спаосвски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Feb 2020 11:40:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спаосвски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фројдов комплекс кај Спасовски: „Законот за ЈО не е услов за европските перспективи на земјата“?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frojdov-kompleks-kaj-spasovski-zakonot-za-jo-ne-e-uslov-za-evropskite-perspektivi-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frojdov-kompleks-kaj-spasovski-zakonot-za-jo-ne-e-uslov-za-evropskite-perspektivi-na-zemjata/#respond Thu, 13 Feb 2020 11:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=303390

Техничкиот премиер Оливер Спасовски конечно призна дека законот за ЈО не е услов за ЕУ, пропагандна агенда која неговата партија СДСМ ја тера повеќе од половина година. Со една единствена изјава, тој призна дека не се работи за ЕУ. Познавачите прашуваат, дали во прашање, сепак, е спасот на Зоран Заев, кој треба преку законот да се спаси од криминалите и казната која следува за нив? Спасовски бил голем оптимист за усвојувањето и порачува дека иако не бил услов за европските перспективи на државата, сепак законот за ЈО бил позитивен аргумент за пред членките на ЕУ за добивање датум за преговори. Се повеќе се расчистувала маглата околу законот, факт oколу кој сите познавачи се согласуваат. А во маглата велат, се крие судбината на Заев. Тој очекувал и предлог-законот за Јавно обвинителство, за којшто е потребно двотретинско мнозинство за да биде разгледан на пленарна седница и усвоен од Собранието. -Неколкупати истакнав дека многу е важно за иднината на државата да се донесе Закон за ЈО. Иако тој не е  услов за европските перспективи на државата, но е добар позитивен пример и аргумент со кој можеме да настапиме пред државите членки на ЕУ при добивање на датумот за почнување на преговорите. Мислам дека добро се развива и целата дебата околу законот за ЈО и како тече расправата, дали е тоа во Влада, дали е тоа во комисиите во Собранието, мислам дека се повеќе се расчистува маглата околу тоа кои се поентите и зошто треба да се донесе законот. Јас очекувам дека овој закон ќе се разгледа на пленарната седница и дека ќе биде усвоен од Собранието, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. Интересна и извртувачка е и оценката на Спасовки за „добрата дебата“, имајќи предвид дека во експертската дебата СДСМ загуби со 5:0 во однос на аргументите на опозицијата. Признава ли и овде Спасовски преку Фројдовиот комплекс (кога потсвеста работи и несакајќи ја кажувате вистината) дека аргументите не се на нивна страна, исто како што вели и за маглата која се трга  - се појасно се гледа дека поентата на новиот закон за ЈО е спас на Заев и врхушката на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frojdov-kompleks-kaj-spasovski-zakonot-za-jo-ne-e-uslov-za-evropskite-perspektivi-na-zemjata/feed/ 0
Дали Спасовски преку лапсузот со „таа“ Св. Сава овозможи средба со патријархот Вартоломеј? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-tehnichkiot-spasovski-preku-lapsuzot-so-taa-sv-sava-ovozmozi-sredba-so-patrijarhot-vartolomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-tehnichkiot-spasovski-preku-lapsuzot-so-taa-sv-sava-ovozmozi-sredba-so-patrijarhot-vartolomej/#respond Tue, 14 Jan 2020 10:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=289391

За потсeтување, како министерот за внатрешни работи, сега техничкиот Оливер Спасовски се обрука во обидот на припадниците на Српската заедница во Македонија да им го честита националниот празник Св. Сава. Во честитката која ја објави на неговиот фејсбук профил, Спасовски го прогласи националниот светец на Србите за женско. -Среќна Св. Сава на припадниците на Српската заедница и на сите православни христијани коишто ја слават Св.Сава, напиша Спасовски. По реакциите на социјалните мрежи, министерот Спасовски се сепна и итно си ја поправи грешката. Денеска, Спасовски изрази задоволство од средбата со Вартоломеј. Св. Сава, пак, не го коментираше на оваа прес-конференција. – Навистина сме многу задоволни од средбата, охрабрени сме од зборовите дека ова наша заемна комуникација ќе продолжи и понатаму, и дека ќе почне еден динамичен дијалог во рамките на Вселенската патријаршија, се со цел да се надминат проблемите кои ги има Македонската православна црква, рече тој во одговор на прашање на денешната прес-конференција во врска со неговата вчерашна средба со патријархот Вартоломеј во Истанбул. Јавноста се прашува, но не доби одговор кои беа причините за неаргументираното присуство на екс премиерот Зоран Заев на средбата со г.г. Вартоломеј, а „најлогичното“ објаснување го најдоа во неговиот разговор со лажниот Порошенко во кој Заев се согласи со понудата на украинскиот „премиер“ и најави дека со мито ќе ја купи автокефалноста на МПЦ-ОА. Всушност, со Вартоломеј се сретнаа двајца познавачи на ситуацијата во православието, се шегуваат граѓаните - човекот за кој Св. Сава беше женско и вториот кој купува автоќефалност за стотина илјади евра. Добар тандем, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Посоодветен, здравје, додаваат другите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-tehnichkiot-spasovski-preku-lapsuzot-so-taa-sv-sava-ovozmozi-sredba-so-patrijarhot-vartolomej/feed/ 0