совет за јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Feb 2020 18:25:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет за јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре се распушта Парламентот- ќе се гласа за Законот за Советот за јавни обвинители и ЗЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-se-raspushta-parlamentot-kje-se-glasa-za-zakonot-za-sovetot-za-javni-obviniteli-i-zjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-se-raspushta-parlamentot-kje-se-glasa-za-zakonot-za-sovetot-za-javni-obviniteli-i-zjo/#respond Sat, 15 Feb 2020 18:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=304461

Собранието попладнево ја заврши расправата по Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, но не гласаше иако имаше услови за тоа, поради тоа што, како што рече претседателот Талат Џафери, тој е во тесна врска со законот за јавно обвинителство, за кој расправата, исто така е завршена, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство за да биде донесен. Продолжението на оваа 135-та седница Џафери го закажа за утре во 11 часот, кога треба да се гласа и за двете точки. За утре е закажана и седница на која треба да се распушти Парламентот, за да се одржат предвремените парламентарни избори. Расправата помина со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за партизирање на правосудните органи, за тоа кој направил државата да биде заробена или да има хибриден режим. За пратениците од власта ова законско решение е добро, ќе го подобри работењето на Советот за јавни обвинители. Со тоа, рекоа, ќе се унапреди функционирањето на правдата и правната држава. Нивните колеги од опозцијата сметаат дека ова е решение кое се носи за, како што посочија, мафијата да може да управува со правосудниот систем. Собранието продолжи со работа по 123. седница на чиј дневен ред, меѓу другите, се и измените и дополнувањата на Законот за одбрана. На седницата, освен овој закон, се уште триесетина законски решенија, меѓу кои и измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани, како и дополнетиот предлог закон за Академија за судии и јавни обвинители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-se-raspushta-parlamentot-kje-se-glasa-za-zakonot-za-sovetot-za-javni-obviniteli-i-zjo/feed/ 0
Рускоска дојде на седницата на Советот за јавни обвинители за Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-dojde-na-sednicata-na-sovetot-za-javni-obviniteli-za-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-dojde-na-sednicata-na-sovetot-za-javni-obviniteli-za-katica-janeva/#respond Tue, 27 Aug 2019 09:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=233858

Во Советот на јавни обвинители денеска дојде шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска која се очекува пред членовите на Советот да ги образложи причините зошто е осомничена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“. Претседателот на Советот Коле Шерјев пред влегување во зградата не сакаше да го коментира исходот од седницата. Седницата, на која Советот за јавни обвинители треба да одлучи дали ќе започне постапка за разрешување на Јанева, ќе биде затворена за јавност поради тајноста на истражната постапка која се уште е во тек. Штериев, минатата недела соопшти дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Штериев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева. Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, пак, Советот на јавни обвинители е тој што треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-dojde-na-sednicata-na-sovetot-za-javni-obviniteli-za-katica-janeva/feed/ 0
Советот на јавни обвинители ќе расправа за Јанева од понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-kje-rasprava-za-janeva-od-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-kje-rasprava-za-janeva-od-ponedelnik/#respond Fri, 23 Aug 2019 12:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=232735

Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да започне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде закажана од понеделник бидејќи не се доставени комплет списите кои се побарани. Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев во изјава за МИА вели дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите што треба да ги достави Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот „Рекет“ во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Јанева. Штом ги добијат комплет списите, како што изјави Штерјев, ќе биде закажана седницата на која ќе започне постапката за разрешување на Јанева. По приведувањето на Јанева, СЈО е обезглавено, неговата судбина е нерешена, поради застојот во преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, каде се решава неговиот статус. Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој се повикува на Законот за јавното обвинителство, во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. Тоа би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки. Законот за СЈО во член 18 вели дека јавниот обвинител може да се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител во разумен рок треба да достави до Парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување. Извештајот би бил достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен ако некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење. Врз основа на доставниот извештај, а на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници, Советот по предлог на Собранието го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство. Денеска пак обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ во врска со тоа дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, рече дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија. – Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат, изјави Стефанова. Таа себе си не се гледа како иден шеф на СЈО и нема намера да конкурира. Стефанова изјави дека СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и упати апел до политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-javni-obviniteli-kje-rasprava-za-janeva-od-ponedelnik/feed/ 0