советници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 13:22:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png советници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Не само градоначалникот на Струга, туку оставки треба да поднесат и сите советници што ги поддржувале неговите одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/#respond Fri, 30 Jun 2023 13:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=851273

Институциите да ги проверат наодите по сите основи, зошто Рамиз Мерко се нашол на црната листа на Соединетите Американски Држави. Несфатливо како истражители од САД имале информации за нешто што се случило тука, а немале задолжените институции кај нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски на седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој праша дали премиерот ќе побара оставка од градоначалникот на Струга. Ковачевски рече дека секој избран функционер треба да работи по законите и во интерес на граѓаните и повтори дека тој да бил на црна листа на САД - не само што би поднел оставка, туку тоа би било најголем неуспех во неговата лична и професионална кариера. Смета дека оставка треба да поднесат и советниците во Општината доколку не работеле во интерес на граѓаните и ги поддржувале неговите одлуки и дека најдолг период на функцијата Мерко бил во време на коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ. -Доколку ги погледнете основите по кои е донесена одлуката од Стејт департментот за ставање на црната листа, во текот на извршувањето на функцијата бил во коалиција со сите политички партии, вклучително и со вашата во најдолг период од неговата кариера, тогаш мојата порака би била - доколку не работеле во интерес на граѓаните, за што треба да потврдат институциите, не само градоначалникот на Струга, туку и сите советници од сите советнички групи кои поддржувале одлуки во текот на сиот изминат период сите заедно треба да си дадат оставка, рече премиерот. Незадоволен од одговорот, Стојановски рече дека Ковачевски нема храброст да побара оставка од Мерко во страв, како што рече, дека тие (ДУИ) ќе ја напуштат коалицијата и ќе треба да оди на избори. Откако од говорницата Стојановски го нарече премиерот„циркусант“, настана расправија меѓу нив во собраниската сала, по што пратеникот на опозициската партија рече дека нема да му се извини на Ковачевски затоа што „не можел да најде посоодветен збор за неговите постапки“. Стојановски го праша и министерот за правда Кренар Лога, порано вработен во Општина Струга, зошто сѐ уште не е постапено по шест предмети против Рамиз Мерко и дали тоа се „европските вредности“ поради кои неговата партија (Алијанса за Албанците) влегла во Владата. Лога одговори дека го чека извештајот од Судскиот совет од контрола што ќе се изврши во Основниот суд во Струга. Посочи дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, од тогашниот градоначалник Зијадин Села најмалку 20 предмети биле поднесени во обвинителството во Струга и до МВР. -Во 2013-2017, кога јас бев секретар на Општината, централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ, државниот обвинител беше избран од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш каде беше ВМРО-ДПМНЕ? Можам да заклучам дека вие го имате заштитено бидејќи четири години немавте постапено. Во тоа време јас лично и до Гордана Јанкулоска имам пуштено писма за наводи за постоење криминал. Жал ми е што денеска прстот го вперувате кон мене, изјави Лога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/feed/ 0
Данела Арсовска со недостоен речник советниците ги нарече „уличари“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-arsovska-so-nedostoen-rechnik-sovetnitsite-gi-nareche-ulichari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-arsovska-so-nedostoen-rechnik-sovetnitsite-gi-nareche-ulichari/#respond Tue, 30 May 2023 12:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=840431

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје со недостоен речник кон советниците. Арсовска денеска советниците избрани од граѓаните ги нарече уличари. „Ве молам бидете воспитана и културна не може во секој збор да дофрлате, ако сте уличарка ние не мораме да ве трпиме“, и рече Арсовска на советничка. Арсовска во недостаток на реализирани проекти на денешната седница почна да ги навредува советниците. Таа наместо информации за проекти и до каде е нивната реализација таа погрдно ги нарекуваше советниците, меѓу другото вината ја префрла на сите останати, но таа не презема никаква одговорност за неработењето. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андовска повика да се задржи нивото на дебата и да нема навреди. „Не прилега вакво однесување, потребни се одговори. Темата не одговара и затоа следат лични навреди и напади. Но, треба достоинствено да дебатираме“, рече Андоновска. Арсовска без одговор и за финансиската состојба на Градот. Во врска со оваа тема денес ВМРО-ДПМНЕ јасно укажа дека одговорот треба да го даде токму Арсовска и СДСМ. „Би ги повикале СДС ова прашање да го постават на една од многу средби на Данела Арсовска која ги има во просториите на Владата, или пак пред седниците на Совет кога здружно СДС, Левица, ДУИ и ГРОМ ги гласаат финансиските програми на Данела Арсовска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-arsovska-so-nedostoen-rechnik-sovetnitsite-gi-nareche-ulichari/feed/ 0
Тетово се подготвува за нови избори за советници, партиите подготвени https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovo-se-podgotvuva-za-novi-izbori-za-sovetnici-partiite-podgotveni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovo-se-podgotvuva-za-novi-izbori-za-sovetnici-partiite-podgotveni/#respond Wed, 15 Jun 2022 18:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=691372

Партиите во Тетово повторно ќе ги вклучат моторите за Советот на општината. Паралелно со ова почнаа и политичките калкулации кој ќе има мнозинство во градот. Бесар Дурмиши од Движење Беса бара што поскоро распишување на изборите. -Најсоодветно време е да се одржат избори за функционирање на општината и што побрзо да се надмине ќор-сокакот за да почне општината да функционира, бидејќи знаеме дека некои ингеренции му припаѓаат на градоначалникот со нефункционирањето на Советот на општината, но не му припаѓаат надлежностите што ги има советот. Блерим Османи од ДУИ вели дека неспособноста на градоначалникот Касами е причина да се оди на предвремени избори, вели Дурмиши. -До 28 февруари требаше да ја достави завршната сметка до општинските советници, но не го стори тоа и иако со доцнење, се усвои на Советот на 7 април. За него гласаа советниците од ДУИ и дел од опозициските советници, мнозинството не гласаше за него и ова е многу несериозно. За нив политичките калкулации имаат предност пред интересите на граѓаните и ова го сметаме за несериозност, неспособност да се координираат работите и нѐ принудија да одиме на гласање, самиот градоначалник Касами без волјата на советниците, вели Блерим Османи од ДУИ. Се очекува Алијанса за Албанците, на изборите да излезе сама. -Овие избори ќе бидат доказ дека ДУИ целосно ја изгуби силата во Полог, тетовци уште еднаш ќе докажат дека кога ќе ја поддржат Алијанса за Албанците не се на страната на криминалот, не се на страната на злото. Јас мислам дека АА ќе ја искористат за да направат голема пресвртница во Тетово. Мислам дека се реконструиравме и нашите редови се подготвени!, рече Вјолца Бериша од АА. Елмедина Абдулаху од листата „Подобро за Тетово“, вели дека на избори ќе излезат со истото темпо, нудејќи транспарентност за сите граѓани. -Ние имаме коалиција со граѓанинот и тоа не треба да се повторува. Да, ќе излеземе бидејќи видовме дека имаме позитивно влијание врз функционирањето на Советот. Ние ќе поддржиме сѐ што е добро за општина Тетово, но неоткажувајќи се од главното – отчетноста и транспарентноста во општината, вели Абдулаху. Сега се очекува одлуката на Владата за предвремени избори за Совет да помине во Собранието, кое пак треба да ги распише изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovo-se-podgotvuva-za-novi-izbori-za-sovetnici-partiite-podgotveni/feed/ 0
Именувани новите 12 надворешни советници на Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imenuvani-novite-12-nadvoreshni-sovetnici-na-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imenuvani-novite-12-nadvoreshni-sovetnici-na-kovachevski/#respond Tue, 12 Apr 2022 10:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=661794

Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, информираат од Владата. Со одлука на Влада, значително е намален бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот тим се состои од само 12 надворешни советници. Меѓу нив се професорите од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри. Функцијата надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во Канцеларијата на претседателот на Владата ја извршува експертот од Сојузна Република Германија, Јоханес Хајдекер. Хајдекер, кој претходно работел на повеќе менаџерски позиции во приватниот сектор, ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Северна Македонија со Германија и другите земји на ЕУ, со акцент на промоцијата на начините на снабдување низ европскиот континент и економската политика за време на корона кризата. Професор д-р Предраг Трпески, од Економскиот факултет кој е експерт за пазарот на трудот, а во минатото бил дел и од извршната власт, е надворешен советник за економија. Професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов е назначен за надворешен советник за Берлински процес. За политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии. Глигор Бишев кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор во Република Северна Македонија е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси. Нина Фити-Неделковска, претставничка од Светска банка ќе ја врши функцијата надворешен советник за финансии. Дополнително на листата на советници се поранешниот пратеник Исмет Рамадани кој е надворешен советник за евроатлански вредности и Драган Василевски за одбрана. Надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Спасе Додевски е надворешен советник за образование и социјала. Додевски и во претходниот мандат на Владата беше вклучен во креирањето на политики поврзани со социјала и инклузија, а Симона Ристеска за даночна политика. Д-р Ристеска е професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија. Со докторат се има стекнато на лондонската економска школа. Маја Ангеловска е надворешна советничка за дигитализација. Ангеловска има 25 годишно работно искуство во телекомуникацискиот сектор во државата и извршувала менаџерски позиции, но и учествувала во имплементација на планови за дигитализација на услугите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imenuvani-novite-12-nadvoreshni-sovetnici-na-kovachevski/feed/ 0
Ковачевски: Планирам помалку советници од сите премиери досега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-planiram-pomalku-sovetnici-od-site-premieri-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-planiram-pomalku-sovetnici-od-site-premieri-dosega/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=648149

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе го намали бројот на негови советници и дека ќе има најмалку од сите претходни премиери. Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата рече дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации. Посочи дека веќе се планирани тие што ќе бидат советници, не може да ги објави нивните имиња зашто тоа се уште не е официјално, но тие се, како што рече, висококвалификувани и признати професионалци во своите области. -Бројот на советници којшто јас планирам да го имам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално, рече Ковачевски за медиумите при посетата на „ОХИС“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-planiram-pomalku-sovetnici-od-site-premieri-dosega/feed/ 0
Митева: Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/#respond Thu, 27 Jan 2022 11:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=623512

Советниците на СДСМ на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: -Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа. Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари. Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: "промоција на скалата- возило". Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани. Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал. Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција. Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот. Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле, заклучи Митева.марија ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/feed/ 0
Полска: Оставка поднесоа речиси сите советници за Ковид-19 во владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ostavka-podnesoa-rechisi-site-sovetnici-za-kovid-19-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ostavka-podnesoa-rechisi-site-sovetnici-za-kovid-19-vo-vladata/#respond Fri, 14 Jan 2022 18:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=619443

Во Полска, 13 од 17-те членови на медицинскиот тим што го советуваа премиерот за пандемијата на коронавирус поднесоа оставка, поради, како што наведоа, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП. – Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна, во контекст на многу ограничените мерки во есенскиот бран на коронавирус, а потоа и по појавата на варијантата омикрон, и покрај огромниот број на очекувани смртни случаи – велат членовите на Советот. Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува Ројтерс. Во Полска вакцинирани се 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ostavka-podnesoa-rechisi-site-sovetnici-za-kovid-19-vo-vladata/feed/ 0
Штипските советници од ВМРО ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/#respond Thu, 04 Nov 2021 11:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=590740

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална самоуправа Горан Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов за МИА вели дека од решението на инспекцискиот надозр ќе знаат што понатаму да преземат. Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд. Иванов посочи дека ќе го почекаат надзорот, по што ќе се произнесат. Инспекцискиот надзор до претпладневните часови не е пристигнат во Општина Штип, тврдат од општинските служби. Советниците на СДСМ кои ја напуштија конститутивната седница се на став дека Уставот е прекршен и заклетвата, како и одлуките по неа се невалидни и тие ќе го чекаат официјалното правно толкување за овој случај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/feed/ 0
Советниците на СДСМ во Штип ја напуштија денешната седница бидејќи наместо Северна пишувало само Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-na-sdsm-vo-shtip-ja-napushtija-deneshnata-sednica-bidejkji-namesto-severna-pishuvalo-samo-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-na-sdsm-vo-shtip-ja-napushtija-deneshnata-sednica-bidejkji-namesto-severna-pishuvalo-samo-republika-makedonija/#respond Mon, 01 Nov 2021 16:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=589371

Свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата. На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија. Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите. Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата. Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија. Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-na-sdsm-vo-shtip-ja-napushtija-deneshnata-sednica-bidejkji-namesto-severna-pishuvalo-samo-republika-makedonija/feed/ 0
Советниците ги избраа новите општински комисии во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-gi-izbraa-novite-opshtinski-komisii-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-gi-izbraa-novite-opshtinski-komisii-vo-prilep/#respond Mon, 01 Nov 2021 15:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=589322

Во големата сала на Општина Прилеп денеска беше одржана втората седница на Советот на која што беа усвоени предлог решенијата за формирање на комисии. За сите постојани и привремените работни тела и комисии што ќе работат во состав на општинскиот Совет беа избрани членови и претседатели. Со мнозинство гласови „за“ беа формирани следниве комисии: Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници, Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој, Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, Комисија за општествени дејности и правата на децата, Комисија за Статут и прописи и Комисија за елементарни непогоди, Комисијата за месна самоуправа и за родова еднаквост. - Денес Советот ја одржа својата втора седница, причината е една и едноставна не очекува за два дена одбележување на 3-ти Ноември, ослободувањето на град Прилеп, а за да тоа се случи беспрекорно, односно да функционира Советот во ред како што е предвидено со Статутот за работа и Деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп, мораше да биде формирана најпрво Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници, заради тоа што мора да се потврди, измени или дополни одлуката која што беше донесена од советници, односно од Комисијата составена од советници од претходниот состав на Советот на Општина Прилеп, донесена на 14.10.2021 година. Заради тоа што повеќе мандатите на тие советници неважат мора оваа одлука да биди потврдена, изменета или дополнета од новиот состав на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, и во таа насока беше закажана оваа седница. Се расправаше на тринаесет точки и како што спомнав се донесоа решенија за формирање на сите работни тела кои што функционираат во Советот на Општина Прилеп и кои што се во склоп на Локалната самоуправа. Со тоа ја завршивме втората седница и сметам дека и во иднина ќе имаме плодна работа по тоа што како прва оценка можеме да го дадеме за оваа седница, изјави претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. На новинарско прашање за јавноста на седниците, претседателот Проданоски одговори дека, за тоа да се случи согласно сите законски прописи и согласно Статутот и Деловникот за работа мора на наредната седница да се донесе одлука за седниците на Советот во иднина да бидат пренесувани на некој медиум и да бидат јавни. Во рамките на втората работна седница на Советот беше верификуван еден мандат на член на Советот, а исто така беа именувани и членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во Прилеп и месните канцеларии во Плетвар, Тројаци, Старо Лагово, Витолиште, Дуње, Тополчани, Канатларци и Мало Коњари. На оваа седница беше формирана и Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатот 2021 – 2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-gi-izbraa-novite-opshtinski-komisii-vo-prilep/feed/ 0