СП 2018 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Oct 2018 07:26:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СП 2018 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mundijalot-na-rusija-i-donese-12-5-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mundijalot-na-rusija-i-donese-12-5-milijardi-evra/#respond Thu, 18 Oct 2018 07:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=116544

Светското фудбалско првенство, што летоска се одржа во Русија, за тамошната економија во периодот 2013-2018 значеше приход од 952 милијарди рубљи, или околу 12,5 милијарди евра, објави Организациониот комитет на Мундијалот. Во „Студијата за економски, социјални и еколошки влијанија на Светското првенство во Русија“ се потенцира дека позитивниот ефект се манифестира меѓу другото во зголемената туристичка потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и други фактори. Вкупно во Русија, според податоците на Организацискиот одбор, за подготовката и одржувањето на Светското првенство во фудбал, што се одржа од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 градови, потрошени се 688 милијарди рубљи, малку повеќе од девет милијарди долари. Вкупното влијание на Мундијалот се проценува на 952 милијарди рубљи, што е 1,1 отсто од годишниот БДП на земјата, се вели во студијата. Благодарение на зголемените средства од туризмот во Русија, според податоците, значително биле зголемени приходите од продажба кај малите и средни претпријатија и во период од пет години тие изнесуваат 797 милијарди рубљи. Врз основа на пресметка на Организацискиот комитет, ефектот на СП во туризмот во следните години ќе биде позитивен и во државниот буџет ќе се слеат меѓу 40 и 70 милијарди рубљи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mundijalot-na-rusija-i-donese-12-5-milijardi-evra/feed/ 0
ФОТО: Руски магазин напиша вест за Колинда, Хрватите во неверување – што ќе каже на ова претседателката https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ruski-magazin-napisha-vest-za-kolinda-hrvatite-vo-neveruvanje-shto-kje-kaze-na-ova-pretsedatelkata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ruski-magazin-napisha-vest-za-kolinda-hrvatite-vo-neveruvanje-shto-kje-kaze-na-ova-pretsedatelkata/#respond Sat, 11 Aug 2018 08:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=86774

После Светското фудбалско првенство во Русија, Колинда Грабар Китаровиќ става вистинска ѕвезда во таа земја. Така руското издание на „Hello" објави приказна за Колинда со фотографија од нејзе во хрватски дрес во ВИП ложата. „Ах, каква девојка“, стои во насловот на текстот, додека под него пишува „дека е едната од оние луѓе кои ќе го променат светот“. „За време на светското првенство стана мега ѕвезда, иако само навиваше за својата репрезентација“, пишуваат Русите. „И можеби Франција го освои првенството, но хрватската претседателка ги освои срцата“ заклучиле Русите во приказната за Колинда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ruski-magazin-napisha-vest-za-kolinda-hrvatite-vo-neveruvanje-shto-kje-kaze-na-ova-pretsedatelkata/feed/ 0
Кејн е многу разочаран по Мундијалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-e-mnogu-razocharan-po-mundijalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-e-mnogu-razocharan-po-mundijalot/#respond Tue, 07 Aug 2018 06:56:24 +0000 https://kurir.mk/?p=85268

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, истакна дека напаѓачот Хари Кејн е разочаран од настапите на Светското првенство 2018 година. Англија загуби во полуфиналето од Хрватска, а исто така беше поразена и од Белгија во мечот за третото место. - Кејн е многу разочаран од Светското првенство. Тој се врати во Лондон од Русија во неделата, а во вторникот веќе беше во тренинг и помина пет часа сам со себе, истакна Покетино. Му честитав, но тој рече дека тоа не вреди, бидејќи беше разочаран, додаде предводникот на премиерлигашот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-e-mnogu-razocharan-po-mundijalot/feed/ 0
Нејмар по скандалите на СП вети дека ќе стане друг човек https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-po-skandalite-na-sp-veti-deka-kje-stane-drug-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-po-skandalite-na-sp-veti-deka-kje-stane-drug-chovek/#respond Mon, 30 Jul 2018 07:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=82625

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и бразилската репрезентација, Нејмар да Силва, призна дека за време на Мундијалот 2018 навистина намерно ги преувеличувал последиците од секој поостар старт врз него. Најскапиот играч во историјата на фудбалот сепак вети дека ја научил лекцијата и во новата сезона ќе биде „друг човек“. Многумина ги посочија Нејмар и Бразил за фаворити за Светскиот куп, но „Селесао“ отпадна во четвртфиналето против Белгија, која подоцна се избори за третото место. Поради глумењето на терените, Бразилецот често беше предмет на критики, а како резултат, не се најде меѓу финалистите на ФИФА за наградата за најдобар играч на првенството. Нејмар искористи реклама, која ја направи за еден од своите спонзори, за да го упати своето ветување. - Кога си заминувам без да зборувам со медиумите, тоа не е затоа што ми се допаѓа само кога победувам, туку затоа што се уште не сум научил како да ве разочарам. Кога правам така, тоа не е затоа што сум размазено дете. Тоа е затоа што се уште не сум научил да се справувам со моите фрустрации, вели Нејмар Тој вели дека битката која ја води е да го задржи „момчето во него, а не на теренот“. - Можеби мислите дека паѓам премногу, но вистината е дека се распаднав. И тоа боли повеќе од било каков напад на мојот опериран глужд. Ми требаше време да ги прифатам критиките. Ми требаше време да се погледнам во огледалото и да станам нова личност. Но, сега сум тука, и моето срце е широко отворено, вели меѓу другото напаѓачот на „принцовите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-po-skandalite-na-sp-veti-deka-kje-stane-drug-chovek/feed/ 0
ВИДЕО: Голот на Павар прогласен за најубав на Мундијалот во Русија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-golot-na-pavar-proglasen-za-najubav-na-mundijalot-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-golot-na-pavar-proglasen-za-najubav-na-mundijalot-vo-rusija/#respond Wed, 25 Jul 2018 17:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=81054

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го прогласи голот на францускиот репрезентативец Бенжамен Павар за најубав гол на Светското првенство во Русија. Според резултатите од гласањето, во конкуренција на 17 голови победи Павар со голот кој го постигна во осминафиналето против Аргентина. Франција со овој гол израмни на 2:2, а потоа направи пресврт и го доби натпреварот со 4:3. ФИФА оваа награда ја воведе на Мундијалот во 2006 година, а првпат ја добива фудбалер од Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-golot-na-pavar-proglasen-za-najubav-na-mundijalot-vo-rusija/feed/ 0
Уште една казна за упад на натпревар, но сега поради униформите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-kazna-za-upad-na-natprevar-no-sega-poradi-uniformite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-kazna-za-upad-na-natprevar-no-sega-poradi-uniformite/#respond Wed, 25 Jul 2018 12:53:49 +0000 https://kurir.mk/?p=80932

Рускиот суд за прекршоци пресуди дека членовите на панк бендот Пуси рајот ќе мораат да платат казна зашто за време на прекинувањето на финалето од Светското првенство носеа полициски униформи. Казната која судот им ја одреди за носење на полициски униформи за време на упадот изнесува 1.500 рубљи, односно 24 долари. Судот ги прогласи за виновни Олга Курачева и ВОјн Пјотр Верзилов по членот 17.12 од рускиот Кривичен законик поради илегално носење воена или полициска униформа и донесе пресуда за плаќање на административна казна. За време на сослушувањето, адвокатот на Верзилов рекол дека тој носел полициска униформа како средства на уметничко изразување. Тој додаде дека Курачева носела униформа за да го оттргне вниманието на јавноста на проблемот со полицијата. Курачева ги отфрли сите обвинувања и се спореди самата себе со актерка во театар или кино, кои носат различна облека поради правењето на одреден лик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-kazna-za-upad-na-natprevar-no-sega-poradi-uniformite/feed/ 0
Фоторепортерот кој беше „прегазен“ од Манџукиќ и соиграчите доби бесплатен одмор во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fotoreporterot-koj-beshe-pregazen-od-mandzukikj-i-soigrachite-dobi-besplaten-odmor-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fotoreporterot-koj-beshe-pregazen-od-mandzukikj-i-soigrachite-dobi-besplaten-odmor-vo-hrvatska/#respond Fri, 20 Jul 2018 18:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=79327

Мексиканскиот фоторепортер, Јури Кортез, беше дел од еден од поинтересните моменти во изминатото Светско првенство. За време на натпреварот помеѓу Хрватска и Англија, Марио Манџукиќ постигна гол за победа во продолжението, а потоа истрча да слави зад голот на противникот. Хрватот заедно со своите соиграчи еуфорично го прославија моментот во кој настрада Мексиканецот и неговиот фотоапарат.

Блиската средба со „коцкестите“ му донесе покана од страна на претседателот на Хрватската туристичка заедница, Кристијан Станичиќ, за него и неговата фамилија за бесплатен одмор на Јадранското море. На истата тој одговори позитивно и рече дека ќе му биде чест да ја посети Хрватска, а исто така изјави дека селекцијата предводена од Златко Далиќ му била омилена на целиот Мундијал.
Извор: Гол
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fotoreporterot-koj-beshe-pregazen-od-mandzukikj-i-soigrachite-dobi-besplaten-odmor-vo-hrvatska/feed/ 0
Каква легенда: Вида од терените на СП заврши во свињарник и ранеше прасиња, а фановите се мајтапеа со него (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kakva-legenda-vida-od-terenite-na-sp-zavrshi-vo-svinjarnik-i-raneshe-prasinja-a-fanovite-se-majtapea-so-nego-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kakva-legenda-vida-od-terenite-na-sp-zavrshi-vo-svinjarnik-i-raneshe-prasinja-a-fanovite-se-majtapea-so-nego-foto/#respond Fri, 20 Jul 2018 12:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=79151

Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида е едена од најголемите ѕвезди на ова Светско првенство кое се одржа во Русија. Освен на теренот Вида ги воодушеви сите и надвор од него, па така на прославата во Загреб и Задар беше највесел од сите и ги освои симпатиите на навивачите. Но, не поминаа ниту неколку дена, а фудбалерот кој се прослави по скандалот на СП, овој пат повторно ги воодушеви сите. Вида заедно со својата сопруга и син завршил во свињарник каде ги хранелесвињите со пченка. Фотографиите предизвикале вистинска бура од реакции и мајтапење со репрезентативецот. -Секоја чест тоа е тој славонски дух. Чесен, едноставен, со големо срце и карактер. Браво легендо, стои во еден од коментарите. -Прав Славонец, човекот кој обединува, а не раздвојува, стои во друг коментар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kakva-legenda-vida-od-terenite-na-sp-zavrshi-vo-svinjarnik-i-raneshe-prasinja-a-fanovite-se-majtapea-so-nego-foto/feed/ 0
Ја поместиле свадбата бидејќи кумот играл финале- Перишиќ од прослава директно на венчавка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ja-pomestile-svadbata-bidejkji-kumot-igral-finale-perishikj-od-proslava-direktno-na-venchavka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ja-pomestile-svadbata-bidejkji-kumot-igral-finale-perishikj-od-proslava-direktno-na-venchavka-foto/#respond Fri, 20 Jul 2018 11:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=79113

Се чини дека фудбалерот на Хрватска Иван Перишиќ не е уморен од Светското првенство во Русија, но и од пречекот во Загреб и Задар. Перишиќ на својот Инстаграм профил објави дека се уште не го прекинал славењето од понеделникот. Имено фудбалерот бил кум на свадбата кај својот другар кој требало да се ожени пред неколку недели, но поради „не планираното“ задржување на репрезентацијата го поместил датумот на свадбата во интерес на СП. Кумот на свадбата бил во придружба на својата сопруга Јосипа, а на споделената фотографија коментирала и Франка Беталиќ, преставничката на Евровизија оваа година за Хрватска која викендов се мажи за репрезентативецот Ведран Чорлука.

A post shared by ?Josipa Perisic? (@joop8) on

-Јас ќе полудам, никогаш не е доста од забава, напиша таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ja-pomestile-svadbata-bidejkji-kumot-igral-finale-perishikj-od-proslava-direktno-na-venchavka-foto/feed/ 0
Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Мундијалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kalinikj-odbi-da-go-zeme-srebreniot-medal-od-mundijalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kalinikj-odbi-da-go-zeme-srebreniot-medal-od-mundijalot/#respond Fri, 20 Jul 2018 09:51:02 +0000 https://kurir.mk/?p=79082

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата. Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0). - Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи. Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра. Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kalinikj-odbi-da-go-zeme-srebreniot-medal-od-mundijalot/feed/ 0