совет за македонски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 May 2020 12:47:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет за македонски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Совет за македонски јазик: Изданието на БАН е најобичен памфлет со низок стил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovet-za-makedonski-jazik-izdanieto-na-ban-e-najobichen-pamflet-so-nizok-stil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovet-za-makedonski-jazik-izdanieto-na-ban-e-najobichen-pamflet-so-nizok-stil/#respond Tue, 12 May 2020 12:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=344996

Овој материјал претставува најобичен памфлет со што се прави обид за попречување на афирмацијата на македонскиот јазик во меѓународни рамки, особено во НАТО и во ЕУ, ова е ставот на Советот за македонски јазик при Владата по повод најновото издание на Бугарската академија на науките (БАН) насловено „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, потпишано од дванаесет автори и шест надворешни консултанти, под раководство на проф. д-р Васил Николов, заменик-претседател на БАН. – Нашата заедничка реакција е содржана во едноставната реченица: Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик! За жал, овој материјал покажува едно неевропско однесување во 21 век, време кога народите во ЕУ и надвор од неа се сплотуваат и се трудат да ги релаксираат сите белези од минатото што можат да предизвикаат непријатни чувства, нагласува Советот за македонски јазик во реакцијата и додава дека ставот што го изнесува по повод ова издание на БАН е за пред македонската и пред странската научна и политичка јавносст. Во реакцијата потпишана од претседателот на Советот, проф. д-р Људмил Спасов, се посочува дека Советот за македонски јазик при Владата на РСМ се придружува кон сите напредни институции и луѓе во Европа и во светот што градат пријателство и соработка меѓу државите и народите и, ценејќи ја големината на бугарската култура, Советот ја повикува демократската бугарска јавност „да го отфрли овој памфлет од низок стил“. – Постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и секој став што го негира овој непобитен факт го сметаме за свесна провокација. Неочекувано и неприфатливо е ваква реакција да дојде од страна на една академско-научна институција од држава членка на Европската Унија. Познато е дека се одржани многу конференции посветени на македонскиот јазик, литература, историја и култура, на кои присуствувале еминентни професори и научници од целиот свет, чии истражувања не соодветствуваат на ставовите на Бугарската академија на науките, нагласува Советот за македонски јазик во реакцијата. Придружувајќи се целосно кон реакциите на научната и на културната македонска јавност, особено кон реакцијата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот најави збирка на текстови, во книжно и во електронско издание за, како што наведува, „подобро запознавање на нашата и на странската јавност со стојалиштата на македонските научници и на другите мислители од областа на македонската култура“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovet-za-makedonski-jazik-izdanieto-na-ban-e-najobichen-pamflet-so-nizok-stil/feed/ 0
Советот за македонски јазик: Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-za-makedonski-jazik-makedoncite-sekogash-zboruvale-i-kje-zboruvaat-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-za-makedonski-jazik-makedoncite-sekogash-zboruvale-i-kje-zboruvaat-na-makedonski-jazik/#respond Tue, 17 Dec 2019 12:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=278715

Советот за македонски јазик се придружува кон реакциите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Институтот за македонска литература во однос на ставот на Бугарската академија на науките во врска со македонскиот јазик. -Постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и секој став што го негира овој непобитен факт го сметаме за свесна провокација, нагласува Советот. Неочекувано е и неприфатливо ваква реакција, велат од Советот, да дојде од страна на една академско-научна институција од држава членка на Европската Унија. -Познато е дека се одржани многу конференции посветени на македонскиот јазик, литература, историја и култура на кои присуствувале еминентни професори и научници од целиот свет чии истражувања не соодветствуваат на ставовите на Бугарската академија на науките. Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик!, стои во реакцијата на Советот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-za-makedonski-jazik-makedoncite-sekogash-zboruvale-i-kje-zboruvaat-na-makedonski-jazik/feed/ 0