Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч.
-Од увидот кој го направи Советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани видовме дека се делени субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва. Проектот требаше да се искористи за да се намали бројот на домаќинства кои се греат на дрва, а не да се субвенционираат партиски лица на СДСМ, велат во соопштението од советничката група.
Од таму додаваат дека субвенции за инвертер клими се делени и врз база на некомплетна документација.
-Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на Нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот? Имаме сомнение дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? Дополнително во бараките на град Скопје советниците затекнале и целосна неуреденост и расфрлани документи. Целата постапка се води непрофесионално, и тенденциозно. Институциите да реагираа, потенцираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
]]>Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч.
-Од увидот кој го направи Советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани видовме дека се делени субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва. Проектот требаше да се искористи за да се намали бројот на домаќинства кои се греат на дрва, а не да се субвенционираат партиски лица на СДСМ, велат во соопштението од советничката група.
Од таму додаваат дека субвенции за инвертер клими се делени и врз база на некомплетна документација.
-Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на Нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот? Имаме сомнение дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? Дополнително во бараките на град Скопје советниците затекнале и целосна неуреденост и расфрлани документи. Целата постапка се води непрофесионално, и тенденциозно. Институциите да реагираа, потенцираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
]]>Денес Петре Шилегов силно манипулираше и ја лажеше јавноста кога тврди дека - „Законот вели најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис може промена на имиња на улици. Во однос на пописот се зборува за планиран односно редовен попис. Овој попис што беше најавен за сега, а е одложен за во септември е вонреден и не е планиран”, велат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не знаеме кој закон го читал Шилегов, но важечкиот закон не вели така. Се моли Шилегов да научи правилно да чита закони, кои велат една година пред попис нема промена на имиња на улици. Поточно во членот осум стои, име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект не може да се промени шест месеца пред одржување на редовни претседателски, парламентарни и локални избори и ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ПЛАНИРАН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, реагираат од Советничката група и додаваат:
„Законот никаде не прави разлика помеѓу вонреден и редовен попис, а секој попис и тој вонредниот е планиран согласно закон каков што и веќе постои. Освен тоа што е жално што адвокат како Шилегов се посрамоти поради правното незнаење, уште пожално е што турка на сила против правна одлука која ќе падне пред суд затоа што е незаконита. Знаеме веќе дека е очаен градоначалник, сега знаеме дека исто толку очаен е и правник“.

]]>