сп2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 15:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сп2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гана го слави Мохамед Кудус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gana-go-slavi-mohamed-kudus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gana-go-slavi-mohamed-kudus/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=767740

Фудбалерите на Гана ги задржаа шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако денеска ја совладаа Јужна Кореја со 3-2 (2-0) и ги запишаа првите бодови во групата Х по стартниот пораз од Португалија. Гана на стадионот „Едјукејшн“ во Ал Рајан поведе во 24 минута преку Мохамед Салису, а го удвои водството само десет минути подоцна со голот на Мохамед Кудус. Јужна Корека се врати резултатски во игра во интервал од само три минути преку двојниот стрелец Чо (58, 61), но Кудус со својот втор гол на натпреварот во 68 минута донесе триумф на африканската репрезентација. Второто коло во групата Х ќе го комплетираат Португалија и Уругвај, вечерва од 20 часот во Лусаил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gana-go-slavi-mohamed-kudus/feed/ 0
Блатер: Изборот на Катар за домаќин на СП2022 беше голема грешка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-izborot-na-katar-za-domakjin-na-sp2022-beshe-golema-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-izborot-na-katar-za-domakjin-na-sp2022-beshe-golema-greshka/#respond Tue, 08 Nov 2022 16:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=757559

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, кој мораше да се повлече од функцијата поради обвинение за корупција, денеска прв пат објави детали од изборот на Катар за домаќин на претстојното Светско првенство и оцени дека тоа било „голема грешка“. – Катар е премала земја, а фудбалот и Светското првенство се многу поголеми. Да бидам целосно јасен – Катар е голема грешка, многу лош избор, изјави Блатер. Тој рече дека првичната замисла била Русија да биде домаќин на Мундијалот 2018, а САД во 2022 година. – Требаше тоа да биде гест на мир, две земји, кои се наоѓаат на спротивни страни, требаше да организираат Светско првенство едно по друго, рече Блатер, додавајќи оти пресвртот се случил една недела пред Конгресот на ФИФА кога добил повик од поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини. – Добив повик од Платини, кој ми рече дека нашиот план нема да може да го спроведеме. Ми рече дека добил повик од францускиот претседател (Никола) Саркози, кој само што разговарал со првиот човек на Катар, обелодени Блатер. Тој истакна дека во заднина на изборот на домаќинот на Мундијалот 2022 биле парите и оти Катар половина година подоцна купил борбени авион за Франција во вредност од 15 милијарди долари. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-izborot-na-katar-za-domakjin-na-sp2022-beshe-golema-greshka/feed/ 0
СП 2022: Вакцинирањето против Ковид – 19 нема да е задолжително за фудбалските навивачи  https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp-2022-vakciniranjeto-protiv-kovid-19-nema-da-e-zadolzitelno-za-fudbalskite-navivachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp-2022-vakciniranjeto-protiv-kovid-19-nema-da-e-zadolzitelno-za-fudbalskite-navivachi/#respond Thu, 29 Sep 2022 16:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=739154

Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително за фудбалските навивачи на претстојното Светско првенство во Катар, но сите посетители ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид – 19, соопштија денеска катарската Влада и Врховниот организациски комитет. -Луѓето кои ќе дојдат во Катар немаат обврска да престојуваат во карантин, без разлика на вакциналниот статус и земјата од која доаѓаат, објавија организаторите. Сепак, сите фудбалски навивачи постари од шест години на аеродромите пред заминувањето за Катар ќе мораат да приложат негативен резултат на Ковид – 19, не постар од 48 часови пред полетувањето за ПЦР тест и не постар од 24 часови за антигенски тест. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, а организаторите очекуваат во земјата да влезат над 2.5 милиони навивачи од целиот свет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp-2022-vakciniranjeto-protiv-kovid-19-nema-da-e-zadolzitelno-za-fudbalskite-navivachi/feed/ 0
Последниот учесник на СП2022 ќе биде познат на 14-ти јуни https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/posledniot-uchesnik-na-sp2022-kje-bide-poznat-na-14-ti-juni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/posledniot-uchesnik-na-sp2022-kje-bide-poznat-na-14-ti-juni/#respond Wed, 20 Apr 2022 19:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=666202

Фудбалерите на Нов Зеланд и Костарика ќе се борат на 14 јуни во Доха за последното место на завршниот турнир од Светското првенство 2022, чиј домаќин ќе биде Катар, соопшти денеска Новозеландската фудбалска федерација. Победникот од дуелот ќе го заземе местото во групата Е во која се репрезентациите на Шпанија, Германија и Јапонија. Нов Зеланд последен пат учествуваше на мундијалскиот турнир во 2010 година во Јужна Африка, што беше нивно второ учество по премиерата во Шпанија во 1982 година. Костарика прв пат настапи на завршните турнири во Италија 1990, а од 2002 до 2018 година го пропушти само Мундијалот 2010 во Јужна Африка. Претходно, на 5 јуни ќе биде познат последниот патник од европските квалификации, додека на 13 јуни во Доха ќе играат победникот од дополнителните азиски квалификации меѓу Обединетите Арапски Емирати и Австралија против Перу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/posledniot-uchesnik-na-sp2022-kje-bide-poznat-na-14-ti-juni/feed/ 0
Инфантино: Светското во Катар ќе биде најдобро во историјата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-svetskoto-vo-katar-kje-bide-najdobro-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-svetskoto-vo-katar-kje-bide-najdobro-vo-istorijata/#respond Thu, 22 Nov 2018 16:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=130886

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино очекува Мундијалот 2022 во Катар да биде најдобар во историјата на фудбалот, раскажа Швајцарецот во интервју за „Беин Спортс“. – Тоа ќе биде многу возбудливо Светско првенство, едноставно неверојатно и фантастично. Ние сме ФИФА, луѓето кои управуваат со светскиот фудбал, и го сакаме најдоброто за оваа игра. Што значи дека секое следно Светско првенство треба да биде подобро од претходното. И бидејќи знаете како беше во Русија, тогаш ова не тера да го направиме Светското во Катар едноставно незаборавно, изјави Инфантино. Турнирот ќе започне по четири календарски години – на 21 ноември 2022 година, откако ќе биде префрлено од традиционалните месеци за спроведување јуни и јули во зимските месеци, за да бидат избегнати високите температури во регионот во текот на летото. – Климата ќе биде одличен предуслов за игра. Во тоа време во Доха е меѓу 15 и 25 степени Целзиусови, идеални услови за спроведување на натпреварите, додава уште шефот на светскиот фудбал. Брзата изградба на стадиони, тренерски бази и инфраструктура доведе до серија информации во медиумите во врска со кршењето на човековите права на работниците, кои доаѓаат од сиромашни земји, главно од Источна Азија. Но, претседателот на ФИФА истакна дека проблемот всушност станал познат и се дискутира благодарение на Светското првенство, кое Катар го добива. – Ова Светско првенство ќе остави огромно наследство. Од гледна точка на социјалниот развој, ќе има многу важна улога врз развојот на регионот во целина. Дали мислите дека ако немаше Светско првенство во Катар тука ќе се коментираа проблемите со човековите права, со правата на работниците и условите за работа? Значи без СП 2022 никој немаше да пишува толку многу за овие проблеми, дополни поранешниот шеф на УЕФА. Тоа е и првото Светско првенство, по кое 170 илјади седишта ќе бидат демонтирани од стадионите во Катар и ќе бидат испратени до земјите кои имаат потреба од нив, во сиромашните региони на Африка и Азија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-svetskoto-vo-katar-kje-bide-najdobro-vo-istorijata/feed/ 0