучок ќе продолжат за време на претстојното словенечко претседателство, кое почнува на 1 јули. Закаријаш рече дека и натаму ќе се преговара по предлогот што на владите во Северна Македонија и во Бугарија им го достави португалсткото претседателство со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји. Таа истакна дека португалското претсадетелство дало се од себе за да дојде до можен компромис и да се најде можно решение. – Навистина би сакале денес да имавме, не две, туку четири меѓувладини конференции. Но разбираме дека е многу тежок политички момент. Затоа би требало да најдеме решение со кое сите страни би се чувствувале комфорно. Го охрабруваме словенечкото претседателство да ги продолжи нашите напори, да не го загуби моментумот, да ја продолжи дебатата и да го искористи предлогот што е на маса. Навистина се надеваме дека што е можно поскоро ќе ги одржиме тие две меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија за време на следнот семестар, рече Закариаш. На дебатата по прашањето за преговарачката рамка за С Македонија и Албанија, за за време на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург на 22 јуни, бугарскиот претставник рекол дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули, без да дава гаранции дека и идната политичка Влада во земјата ќе го деблокира ветото. На состанокот на ГАК, Германија покажа силна заложба за почетокот на преговорите со Северна Македонија, но бугарската страна одби да попушти и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“. Берлин од своја страна предупредил дека со вакво однесување ЕУ се претвора во „стратешко џуџе“. Како што тогаш изјавија дипломати на ЕУ, на Софија и било предочено дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“. Мнозинството земји членки исто така го потврдиле ставот дека се против одвојување на Албанија и Северна Македонија. Германскиот министер за Европа Михаил Рот, пак, за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави дека Унијата без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир минатата недела исто така потврди дека Словенија ќе ги преземе напорите за предлогот на португалското претседателство со ЕУ. Според него, октомври сега е реален датум за деблокада на европерспективите на земјава. Северна Македонија си ја заврши „домашната задача“ и ние мора да испорачаме. Tреба да продолжиме да го туркаме процесот и да стигнеме до целта, за да ги почнеме преговорите, рече Гир. – Дали октомври е реален? Да. Како што кажав, португалското претседателство работеше напорно, а Словенија потенцираше дека ова и е приоритет и ќе ја продолжи работата. И мислам дека сите разбираме дека треба да продолжиме да го туркаме процесот за да стасаме до целта и да ги почнеме преговорите, истакна евроамбасадорот. Шефовите на дипломатиите на претходниот претседавач со ЕУ, Германија, досегашниот Португалија и идниот Словенија, Хајко Мас, Аугусто Сантос Силва и Анже Логар, на 26 јуни излегоа со заедничка изјава во која ветија напорна работа во претстојниот период со цел брзо надминување на моменталната блокада, откако С Македонија и Албанија не добија зелено светло за почеток на преговори на јунскиот самит на Европската Унија. Министрите за надворешни работи на овие три земји во заедничката изјава го потенцираат значењето на продолжувањето на процесот на проширување, како стратешка цел на Унијата. Тие велат дека моменталната блокада го поткопува кредибилитетот на ЕУ и е во спротивност со стратешкиот интерес на Унијата за стабилност на Западен Балкан. – Крајно сме загрижени што сè уште не успеавме да започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, и покрај фактот што Советот донесе одлука за тоа уште во март 2020 година. Двете земји спроведоа низа реформи, а Северна Македонија инвестираше голем политички капитал во проширувањето и дури и го промени своето име. Крајно време е, ЕУ да си ги одржи своите ветувања. Германското и португалското претседателство напорно работеа на изнаоѓање на компромис, кој ќе овозможи да се оди понатаму, а словенечкото претседателство ќе ги продолжи овие напори и ќе се надоврзе на досега постигнатото. Веруваме дека билатералните прашања не треба да се пречка за напредок, кој е од толку суштинско значење како за ЕУ, така и за Западен Балкан, велат во заедничката изјава Мас, Силва и Логар. Тројцата шефови на дипломатии додаваат дека токму процесот на проширување и перспективата на членството во ЕУ ја нудат најдобрата можна рамка за надминување на различните гледишта кои постојат кај сите партнери од Западен Балкан. Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, напротив, постојано се обидуваме да го олесниме, изјави португалската амбасадорка во земјава Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, демантирајќи ги извештаите на бугарските медиуми од 29 јуни, дека државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш изјавила оти „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји”. Пина, чија земја нагласи дека Закаријаш рекла оти „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик”. Во однос на изјавата на Закаријаш, претседателот Стево Пендаровски оцени дека тоа е длабоко погрешна изјава која ги поткопала сите напори кои нејзиниот колега од истата влада ги правел месеци наназад. – Добрата вест е што португалското претседателство заврши, јас се надевам дека нашите пријатели од Република Словенија кои го преземаат кормилото на Европската Унија, следните шест месеци, ќе продолжат долж истата патека со полно уважување на виталните национални државни интереси на двете страни инаку поинаку не може да се дојде до договор, рече Пендаровски. Во реакција за МИА на изјавата на Закаријаш во однос на македонскиот јазик, од Владата истакнаа дека доколку е прецизно пренесена, и по суштина и по методологија таа е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение и дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање. – Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања, додаваат од Владата. Министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва за МИА оцени дека неговата државна секретарка Закаријаш згрешила со изјавата. Силва на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка. – Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик, рече Силва. Министерот понатаму додаде дека содржината на португалскиот предлог е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна. – Сметаме дека предлогот што го поднесовме и кој беше прифатен од Северна Македонија и мислам дека Бугарија може во блиска иднина да го прифати исто така, е многу јасен, зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот, порача Силва. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, на 21 мај во Скопје и Софија донесоа предлог за надминување на билатералното прашање меѓу С Македонија и Бугарија. Македонскиот држвен врв предлогот го оцени како добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ кое не задира во македонските идентитетски прашања. Софија, пак, побара јасни гаранции за нејзините национални интереси и за целосно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Земјава од декември минатата година се соочува со вето од Бугарија за усвојување на преговарачката рамка, со што официјално би почнале преговорите за членство со ЕУ. Софија тврди дека Скопје не го исполнува Договорот за добрососедство, а исто така инсистира С Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени. Владата на С Македонија одбива да преговара за идентитетски прашања, истакнувајќи во многу наврати дека црвените линии, дури и по цена на членство во ЕУ се идентитетот и јазикот, оти за нив не се преговарало, ниту ќе се преговара во иднина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenija-od-denes-pretsedava-so-sovetot-na-eu-deblokiranjeto-na-pregovorite-so-makedonija-prva-zadacha/feed/ 0
ЕУ: Усвоени препораки за ограничувања на патувања, на мапата се додава темноцрвена боја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-usvoeni-preporaki-za-ogranichuvanja-na-patuvanja-na-mapata-se-dodava-temnocrvena-boja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-usvoeni-preporaki-za-ogranichuvanja-na-patuvanja-na-mapata-se-dodava-temnocrvena-boja/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:05:01 +0000 https://kurir.mk/?p=462915

Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот. Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот. Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Оваа боја ќе се однесува на области каде што вирусот циркулира на многу високо ниво, вклучително и региони каде што се откриени позаразни варијанти на вирусот. – Земјите-членки треба да побараат од лицата кои патуваат од области обележани со темноцрвена боја да бидат тестирани на Ковид-19 пред пристигнувањето, а потоа да бидат во карантин 14 дена, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Во исто време, на земјите-членки им се дава можност да побараат тест за Ковид-19 од патници кои доаѓаат од портокалови, црвени и сиви области. Луѓето што живеат во погранични региони и ја преминуваат границата на дневна основа или често, на пример заради работа, студии или семејни причини, не треба да бидат подложени на тестирање или карантин. Доколку се воведе барање за тестирање, зачестеноста на тестовите врз такви лица треба да биде пропорционална, наведува Советот на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-usvoeni-preporaki-za-ogranichuvanja-na-patuvanja-na-mapata-se-dodava-temnocrvena-boja/feed/ 0
Совет на ЕУ: Физички состаноци на апсолутен минимум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-eu-fizichki-sostanoci-na-apsoluten-minimum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-eu-fizichki-sostanoci-na-apsoluten-minimum/#respond Mon, 26 Oct 2020 16:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=420876

Германското претседателство со Советот на ЕУ денеска донесе одлука за намалување на физичките состаноци на експертско ниво на „апсолутен минимум“ поради екстремно високата стапка на зараза со коронавирусот во Брисел, а на виртуелните состаноци ќе се дискутира и за приоритетните прашања. – Со оглед на големиот и сè уште растечки број на заразени со коронавирусот и во консултација со партнерите на ЕУ во Брисел, германското претседателство со Советот на ЕУ донесе одлука за намалување на физичките состаноци на експертско ниво на неопходен апсолутен минимум. Виртуелните состаноци исто така ќе бидат ограничени на приоритетни теми, земајќи ги предвид просторните, човечките и техничките ресурси на Генералниот секретаријат на Советот и претседателството, соопшти портпаролот на германското претседателство. Брисел има исклучително висока стапка на инфекција, моментално една од највисоките во Европа. Властите во белгискиот главен град и седиштето на европските институции воведоа низа нови мерки за забавување на огромниот раст на бројот на новозаразени. Од денеска во сила е полициски час од 22 до 6 часот наутро, затворени се спортски сали, базени и теретани, кина, театри и музеи. Забрането е собирање на повеќе од четири лица, свадби се вршат само во присуство на младенци, кумови, матичари или свештеници. На погреб е дозволено максимум 15 лица со почитување на растојание од 1,5 метар. Со физичко присуство ќе продолжат да се одржуваат само состаноците потребни за функционирање на ЕУ или за координација на одговорот на коронакризата, под услов да е можно да се почитуваат физичкото растојание и санитарните правила. Ова ќе биде во сила сè додека „ситуацијата во Брисел го налага тоа“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-eu-fizichki-sostanoci-na-apsoluten-minimum/feed/ 0
Конференцијата за иднината на Европа ќе се фокусира на политиките на среден и долг рок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konferencijata-za-idninata-na-evropa-kje-se-fokusira-na-politikite-na-sreden-i-dolg-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konferencijata-za-idninata-na-evropa-kje-se-fokusira-na-politikite-na-sreden-i-dolg-rok/#respond Thu, 25 Jun 2020 09:27:56 +0000 https://kurir.mk/?p=362625

Советот на Европска Унија соопшти дека Конференцијата за иднината на Европа ќе се одржи откако ќе дозволи епидемиолошката ситуација“. Советот на ЕУ оценува дека Конференцијата треба да почне кога ќе дозволат епидемиолошките услови и треба да се фокусира на развојот на политики на ЕУ на среден и долг рок, со цел поефикасно да се справи со предизвиците со кои се соочува Европа, вклучително и економските последици од пандемијата со Ковид-19 и научените лекции од кризата, се наведува во соопштението од Советот на ЕУ. Начелата и целите на Конференцијата, Советот на ЕУ треба да ги усогласи со Европскиот парламент и Европската комисија. Конференцијата за иднината на Европа требаше да се одржи на 9 мај во Дубровник, но поради пандемијата беше одложена. Конференцијата ќе трае две години и ќе им овозможи на граѓаните на земјите-членки да ги изнесат своите погледи за иднината на ЕУ. Врз основа на предлозите ЕК ќе ги преземе натамошните чекори и ќе предложи решенија за подобро дејствување на ЕУ. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konferencijata-za-idninata-na-evropa-kje-se-fokusira-na-politikite-na-sreden-i-dolg-rok/feed/ 0
Усвоени договорите за ФРОНТЕКС со Србија и Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/usvoeni-dogovorite-za-fronteks-so-srbija-i-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/usvoeni-dogovorite-za-fronteks-so-srbija-i-crna-gora/#respond Tue, 26 May 2020 17:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=350459

Советот на Европска Унија денеска ги усвои договорите склучени со Белград и со Подгорица за гранична соработка помеѓу овие две земји и европската гранична и крајбрежна агенција, позната како ФРОНТЕКС, јави дописничката на МИА од Брисел. Целта на овие договори е да им се помогне на земјите од Западен Балкан да управуваат со „мигрантските текови“ долж така наречената балканска рута и да се справат со „нелегалната миграција“ како и со граничниот криминал. Договори се склучени со речиси сите земји од регионот, но не се сите усвоени за сега. Соработката со ФРОНТЕКС подразбира заеднички операции и распоредување на екипи на европската агенција во балканските подрачја што се граничат со ЕУ. – Блиската соработка со нашите партнери од Западен Балкан е суштинска ако сакаме да се справиме со миграциските предизвици со кои се соочуваме. Договорите усвоени денеска за гранично управување со Црна Гора и со Србија се важен дел од нашата целокупна стратегија за гранично управување, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, чија земја претседава со ЕУ до први јули. Договорот со Црна Гора ќе стапи во сила на први јули, додека договорот со Србија сѐ уште се финализира. Договорите не можат да стапат во сила додека не се одобрени од двете страни. Албанија беше првата земја која склучи договорот со ФРОНТЕКС минатата година и одржа заедничка операција во мај 2019 година. Босна и Херцеговина и Северна Македонија имаат договори, но тие сѐ уште не се финализирани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/usvoeni-dogovorite-za-fronteks-so-srbija-i-crna-gora/feed/ 0
Совет на Европа: Владите не смеат да ја користат кризата за замолчување на новинарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/#respond Thu, 30 Apr 2020 09:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=339778

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ ги повика владите да не ја ограничуваат слободата на медиумите за време на пандемијата на Ковид-19 и предупреди за трендот на заплашување и напад врз новинарите. – Владите се соочуваат со невидени предизвици за време на кризата со коронавирусот, но ситуацијата не треба да се користи за да се замолчат новинарите, предупреди Пејчиновиќ Буриќ во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. Според неа, „медиумите треба слободно да известуваат за сите аспекти на кризата“. – Новинарите имаат клучна улога и посебна одговорност во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста. Тие мора да бидат во можност да го преиспитаат владиниот одговор на пандемијата, истакна генералната секретарка на Советот на Европа. Пејчиновиќ Буриќ смета дека со „одговорно известување, новинарите можат да спречат ширење на паника и да ги истакнат позитивните примери во општеството“. Минатата година се регистрирани 142 сериозни закани врз слободата на медиумите во 47 членки на Советот на Европа, се наведува во извештајот на партнерската Платформа на Советот на Европа за подобрување на заштитата на новинарството и безбедноста на медиумските работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/feed/ 0