совет на европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 20:17:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет на европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на Европа упати критики до Полска поради односот кон германското малцинство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-upati-kritiki-do-polska-poradi-odnosot-kon-germanskoto-maltsinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-upati-kritiki-do-polska-poradi-odnosot-kon-germanskoto-maltsinstvo/#respond Thu, 31 Aug 2023 20:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=873122

Советот на Европа го критикуваше односот на Полска кон германското малцинство во таа земја и негативните последици од намалувањето на часовите по мајчин јазик на само еден час неделно, како и отстранувањето на двојазичните табли. „Извештајот на експертите кои беа во Полска во март оваа година ги наведува очигледните негативни последици од намалувањето на часовите по германски јазик во септември минатата година“, се вели во соопштението на Советот на Европа. Извештајот препорачува враќање на три наставни часа неделно. Советот на Европа очекува „зголемени напори“ од владата во Варшава за подигање на социјалната толеранција кон јазичните малцинства и културното наследство. Друга точка на критика се однесува на слабата застапеност на германскиот јазик во јавната администрација, како и отстранувањето на повеќејазичните табли од некои градови во југозападна Полска. Според полските закони, двојазичните знаци и употребата на јазикот на малцинствата во јавните служби се практикуваат во оние локални единици каде одредено малцинство сочинува повеќе од 20 отсто од населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-upati-kritiki-do-polska-poradi-odnosot-kon-germanskoto-maltsinstvo/feed/ 0
Дора Бакојани именувана за известител за Косово во Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/#respond Tue, 20 Jun 2023 14:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=847872

Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја именуваше грчката политичарка Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа. Именувањето на Бакојани го потврди шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово во Собранието, Арбен Гаши, кој е член на делегацијата на пратениците од Приштина во Советот на Европа, а моментално е во Стразбур, јавија приштинските и српски медиуми. Задачата на Бакојани ќе биде да подготви извештај за Косово, што ќе оди на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а откако ќе добие извештај од двајца еминентни адвокати кои веќе се назначени, германски и фински адвокати, Томас Маркерт и Спилиопулу Акермарк. Во меѓувреме се очекува да бидат назначени уште двајца известители, еден во Комисијата за правни прашања и еден во Комисијата за еднаквост и недискриминација. Бакојани е грчка политичарка, која беше министерка за надворешни работи , а претходно беше градоначалничка на Атина. Во моментот а извршува функцијата потпретседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dora-bakojani-imenuvana-za-izvestitel-za-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Османи на самит на Совет на Европа во Рејкјавик: Во фокус зајакнување на соработката помеѓу СЕ и ОБСЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-na-samit-na-sovet-na-evropa-vo-rejkjavik-vo-fokus-zajaknuvane-na-sorabotkata-pomegu-se-i-obse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-na-samit-na-sovet-na-evropa-vo-rejkjavik-vo-fokus-zajaknuvane-na-sorabotkata-pomegu-se-i-obse/#respond Tue, 16 May 2023 06:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=834579

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи на 16-ти и 17-ти мај ќе присуствува на четвртиот самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд, соопшти МНР. Во рамки на самитот, ќе се одржи и состанок на високо ниво меѓу Советот на Европа и ОБСЕ на кој ќе се разговара за досегашната соработка, како и за други областите во кои може двете организации да придонесат со своите капацитети. Османи ќе учествува и на тркалезна маса „Поддршка за Украина – солидарност и одговорност“, а предвидени се и билатерални средби на Османи со министрите за надворешни работи на Велика Британија и Шведска. На вториот ден од самитот, Османи ќе се обрати на генералната дебата и завршната сесија „Обединети за Европа“, каде како Претседавач со ОБСЕ ќе се осврне на потребата од засилена соработка со Советот на Европа во контекст на почитувањето на човековите права и основните слободи, демократијата и владеењето на правото. Самитот е предвидено да заврши со усвојување на Рејкавик Декларацијата и предавање на претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа на Летонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-na-samit-na-sovet-na-evropa-vo-rejkjavik-vo-fokus-zajaknuvane-na-sorabotkata-pomegu-se-i-obse/feed/ 0
Совет на Европа: Швајцарија не постигна напредок во борбата против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-shvajtsarija-ne-postigna-napredok-vo-borbata-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-shvajtsarija-ne-postigna-napredok-vo-borbata-protiv-koruptsijata/#respond Thu, 11 May 2023 16:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=833142

Советот на Европа не гледа „никаков напредок“ во спроведувањето на препораките до Швајцарија за спречување на корупцијата меѓу парламентарците и судиите, се наведува во извештајот објавен денеска. Групата на држави на Советот на Европа за борба против корупцијата (Греко) во извештајот во 2016 година му даде 12 препораки на Берн за да се спречи корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите, но шест години подоцна беа спроведени само пет од 12-те препораки или „ решени задоволително“, пишува во извештајот. Авторите на извештајот жалат што пратениците „се уште немаат посветено тело кое ќе го советува за нивниот интегритет и не добиваат обука за тоа“ и што изјавите на пратениците се уште „не содржат квантитативни податоци или информации за нивните обврски и се уште не се предмет на контрола од службите на Собранието“, додава Греко. Што се однесува до судиите и обвинителите, во извештајот се изразува жалење што не се преземени никакви мерки „за определување други санкции освен разрешување во случај на повреда на нивните должности“. „Судиите сепак дел од платите им даваат на политичките партии“, наведува Греко во врска со отфрлањето на народната иницијатива за ова прашање на референдумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-shvajtsarija-ne-postigna-napredok-vo-borbata-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Николоски во Советот на Европа: Македонците од Бугарија гледаат надеж за почитување на човековите права во спроведување на пресудите на Судот од Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-sovetot-na-evropa-makedontsite-od-bugarija-gledaat-nadezh-za-pochituvane-na-chovekovite-prava-vo-sproveduvane-na-presudite-na-sudot-od-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-sovetot-na-evropa-makedontsite-od-bugarija-gledaat-nadezh-za-pochituvane-na-chovekovite-prava-vo-sproveduvane-na-presudite-na-sudot-od-strazbur/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=827707

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се обрати пред Советот на Европа од каде истакна дека Бугарија со години одбива да ги спроведе 16-те пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија. -Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, националните уставни судови и Судот на правдата на Европската унија. Со оглед на отсуството на јасна уставна хиерархија меѓу овие јурисдикции, ние се занимаваме со еден вид „конституционализам на повеќе нивоа“. Човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица! Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права. Исто така, потребни се подобрувања за да се осигура дека домашните судови соодветно се ангажираат со судската пракса на Европскиот суд за човекови права при примената на човековите права на домашно ниво – вклучително и преку тоа да се направат достапни насоките од Судот на сите јазици на Советот на Европа. Една земја - членка - Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа. Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права. Во извештајот јасно е напишано дека - речиси сите земји одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели - сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува. Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо. Целосното почитување на Конвенцијата и националниот уставен поредок не е антитетично, туку е целосно комплементарно. Собранието треба да смета дека приоритет во Советот на Европа треба да биде зајакнувањето на правниот и моралниот авторитет на Конвенцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-sovetot-na-evropa-makedontsite-od-bugarija-gledaat-nadezh-za-pochituvane-na-chovekovite-prava-vo-sproveduvane-na-presudite-na-sudot-od-strazbur/feed/ 0
Барањето на Косово за прием во Советот на Европа влезе во процедура https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa-vleze-vo-protsedura-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa-vleze-vo-protsedura-2/#respond Mon, 24 Apr 2023 15:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=827032

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска на вонредна седница одлучи да го проследи барањето на Косово за прием во таа паневропска организација до Парламентарното собрание на консултации. Во одлуката објавена на веб-страницата на Советот на Европа, Комитетот на министри се повикува на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија од 27 февруари и неговиот анекс за спроведување од 18 март, на кој лидерите на двете страни постигнаа договор во дијалог со посредство на ЕУ. За одлуката на Комитетот на министри е потребно двотретинско мнозинство. Парламентарното собрание на СЕ утре во Стразбур ќе ја започне својата редовна пролетна сесија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa-vleze-vo-protsedura-2/feed/ 0
Барањето на Косово за прием во Советот на Европа влезе во процедура https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa-vleze-vo-protsedura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa-vleze-vo-protsedura/#respond Mon, 24 Apr 2023 15:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=827030

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска на вонредна седница одлучи да го проследи барањето на Косово за прием во таа паневропска организација до Парламентарното собрание на консултации. Во одлуката објавена на веб-страницата на Советот на Европа, Комитетот на министри се повикува на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија од 27 февруари и неговиот анекс за спроведување од 18 март, на кој лидерите на двете страни постигнаа договор во дијалог со посредство на ЕУ. За одлуката на Комитетот на министри е потребно двотретинско мнозинство. Парламентарното собрание на СЕ утре во Стразбур ќе ја започне својата редовна пролетна сесија.]]>

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска на вонредна седница одлучи да го проследи барањето на Косово за прием во таа паневропска организација до Парламентарното собрание на консултации. Во одлуката објавена на веб-страницата на Советот на Европа, Комитетот на министри се повикува на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија од 27 февруари и неговиот анекс за спроведување од 18 март, на кој лидерите на двете страни постигнаа договор во дијалог со посредство на ЕУ. За одлуката на Комитетот на министри е потребно двотретинско мнозинство. Парламентарното собрание на СЕ утре во Стразбур ќе ја започне својата редовна пролетна сесија.]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/baraneto-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa-vleze-vo-protsedura/feed/ 0
Советот на Европа изрази загриженост поради употребата на сила на протестите во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-izrazi-zagrizhenost-poradi-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-izrazi-zagrizhenost-poradi-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-frantsija/#respond Fri, 24 Mar 2023 18:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=816179

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест. „Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението на комесарката Сепак, спорадичните акти на насилство и прекршоци на некои демонстранти за време на протестите не можат да ја оправдаат прекумерната употреба на сила од страна на државните службеници, се додава во соопштението на Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, каде што исто така се одржаа протестите. Комесарката додаде дека не може да се оправда ниту одземањето на правото на слобода на собир на луѓето и изрази загриженост за апсењето и приведувањето на одредени демонстранти и луѓе во близина на демонстрациите за дела кои „не оправдуваат прибегнување кон мерки кои се толку штетни во однос на правото на слобода и безбедност“. „Насилството, од каде и да доаѓа, никогаш не може да се користи како средство за решавање на социјална или политичка криза“, рече таа, изразувајќи жалење што луѓе беа повредени и меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Според неа, насилството мора да престане бидејќи тоа е неопходен услов за ефективно остварување на слободата на изразување и собирање, како и за доверба меѓу населението и полицијата. Во Франција, вчера, за време на протестите поради пензиската реформа беа повредени 441 припадник на полицијата и жандермеријата, а 457 лица беа приведени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-izrazi-zagrizhenost-poradi-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-frantsija/feed/ 0
Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/#respond Thu, 09 Mar 2023 14:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=810035

Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година. Сопствениците на косовски пасоши ќе можат да влезат во ЕУ без визи или од 1 јануари 2024 година или од почетокот на функционирање на Системот на ЕУ за информации и одобрувања на патувања (ЕТИАС), доколку тоа се случи оваа година, соопшти денеска Советот на ЕУ. Пред две недели беше објавено дека почетокот на ЕТИАС, електронскиот систем за одобрување влез во ЕУ, ќе биде одложен до следната година. Новите правила ќе им овозможат на косовските државјани да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ. Пред новите правила да бидат потпишани и објавени во Службен весник на ЕУ, тие треба да бидат усвоени од Европскиот парламент. Марија Малмер Стенергард, министерка за миграција во владата на Шведска, земја која моментално претседава со ЕУ, рече дека Косово „вложи големи напори“ да го подобри управувањето со миграцијата и да се усогласи со визната политика на ЕУ и изрази надеж дека соработката меѓу ЕУ и Приштина во тие области „ќе продолжи да биде плодна“. Врз основа на оценката дека Косово постигна значаен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визниот режим, Европската комисија предложи укинување на визите за сопствениците на косовски пасоши. Европската комисија ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на тие барања, вклучително и усогласувањето на визната политика, преку посебен механизам, посочува Советот на ЕУ. На 30 ноември 2022 година, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија за преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседавачот со ЕУ требаше да ги започне преговорите со Европскиот парламент. Косово долго чекаше безвизен режим за влез во ЕУ, откако Европската комисија во јули 2018 година потврди дека земјата ги исполни преостанатите два услови за визна либерализација (ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и успех во борбата против криминал и корупција), и дека на тој начин ги исполнила сите критериуми од Патоказот за визна либерализација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/feed/ 0
Кокс: ПССЕ ја поддржува борбата на украинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koks-psse-ja-poddrzuva-borbata-na-ukrainskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koks-psse-ja-poddrzuva-borbata-na-ukrainskiot-narod/#respond Mon, 10 Oct 2022 13:26:20 +0000 https://kurir.mk/?p=743646

При отворањето на Есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), претседател на ПССЕ, Тини Кокс изјави дека Советот на Европа ја поддржува „храбрата борба на народот на Украина за заштита, поддршка и враќање на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на својата земја и нашата земја-членка“, јави дописникот на МИА. Пратениците од 46-те земји членки со една минута молк им оддадоа почит на сите жртви на „војната која никогаш не требаше да започне и мора да заврши што е можно поскоро“. – Рано утринава, цела Украина се разбуди под сирените бидејќи се случи уште една серија варварски руски напади врз станбени области и цивилна инфраструктура насочени кон историскиот центар на Киев, градовите Запорожје, Днипро, Одеса, Лавов, Житомир и многу други. Овие злосторства кои намерно и очигледно имаат за цел невоени објекти и да тероризираат невини луѓе не можат да се игнорираат и не можат да се оправдаат, посочи Кокс. Тој додаде дека едностраната агресија на Русија доведе до низа мултилатерални реакции. – За утре свикав состанок на мешовитата комисија на Собранието и Комитетот на министри. Таму ќе разговараме за потребата да се организира што е можно побрзо четврти Самит на шефови на држави и влади на сите наши 46 земји-членки, за да се одлучи за идната улога на Советот на Европа, како најстар и најширок политички договор во Европа. Заедницата, во идната мултилатерална архитектура да го заштити мирот и да промовира просперитет за сите европски граѓани, врз основа на почитување на владеењето на правото, човековите права и демократијата, наведе Кокс. Според него има многу други важни предизвици во Европа, кои „бараат големо внимание оваа недела“. Еден од нив е неодамнешната најзагрижувачка ескалација во непријателствата меѓу Ерменија и Азербејџан, што доведе до дополнителни жртви на двете страни. Тој ги повика двете земји да ги удвојат своите напори за изнаоѓање мирно одржливо решение за конфликтот што толку негативно влијае врз животите на милиони луѓе во регионот на Јужен Кавказ. Со повик до ерменските и азербејџанските парламентарци да го искористат ова ПССЕ како агора на можности да разговараат за најтешките прашања и да воспостават значаен дијалог за да се обидат да ги премостат несогласувањата. Повторно: ако не сега, кога тогаш?“, додаде претседателот на ПССЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koks-psse-ja-poddrzuva-borbata-na-ukrainskiot-narod/feed/ 0