советничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 13:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png советничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитриевски: Повторно насилство врз наша советничка од страна на советник од СДСМ, недозволиво е насилство врз жени и врз членови на нашиот тим! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-povtorno-nasilstvo-vrz-nasha-sovetnichka-od-strana-na-sovetnik-od-sdsm-nedozvolivo-e-nasilstvo-vrz-zeni-i-vrz-chlenovi-na-nashiot-tim/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-povtorno-nasilstvo-vrz-nasha-sovetnichka-od-strana-na-sovetnik-od-sdsm-nedozvolivo-e-nasilstvo-vrz-zeni-i-vrz-chlenovi-na-nashiot-tim/#respond Mon, 25 Oct 2021 13:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=585171

Остро ги осудувам случаите во изминатите два дена каде двајца наши кандидати за советници се нападнати од кандидати за советници од редовите на СДСМ, вели кандидатот за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски. Завчера, физички беше нападнат нашиот кандидат за советник Реџеп Реџеповски од кандидатот за советник на СДСМ Самет Салиевски. Овој случај беше злоупотребен од нивна страна и дезинформираа дека наводно Реџеповски го нападнал Салиевски. Вчера, повторно насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива. Во МВР пријавивме дека на кандидатот за советник Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен. До кога ќе се служите со недолично однесување? Граѓаните ја испратија пораката на 17-ти октомври кого поддржуваат, а во недела, на 31-ви октомври повторно ќе ги казнат оние кои сакаат да дојдат на власт со злоупотреби, притисоци, насилства и лажни обвинувања. Апелирам, ваквите девијантни однесувања да престанат! Недозволиво е насилство врз жени, врз членови на нашиот тим!, рече Димитриевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-povtorno-nasilstvo-vrz-nasha-sovetnichka-od-strana-na-sovetnik-od-sdsm-nedozvolivo-e-nasilstvo-vrz-zeni-i-vrz-chlenovi-na-nashiot-tim/feed/ 0
ССНМ: Советничка на Заев со СМС пораки и јавно навредувала новинарка на ИРЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/#respond Wed, 27 Jan 2021 11:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=460532

ССНМ предупредува дека советниците на претседателот на Владата на РСМ како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација, односно во јавната управа, треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа. ССНМ како непримерна ја оценува комуникацијата на Елена Митева, советничка на премерот за медиумски настани, со новинарката од ИРЛ Маја Јовановска, која сосема професионално си ја вршела својата работа, истражувајќи можен конфликт на интерес кај советничката Митева. Непримерната комуникација се случила откако ИРЛ објави текст со наслов „Дење во владиниот пиар, навечер во приватниот маркетинг“ во кој се запазени сите новинарски стандарди. Наместо демант, исправка, реакција, жалба до Советот за етика во медиумите или до Советот на честа при ЗНМ – уставни, законски и саморегулаторни механизми што и стоеле на Митева на располагање, а кои и биле понудени и од редакцијата на ИРЛ, таа се определила за испраќање на СМС до новинарката со дисквалификации и навреди. „Имајќи предвид дека поттикнала и непримерна комуникација на социјалните мрежи каде што нејзини блиски продолжиле непримерна јавна комуникација која придонела и други личности да се вклучат, ССНМ предупредува дека таквиот начин на комуникација е непримерен и може да се разбере како притисок врз слободата и правата на новинарите во извршување на нивната работа“, се вели во реакцијата на ССНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/feed/ 0
По објавената анализа, советничката на Заев со смс навреди им возврати на новинарите на ИРЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavenata-analiza-sovetnichkata-na-zaev-so-sms-navredi-im-vozvrati-na-novinarite-na-irl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavenata-analiza-sovetnichkata-na-zaev-so-sms-navredi-im-vozvrati-na-novinarite-na-irl/#respond Sun, 24 Jan 2021 20:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=459293

Посебниот советник на премиерот за организирање на медиумски настани, Елена Митева, преку смс порака ja навреди новинарката на ИРЛ Маја Јовановска за денешниот текст во којшто тема на анализа беа спорните деловни етики на нејзиниот ангажман во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. -Срамота. Се извадено од контекст. Ама важно имате приказна која нема никакви аргументи и не држи вода. Ептен сте истражувачки новинари. Секоја чест, гласи пораката на Елена Митева до авторот на текстот Маја Јовановска. На ваквата смс порака и вратија и од редакцијата на ИРЛ, за тоа повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavenata-analiza-sovetnichkata-na-zaev-so-sms-navredi-im-vozvrati-na-novinarite-na-irl/feed/ 0