совет на јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 12:57:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет на јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судски совет и Совет на јавни обвинители: Потребна е поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli-potrebna-e-pogolema-transparentnost-pri-noseneto-na-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli-potrebna-e-pogolema-transparentnost-pri-noseneto-na-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=881563

Сметам дека целисходно и правилно би било да имаше една транспарентна постапка во носењето на измените на Кривичниот законик, каде што ќе се слушнеше мислењето на Судскиот совет, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Целиот процес е спроведен набрзина, рече Георгиев, без притоа Судскиот совет да има свое учество и да даде мислење во однос на измените. Тој додаде дека Судскиот совет има активно учество во спремањето на новите измени на Кривичниот закон како пакет, прецизирајќи дека се работи за измени во делот на припишување на нови кривични дела. - Сведоци сме на низа реакции во јавноста, по однос измените во Кривичниот законик, јас како претседател на Судскиот совет, наоѓам забелешка во делот на транспарентноста, имам чувство дека многу набрзина сето тоа се спроведе, без притоа да имаме свое учевство, односно да дадеме мислење како Судски совет, а со тоа се доведовме во состојба каде судиите се должни да го почитуваат законот, таков каков што е, без претходно да се анализираат сите последици, рече Георгиев. За тоа како ќе се одразат измените во Кривичниот законик, претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски рече дека одговорите треба да ги дадат од Јавното обвинителство, бидејќи како што вели, Советот на јавни обвинители се грижи за самостојноста на работењето на јавните обвинители и не постапува по конкретни предмети за да има увид врз нив. - Најдобро би било да одговорат практичарите, односно Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи според хиерархија, тие се оние кои ги работат предметите, оние кои најмногу можат да извадат анализа како ќе се одразат врз нивното работење ваквите измени на Кривичниот законик. Мислам дека тие можат со конкретни податоци со бројки, а ние како Совет на јавни обвинители немаме надлежност во тој дел, односно не постапуваме по конкретни предмети. Постапуваме само по претставки и поплаки, но увид во тековните предмети не вршиме, затоа би требало Јавниот обвинител да се произнесе, дали и колку ќе ги погодат ваквите измени, рече Јолевски. Јолевски беше согласен со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, дека треба да се има поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик и поголема вклученост на практичарите пред да се донесат законите. -Тековно не знам како се одвиваат работите, меѓутоа сметам дека би требало да има поголема транспарентност при носењето и вклучување малку повеќе на практичарите пред да се донесат законите за изготвување на тие предлог законски решенија. Кај нас се праќаат предлози, меѓутоа овој одеше по скратена постапка и не знам колку брзо може да се видат тие предлози. Јас не видов таков текст на законот, рече Јолевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli-potrebna-e-pogolema-transparentnost-pri-noseneto-na-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Комисиска расправа за предлозите за избор на членови на Советот на јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli-2/#respond Thu, 11 May 2023 13:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=833094

Во Собранието денеска продолжува седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Од овие три пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да дадат поддршка за две изпразнети местри заради пензионирање на на два члена. Отворена е расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија најавуваат долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli-2/feed/ 0
Советот на јавни обвинители сè уште не добил на потврда од Фетаи дека се повлекува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-se-ushte-ne-dobil-na-potvrda-od-fetai-deka-se-povlekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-se-ushte-ne-dobil-na-potvrda-od-fetai-deka-se-povlekuva/#respond Mon, 21 Nov 2022 13:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=764217

Советот на јавни обвинители сè уште не добил на писмено потврда од обвинителката Фатиме Фетаи дека ја повлекува својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Таа во телефонски разговор со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, го информирала дека е во странство и се враќа во среда. Одговарајќи на новинарски прашања по продолжението на 70-тата седница на Советот на ЈО, Јолевски денеска рече дека со Фетаи исконтактирал во петокот попладне, меѓутоа посочи дека сепак тоа е нејзина волја и ќе видиме дали ќе поднесе и на писмено. – Рече дека се наоѓа во странство и дека користи годишен одмор во петок и денеска. Утре е Денот на албанската азбука и таа во државата ќе дојде во среда. Веројатно и тогаш ќе поднесе и на писмено, бидејќи и укажав дека по меил не е досега вообичаено да се повлекува кандидатура, изјави Јолевски. Јолевски, нагласи дека Фетаи не му навела причини, и се додека не добие на писмено ќе бидат шпекулации. Прашан дали на оваа тема ќе се посветат подлабоко како Совет, со оглед на можноста да има некои притисоци или позадински игри, Јолевски рече дека очекува доколку има некакви забелешки или проблеми дека обвинителката тоа ќе го каже на Советот, за, како што рече, да може да го решиме и побараме нејзина заштита. – Очекувам дека ако сака да ни каже обвинителката или ако се вршат притисоци. Затоа и реков, ние сме тука како Совет да Ве заштитиме ако имате некои притисоци, меѓутоа рече дека ова е моја лична одлука. Доколку имаме било какви забелешки од нејзина страна, односно да има некакви проблеми се надевам дека ќе ни каже, за да можеме тоа да го објавиме и како Совет да ја заштитиме, изјави Јолевски. Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители во понеделникот на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, беше одложена за денеска на 21 ноември, за како што беше тогаш посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. Советот на ЈО и денеска не изврши избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, поради немање кворум. Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје има тројца кандидати. Обвинителката Фатиме Фетаи, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-se-ushte-ne-dobil-na-potvrda-od-fetai-deka-se-povlekuva/feed/ 0
Изборот на нов шеф на ВЈО Скопје одложен за идниот понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-nov-shef-na-vjo-skopje-odlozen-za-idniot-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-nov-shef-na-vjo-skopje-odlozen-za-idniot-ponedelnik/#respond Mon, 14 Nov 2022 13:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=760301

Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник. Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На огласот за избор има тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, рече дека и доцнењето на денешната седница, било токму поради тоа за членовите да ги разгледаат досиејата и да може денеска да биде завршен изборот. – Ги читаа досиејата кои стигнаа во петокот, меѓутоа им требало повеќе време за секој да го проучи досието за јавните обвинители. Сите имаа примерок што им беше доставен во петокот, а некои и утринава, сметаа дека им треба дополнително време. Јас не можам да се мешам во тој дел, затоа што и онака сме тенки со мнозинството и не можам да дозволам некој да рече дека не може да гласа и да замине, изјави Јолевски. Оценките и досиејата за секој јавен обвинител, Јолевски посочи, дека се од доверлив карактер и така и се разгледуваат. Претседателот на Советот, по разгледувањето на двете точки за именување на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК ја прекина денешната 70-та седница, на чиј дневен ред се изборот на Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово. На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-nov-shef-na-vjo-skopje-odlozen-za-idniot-ponedelnik/feed/ 0
Советот на ЈО го именува Абази за шеф на ОЈО ГОКК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-jo-go-imenuva-abazi-za-shef-na-ojo-gokk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-jo-go-imenuva-abazi-za-shef-na-ojo-gokk/#respond Mon, 14 Nov 2022 12:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=760259

Советот на јавни обвинители го именува Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје. На денешната 70-та седница, Советот донесе и решение за мирување на функцијата на Абази како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, од каде доаѓа на функцијата шеф на ОЈО ГОКК. Љубомир Јолевски, со уште неколку члена на Советот на ЈО, Иџет Мемети, Арбер Исаку и Коле Штерјев, ја посочија досегашната работа на Абази како шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во чиј мандат во правата година биле преполовени, а потоа и целосно расчистени сите застарени предмети, што, како што посочија, е добар показател за неговите менаџерски и стручни капацитети. На изборите за шеф на ОЈО ГОКК на 7 ноември, Абази освои најмногу гласови – 66, втор од четворицата пријавени кандидати по бројот на добиени гласови (64) беше Ермон Незири, Вилма Русковска освои 14, а Деса Пауновска десет гласа. Од вкупно 163 јавни обвинители петмина не гласале, а четири гласачки ливчиња биле неважечки. Ова беше прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Абази, на прес-конференција еден ден по изборите, рече дека работата во ова Јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека ќе го претставува ОЈО ГОКК со своето досегашно искуство и професионално и законито работење. Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар и воведување дигитализација во Јавното обвинителство. За освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција. По именувањето на Абази, претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски ја прекина 70-та седница, за како што посочи, да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите за чиј избор треба да одлучуваат. На дневен ред на седумдесеттата седница се изборот на виш јавен обвинител во вишите јавни обвинителства во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово. На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носењето одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати на претходниот оглас. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-jo-go-imenuva-abazi-za-shef-na-ojo-gokk/feed/ 0
Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати за јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javnite-obviniteli-ne-izbra-nitu-eden-od-shesttemina-prijaveni-kandidati-za-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javnite-obviniteli-ne-izbra-nitu-eden-od-shesttemina-prijaveni-kandidati-za-javni-obviniteli/#respond Thu, 27 Oct 2022 09:52:33 +0000 https://kurir.mk/?p=751123

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати, и тоа: – Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени; – Арсен Адеми од ОЈО Гостивар, позитивно оценет со 25 поени; – Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, позитивно оценета со 19,3 поени; – Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, позитивно оценета со 24 поени; – Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје, позитивно оценета со 25 поени; и – Златко Биковски, од ОЈО Берово позитивно оценет со 25 поени. Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати. Сите шестмина кандидати Гаврилова, Адеми, Коневски, Јосифовска, Крстевска и Биловски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javnite-obviniteli-ne-izbra-nitu-eden-od-shesttemina-prijaveni-kandidati-za-javni-obviniteli/feed/ 0
Советот на јавни обвинители ја отфрли жалбата на Вилма Русковска – потврдена суспензијата на обвинителката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-ja-otfrli-zalbata-na-vilma-ruskovska-potvrdena-suspenzijata-na-obvinitelkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-ja-otfrli-zalbata-na-vilma-ruskovska-potvrdena-suspenzijata-na-obvinitelkata/#respond Wed, 24 Aug 2022 09:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=723112

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована. Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, рече дека Советот, со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава. Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција. Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите. Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси. Републичкиот јавен обвинител, Јовески врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатата недела донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција. Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-ja-otfrli-zalbata-na-vilma-ruskovska-potvrdena-suspenzijata-na-obvinitelkata/feed/ 0
Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefanova-ajro-pelivanov-pop-trajkova-i-kolarikj-se-novi-obviniteli-vo-ojo-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefanova-ajro-pelivanov-pop-trajkova-i-kolarikj-se-novi-obviniteli-vo-ojo-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija/#respond Thu, 22 Apr 2021 10:51:58 +0000 https://kurir.mk/?p=500769

Советот на јавните обвинители на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ. На конкурсот за избор на пет обвинители во ова Обвинителство беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители. На денешната седница на Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. За ова место конкурираа и обвинителите Џемал Лога и Благоја Даскаловски. По паузата Советот на јавните обвинители ќе ја продолжи седницата со избор на нови обвинители во Вишото скопско обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefanova-ajro-pelivanov-pop-trajkova-i-kolarikj-se-novi-obviniteli-vo-ojo-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija/feed/ 0
Иџет Мемети 16 години беше народен правобранител, сега се сели во Совет на јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idzet-memeti-16-godini-beshe-naroden-pravobranitel-sega-se-seli-vo-sovet-na-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idzet-memeti-16-godini-beshe-naroden-pravobranitel-sega-se-seli-vo-sovet-na-javni-obviniteli/#respond Wed, 16 Dec 2020 13:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=444073

Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани изгласаа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски да станат членови на Советот на јавни обвинители, а со 61 глас „за“, без против и без воздржани ја избраа Павлина Црвенковска за член на Судски Совет. По 16 години, Иџет Мемети ја напушта престижна државна институција Народен правобранител и се сели во Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idzet-memeti-16-godini-beshe-naroden-pravobranitel-sega-se-seli-vo-sovet-na-javni-obviniteli/feed/ 0
Колевски: „Рекет“ фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolevski-reket-frla-damka-vrz-celata-javnoobvinitelska-funkcija-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolevski-reket-frla-damka-vrz-celata-javnoobvinitelska-funkcija-2/#respond Fri, 30 Aug 2019 13:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=235123

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски, денеска оцени дека случајот „Рекет“ во кој осомничена е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција. – Верувам дека колегите преземаат се што е во нивна моќ и во нивна надлежност да го расветлат овој случај кој морам да признам дека фрла темна дамка врз целата јавнообвинителската функција, изјави Колевски, одговарајќи на новинарски прашања по неговото именување на фунцијата. Ацо Колевски денеска едногласно беше избран за претседател на Советот на ЈО со двегодишен мандат. Изборот на новиот претседател доаѓа ден по одлуката на Советот на ЈО да почне постапка за разрешување на СЈО Катица Јанева порад случајот „Рекет“.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolevski-reket-frla-damka-vrz-celata-javnoobvinitelska-funkcija-2/feed/ 0