СП 2022 Катар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 06:18:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СП 2022 Катар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аргентинскиот селектор најави можни промени во составот пред почетокот на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentinskiot-selektor-najavi-mozni-promeni-vo-sostavot-pred-pochetokot-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentinskiot-selektor-najavi-mozni-promeni-vo-sostavot-pred-pochetokot-na-sp/#respond Thu, 17 Nov 2022 06:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=762080

Аргентина рутински го доби денешниот пријателски натпревар против ОАЕ во Абу Даби, но селекторот Лионел Скалони предизвика сериозно внимание со изјавата дадена по овој дуел. Скалони најавил пред новинарите дека може да направи промени во составот пред почетокот на СП, а главна цел ќе биде да ги елиминира играчите кои не се физички подготвени за напорите кои следуваат. Според аргентинските медиуми, ова се однесувало на Пауло Дибала и Нико Гонзалес, фудбалерите кои имаа проблеми со повреди и затоа и не се во најдобра форма во пресрет на почетокот на мундијалот. – Во тимот имаме фудбалери кои не се на потребното ниво на физичка подготвеност. Имам можност да го променам составот, останува да видиме што ќе се случи, – изјавил Скалони. Аргентина го отвора мундијалот на 22. ноември против Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentinskiot-selektor-najavi-mozni-promeni-vo-sostavot-pred-pochetokot-na-sp/feed/ 0
Инфантино повика на примирје во Украина додека трае Мундијалот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-povika-na-primirje-vo-ukraina-dodeka-trae-mundijalot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-povika-na-primirje-vo-ukraina-dodeka-trae-mundijalot-vo-katar/#respond Wed, 16 Nov 2022 06:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=761341

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино повика на едномесечен прекин на војната во Украина, додека трае Светското првенство во Катар. „Мојот апел до сите е да размислат за едномесечно примирје додека трае Светското првенство“, рече Инфантино за за време на состанокот со лидерите на Г20 најразвиени земји во светот што се одржува во Бали, Индонезија. Инфантино во својот говор пред политичките лидери потсети дека Русија го организираше последниот Мундијал, во 2018 година, а дека Украина заедно со Шпанија и Португалија е кандидат за органзатор на СП што треба да се игра во 2030 година. „Не сме толку наивни за да мислиме дека фудбалот може да ги реши светските проблеми. Но, Светското првенство нуди единствена платформа, со околу пет милијарди гледачи. Да ја искористиме оваа можност да направиме сè што е можно за да ставиме крај на сите конфликти“, рече првиот човек на ФИФА. Светското првенство во Катар в недела, а во првиот натпревар се среќаваат домаќинот и Еквадор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-povika-na-primirje-vo-ukraina-dodeka-trae-mundijalot-vo-katar/feed/ 0
Погба би можел да го пропушти Светското првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pogba-bi-mozel-da-go-propushti-svetskoto-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pogba-bi-mozel-da-go-propushti-svetskoto-prvenstvo/#respond Mon, 31 Oct 2022 11:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=753152

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба би можел да го пропушти Светското првенство во Катар поради нова повреда. Оваа информација ја пренесе „газета дело спорт“. Според италијанскиот весник, Французинот, кој закрепнуваше од операцијата на коленото на почетокот на сезоната, претрпел оштетување на бутен мускул. Се очекува Погба да пропушти најмалку 10 дена. Селекторот на Франција, Дидие Дешам, изјави дека нема да вклучи никого во списокот на турнирот кој не е подготвен за првиот натпревар од турнирот против австралиската репрезентација на 22 ноември. Дешам треба да го објави составот на Франција на 9 ноември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pogba-bi-mozel-da-go-propushti-svetskoto-prvenstvo/feed/ 0
Саутгејт: Ништо не би постигнале со бојкот на Мундијалот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sautgejt-nishto-ne-bi-postignale-so-bojkot-na-mundijalot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sautgejt-nishto-ne-bi-postignale-so-bojkot-na-mundijalot-vo-katar/#respond Sun, 27 Mar 2022 05:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=653959

Англија непоразена директно се пласираше на Светското првенство во Катар. Таму ќе се обидат да ја освојат титулата за која сонуваат од 1966 година кога единствен пат се искачија на врвот како најдобра селекција во светот. Тренерот на Англија, Герет Саутгејт ги демантираше шпекулациите дека Англија може да го бојкотира СП, откако одекнаа низа на обвиненија дека Катар важи за земја во која често се оспорувани човековите права, како и земја во која доминира корупцијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sautgejt-nishto-ne-bi-postignale-so-bojkot-na-mundijalot-vo-katar/feed/ 0
Јужна Кореја обезбеди настап на Мундијалот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juzna-koreja-obezbedi-nastap-na-mundijalot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juzna-koreja-obezbedi-nastap-na-mundijalot-vo-katar/#respond Tue, 01 Feb 2022 19:33:01 +0000 https://kurir.mk/?p=625597

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја е 15-от учесник на Светското првенство, кое од 21 ноември до 17 декември ќе се одржи во Катар. Јужна Кореја избори место на Мундијалот, откако вечерва ја совлада Сирија со 2-1 на неутрален терен во Дубаи во натпревар од 8. коло во азиските квалификации, и со тоа го обезбеди едно од првите две места во групата А, од која претходно виза за Светското првенство резервираше Иран. За Јужна Кореја ова ќе биде 11-ти настап на светските првенства, а десетти во низа. Покрај домаќинот, Јужна Кореја и Иран, настап на Мундијалот 2022 досега обезбедија и Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија, Холандија, Бразил и Аргентина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juzna-koreja-obezbedi-nastap-na-mundijalot-vo-katar/feed/ 0
Италија-Македонија ќе се игра на неутрален терен? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-makedonija-kje-se-igra-na-neutralen-teren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-makedonija-kje-se-igra-na-neutralen-teren/#respond Wed, 12 Jan 2022 16:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=618535

Италијанските медиуми на големо пишуваат за натпреварот меѓу Италија и Македонија, кој ќе се игра во рамки на баражот за Светското првенство 2022. Најновата вест доаѓа од римскиот дневен весник „Ла Република“. Весникот тврди дека дуелот кој ќе го даде финалистот во баражот за Мундијалот може да се игра на неутрален терен. Предвидено е оваа средба да се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, меѓутоа регионот има свои строги рестрикции поради коронавирусот. Италијанските власти признаваат засега само вакцинирани, а „Ла Република“ вели дека постои можност македонските фудбалери да се вакцинирани со руската „Спутник“, вакцина која државата не ја признава, или воопшто да не се вакцинирани. Ова може да забрани влез за некои од македонските фудбалери во Палермо, па натпреварот да биде испратен на неутрален терен. Како најригорозна варијанта се споменува „исклучување на Македонија од баражот од страна на ФИФА“. Дуелот меѓу Италија и Македонија е предвиден да се игра на 24 март.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-makedonija-kje-se-igra-na-neutralen-teren/feed/ 0