SpaceX – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Aug 2022 06:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png SpaceX – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 SpaceX испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/spacex-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/spacex-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata-video/#respond Mon, 15 Aug 2022 06:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=718560

Американската компанија SpaceX успешно ја лансираше ракетата Falcon 9 со нов круг микросателити Starlink, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а 46 микросателити беа лансирани во ниската земјина орбита, пренесува Танјуг. По фазата во која сателитите ќе се одвојат од Фалкон 9, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања. Мрежа за Интернет Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. SpaceX, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното ставање во функција ќе чини 10 милијарди долари. Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/spacex-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata-video/feed/ 0
Следната генерација сателити Starlink нема да бидат видливи со голо око https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/slednata-generacija-sateliti-starlink-nema-da-bidat-vidlivi-so-golo-oko/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/slednata-generacija-sateliti-starlink-nema-da-bidat-vidlivi-so-golo-oko/#respond Wed, 03 Aug 2022 19:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=713727

SpaceX најави подобрувања на своите сателити Starlink 2.0 кои ќе го намалат нарушувањето на глобалната астрономска заедница. Подобрувањата се однесуваат на начинот на кој сателитите на интернет мрежата Starlink ја рефлектираат сончевата светлина додека орбитираат околу Земјата, и ако се ефикасни како што тврди SpaceX, сателитите ќе бидат „невидливи со голо око кога се на стандардна работна височина“. Оваа вест доаѓа по поплаките од астрономската заедница и нејзината борба против влијанието на сателитските мегасоѕвездија врз нивната работа. Астрономот Саманта Лорел од Универзитетот во Реџина во Канада рече дека поради Starlink се завршува помалку работа во истиот временски период и дека тоа ја чини заедницата што плаќа даноци. SpaceX објави јавен документ во кој ги наведува мерките дизајнирани да го намалат влијанието на сателитот Starlink Internet Network врз астрономската заедница. Ова е особено важно бидејќи шефот на SpaceX, Илон Маск, неодамна изјави дека очекува повеќе од 4.200 сателити Starlink да бидат во функција во следните 18 месеци. Во орбитата веќе има околу 2.300 сателити, а SpaceX има дозвола за уште 30.000. SpaceX работи со астрономи за да развие нови елементи кои ќе овозможат да се намали рефлексијата на светлината на Земјата. Сателитите се највидливи во првите часови по самракот и тогаш астрономите си ја вршат својата работа. Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека сателитите би можеле да ја загрозат нејзината способност да забележат потенцијално опасен астероид кој се движи кон Земјата. SpaceX претходно се обиде да постави „визири“ на сателити кои ги блокираат светлосните зраци, но тие исто така можат да ги блокираат ласерските врски на Starlink. Исто така, тие создаваат премногу атмосферски отпор, што предизвикува сателитите да трошат повеќе гориво. Новата алтернатива се потемните материјали кои ја намалуваат рефлексијата за повеќе од десетпати во споредба со сегашната генерација на сателити, поради што тие ќе бидат помалку видливи. Станува збор за „темноцрвена“ пигментација која го заменува белиот материјал на соларните ќелии на сателитот, додека останатите компоненти ќе бидат црни со мала рефлексивност. Исто така, SpaceX планира да ја пренасочи светлината во одредени делови од денот, особено во самрак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/slednata-generacija-sateliti-starlink-nema-da-bidat-vidlivi-so-golo-oko/feed/ 0
Откажано лансирањето на вселенското летало на „SpaceX“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazano-lansiranjeto-na-vselenskoto-letalo-na-spacex/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazano-lansiranjeto-na-vselenskoto-letalo-na-spacex/#respond Thu, 28 May 2020 07:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=350912

Лансирањето на првото човечки управувано вселенско летало на компанијата „SpaceX“ е откажано – петнаесет минути пред планираното полетување поради лошите временски услови, објави НАСА. Астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли веќе беа во капсулата, а американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, како и потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга дојдоа да го следат историскиот настан. Следниот обид е закажан за сабота во 3:22 часот по локално време. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazano-lansiranjeto-na-vselenskoto-letalo-na-spacex/feed/ 0