СП 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Dec 2022 20:46:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СП 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дешам: Ќе беше помалку тешко доколку загубевме со 3:0 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/desham-kje-beshe-pomalku-teshko-dokolku-zagubevme-so-3-0/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/desham-kje-beshe-pomalku-teshko-dokolku-zagubevme-so-3-0/#respond Sun, 18 Dec 2022 21:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=777339

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп даде свое видување за вечерашното финалето со Аргентина на Светското првенство 2022. Франција загуби на пенали, иако се врати по 0:2 и во продолженијата по 2:3. – Сега има уште повеќе жалење отколку да загубивме со 3:0. Тогаш немаше да има за што да се зборува. Не го направивме тоа што требаше да го направиме цел час, но потоа покажавме храброст, енергија, умешност. Меѓутоа, како заврши сето тоа? Загубивме, но ако допрете нешто, а тоа ви се лизне од раце, само станува потешко. Ќе мора да се помириме со ова. Направив рани замени бидејќи не бев среќен, мислев дека можеме подобро. Тоа не значи дека заменетите играчи се повеќе виновни од другите. Од различни причини не успеавме да ги покажеме нашите сили, но нема да навлегувам во детали. Успеавме да ја превртиме многу тешката ситуација благодарение на умешноста и волјата, но тоа не беше доволно, рече Дешамп на „TF1“. По натпреварот, претседателот на Франција, Емануел Макрон го замоли Дешам да остане на селекторското место на „триколорите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/desham-kje-beshe-pomalku-teshko-dokolku-zagubevme-so-3-0/feed/ 0
Претседателот на Аргентина им честиташе на сонародниците за освојувањето на Светското првенство во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-argentina-im-chestitashe-na-sonarodnicite-za-osvojuvanjeto-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-argentina-im-chestitashe-na-sonarodnicite-za-osvojuvanjeto-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar/#respond Sun, 18 Dec 2022 21:32:58 +0000 https://kurir.mk/?p=777329

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез им се заблагодари на играчите на репрезентацијата за освојувањето на Светското првенство во Катар. –Благодарам на играчите и на стручниот штаб. Вие сте пример дека не треба да се откажуваме, дека имаме голем народ и голема иднина, напиша тој на Твитер. Репрезентацијата на Аргентина вечерва ја победи француската селекција по изведување пенали и стана победник на Светското првенство во Катар. Репрезентацијата на Аргентина по трет пат го освои Светското првенство. Претходно, Аргентинците го освоија М ундијалот во 1978 и 1986 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-argentina-im-chestitashe-na-sonarodnicite-za-osvojuvanjeto-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar/feed/ 0
Репрезентација од Јужна Америка по десетти пат го освои СП, репрезентациите од Европа имаат 12 победи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reprezentacija-od-juzna-amerika-po-desetti-pat-go-osvoi-sp-reprezentaciite-od-evropa-imaat-12-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reprezentacija-od-juzna-amerika-po-desetti-pat-go-osvoi-sp-reprezentaciite-od-evropa-imaat-12-pobedi/#respond Sun, 18 Dec 2022 21:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=777335

Победата на Аргентина на Светското првенство во 2022 година беше десетта за јужноамериканските селекциите во историјата на турнирот. Во финалето на Мундијалот во Катар избраниците на Лионел Скалони ја совладаа Франција (3:3, 4:2 по пенали). Бразил го држи рекордот со пет титули на Светските првенства, Аргентина трипати го освои трофејот, а Уругвај двапати. Европските репрезентации го освоија турнирот 12 пати. Најмногу, четири пати Италија и Германија, два пати Франција, по еднаш Англија и Шпанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reprezentacija-od-juzna-amerika-po-desetti-pat-go-osvoi-sp-reprezentaciite-od-evropa-imaat-12-pobedi/feed/ 0
Скалони трет селектор во историјата кој ги освоил Светското првенство и Купот на Америка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skaloni-tret-selektor-vo-istorijata-koj-gi-osvoil-svetskoto-prvenstvo-i-kupot-na-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skaloni-tret-selektor-vo-istorijata-koj-gi-osvoil-svetskoto-prvenstvo-i-kupot-na-amerika/#respond Sun, 18 Dec 2022 20:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=777331

Репрезентацијата на Аргентина вечерва ја победи Франција (3:3, 4:2 на пенали) во финалниот натпревар на Светското првенство во Катар и по трет пат го освои трофејот. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони стана третиот селектор во историјата кој ги освоил Светското првенство (2022 година) и Копа Америка (2021 година). Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Светско првенство 1970 и Копа 1997) и Карлос Алберто Переира (Светско првенство 1994 и Копа 2004) – и двајцата како предводници на Бразил. Исто така, 44-годишниот Скалони стана најмладиот тренер кој го освоил Светското првенство од 1978 година, кога друг Аргентинец, Цезар Луис Меноти го освои Светското првенство во 1978 година на 39-годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skaloni-tret-selektor-vo-istorijata-koj-gi-osvoil-svetskoto-prvenstvo-i-kupot-na-amerika/feed/ 0
Меси: Навистина сакав да победам и знаев дека Бог ќе ми дозволи да го освојам СП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-navistina-sakav-da-pobedam-i-znaev-deka-bog-kje-mi-dozvoli-da-go-osvojam-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-navistina-sakav-da-pobedam-i-znaev-deka-bog-kje-mi-dozvoli-da-go-osvojam-sp/#respond Sun, 18 Dec 2022 20:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=777337

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси зборуваше за освојувањето на Светското првенство во 2022 година. – Неверојатно е што сето тоа се случи на ваков начин. Навистина сакав да победам. Знаев дека Господ ќе ми дозволи да го сторам тоа, го имав тоа чувство. Ајде да уживаме во победата сега! Ова е долгоочекуваниот пехар и еве го. Погледнете колку е убав! Моравме да поминеме низ многу нешта, но успеавме. Едвај чекам да се вратам во Аргентина – можам да замислам какво лудило ќе се случи таму, изјави најдобриот фудбалер на турнирот во Катар. Лионел Меси вечерва постигна два гола во 120-те минути кои завршија 3:3, плус успешно изведе пенал во серијата која Аргентина ја доби со 4:2. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-navistina-sakav-da-pobedam-i-znaev-deka-bog-kje-mi-dozvoli-da-go-osvojam-sp/feed/ 0
Макрон ги тешеше француските фудбалери по загубеното финале од Аргентина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makron-gi-tesheshe-francuskite-fudbaleri-po-zagubenoto-finale-od-argentina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makron-gi-tesheshe-francuskite-fudbaleri-po-zagubenoto-finale-od-argentina/#respond Sun, 18 Dec 2022 19:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=777323

Францускиот претседател Емануел Макрон излезе на теренот по финалето на Светското првенство за да им даде поддршка на „триколорите“. – Ова е тимот што ни овозможи да сонуваме, напиша Макрон на Твитер. Аргентина вечерва стана светски шампион, победувајќи ја француската селекција (3:3, 4:2 – на пенали) во финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар. Репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во организација на ФИФА по трет пат во историјата. Франција остана на двете титули освоени во 1998 и 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makron-gi-tesheshe-francuskite-fudbaleri-po-zagubenoto-finale-od-argentina/feed/ 0
Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-najdobar-fudbaler-mbape-prv-strelec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-najdobar-fudbaler-mbape-prv-strelec/#respond Sun, 18 Dec 2022 19:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=777321

Аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој вечерва ја предводеше својата репрезентација до титулата светски првак, е прогласен за најдобар фудбалер (МВП) на Мундијалот 2022 во Катар. Меси, кој претходно навести дека ова ќе му биде последен Мундијал, вечерва со два гола ја предводеше Аргентина до триумф во големото финале над Франција на пенали со 4-2 (2-2) и го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во богатата кариера. Најдобар стрелец на Мундијалот е репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе, со осум голови, од кои три постигна во финалето. Меси го заврши Мундијалот на второто место на листата стрелци со седум голови, пред Оливие Жиру (Франција) и сонародникот Хулијан Алварез со по четири голови. За најдобар голман е прогласен аргентинскиот чувар на мрежата Емилијано Мартинез, а наградата за најдобар млад фудбалер му припадна на уште еден Аргентинец – Енцо Фернандез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-najdobar-fudbaler-mbape-prv-strelec/feed/ 0
Реакцијата на расплаканиот Меси по освоениот трофеј го обиколи светот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reakcijata-na-rasplakaniot-mesi-po-osvoeniot-trofej-go-obikoli-svetot-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reakcijata-na-rasplakaniot-mesi-po-osvoeniot-trofej-go-obikoli-svetot-video/#respond Sun, 18 Dec 2022 19:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=777318

Меси постигна два гола во финалето на Светското првенство, а потоа ја презеде одговорноста во пенал рулетот и рутински го изведе првиот пенал. Големиот Лионел Меси денеска конечно ја освои титулата светски првак. Меси по натпреварот заплака, а неговиот емотивен настап брзо го обиколи светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/reakcijata-na-rasplakaniot-mesi-po-osvoeniot-trofej-go-obikoli-svetot-video/feed/ 0
„ГОРИ“ Буенос Аирес: Аргентинците го слават успехот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gori-buenos-aires-argentincite-go-slavat-uspehot-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gori-buenos-aires-argentincite-go-slavat-uspehot-video/#respond Sun, 18 Dec 2022 18:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=777311

Аргентина го освои трофејот на Светското првенство во Катар, кој воедно е прв во богатата кариера на Лионел Меси, а по последниот судиски свиреж веднаш почна прославата. Навивачите во Буенос Аирес почнаа да слават, а спикерот остана без глас откако прогласи победа за „гаучосите“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gori-buenos-aires-argentincite-go-slavat-uspehot-video/feed/ 0
СПЕКТАКУЛАРНО ФИНАЛЕ: Аргентина е светски шампион! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentina-e-svetski-shampion/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentina-e-svetski-shampion/#respond Sun, 18 Dec 2022 18:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=777306

Аргентина трет пат во историјата стана светски првак во фудбал совладувајќи го вечерва во спектакуларно финале во Лусаил бранителот на трофејот Франција на пенали со 4-2 (2-2, 2-0). За Аргентина, која го играше своето шесто мундијалско финале, ова е прва светска титула по пауза од 36 години, а нејзиниот капитен Лионел Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата блескава кариера. Аргентинците комплетно доминираа во првиот дел и поведоа во 23. минута преку Лионел Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија. Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси. Франција прв пат упати директен удар кон противничкиот гол во 80. минута кога Килијан Мбапе од пенал ја преполови негативата, а само 60 секунди подоцна напаѓачот на ПСЖ го израмни резултатот со својот втор гол на натпреварот. Меси во 110. минута од продолжението повторно ѝ донесе водство на Аргентина, но Мбапе пет минути подоцна израмни од пенал и стана само втор играч кој постигнал хет-трик од игра во финале на светските првенства. Во пенал серијата за Аргентина беа прецизни Меси, Дибала, Паредес и Монтиал, додека во францускиот состав реализираа Мбапе и Коло Муани, но аргентинскиот голман го одбрани ударот на Коман, а Чуамени биеше непрецизно од белата точка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentina-e-svetski-shampion/feed/ 0