спак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 10:43:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија: СПАК почна истрага во врска со сомнежите за злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-spak-pochna-istraga-vo-vrska-so-somnezhite-za-zloupotrebite-na-sredstvata-od-ipard-programata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-spak-pochna-istraga-vo-vrska-so-somnezhite-za-zloupotrebite-na-sredstvata-od-ipard-programata/#respond Thu, 05 Oct 2023 10:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=885516

Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, ги започна истрагите во врска со сомнежите за злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата што ги користеше министерството за земјоделство, потврди првиот човек на Специјалното обвинителство, Алтин Думани. Во оваа фаза истражителите вршат проверки и сè уште не е евидентирано име на ниту едно лице. Европската унија на 19 јули годинава привремено ги прекина средствата за Албанија во областа на земјоделството. Делегацијата на Европската унија во Тирана соопшти дека Европската комисија презела мерки на претпазливост врз основа на првичните информации дадени од Европската канцеларија за борба против измами, по истрагата за наводите за корупција поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД II. -Како превентивна мерка за заштита на финансиските интереси на Европската унија, Европската комисија привремено ги суспендираше надоместоците на албанските власти за трошоците направени во рамките на ИПАРД II програмата за земјоделство во Албанија. Европската истрага продолжува и проектите доделени во 2014-2020 година во Албанија се под контрола, јави abcnews.al. Во 2018 година, Агенцијата за земјоделство и рурален развој (АРДА) во Албанија, беше акредитирана за ИПАРД II Програмата, за распределба на грантови со вкупен буџет од 94,6 милиони евра, од кои 71 милион евра издвои Европската комисија, а 23,6 милиони евра беа распределени од националниот буџет на албанската држава. Или, 75 отсто пари од ЕУ, 25 отсто од албанскиот буџет. Доколку се потврдат сомнежите, Албанија ризикува да не продолжи со ИПАРД III фазата, која предвидува грантови до 146 милиони евра. Анализата на корисниците на ИПАРД програмата во Албанија разоткрила врски со политиката, јавната администрација и криминалот. Во однос на ова прашање премиерот Еди Рама при неодамнешната посета на Хрватска изјави дека „Ќе земеме пример од Хрватска, ќе го исправиме јазолот на администрацијата на фондовите на ЕУ“, додавајќи дека ќе има реорганизација на администрацијата на фондовите на ЕУ за земјоделството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-spak-pochna-istraga-vo-vrska-so-somnezhite-za-zloupotrebite-na-sredstvata-od-ipard-programata/feed/ 0
Поранешниот албански вице-премиер и актуелен пратеник Арбен Ахметај, за кого СПАК бара апсење, избегал од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-albanski-vitse-premier-i-aktuelen-pratenik-arben-ahmetaj-za-kogo-spak-bara-apsene-izbegal-od-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-albanski-vitse-premier-i-aktuelen-pratenik-arben-ahmetaj-za-kogo-spak-bara-apsene-izbegal-od-drzhavata/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=855861

Поранешниот албански вице-премиер Арбен Ахметај, за кого Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, побара одземање на пратеничкиот мандат и негово апсење, не се наоѓа во државата. Ова на расправата на парламентарна комисијата за мандати и именување ја потврдиле неговите адвокати, додавајќи дека тоа го направил пред неколку дена, дека не знаеле каде е, со која цел и дали некогаш ќе се врати. -Постојат основи на сомнение дека заминал во Канада, каде ќе бара азил. Неговото заминување е бегство од правдата, потпомогнато од власта, која е потоната во корупција и криминал, рекол тој, запрашувајќи ги надлежните зошто не му го одзеле пасошот и не го ставиле во домашен притвор, обвини Газмен Барди од Демократската партија. На социјалните мрежи почна да циркулира фотографија на која Ахметај е на преминот Какавија на граница со Грција, која според авторот на фотографијата е направена во петокот (7 јули). Истата ја пренесуваат и албанските медиуми. Инаку, по комплетирањето на обинението доставен е официјален допис до Собранието за одземање на пратеничкиот мандат што ќе овозможи негово апсење. Против него се поднесени четири кривични пријави, за злоупотреба на службната положба, пасивна корупција, перење пари и лажно пријавување и прикривање имот. Само во доделување тендери за изградба на објекти за горење отпад добил повеќе од 500 илјади евра, две луксузни вили, скапи патувања. Ахметај (54) беше еден од најмоќните луѓе во владејачкото социјалистичко мнозинство, најпрво беше министер за финансии, а по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019 година беше именуван за вице-премиер за обнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshniot-albanski-vitse-premier-i-aktuelen-pratenik-arben-ahmetaj-za-kogo-spak-bara-apsene-izbegal-od-drzhavata/feed/ 0
Уште еден албански градоначалник под истрага од СПАК, бил осудуван во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-eden-albanski-gradonachalnik-pod-istraga-od-spak-bil-osuduvan-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-eden-albanski-gradonachalnik-pod-istraga-od-spak-bil-osuduvan-vo-grtsija/#respond Mon, 26 Jun 2023 08:26:42 +0000 https://kurir.mk/?p=849625

Албанското специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, почна истрага против градоначалникот на Кучово, Крешник Хајдари, поради „фалсификување податоци во формуларот за декриминилизација”. – Сомнежите се дека и покрај тоа што Централната изборна комисија не го спречила да се кандидира, СПАК води истрага против него за фалсификување на формуларот за декриминализација. Хајдари, затскрил дека судот во грчкиот пограничен град Јанина го осудил под обвинението „нелегално преминување на границата“, наведуваат медиумите. Одлуката со која бил казнет со парична казна во износ од 1.500 драхми и мерка протерување ја донел судијата од кривичниот суд во Јанина, Николаос Раптис. -Тоа што го сомничи Хајдари во овој случај е фактот што тој не ја пријавил оваа казна во формуларот за декриминализација. Идентичен беше случајот со екс-градоначалниците на Малакастра, Ќерим Исмаилај и на Вора, Агим Кајмаку, кои исто така биле осудувани во Грција, по што беа разрешени, додаваат медиумите. По објавувањето на веста за истрагата, реагираше Хајдари кој има друго правно објаснување за неговиот случај. На Фејсбук тој напиша дека одлуката против него е административна и затоа не е задолжителна за изјаснување и дека на 17- годишна возраст заминал во Грција бидејќи „Сали Бериша (тогаш премиер) бил виновен“. Како кандидат на владејачката Социјалистичка партија, Хајдари, беше реизбран за градоначалник на изборите на 14 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-eden-albanski-gradonachalnik-pod-istraga-od-spak-bil-osuduvan-vo-grtsija/feed/ 0