совет на град скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 11:53:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет на град скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претставници од приватните превозници пристигнаа на средба во Советот на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretstavnici-od-privatnite-prevoznici-pristignaa-na-sredba-vo-sovetot-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretstavnici-od-privatnite-prevoznici-pristignaa-na-sredba-vo-sovetot-na-grad-skopje/#respond Fri, 25 Nov 2022 11:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=766417

Претставници од приватните превозници пристигнаа на средба во Советот на град Скопје на која очекуваат да се изнајде решение за проблемите со кои се соочуваат. Веќе петти ден овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Непосредно пред средбата, пред централата на Јавното сообраќајно претпријатие тие одржаа мирен протест барајќи средба со директорот на претпријатието. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера ги обвини приватните превозници дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец. Во демантот на таквите обвинувања, превозниците порачаа дека воопшто не се вклучени во наплатата на билети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretstavnici-od-privatnite-prevoznici-pristignaa-na-sredba-vo-sovetot-na-grad-skopje/feed/ 0
Славески: Арсовска не само што не сакала да се донесе ребаланс за тековната година, туку се впуштила во авантура да ги оневозможи советниците да го донесат предлог буџетот за 2023 година во законскиот рок https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/slaveski-arsovska-ne-samo-shto-ne-sakala-da-se-donese-rebalans-za-tekovnata-godina-tuku-se-vpushtila-vo-avantura-da-gi-onevozmozi-sovetnicite-da-go-donesat-predlog-budzetot-za-2023-godina-vo-zakonskio/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/slaveski-arsovska-ne-samo-shto-ne-sakala-da-se-donese-rebalans-za-tekovnata-godina-tuku-se-vpushtila-vo-avantura-da-gi-onevozmozi-sovetnicite-da-go-donesat-predlog-budzetot-za-2023-godina-vo-zakonskio/#respond Tue, 22 Nov 2022 11:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=764692

На 14-ти ноември оваа година се одржа редовна седница на Совет на Град Скопје при што прва точка од дневниот ред беше изменување и дополнување на Буџет на Град Скопје за 2022 година (Ребаланс на буџетот). Седница за ребаланс на буџетот беше првично планирана за 21 октомври, но на барање на Кабинет на градоначалникот Данела Арсовска датумот беше неколку пати поместуван за седницата да се одржи на само еден ден пред истекот на законскиот рок за носење на ребаланс на буџет (15 ноември) од страна на Совет на Град Скопје. Ова е првиот индикатор за несериозноста во пристапот на градоначалникот со управувањето на финансиите на главниот град на Република Македонија, истакна Претседателот на Совет во Град Скопје, Трајко Славески.

-Во рокот за доставување амандмани беа поднесени 14 амандмани од страна на советниците. Во текот на амандманската расправа со мнозинство гласови беа усвоени повеќе амандмани. По завршување на амандманската расправа, а и во текот на дискусијата по одделни амандмани,  од страна на претставник на Сектор за финансии при Град Скопје беше укажано дека некои од нив би можеле да ја нарушат рамнотежата на буџетот. За членовите на Совет на Град Скопје ова беше јасно и на предлагачот му беше укажано дека во ваков случај градоначалникот има две опции: прво, целосно да го повлече предлогот за изменување и дополнување на буџетот, или второ, да достави сопствени предлог-амандмани на текстот со кои ќе се воспостави рамнотежата со вклучените амандмани претходно усвоени од страна на советниците. По едночасовна пауза градоначалникот Арсовска го извести Советот дека тие немаат никаков предлог, по што членовите на Совет со мнозинство гласови ги донесоа измените и дополнувањата на Буџет на Град Скопје за 2022 година, истакнува тој.

Вели дека со ваквата постапка станува очигледно дека градоначалникот Арсовска немала интерес од носење на коректен ребаланс на буџетот на Град Скопје, за подоцна вината да ја префрли врз советниците, со кои воопшто не соработува при подготовката на значаен документ како што е ребаланс на буџетот.

-Уште повеќе, на само неколку недели пред рокот за доставување на буџет на Град Скопје за наредната, 2023 година, никој од членовите на Совет кои треба да дискутираат и да го донесат буџетот нема никаква информација и отсуствува било каква координација на релација Совет - градоначалник. По се изгледа дека Арсовска не само што не сакала да се донесе ребаланс на буџетот за тековнава година, туку веројатно се впуштила во авантура да ги оневозможи членовите на Совет на Град Скопје во законскиот рок да го донесат и буџетот за 2023 година. Членовите на Совет ова нема да го дозволат, порача Славески.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/slaveski-arsovska-ne-samo-shto-ne-sakala-da-se-donese-rebalans-za-tekovnata-godina-tuku-se-vpushtila-vo-avantura-da-gi-onevozmozi-sovetnicite-da-go-donesat-predlog-budzetot-za-2023-godina-vo-zakonskio/feed/ 0
Советот на Град Скопје ќе се дигитализира со нов конференциски систем за гласање https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-kje-se-digitalizira-so-nov-konferenciski-sistem-za-glasanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-kje-se-digitalizira-so-nov-konferenciski-sistem-za-glasanje/#respond Tue, 23 Aug 2022 09:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=722509

Реконструкција на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Општина Гази Баба, изградба на нова улица „Македонско Косовска Бригада“ крак 18 во Шуто Оризари и проект за изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општина Сарај, како и проект за пет километри улици во Усје, најави денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Ова, како што посочи Арсовска, се само дел од дополнителните проектите кои ги доставила до Советот на Град Скопје за седницата на 31 август. – Ова се само дел од поприотритетните одлуки што се доставени до Советот и се надевам дека веднаш по седницата ќе можеме да пристапиме кон нивна реализација, изјави Арсовска. Во насока на поголема транспарентност во работат, Арсовска, најави дека Советот на Град Скопје ќе се дигитализира со нов конференциски систем за гласање, со што граѓаните ќе може да имаат увид во гласањето на советниците. Градот Скопје, како што посочи Арсовска, веќе работи на првиот од петте нови паркови во Скопје, во општината Ѓорче Петров, како и дека е започнато со реконструира улицата Скоевска во Бутел, а потсети и дека е започната акција за чистење на коритото на Вардар, како и на Усјанскиот канал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-kje-se-digitalizira-so-nov-konferenciski-sistem-za-glasanje/feed/ 0
Реконструирана пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruirana-peshachkata-pateka-na-bulevarot-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruirana-peshachkata-pateka-na-bulevarot-goce-delchev/#respond Thu, 11 Aug 2022 12:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=717087

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираа пешачката и велопатека по должината на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од Стоковната куќа „Мост“ до триаголникот кај мостот „Гоце Делчев“, од страната на катната гаража. Пешачката и велопатека се реконструираше по налог на Град Скопје и е асфалтирана на вкупна површина од 1.800 квадратни метри, во која што површина се вклучени и два пешачки острови. Во текот на градежните работи на овој потег беа отстранети оштетените бекатон плочки и раскршениот асфалт, беше поставен тампонски слој и рабници, беше реконструирана и нивелирана една шахта и беше нанесена нова асфалтна маса. Во наредниот период ќе се работи на обнова на пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот „Гоце Делчев“ и од страната на Кале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruirana-peshachkata-pateka-na-bulevarot-goce-delchev/feed/ 0
Советот на Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-izglasa-7-milioni-denari-humanitarna-pomosh-za-gragjanite-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-izglasa-7-milioni-denari-humanitarna-pomosh-za-gragjanite-na-ukraina/#respond Fri, 11 Mar 2022 09:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=645371

Советот на Град Скопје вчера ја одржа шестата седница на која се изгласа Одлука за давање хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, како израз на солидарноста на скопјани за граѓаните зафатени од воениот конфликт во таа земја. На седницата Советот на Град Скопје го констатира престанокот на мандатот на досегашниот членот на Советот Мартин Попов, а го верификуваше и мандатот на Ајсељ Сејфула. Советниците дискутираа и изгласаа повеќе точки од дневниот ред како Предлог- годишна сметка за Буџетот на Град Скопје за 2021 година, Извештајот за реализација на капиталните инвестиции во Град Скопје, како и Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје. Дополнително, Советот донесе одлука за формирање на Градскиот штаб за заштита и спасување. Командант на штабот за заштита и спасување е градоначалничката Данела Арсовска, додека началник е Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски. Советот на Град Скопје донесе и повеќе одлуки за ослободување на повеќе јавни институции од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште. Станува збор за ослободување на Универзитетот Мајка Тереза за реконструкција со пренамена на јавен објект на универзитетот, на Општина Центар, во својство на инвеститор, за изградба на детска градинка во населба Пролет, како и ослободува Владата на РМ и Министерството за здравство како инвеститори во проектот за надградба на клиника за хематологија во Скопје, во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Советот на Град Скопје на седницата расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова, општина Кисела Вода. Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода.Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки, како и поставување на ново улично осветлување. На вчерашната седница беше изгласана и Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, со која се дефинирани обемот, динамиката и начинот на одржувањето на јавната чистота, која подразбира организирано и континуирано чистење, поточно метење и миење на јавните сообраќајни површини, како и празнење на корпи за отпадоци кои се поставени по сообраќајниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetot-na-grad-skopje-izglasa-7-milioni-denari-humanitarna-pomosh-za-gragjanite-na-ukraina/feed/ 0
Попова од Ѓорче Петров до Шилегов: Овде требаше да поминува продолжувањето на булевар Илинден, и да завршува кај обиколница, тука нема ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popova-od-gjorche-petrov-do-shilegov-ovde-trebashe-da-pominuva-prodolzuvanjeto-na-bulevar-ilinden-i-da-zavrshuva-kaj-obikolnica-tuka-nema-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popova-od-gjorche-petrov-do-shilegov-ovde-trebashe-da-pominuva-prodolzuvanjeto-na-bulevar-ilinden-i-da-zavrshuva-kaj-obikolnica-tuka-nema-nishto/#respond Sun, 06 Jun 2021 14:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=519722

Се наоѓаме на местото каде што согласно ветувањето на Петре Шилегов требаше да поминува булеварот Илинден. Токму на ова место во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров, Шилегов вети дека ќе изгради надвозник за да ги поврзе Булеварот Илинден со Ул. Шарпланинска и ќе ја продолжи трасата се до обиколницата со клучка во Волково. Овој проект ќе дадеше нова артерија на движење во Ѓорче Петров, а иако имаше готов проект, тој не направи ништо. За жал, најголемиот неработник уште еднаш докажа дека е ноторен лажго и овој проект остана на страниците на програмата "За живот" исто како и ЗИП лајн-от, тунелот и многу други. Петре Шилегов во Ѓорче Петров не направи ништо од тоа што ветуваше. Шилегов во неговата програма помпезно најавуваше решавање на сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје, пред мостот кон Сарај, со изградба на голем кружен тек, изјави денеска за медиумите, Ирена Попова, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. - Шилегов во својата програма вети и изградба на нов железнички надвозник во населбата Даме Груев, каде се поврзуваат со правецот Ново село – Никиштани. Спортот и рекреацијата тоа беше омилена тема на Петре Шилегов во предизборието. Конкретно за жителите на Ѓорче Петров, тој вети целосно поврзување на велосипедските патеки по кејот на Вардар и реката Лепенец со останатите во градот. Тој во неговата програма вети дека „левиот кеј ќе добие нови содржини, велосипедски патеки, осветлување, спортски реквизити и друга урбана опрема, а десниот реновиран и ослободен од препреките за велосипедистите, рекреативците и пешаците, посочи таа. Попова потенцираше дека тој ветуваше нова велосипедска патека што ќе води од реката Вардар, нагоре, по нејзината притока Лепенец и ќе овозможи брз вело-пристап на жителите на населбите Ѓорче Петров, Даме Груев, Ново село, Кисела јабука и Волково. - Од сето ова, Шилегов не исполни ама баш ништо! Повторно, од Шилегов скопјани и ѓорчепетровци добија само ветувања но сето тоа се сведе само на куп лаги. Затоа Петре Шилегов никогаш повеќе нема да ја добие довербата од граѓаните на Ѓорче Петров, додаде таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popova-od-gjorche-petrov-do-shilegov-ovde-trebashe-da-pominuva-prodolzuvanjeto-na-bulevar-ilinden-i-da-zavrshuva-kaj-obikolnica-tuka-nema-nishto/feed/ 0
Прекината седницата во советот на град Скопје откако на Шилегов му се поставија прашања за кои избегнува одговор https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekinata-sednicata-vo-sovetot-na-grad-skopje-otkako-na-shilegov-mu-se-postavija-prashanja-za-koi-izbegnuva-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekinata-sednicata-vo-sovetot-na-grad-skopje-otkako-na-shilegov-mu-se-postavija-prashanja-za-koi-izbegnuva-odgovor/#respond Tue, 27 Apr 2021 12:32:42 +0000 https://kurir.mk/?p=502778

На седницата денеска за советнички прашања во советот на Град Скопје настана хаос откако Александар Трајановски, советникот од ГРОМ и портпарол на партијата го праша градоначалникот кои и каде се поставени чешмите во Скопје кои пред една година беа платени. Градот Скопје континуирано од едно правно лице три години по ред врши набавки во висина од 2 милиони денари за 2019та, а набавките во 2020 и 2021 година се на ист ден идентични во висина од 4 милиони и 700 илјади денари. Оваа правно лице работи исклучиво со Град Скопје, а освен чешми продава и клупи и корпи за отпадоци. Токму поврзано со корпите за отпадоци и контејенерите беше второ советничко прашање на советникот Трајановски. -Како може правно лице од кое Град Скопје врши набавка на контејнери, а многу брзо и набавка и на подземни контејнери во висина од 30 милиони денари, истото правно лице кое патем има тројца вработени да работи и на новогодишно украсување во повеќе општини во Град Скопје и други општини низ македонија и тоа за само еден месец, запраша тој. Трјановски напомена дека иста фирма со тројца вработени го кити Скопје за новогодишните празници, и истата фирма го кити Скопје со корпи за отпадоци, контејнери, продава терапија за коронавирусот на болницата 8ми Септември, а во времето што им преостанува сервисираат и продаваат пумпи и електро мотори. По поставените прашања градоначаникот, Петре Шилегов не се јави за одговор, а за кратко потоа беше прекината Зум конференцијата на која се одржува седницата на совет на Град Скопје со образложение дека се прекинала конекцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekinata-sednicata-vo-sovetot-na-grad-skopje-otkako-na-shilegov-mu-se-postavija-prashanja-za-koi-izbegnuva-odgovor/feed/ 0
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов ги одби сите амандмани, кои беа наменети за подобрување на инфраструктурата, подобра заштита од КОВИД и поддршка за ФК Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-shilegov-gi-odbi-site-amandmani-koi-bea-nameneti-za-podobruvanje-na-infrastrukturata-podobra-zashtita-od-kovid-i-poddrshka-za-fk-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-shilegov-gi-odbi-site-amandmani-koi-bea-nameneti-za-podobruvanje-na-infrastrukturata-podobra-zashtita-od-kovid-i-poddrshka-za-fk-vardar/#respond Fri, 18 Dec 2020 18:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=445363

„Советот на Град Скопје на маратонска седница која траеше од 11 часот вчера до 5 часот утрово го разгледа и донесе Буџетот на Град Скопје за 2021 година во износ од 7,2 милијарди денари. Советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа 75 амандмани на Буџетот користејќи го своето деловничко право, но ниту еден од амандманите не беше прифатен. Советниците чувствуваат потреба да ја информираат јавноста за содржината на поголем дел од поднесените амандмани, изработени и поднесени имајќи ги во предвид проблемите со кои се соочуваат скопјани. Во делот на подобрување на градската инфраструктура советниците побараа и реконструкција на ул. 380 и 356 од семафорот на ул. Џон Кенеди до семафорот кај Американската амбасада, реконструкција на ул. Хаџи Јован Шишков во општина Шуто Оризари, Реконструирање на дел од улицата Александар Урдаревски од страната која го поврзува делот на влезот на Шуто Оризари до градските гробишта на АД Бутел, средства за изградба и реконстукција на Бул. Никола Карев од клучката кај Момин Поток до ул. Словенечка, понатаму средства за изградба на последна фаза на Бул. Борис Трајковски, за проширување и реконструкција на мостот на Маркова река на влез на Драчево, но сите овие амандмани беа одбиени. Советниците поднесоа и амандман и за реализација на ветениот проект на градоначалникот за “Пробивањето на булеварот „Илинденска“, со мост над реката Вардар, кон „Ѓорче Петров“, како едно од позначајните ветувања за поврзување на граѓаните на општина Ѓорче Петров со Карпош со изградба на мост на реката Вардар и поврзување со булеварот Илинден, но и овој амандмани не беше прифатен. Амандмански беше предложено и изградба на кружен тек кај мостот кон Сарај и изработка на проектна документација за изградба на пристапен пат, расчистување на просторот и поставување на урбана оперема кај излетничко место “Кривина“ на реката Треска кои исто така беа одбиени. Во однос на подобрување на состојбата со животната средина особено со амбиенталниот воздух во главниот град, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата побараа во Буџетот да се предвидат средства за подобрување на состојбата со загадувањето во градот Скопје со цел поставување на т.н “зелени ѕидови” во средните училишта и ученичките домови,а еден зелен ѕид да може да замени 275 вистински дрвја и да може да неутрализира и над 200 тони на јаглерод диоксид годишно. Понатаму како мерка против загадувањето се предложи да се доделат средства за реализација на проект за субвенции за поставување филтри на оџаците на домаќинствата во Скопје, проект кој би помогнал градот Скопје навистина да биде зелена престолнина и да придонесе значително во намалување на последиците од загадуввањето со ПМ честичките, а со тоа да се зголеми квалитетот на живот во неа и заштитата на здравјето на граѓаните. Како мерка за заштита на животната средина беше побарано и субвенции за приклучување на системот за централно парно греење на сите исклучени граѓани, потоа Субвенции за печки на пелети, беше предложено да се изработи Студија за алтернативни решенија за замена на старите такси возила со нови хибридни или електрични возила, субвенции за фотоволтаични сочеви панели за производство на електрична енергија за индивидуални и колективни објекти за домување, понатаму да се направи Анализа на водата и испитување на квалитативните карактеристики на ресурсите на Кадина река, Патишка река и извор Врело. Предложено со амандман беше и Изработка на проект Расадник да стане зелена оаза на градот Скопје, потоа Студија за барање на алтернатива за техничка вода за полевање со анализи на постоечко старо бунарско подрачје во Драчево и други проекти кои градоначалникот ги одби и не покажа слух за истите. Поради густиот сообраќај и фрекфенцијата на граѓани како и поради локацијата на Меѓуградската Автобуска Станица и Железничката Станица беше предложено да се постави нова мерна станица која ќе го мониторира квалитетот на амбиенталниот воздух во општината Аеродром која е секогаш на врвот на општини со најзагаден воздух, а при тоа со најголем процент на младо население, но и овој амандман беше одбиен и не е приоритет во градењето на градските политики за чист воздух. Набавка на инструмент за мерење на квалитетот на воздухот беше побаран и во општината Шуто Оризари. Во услови на пандемија од Ковид -19 светничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој побара обезбедување високо ниво на хигиенско-санитарни услови во средните училишта на територијата на Градот Скопје, како и помош во обезбедување ИТ-опрема, компјутери и интернет-пристап за професорите и учениците на кои им е потребна, со цел непречено одвивање на он лајн наставата. Бидејќи за време на корона кризата младите не се доволно активни беа побарани субвенции на средношколци од Прва година средно образование за рекреативен спорт пливање во отворени и затворени базени. Во делот на културата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата побараа средства за организирање на “Театар/ Т Фест “со цел на сценатада заблескаат најпосетените театарски хитови од Скопските Театри и Театрите од внатрешноста, со што квалитетно би се збогатил културниот живот на нашите граѓани. За жителите општина Шуто Оризари, советничката група побара нов културен дом каде ќе се овозможи младите да имаат пристап до различни културни содржини како што се драмски, ликовни и музички секции како и останати други различни културни манифестации како и изградба на библиотека во Шуто Оризари. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предложи и амандамни за реализација на проекти за родова еднаквост, како пто беше предлогот за меѓуопштинска соработка со општина Шуто Оризари за воспоставување на советувалиште за жртви; советувалиште за сторители и други услуги за превенција од родово базирано насилство и заштита на жените жртви на родово базирано насилство и жртвите на семејното насилство согласно Законот за социјалната заштита. Советниците предложија и субвенции за сите занаетчии во градот Скопје, за набавка потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање. За фудбалскиот клуб “Вардар“ беше предложен амандман со кој се побара финансиска помош со цел поддршка на спортот во градот Скопје, но истиот беше одбиен од градоначалникот Шилегов. За најмладите беше побарано да се реализира проект за изградба на Забавен парк каде дечињата би имале простор да се рекреираат, но и овој проект беше одбиен. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата до доцна во ноќта ги образложуваа амандманите и изразуваат жалење што ниту еден од овие значајни проекти за скопјани нема да се реализира во наредната 2021 година, како резултат на немањето слух и неприфаќањето од страна на Шилегов. “ Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-shilegov-gi-odbi-site-amandmani-koi-bea-nameneti-za-podobruvanje-na-infrastrukturata-podobra-zashtita-od-kovid-i-poddrshka-za-fk-vardar/feed/ 0
Жугиќ: Градоначалник не бидете глув на молбите на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zugikj-gradonachalnik-ne-bidete-gluv-na-molbite-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zugikj-gradonachalnik-ne-bidete-gluv-na-molbite-na-gragjanite/#respond Thu, 30 Aug 2018 14:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=94345

Во рамките на седницата за советнички прашања, Јелена Жугиќ советничката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија”, постави прашање до градоначалникот Петре Шилегов за сечата на парк шумата Водно и го замоли градоначалникот Шилегов да не биде глув на молбите на граѓаните да не се сече шумата на Водно за реализација на гасоводот. „Планината Водно е белите дробови на Скопје, да не дозволиме да се сече. Ингеренциите се во Ваши раце градоначалник, сменете ја трасата”-рече Жугиќ. Таа го информираше градоначалникот и за нелегална сеча на шума на Скопска Црна Гора за што исто така замоли да интервенира градскиот татко. Жугиќ нагласи дека темата заштита на животната средина беше водечка за смена на власта, а денес не само што се сече шумата безмилосно, туку и загрозена е слободата на медиумите да информираат за реакциите на граѓаните самоорганизирани во здружението “Жив ѕид”” за спас на Водно”.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zugikj-gradonachalnik-ne-bidete-gluv-na-molbite-na-gragjanite/feed/ 0
Шилегов ѝ признал на Колариќ дека криминалот е зголемен зошто криминалците се ослободени од оваа Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-priznal-na-kolarikj-deka-kriminalot-e-zgolemen-zoshto-kriminalcite-se-oslobodeni-od-ovaa-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-priznal-na-kolarikj-deka-kriminalot-e-zgolemen-zoshto-kriminalcite-se-oslobodeni-od-ovaa-vlada/#respond Thu, 30 Aug 2018 13:12:23 +0000 https://kurir.mk/?p=94257

Во своето обраќање до градоначалникот на град Скопје, Петре  Шилегов советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ рече дека една од надлежностите на градоначалникот е заедничко и системско решение Градот Скопје да биде безбеден. Таа дополнително откри дека градоначалникот Шилегов во разговор со неа признал дека криминалот е зголемен и тоа е нормално зошто Владата од затвор пуштила 800 криминалци кои сега ги принудуваат граѓаните да живеат во страв. „Проверете дали зборувам вистина и проверете ги извештаите. Пред 3-4 месеци надвор од општинската зграда јас ве прашав дека сум загрижена за она што се случува во градот Скопје. Можеби не е ваше но вие знаете што ми кажавте. Нормално е да има кражби затоа што ние пуштивме 800 криминалци. Тие се навикнати да крадат, да убијат и повторно да се вратат назад во затвор“ рече Колариќ Колариќ преку личен пример додаде дека станот во кој што таа живее е исто така ограбен но обиени се и други 5 стана во истата зграда. Таа исто така посочи дека во Припор ограбени се 40 семејства кои живеаат на истата улица. Дополнително таа ги наведе и секојдневните ограбувања на аптеките каде вработените се истрауматизирани и не се способни да си ја извршуваат својата работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-priznal-na-kolarikj-deka-kriminalot-e-zgolemen-zoshto-kriminalcite-se-oslobodeni-od-ovaa-vlada/feed/ 0