советски сојуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 13:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png советски сојуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Летонија отстранува споменик од времето на Советскиот сојуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-otstranuva-spomenik-od-vremeto-na-sovetskiot-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-otstranuva-spomenik-od-vremeto-na-sovetskiot-sojuz/#respond Mon, 22 Aug 2022 13:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=722107

Летонија утре во Рига ќе отстрани споменик од времето на Советскиот сојуз, кој ја одбележува победата на Црвената армија над нацистичка Германија, соопштија денеска локалните власти. Извршниот директор на главниот град на Летонија, Јанис Ланге појасни дека споменикот, поставен во 1985 година, додека земјата сè уште беше дел од Советскиот сојуз, ќе биде отстранет со машини, без употреба на експлозиви. Станува збор за 80-метарска бетонска кула со советската ѕвезда на врвот и две групи статуи. Засега нема детали околу тоа што ќе биде со споменикот, откако ќе биде отстранет од сегашното место. Балтичките земји досега отстранија повеќе споменици што ги величат Советскиот сојуз или комунистичките лидери. Минатата недела, Естонија отстрани споменик од советската ера, близу градот Нарва во руско говорно подрачје во источниот дел од земјата. Летонија, Естонија и Литванија зазедоа цврст став против руската инвазија врз Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-otstranuva-spomenik-od-vremeto-na-sovetskiot-sojuz/feed/ 0
Нетанјаху: Ни за секунда не смееме да го замаглиме жртвувањето на поранешниот Советски сојуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ni-za-sekunda-ne-smeeme-da-go-zamaglime-zrtvuvanjeto-na-poraneshniot-sovetski-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ni-za-sekunda-ne-smeeme-da-go-zamaglime-zrtvuvanjeto-na-poraneshniot-sovetski-sojuz/#respond Thu, 23 Jan 2020 14:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=293685

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не треба да се намалуваат жртвувањата и придонесот на Советите во Втората светска војна. Ова тој го изјави на церемонијата на отворање на споменикот во Еруслаим, посветен на опсадата на Ленинград што траеше 900 дена. Нетанјаху притоа потсети дека во таа војна беа убиени милиони жители на Советскиот сојуз. -Не смееме ни за една секунда да го замаглиме жртвувањето и придонесот на поранешниот Советски сојуз во победата на нацистичкиот монструм, рече израелскиот премиер. Споменикот е откриен пред почетокот на собирот на светските лидери во Меморијалниот центар Јад Вашем во знак на сеќавање на Холокаустот и ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц. Токму над овој настан се надви сенка заради несогласувањата околу улогата на одделни земји во оваа војна. Полскиот претседател Анджеј Дуда ја бојкотираше комеморацијата во знак на протест што централната улога му е дадена на рускиот претседател Владимир Путин на кого му забележува дека има нефер однос кон почетокот на Втората светска војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ni-za-sekunda-ne-smeeme-da-go-zamaglime-zrtvuvanjeto-na-poraneshniot-sovetski-sojuz/feed/ 0
Живеел 10 месеци заробен во вселената: Се вратил во распадната држава и за малку ќе завршел во затвор (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ziveel-10-meseci-zaroben-vo-vselenata-se-vratil-vo-raspadnata-drzava-i-za-malku-kje-zavrshel-vo-zatvor-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ziveel-10-meseci-zaroben-vo-vselenata-se-vratil-vo-raspadnata-drzava-i-za-malku-kje-zavrshel-vo-zatvor-foto/#respond Thu, 06 Jun 2019 11:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=206043

Советскиот космонаут Сергеј Крикалев (роден на 27 август 1958) бил во вселената кога Советскиот сојуз се распаднал во 1991-ва година. Во тој хаос, Крикалев не можел да се врати дома, па останал во вселената додека да му јават дека може да се врати. Крикалев дома се вратил на 25 март 1991 година, по 10 месеци во орбитата. Кога слетал, сфатил дека се било сменето. Советскиот сојуз се распаднал на 15 држави, се сменил претседателот, а неговиот роден град Ленинград повторно станал Санкт Петербург. Крикалев за малку ќе завршел во затвор и тоа под обвинение дека дезертирал. Планирале да издадат налог за негово апсење поради тоа што не одел во војска, но за среќа, сфатиле дека има повеќе од оправдано отсуство, човекот дури не бил ни на планетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ziveel-10-meseci-zaroben-vo-vselenata-se-vratil-vo-raspadnata-drzava-i-za-malku-kje-zavrshel-vo-zatvor-foto/feed/ 0
„Ведомости“: Две третини од Русите жалат по Советскиот Сојуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vedomosti-dve-tretini-od-rusite-zalat-po-sovetskiot-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vedomosti-dve-tretini-od-rusite-zalat-po-sovetskiot-sojuz/#respond Wed, 19 Dec 2018 09:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=142235

Дури 66 проценти од Русите жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, покажува анкетата на јавното мислење на рускиот центар „Левада“. Според московскиот весник „Ведомости“, ова е најголем процент на носталгичари по поранешниот Советски Сојуз во последниве 10 години. Позитвно на прашањето дали жалат поради распадот на Советскиот Сојуз лани одговриле 58 отсто од испитаниците, а во последните 10 години тој процент не надминал 61 отсто. Поголемиот број од носталгичарите се лица на возраст од над 55 години, но во последниве две години расте процентот на оние што жалат по Советскиот Сојуз и меѓу младите на возраст од 18 до 24 години. Како главни причини поради кои жалат по Советскиот Сојуз, анкетираните ги посочиле „уништувањето на економскиот систем“ (52 проценти), „загубата на чувството за припадност на голема држава“ (36 отсто) и „растот на взаемната недоверба (31 процент).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vedomosti-dve-tretini-od-rusite-zalat-po-sovetskiot-sojuz/feed/ 0