совет за национална безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Feb 2022 09:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png совет за национална безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Путин свика седница на Советот за национална безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-svika-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-svika-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=634166

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи седница на Советот за национална безбедност. Како што соопшти портпаролот Кремљ Дмитриј Песков, Путин во текот на денот ќе се состане со членовите на советот.
- Ова ќе биде голема седница, изјави Песков.
Тој додаде дека Путин во текот на вчерашниот ден одржал повеќе меѓународни повици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-svika-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost/feed/ 0
Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-svika-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-svika-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-na-srbija/#respond Sun, 20 Feb 2022 12:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=633923

Српскиот претседател Александар Вучиќ за понеделник свика итна седница на Советот за национална безбедност, јавуваат српските медиуми. Како што се наведува, седницата ќе се одржи утре во 10 часот, а главна тема ќе биде состојбата во Источна Европа и регионот на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-svika-sednica-na-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-na-srbija/feed/ 0
Мета не ја отфрла можноста да го свика Советот за национална безбедност поради влошената состојба со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-ne-ja-otfrla-moznosta-da-go-svika-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-poradi-vloshenata-sostojba-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-ne-ja-otfrla-moznosta-da-go-svika-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-poradi-vloshenata-sostojba-so-kovid-19/#respond Mon, 06 Jul 2020 15:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=370123

Албанскиот претседател Илир Мета искажа загриженост поради зголемувањето на бројот на новозаразени и на починати од коронавирус во Албанија, додавајќи дека не ја исклучува можноста да го свика Советот за национална безбедност. Тој смета дека ситуацијата во земјата бара нова стратегија во консултација со земјите од ЕУ и Светската здравствена организација. -Зголемувањето на бројот на граѓани погодени од Ковид-19 итно бара сериозен одраз, од државните институции, од владата, од опозицијата. Повеќе од неопходна е нова, конкретна и долгорочна стратегија, со добро дефинирани протоколи за справување и контролирање на растечкото ширење на оваа пандемија, која сериозно го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Исто така е неопходна поинтензивна и поефикасна комуникација со соседните земји, со оние од регионот, со земјите од ЕУ и со СЗО, рече Мета. За ова прашање, претседателот рече дека може да го повика Советот за национална безбедност. -Секако, до сега сме имале неколку седници на Советот и доколку показателите се влошуваат, во договор со Владата, ќе свикам седница, рече Мета. Тој упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат мерките и протоколите, да се грижат за своето и здравјето на другите. Смета дека токму непочитувањето придонело за влошување на показателите и оти тоа „не помага да се отворат границите со ЕУ, ниту со соседите и земјите во регионот“. Во Албанија во последните 24 часа се регстрирани нови 71 заразени а починале три лица, меѓу нив и еден лекар, што е втора жртва од Ковид-19 меѓу белите мантили. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-ne-ja-otfrla-moznosta-da-go-svika-sovetot-za-nacionalna-bezbednost-poradi-vloshenata-sostojba-so-kovid-19/feed/ 0
Состанок во грчкото МНР за формирање Совет за национална безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-vo-grchkoto-mnr-za-formiranje-sovet-za-nacionalna-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-vo-grchkoto-mnr-za-formiranje-sovet-za-nacionalna-bezbednost/#respond Wed, 12 Sep 2018 15:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=100003

На денешниот состанок на Совет за надворешна политика во грчкото МНР, под претседателство на шефот на грчката дипломатија, се отвора патот за формирање на Совет за национална безбедност на Грција. - Знаете дека земјата има потреба од повеќе координација  и планирање во кризните прашања, во прашањата со големите национални проблеми, дека потребно е да се подготвуваме за алтернативни сценарија и нашата процена е дека за ова да се спроведе успешно, потребно е да постои една институција, која постои во многу земји во светот, а тоа е Советот за национална безбедност, предводен од советник за национална безбедност, објасни шефот на грчката дипломатија по завршувањето на состанокот и објасни дека советникот за национална безбедност ќе ги координира министерствата, а заедно со премиерот ќе ги известува лидерите на политичките партии. Советникот за национална безбедност ќе го поставува премиерот, а ќе има должности и обврски како да е министер. Никос Коѕијас објасни дека според она што го предвидуваат во предлог законот што се подготвува и ќе треба да го одобри грчкиот парламент, Советот ќе го сочинуваат министри, но и официјални лица, чиј предмет на работа е поврзан со безбедноста на земјата. -Имаме и второ ниво, каде што премиерот заедно со советникот за национална одбрана, ќе ги информира лидерите на политичките партии за разговорите, плановите и алтернативните сценарија создадени во првото ниво. Ова е оригиналност во нашиот закон што не постои никаде на меѓународно ниво, рече шефот на грчката дипломатија одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на составот на советот за национална безбедност. На состанок во грчкото МНР учествува членовите на Советот за надворешна политика односно претставници на партиите членки на грчкиот парламент (СИРИЗА, Нова демократија, Независни Грци, Движење на промена, Река, Сојуз на централисти) со исклучок на Комунистичката партија на Грција, која сама одбра да не учествува на состаноците и претставници на Златна зора кои се исклучени од Советот. Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, пораного напушти  состанокот бидејќи беше одбиено неговото барање да се прошират разговорите и со други теми како што се односите на Грција со Албанија, ситуацијата на Балканот, грчко -руските односи и сл. Шефот на грчката дипломатија, по завршувањето на состанокот упати остри критики до Нова демократија поради позицијата на Кумуцакос, а на присутните новинари им подели примероци од упатената покана од 16 август до претставниците на партиите за свикување на денешниот Совет со конкретната тема на дневен ред, но и одговорот и листата со оние кои прифатиле да присуствуваат, а меѓу нив и Кумуцакос, велејќи дека одговорниот за надворешна политика Во Нова демократија имал доволно време да достави негови предлози или да побара проширена агенда. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-vo-grchkoto-mnr-za-formiranje-sovet-za-nacionalna-bezbednost/feed/ 0